
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, смета дека двајца централни дефанзивци не се доволно добри за неговиот тим. Извори блиски до Челзи откриваат дека Мареска не е убеден во квалитетите на Тошин Адарабиојо и Аксел Дисаси и дека Челзи е отворен за преговори во актуелниот преоден рок. Адарабиојо летово пристигна како слободен играч на „Стенфорд Бриџ“ од Фулам, додека Челзи за Дисасио летото 2023 година за трансфер од Монако плати дури 45 милиони ...
Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус изјави дека Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија, но не потврди дека Бразилецот наскоро ќе го напушти клубот. „Нејмар нема да биде пријавен за вториот дел од шампионатот. Тој може да игра за нас во азиската Лига на шампиони. Саудиската лига е една од најдобрите лиги во светот. Нејмар не може да продолжи да се развива на нивото на кое сме навикнати. За жал ...
Стефанос Циципас доживеа шокантна елиминација во првото коло на Австралија опен од Алекс Микелсен, но остана во Мелбурн да ја бодри својата девојка Пола Бадоса. Тенисерката од Шпанија избори пласман во третото коло со победата над Украинката Марта Костјук со 6:4, 4:6, 6:3. Ветерот им правеше пролеми на тенисерките, а во такви услови во вториот сет многу подобро се снајде Костјук. Во еден момент Циципас ја советуваше својата девојка да остане ...
Оклахома Сити ги совлада Кливленд Кавалирс со 134:114 во дербито на НБА. Двата тима влегоа во овој натпревар како лидери на нивните конференции и единствени тимови кои се уште имаат едноцифрен број на порази. По дербито двата тима имаат по 34 победи и шест порази. Шеј Гилџис-Александер уште еднаш покажа зошто е меѓу кандидатите за наградата за најкорисен играч во лигата. Предводникот на Тандер за помалку од половина час на теренот постигна 40 ...
Манчестер јунајтед беше на прагот на катастрофален пораз од последнопласираниот тим во Премиер лигата, но успеа да направи пресврт во последните минути и да слави со резултат 3:1 (0:1). Избраниците на Рубен Аморим губеа уште од 43. минута кога несреќниот Угарте си постигна автогол за водство наСаутемптон на „Олд Трафорд“. Во следните минути видовме, Јунајтед напаѓаше, а во последните 12 минути се решеи Аманд Диало. Крилниот напаѓач постигна ...
Трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри од следната сезона ќе го води Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Двете страни постигнаа договор, а оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо. Алегри е без работа од минатата сезона, кога на крајот на сезоната доби отказ во Јувентус. Тој ќе го предводи тимот кој моментално е петти на табелата со 14 бода помалку од лидерот Ал-Хилал. Ал Ахли три пати беше шампион на Саудиска Про лига, последен пат во ...
Реал Мадрид е последниот учесник во четвртфиналето на Купот на Кралот, откако по продолженијата ја совлада Селта Виго со 5:2. Килијан Мбапе во 37. минута и Винисиус Жуниор во 48. минута беа стрелци за водство на Реал од 2:0, а се чинеше дека мадриѓаните рутински ќе се пласираат меѓу осумте најдобри. Селта сепак не се предаде, прво резервистот Џонатан Бамба го намали резултатот на 1:2 во 83. минута по грешката на Камавинга, а потоа Маркос ...
Актуелниот освојувач на шпанскиот кралски куп, Атлетик Билбао, оваа сезона е елиминиран во осминафиналето. Атлетик на својот „Сан Мамес“ беше поразен од Осасуна со 3:2. Херој на тимот од Памплона е хрватскиот напаѓач Анте Будимир, кој вечерва со два гола ја замолкна популарната „Катедрала“ и го одведе својот тим меѓу осумте најдобри. Осасуна им зададе тешки удари на домаќините на крајот од првото полувреме. Најпрво во 40. минута Аимар Ороз го ...
Данил Медведев, во спектакуларен меч по четири часа и 48 минути загууби во второто коло на Австралија опен од Американецот Лернер Тиен. 19-годиникот победи со 6:3, 7.6, 6:7, 1:6, 7:6. Мечот заврши во три часот наутро по Аватралиско време. Медведев налета на „тврд орев“ во младиот Американец. Не делуваше добро во првите два сета, но успеа да се извлече во третиот сет, во тај-брејкот спаси меч топка, а потоа со 10:8 ја доби 13.игра и остана во ...
Њукасл во средата навечер ја забележа деветтата последователна победа во сите натпреварувања, а Александар Исак ја продолжи својата голгетерска серија. Исак постигна два гола во победата на Њукасл од 3:0 над Вулверхемптон, со што се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата со 15 гола. Пред него се само Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој има постигнато гол повеќе и Мохамед Салах, кој досега постигна 18 голови ...
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао (33) е уапсен поради нелегално одгледување ракови, јавуваат португалските медиуми. Коентрао, наводно, одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња. Пред три години ја заврши фудбалската кариера и започна да се бави со рибарство. „Татко ми секогаш имаше брод, секогаш беше во него. Таму се моите корени. Често одевме заедно, го засакав тоа. ...
Манчестер сити има само четири победи во последните 17 натпревари во сите натпреварувања. Шампионскиот тим на Пеп Гвардиола изгледа непрепознатливо оваа сезона и во моментов изгледа дека не може да се вклучи во трката за титулата во Премиер лигата. Фил Фоден е сигурен дека клубот нема да ја освои петта последователна шампионска титула во Англија. Тој тврди дека тоа е „завршена работа“, откако неговиот тим, со натпревар помалку, заостанува 12 ...
Џејден Филоџин се пресели од Астон Вила во Ипсвич и стана најскапото засилување во историјата на клубот. Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со повратникот во Премиер лигата. Ипсвич плати 23,7 милиони евра за 22-годишниот играч, што е за 200.000 евра повеќе од нивното највредно засилување досега (Омари Хачинсон). Филоџен кариерата ја започна во Астон Вила, играше на позајмици во Стоук и Кардиф. Крилниот напаѓач одигра само 15 ...
Американскиот кошаркар Денис Смит Јуниор е нов играч на Реал Мадрид, објави веб-страницата на Евролигата. Овој 27-годишен плејмејкер потпиша договор со Реал до крајот на сезоната, а ќе го носи дресот со број четири. Смит во својата досегашна кариера играше во НБА за Далас, Њујорк Никс, Детроит, Портланд, Шарлот и Бруклин. Во НБА лигата одигра 326 натпревари, со просек од 9,7 поени, 4,2 асистенции, три скока и 1,2 украдени топки. Минатата ...
Фудбалскиот клуб Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга (26) од Брегот на Слоновата Коска. Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо. Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз. Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони ...
Црвена звезда доживеа пораз од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во Белград. Натпреварот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја. Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис и упатија низа навреди кон Хил: „Делије, Делије, ајде сите да го кренеме гласот, ...
Првиот грен слем во сезоната, Австралија опен во второто коло заврши за 16. и 17.носител, Френсис Тијафо и Хуберт Хуркач. Американецот Тијафо загуби од 59.играч на АТП листата, Унгарецот Фабијан Марожан. По тричасовна битка, Марожан победи во пораз од пет сета со 6:7 (3), 6:4, 3:6, 6:4, 6:1. Во следното коло Унгарецот ги чека подобриот од годинашната сензација Жоао Фонсека од Бразил и Италијанецот Лоренцо Сонего. Полјакот Хуркач доживеа тежок ...
Бразилскиот напаѓач Нејмар е во преговори со три клуба од МЛС, пренесува „EСПН“. Она што е познато во овој момент е дека еден од тие клубови не е Интер Мајами, чии дрес го носат поранешните соиграчи на Нејмар од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Покрај неименувани два клуба „ЕСПН“, открива дека претставниците на Нејмар разговараат за негова можна преселба во Чикаго Фајр. Нејмар има големи проблеми со повреди откако дојде во Ал Хилал. ...
Легендата на Хофенхајм, хрватскито репрезентативец Андреј Крамариќ со пцовки го коментираше поразот од Баерн (5:0) во Бундеслигата. „Не сакам да зборувам за играта бидејќи знаев дека ова ќе се случи. Овој натпревар е слика на целата сезона. Да бидам искрен целата сезона е едно големо ср..е. Доколку кажам што навистина мислам за клубот, веројатно би ја добил највисоката казна во историјата на Бундеслигата. Има причина зошто сум толку лут на ...
Барселона и Роналд Араухо се договорија за продолжување на соработката, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на Уругваецот. Спортскиот директор на Каталонците Деко разговарал со дефанзивецот, што резултирало со вербален договор, објави новинарот Фабрицио Романо. Во блиска иднина двете страни треба да ги финализираат сите формалности и услови, а следни на ред за нови договори се младите ѕвезди Ламин Јамал, Гави и Педри. Во последните ...
Габриел Жесус ја заврши сезоната, откако се повреди минатиот четврток против Манчестер јунајтед во ФА купот. Повредата на Бразилецот значи дека клубот ќе мора да се активира на трансфер пазарот. Англиските медиуми пишуваат дека до крајот на преодниот рок нов напаѓач ќе пристигне на „Емирати“. Клубот има список со потенцијални засилувања. Исто така се свесни дека е тешко да се постигне трансфер од повисок профил додека сезоната е во полн ек. ...
Трент Александер-Арнолд (26), десниот бек на Ливерпул и на англиската репрезентација, се согласил да се пресели во Реал, открива „Марка“ и додава: „Тој одговори позитивно на понудата што актуелниот шпански и европски шампион му ја испрати на самиот крај на минатата година. Откако се е решено меѓу овие две страни, останува само третата страна, тоа е Ливерпул“. Пред три недели Ливерпул ја одби понудата на Реал да го ослободи играчот во јануари ...
Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада Бруклин Нетс со 126:67. Победата од 59 поени е најголема во историјата на франшизата. Кави Ленард, кој се врати од повредата, одигра 24 минути и беше најефикасен со 23 поени и 8/11 шут. Џејмс Харден постигна 21 поен (6/10 од поле) со 11 асистенции и 6 скока. Ивица Зибац забележа 11 поени (4/6 од поле), со 9 скока, 4 асистенции и една украдена топка и една блокада за само 22 минути игра. Зубац ...
Фудбалерите на Лион се изрезилија во Купот на Франција, испаднаа од Бургоан Жалие, клуб кој се натпреварува во петтиот ранг на францускиот фудбал. Во 1/16-финалето, Бургоан како домаќин по изведувањето на пенали го совлада Лион со вкупен резултат 6:4. Во регуларните 90 минути резултатот беше 2:2. Во 20. минута Лион го доби првиот удар, стрелец за домашните беше Мујецки. Лион успеа да направи пресврт. Во самиот финиш на првиот дел, во 45. ...
Фудбалерите на Арсенал брзо ја пребродија елиминацијата од Манчестер јунајтед од ФА купот, откако го совладаа Тотенхем со 2;1 во дербито на северен Лондон, во 21. коло од Премиер лигата. Со оваа победа Арсенал го скокна Нотингем Форест на второто место во поредокот. Со натпревар повеќе, Арсенал има четири бода помалку од лидерот Ливерпул. И покрај тоа што играчите на Арсенал го контролираа поголемиот дел од натпреварот, Тотенхем поведе во 25. ...
Македонија освои бод против фаворизираната Унгарија на отворањето на 29.Светско првенство. Во Д групата, во Вараждин, Македонија и Унгарија одиграа 27:27 (14:14). Македонија може да жали, испушти побада против Унгарија. Фазекаш го постави конечниот резултата на 15 секунди до крајот. Блескаа вечерва во нашата репрезентација капитенот Филип Кузмановски со 10 гола и ветеранот Митревски кој имаше 14 интервенции. „Тежок и исцрпувачки натпревар, го ...
Интер и Болиња одиграа 2:2 во 19 коло во Серија А. Интер остана на второто место на табелата со три бода помалку и натпревар помалку од лидерот Наполи. Дека Болоња може да стави крај на серијата од пет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Интер најави Кастро во 15.минута. Интер сепак до крајот на првиот дел направи пресврт. Десниот бек, Дафрис потврди дека се наоѓа во фанатстична форма, ја продолжи голгетарската серија, изедначи во ...
Ракометната репрезентација на Македонија испушти победа против Унгарија во првото коло на 29.Светско првенство. Во Д групата, во Вараждин, Македонија и Унгарија одиграа 27:27 (14:14). Македонија може да жали, испушти побада против Унгарија. Во последите 45 минути, Македонија влезе со напад и гол предност. По тајм-аутот на селекторот Лазаров, Македонија лошо одигра во нападот им овозможи контра на Унгарците, а Фазекаш го постави конечниот ...
По Рандал Коло Муани (26), Јувентус го комплетираше и трансферот на португалскиот дефанзивец Алберто Кошта (21), кој во Торино дојде од Виторија Гимараеш. Португалецот веќе е во Торино каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ги заврши сите потребни формалности за потпишување договор со италијанскиот гигант. Истиот ден, Коло Муани ќе ја финализира својата преселба во Јуве и ќе се стави на располагање на тренерот Тиаго Мота. Јувентус ќе и плати ...
Ракометарот на Португалија, Мигел Мартинс нема да игра за својата репрезентација на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Играчот на дански Олборг, неколку часа пред првиот натпревар на Португалија против САД паднал на допинг тестот. Мартинс е еден од најдобрите играчи во португалската репрезентација, има постигнато 243 гола на 108 настапи. Од актуелниот состав повеќе голови од неги постигнале само Педро Портела (483), Фабио ...