Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, легендарниот Лино Червар, го издвои својот поранешен играч како најдобар кого некогаш го тренирал, но и како еден од најголемите во историјата на ракометот. Червар, човекот кој ги освои најголемите трофеи со Хрватска и беше симбол на врвниот ракомет со години, немаше никакви дилеми кога зборуваше за легендата на македонскиот ракомет. „За мене, Кирил Лазаров е најголемиот играч на сите времиња“, рече ...

Златко Далиќ, селекторот на Хрватска, го објави списокот за претстојното Светско првенство. Како што се очекуваше, националниот тим го предводи Лука Модриќ, кој веројатно ќе игра со маска на Светското првенство, по повреда на лицето што ја доби во Серија А. На спиското е и суперталентираниот дефанзивец Лука Вушковиќ, кој би можел да направи голем трансфер на лето. Далиќ објави список од 26 играчи, како и список на резерви, од кои некои ќе ...

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), го напушта клубот на крајот од сезоната. „По 23 години, од кои 13 во првиот тим, клубот и играчот се согласија да ја прекинат соработката, затворајќи едно од најуспешните поглавја во историјата на клубот“, објави Реал Мадрид. Во официјално соопштение, Реал Мадрид изрази благодарност и восхит кон, како што велат, една од најголемите легенди на клубот и светскиот фудбал. Карвахал е еден од само ...

Пари Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал, откако Усман Дембеле беше принуден да го напушти теренот, во последниот натпревар од Лига 1. Актуелниот освојувач на „Златната топка“ се чини дека заработил повреда на листот на ногата во поразот од 2-1 против Париз во градската пресметка. Тој мораше да го напушти теренот по само 27 минути игра. Времето на повредата не можеше да биде полошо за тимот ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, успешно е опериран во Барселона по несреќата што ја доживеа за време на Големата награда на Каталуња. Шпанецот претрпе мала фрактура на седмиот пршлен и ја скрши клучна коска во грозоморен инцидент за време на шестата трка од сезоната. Маркез беше опериран на клучната коска во недела вечерта, му беше вметната метална плочка и ќе биде отпуштен од болница во текот на денот. Што се однесува до фрактурата на ...

Барселона се уште чувствува последици од финансиската криза што го стресе клубот. Според, правилата за финансискиот фер-плеј во Шпанија, клубот и натаму ќе работи според принципот 2:1, односно само половина од заработените пари може да ги потроши на нови играчи. Финансииите се тег за челниците на Барселона и спортскиот директор Деко. Клубот има свои желби, но тие во овој момент се нереални. Клубот покаѓа интерес за Хулијан Алварез, Лаутаро ...

Легендата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, влчера, имаше емотивно збогување со навивачите. Најдобриот стрелец во клупската историја, го одигра последниот натпревар пред домашната публика. На отворањето на „Метрополитано“, во 2017 година Гризман го постигна првиот гол. Во претпоследното 37-мо коло од шпанската Ла Лига, Атлетико ја победи Џирона со 1:0 во Мадрид. Антона Гризман му асистираше на Адемола Лукман во 21-та минута за ...

Легендарниот Вејн Руни ги осуди коментарите на Мохамед Салах по поразот на Ливерпул од Астон Вила (4:2), што го доведе во прашање местото на „црвените“ во Лигата на шампионите. Египетскиот напаѓач откри дека ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната, по натпреварот во Бирмингем го критикуваше начинот на кој великанот игра под палката на Арне Слот. Меѓу другото, тој рече дека хеви-метал фудбалот треба да биде идентитетот што засекогаш ќе ...

За прв пат во историјата, играчите на Елферсберг изборија пласман во Бундеслигата, откако го декласираа Минстер со 3:0 во натпреварот од последното 34-то коло од Втората Бундеслига. Елферсберг го обезбеди второто место на табелата зад Шалке. Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шписне-Елферсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи, што го прави еден од најмалите клубови што некогаш играле во ...

Босна и Херцеговина доби лоши вести неколку недели пред Светското првенство. Харис Табаковиќ се здоби со сериозна повреда и нема да патува на Светското првенство. Како што дознава порталот „Klix.ba“, централниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах доживеал фрактура на коската на глуждот во последното коло од Бундеслигата. Табаковиќ се судрил со Озан Кабак од Хофенхајм и во таа прилика се повредил сериозно. Ногата му е во гипс, а паузата ќе ...

Договорено е враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, објавува најпознатиот инсајдер во светот, Фабрицио Романо. „Сите услови се усно договорени меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, останува уште само да бидат поптишани документите. Планиран е почетен двегодишен договор, а Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал-Билбао. Специјалниот се враќа“, вели Романо. Две недели се шпекулираше дека португалскиот стручњак е единствениот преостанат ...

НБА официјално ги објави комплетните резултати од гласањето за наградата за најкорисен играч (MВП), а еден детаљ особено ги изненади навивачите на Лука Дончиќ. Словенецот не доби ниту еден глас за прво место и покрај тоа што имаше една од најдобрите сезони во својата кариера и беше најдобар стрелец во целата лига. Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер ја освои наградата за најкорисен играч (MВП) втора година по ред, додека Никола ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, потврди дека ќе остане на клупата на мадридскиот клуб и следната сезона. Аргентинецот има важечки договор со клубот до 30 јуни 2027 година. „Да бидам искрен, веќе размислувам за следната сезона. Размислувам за себе. Ќе останам, но размислувам како да пристапам кон новата сезона“, рече Симеоне. Аргентинскиот стручњак со тоа ги отстрани сите сомнежи за својата иднина и потврди дека ќе го продолжи ...

Македонија ја оправда фаворитската улога против Словачка, во баражот ги доби двата натпревари и се пласира на 30-то Светско првенство. Македонија осми пат по ред, а 10-ти пат во историјата ќе игра на ракометен Мундијал. Македонската ракометна репрезентација, противниците на Мундијалот, ќе ги чека од вториот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 10 јуни. 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи од по четири екипи. Првите три селекции ќе ...

Наполи, на коло до крајот на сезоната, го потврди своето место во Лигата на шампионите за следната сезона. Наполитанците славеа кај Пиза со 3:0 и го обезбедија второто место на табелата. Пласманот на Наполи во Лигата на шампионите, автоматски ја активираше откупната клаузула за Расмус Хојлунд (23). „Небесно сините“ ќе треба да му исплататат 44.000.000 евра на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“, за Хојлунд, на Аталанта и платија ...

Кошаркарите на Кливленд го победија Детроит со 125:94 и се пласираа во финалето на Источната конференција. Кливленд за титулата на Истокот и пласман во големото финале ќе игра против Њујорк, кој претходно ја нокаутира Филаделфија со 4:0. Донован Мичел се истакна на паркетот и покажа дека не е случајно лидер на овој тим. Од друга страна, кај домашниот тим, кога беше најпотребно, Кејд Канингем беше целосно надвор од игра, што исто така ...

Фудбалерите на Барселона го победија Бетис со 3:1 во последниот натпревар пред своите навивачи оваа сезона. Ова беше 19-та победа на Каталонците во 19-от натпревар пред своите навивачи во сезоната што завршува следниот викенд. Двоен стрелец беше Рафиња, еден гол даде Кансело, но централна фигура на натпреварот, без сомнение, беше напаѓачот во заминување, легендарниот Роберт Левандовски, кој го одигра последниот натпревар (на Камп Ноу) за ...

Антоан Гризман го одигра последниот натопревар во дресот на Алтико Мадрид на „Метропилитано“ стадионот во Мадрид. Во претпоследното коло, Гризман со капитенската лента, го предводеше Атлетико до победата над Џирона (1:0). Во својот последен натпревар, Гризман доби шпалир од сите играчи и громогласен аплауз и овации од навивачите. Повеќето од нив не можеа да ги задржат солзите, исто како и Гризман. Натпреварот имапе посебна симболика, ...

Хаос избувна во претпоследното коло од француската Лига 1, на натпреварот меѓу Нант и Тулуз кога навивачите упаднаа на теренот и го прекинаа дуелот. Прекинот се случи во 22-та минута, кога беа фрлени факели на теренот, петарди, топовски истрели. ⚽ Nantes – Toulouse 📢 Envahissement de terrain à la Beaujoire ! 📆 Dimanche 17 Mai pic.twitter.com/Utq6q3himU — Ultras Made in France (@UltrasMadeinFR) May 17, 2026 Потоа ултрасите на Нант влетаа ...

Со исклучок на натпреварот меѓу Барселона и Бетис, сите натпревари од претпоследното коло на шпанската Ла Лига се одиграа во терминот од 19 часот. Големи возбудувања имаше до самиот крај. Покрај Овиедо, кој беше отпишан одамна, сега пред испаѓање се Мајорка и Џирона, кои со поразите во ова коло останаа под цртата, додека спасот сега е посигурен за Елче и Леванте. Елче победи со 1:0 против Хетафе и направи огромен чекор за да обезбеди барем ...

Последниот натпревар од саботната програма, од претпоследното коло на Премиер лигата донесе уште еден тежок удар на Вест Хем. Надежта за опстанок, ако тлееше, сега е речиси згасната. Вест Хем загуби на гостувањето кај Њукасл, кој славеше со резултат од 3:1. Блицкригот на „страчките“ во првото полувреме го фрли во очај Вест Хем. Волтемаде во 15-та и Осула во 19-та минута го совладаа Хермансон. Конечниот удар на „чеканите“ им го зададе Осула ...

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа 38:23 над Словачка го завери пласманот на Светскотоп првенство. Македонија осми пат по ред, а вкупно 10-ти, ќе игра на ракометниот Мундијал. По победата во првиот натпревар во Прешов, во реваншот прашањето кое се наметнуваше беше со колкава разлика ќе победи Македонија. На полувреме Македонија имаше плус од седум гола, во вториот дел разликата стана и двоцифрена и така и заврши ...

Јаник Синер, најдобро рангираниот тенисер на планетата, во неделата во Рим стигна до ново импресивно достигнување во својата кариера. Италијанскиот тенисер ја освои титулата на Настерс турнирот Мастерс во „Форо Италико“, откако го победи Каспер Рудо со 2-0 (6:4, 6:4) во сетови. Синер ја продолжи неверојатната серија, победи и на шестиот последовен Мастерс турнир. Исто така го комплетираше и „златниот мастерс“ – сега ги има сите турнири од ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, претрпел повреди кои ќе бараат итна медицинска интервенција, објави неговиот тим Гресини Дукати во официјално обраќање до јавноста. Според првичните информации, на Алекс му е дијагностицирана мала фрактура на седмиот цервикален пршлен (C7), додека подетални проценки на неговата здравствена состојба ќе бидат извршени во текот на следната недела. 🚨🇪🇸🏍️ ALERTE INFO | Énorme CRASH impliquant Alex Márquez en ...

Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Табдер ја освои својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП) во НБА. Тој стана 14-тиот играч во историјата на лигата што ја освоил наградата за најкорисен играч две години по ред, изјавија повеќе извори за ESPN. Шеј Гилџес-Александер ги победи другите финалисти, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио, по уште една доминантна регуларна сезона во која ја предводеше ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата. Со победата над Форест, Јунајтед го обезбеди третото место на табелата на крајот од сезоната, додека овој пораз нема никакво влијание врз на гостите од Нотингем. Домашниот тим поведе во петтата минута преку Шо, гостите израмнија во 53-та минута преку Морато. „Олд Трафод“ повторно се радуваше во 55-та минута, а потоа и во 76-та, кога Куња и ...

Хаотичната Голема награда на Каталуња, заврши со победа на Фабио Диџантонио. Возачот на ВР46 тимот, победи пред Жоан Мир (Хонда) и Фермин Алдегер (Гресини Дукати). Трката, која ја обележа страшниот инцидент на крајот од 11-оти круг, поради што беа истакнати црвени знамиња, а Алекс Маркез заврши во болница, донесе вистинска драма на рестартот и во последниот круг. Рестартот на трката траеше неколку свиоци, кога повторно беа истакнати ...

Тежок инцидент инцидент ја прекина Мото ГП трката во Барселона. На половина од трката, во 12-от круг се случи инцидент, поради што дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. Моторот на Педро Акоста, во тој момент водечки во поредокот, откажа на правецот, Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, се обиде да го заобиколи, но имаше контакт со моторот на КТМ, по што се удри во оградата. Дукатито одлета, тркало удри во моторот на Фабио Ди ...

Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 2:0 во „Дерби дела Капитале“. Најголем губитник во претпоследното коло е Јувентус, загби дома од Фиорентина 0:2 и сега има минимални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите. Градското дерби, на „Олимпико“ во Рим, го реши дефанзивецот на Рома Џанлука Манчини. Ги постигна двата гола – првиот во 40-та минута и вториот во 66-та минута од играта. Три минути подцна двата тима останаа со фудбалер ...

Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови е новиот германски рекордер по број на голови во една сезона, моментално има 58 гола, а треба да го одигра и финалниот меч во Купот на Германија против Штутгарт. Кејн за три гола го надмина достигнувањето на Роберт Левандовски (55 гола) од сезоната 2019/20. На 50 натпревари, англискиот напаѓач постигна 58 гола и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.72
53%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.44
66%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.98
63%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.31
59%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.87
88%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.03
32%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.48
46%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.23
71%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
49%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
6.37
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Калај

54.37

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Паладиум

41120.80

Платина

52437.87

Кобалт

56.29

Злато

131085.02

Сребро

1880.63

Иридиум

252383.36

Бакар

13.07