Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Холандскиот фудбалер Дониел Мален официјално стана „постојан“ член на Рома, која го откупи од Астон Вила за 25 милиони евра. Рома имаше обврска да купи – според условите на позајмицата, која беше реализирана во јануари, доколку избори пласман во Лигата на шампионите, а ќе важеше и за Лига Европа, „Волчицата“ претходно му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за позајмица. Мален одигра 20 натпревари за тимот на Џанпјеро ...
Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 во ноќта зад нас. Во петтиот натпревар, актуелните шампиони го одбранија својот домашен терен, спречија брејк. До победата ги предводеше актуелниот MВП, Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции. Шеј имаше само 39% од поле, односно 7/19 од игра, од кои шутираше 5/16 за два поени, а исто така реализираше 17 слободни фрлања и беше прецизен 16 пати. Следниот ...
Милан остана без Лигата на шампионите, поради што многу навивачи на „росонерите“ сметаат дека (скоро сигурната) разделба со 40-годишниот Лука Модриќ мораше да биде многу поубава. Челниците на паднатиот гигант го отпуштија тренерскиот штаб предводен од Масимилијано Алегри, како и целиот спортски сектор поради неуспешната сезона, па сè укажува дека искусниот хрватски играч од средниот ред нема да остане на „Сан Сиро“. Сепак, она што го напиша ...
Нико Паз не сака да брза со враќањето во Реал Мадрид и по пласманот на Комо во Лигата на шампионите, сака да остане уште една година. Џанлука Ди Марцио денес откри дека Аргентинецот нема ништо против да остане уште една сезона во Комо, со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, наместо да биде во пеколна конкуренција на клупата на Реал Мадрид. Реал Мадрид има опција да го откупи за само 9.000.000 евра, но таа клаузула важи само ...
Македонската репрезентација се подготвува за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29. мај) во Сараево и против Турција (1. јуни) во Истанбул. Сефер Емини од дански Сондерјиске е еден од фудбалерите кој се надеваат на деби настап во дресот на македонската репрезентација. „Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за овие два натпревари. Има многу нови играчи, јас сум еден од ...
Продолжува војната со зборови меѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер Јунајтед. Откако Бруно Фернандеш го нарече Рој Кин „лажго“, легендарниот Ирец возврати со остра објава на социјалните мрежи. Несогласувањата започнаа откако Фернандеш постави нов рекорд во Премиер лигата со 21 асистенција во една сезона во победата од 3-0 над Брајтон, во последното коло. Пред тој натпревар, Кин го критикуваше пристапот на Португалецот кон играта ...
Карлос Кеирош, селекторот на Гана, го објави списокот од 28 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Африканската земја претрпе голем удар на нешто повеќе од две недели пред почетокот на натпреварувањето, бидејќи напаѓачот Мохамед Кудс отпадна поради повреда. Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на квадрицепсот во јануари и се очекуваше да се врати во март. Сепак, 25-годишниот ас сè уште не се опоравил, па Кеирош не го ...
Списокот за СП 2026 на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте постави историски преседан: за прв пат од 1930 година, на него нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Ситуацијата е сосема спротивна во таборот на најголемиот ривал, бидејќи дури осум фудбалери на Барселона ќе учествуваат на првенството, што е втор најголем број во историјата на клубот, пишува „АС“ во текстот насловен: „Барселона – Реал Мадрид 8:0“. Одлуката на селекторот Де ла ...
Карлос Кеирош, селекторот на Гана, го објави списокот од 28 играчи, за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Африканската земја претрпе голем удар на нешто повеќе од две недели пред почетокот на натпреварувањето, бидејќи напаѓачот Мохамед Кудс отпадна поради повреда. Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на квадрицепсот во јануари и се очекуваше да се врати во март. Сепак, 25-годишниот ас сè уште не се опоравил, па Кеирош не го ...
Жозе Мурињо денес ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, или во спротивно, како што објасни „Марка“, целата приказна за враќањето на Португалецот на клупата на шпанскиот гигант ќе има многу понеизвесен исход. Имено, по пристигнувањето во Бенфика во септември 2025 година, Мурињо стави клаузула во договорот дека може да го раскине договорот 10 дена по последниот натпревар. Ова беше направено од практични причини, бидејќи во тој момент ...
Фудбалерите на Волфсбург, не ја искористија шансата за која се изборија во последното коло од сезоната во Бундес лигата. Волфсбург, во плеј офот не успеа да го елиминира Падерборн (третопласираниот тим во Втората лига) и по 29 години испадна од Бундес лигата. Натпреварот започна на најдобар можен начин за Волфсбург. Веќе во 3-та минута, Џенан Пејчиновиќ ја искористи асистенцијата на Адам Дагим и му донесе водство на својот тим со прецизен ...
Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското првенство. Капитенот Лионел Меси не е сериозно повреден. Неговиот клуб, Интер Мајами, објави дека на Меси му е дијагностициран истегнување на мускулот на левата бутина, додека точниот датум на неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на неговото закрепнување и медицинските проценки. Според аргентинскиот весник „Ла Насион“, осумкратниот освојувач ...
Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот. Последниот ...
Како што објавија медиумите во Грција, Олимпијакос постигнал договор со плејмејкерот на Црвена звезда, Коди Милер-Мекинтаер. Само еден ден по освојувањето на европската титула, тимот од Пиреја веќе почнува да прави планови за следната сезона. Дел од тие планови е искусниот 32-годишен Американец, кој ќе го остане во црвено-бело, но од Белград ќе се пресели во Атина. Тој се согласил на договор со грчкиот гигант за 2+1 сезони. Треба да ...
Навивачите на Аргентина ширум светот со нетрпение очекуваат вести откако Лионел Меси го напушти стадионот „Ну“, во недела навечер, поради очигледен проблем со левата нога. Интер Мајами ја победи Филаделфија Јунион, со 6:4, во последниот натпревар од МЛС лигата пред Светското првенство , но резултатот падна во втор план поради повредата на најдобриот Аргентинец и еден од најомилените играчи во светот. Меси се држеше за задниот дел од левата ...
Неизвесна е иднината на фудбалскиот клуб Милан, по катастрофата што му се случи синоќа во последното коло, во Серија А. Милан требаше да го победи Каљари на домашен терен, имаше предност, но на карјот загубии со 1:2 и остана без место во Лигата на шампионите. По неуспехот во натпреварот против Каљари, сопственикот на клубот Гари Кардинале ќе мора да донесе клучни одлуки за следната сезона, а меѓу нив е и статусот на тренерот на Милан. ...
Нема да има промена во квалификацискиот систем за пласман на ЕУРО 2028. Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи, секоја група ќе содржи четири или пет национални селекции. Победниците (12) и осумте најдобри второпласирани одат на Европското првенство. Домаќините на првенството Англија, Република Ирска, Шкотска и Велс ќе учествуваат во квалификациската групна фаза, но ќе бидат во посебни групи. Две места на завршниот турнир се ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на играчи за Светското првенство. На спиското нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Селекторот ги вклучи повредените напаѓачи Ламин Јамал и Нико Вилијамс во тимот, бидејќи очекува тие да се рехабилитраат до почетокот на Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. За прв пат Шпанија на големо натпреварување оди без играчи на Реал. ...
Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони. Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година. 56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе. „Пред еден месец ...
Милан и Јувентус, во нестварен расплет, останаа без пласман во Лигата на шампионите. Место во елитата, прв пат во историјата избори Комо. Во борбата за опстанок, најлошо мина Кремонезе. Екипата од Кремона испадна заедно со Верона и Пиза. Комо, предводен од клупата од Сеск Фабрегас ја круниса, неверојатната сезона со победа од 4:1 над Кремонезе, го исфрли ривалот од Серија А и во исто време си обезбеди место во ЛШ. Тамуу нема да бидат ...
Андреа Кими Антонели, возач на Мерцедес, победи на Големата награда на Канада. Кими Антонели, 19-годишниот возач на Формула 1, има сезона од соништата на патеката „Жил Вилнев“ во Канада ја забележа четвртата победа во петтата трка оваа сезона. Тој славеше пред Луис Хамилтон (најдобар резултат во Ферари) и Макс Ферстапен, а неговиот колега Џорџ Расел ја заврши трката предвреме поради проблем со моторот. Покрај Расел, уште петмина не ја ...
Кошаркарите на Олимпијакос се новите шампиони на Евролигата откако го победија Реал Мадрид во финалето со 92:85. Кошаркарите на Олимпијакос ја освоија Евролигата по четврти пат во историјата, овој триумф е прв по пауза од 13 години. Реал го отвори натпреварот многу подобро и брзо стекна голема предност преку расположениот Треј Лајлс, но Олимпијакос го фати ритамот во текот на втората четвртина, а благодарение на добрата улога на играчите од ...
Во последното коло од Премиер лигата, многу големи имиња се збогуваа со своите клубови. Сезоната на англиското првенство за сезоната 2025/26 заврши, а играчите на Арсенал ја освоија шампионската титула. Од лигата покрај Вулверхемптон и Барнли испадна и Вест Хем. Во последното коло, играчите на Ливерпул одиграа нерешено против Бретфорд (1:1), а натпреварот мина во знакот на Мо Салах. Тој по 10 години го напушти клубот. Мо Салах. Менаџерот ...
Последното 38-мо коло од Премиер лигата даде конечен одговор на сите дилеми. Имаше многу желби, сите не може да бидат исполнети. Очекувано, Тотенхем го победи Евертон (1:0), што значи дека и покрај победата над Лидс (3:0), Вест Хем испадна од лигата. Последното коло донесе многу емоции особено на „Ерихад“ и „Енфилд“. Пеп Гвардиола, Бернардо Силва и Џон Стоунс се простија од Манчестер Сити, а Мо Салах и Енди Робертсон од дресот на Ливерпул. ...
Ракометарите на ГРК Охрид стакнаа минимална предност во финалето на Европскиот куп, против Татабања. Во Унгарија, ГРК Охрод победи 29:28 (13:8). Реваншот ќе се одигра на 31 мај во салата „Билјанини извори“ во Охрид. ГРК Охрид пропушти шанса денс да го слави трофејот во Европскиот куп. Доминираа охриѓани во првиот дел, не му дозволија на домаќинот 16 минути да постигне гол, стекнаа предност од шест гола (11:5), Татабања врати со серија од ...
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави водечкиот француски спортски весник „Лекип“. На 28 април, Хакими (27) го повреди бутниот мускул на десната нога, во финишот од првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн и оттогаш не тренирал. Според „Лекип“, Мароканецот нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, но ќе се опорави на ...
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, попладнево би можел да се збогува со „Енфилд“. Како што открија италијанските медиуми, Алисон ги договорил лични услови со Јувентус. Бразилецот се согласил на тригодишен договор, со плата од 4.500.000 евра по сезона. Иако Ливерпул првично ја затвори вратата за неговото заминување, Алисон одржал состанок со клупските челници и клубот попушти пред неговата желба. Сега се во тек преговори, кои нема да бидат ...
Џенаро Гатузо би можел да го преземе Лацио по неуспешниот мандат како селектор на Италија. Како што објави Алфредо Педула, поранешниот играч од средниот ред на Милан е во потесниот круг на кандидати за наследник на Маурицио Сари. Пред тоа, Гатузо имаше понуди од турскиот Амедспор и од Торино, но финансиските детали пресудиле тој да ги одбие овие понуди. Покрај Гатузо, на списокот на Лацио се наоѓаат Рафаеле Паладино, кој сигурно ќе ја ...
Селтик ја освои својата петта последователна титула во лигата и 56-та во историјата, во драмаричен финиш, Селтик во последното коло го победи лидерот Хартс со 3:1. Сепак, Шкотска сè уште се расправа за пеналот досуден за зелено-белите во 97-та минута на натпреварот од претпоследното коло во Мадервел. Фудбалската асоцијација на Шкотска се огласи со својата одлука, која во овој случај ништо не им значи на фудбалерите на Хартс. Одлуката гласи ...
Фудбалската репрезентација на Иран, со одобрение на ФИФА, ќе го премести својот камп за Светското првенство од Соединетите Американски Држави во Мексико, изјави во саботата претседателот на Иранската фудбалска асоцијација. ФИФА сè уште не го потврди преместувањето на кампот на репрезентацијата, што го најави Мехди Таџ. „Сите бази на националните тимови што учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА“, рече Таџ во ...