Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Директорот на кошаркарската секција на Фенербахче, Џем Џиричи, откри дека и Тејлен Хортон-Такер и Тарик Биберовиќ ќе го носат дресот на европскиот шампион и следната година. „Хортон-Такер се заљуби во клубот, ќе продолжи со нас следната сезона“, изјави Џиричи за „Спортс Диџитале“. Тој зборуваше и за Тарик Биберовиќ, за кого во претходните месеци се шпекулираше дека би можел да се пресели во НБА. „Во моментов нема ништо конкретно од НБА. ...
УЕФА Европа Лигата за натпреварувачката 2025/26 година дојде до крајот. Натпреварувањето започна пред десет месеци, за титулата ќе се борат Фрајбург и Астон Вила. Двата тима влегоа во натпреварувањето во главната фаза, во која клубот од Бирмингем беше далеку поуспешен, забележувајќи седум триумфи со единствениот неуспех против Го Ахед Иглс, кои славеа дома со резултат од 2:1. Од друга страна, Фрајбург ја заврши глвната фаза на седмата ...
Чаби Алонсо, како нов тренер на Челзи, веќе започнал да ја анализира ситуацијата во клубот и да го формира костурот на за следната сезона. Според англиските медиуми тој идентификуваше пет играчи кои ги смета за недопирливи. Шпанскиот стручњак, кој е нов тренер на „сините“, сака веднаш да воспостави јасна структура и хиерархија во тимот. Неговата идеја е да го изгради тимот околу докажани и клучни играчи кои можат да се справат со системот ...
Откако претседателот Масаи Уџири го презеде водството на Далас Маверикс, една од првите големи одлуки беше франшизата да се раздели со тренерот Џејсон Кид. Инсајдерите објавија, а во текот на ноќта беше потврдено, дека Далас ќе бара нов тренер, бидејќи Кид не се вклопува во идеите на новиот менаџер. Тој имаше уште четири години од договорот, според кој требаше да заработи уште 40.000.000 долари, а беше наведено дека двете страни спогодбено ...
Арсенал ја освои титулата во Англија по 22 години, откако Манчестер Сити одигра нерешено 1:1 на гостински терен против Борнмут во 37-то коло од Премиер лигата. Арсенал има 82 бода, што е за четири повеќе од Сити, во пресрет на последната рунда. Клубот од Лондон ја освои 14-та титула шампион на Англија, прва по сезоната 2003/04 кога беше непоразен. Веднаш по завршувањето на натпреварот на „Виталити“ во Борнмут, навивачите на Арсенал почнаа ...
Мортен Хјулманд (26), капитен на Спортинг од Лисабон и стандарден репрезентативец на Данска, е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал. Ова го објави радио станицата Копе со напомена дека Спортинг ќе го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата клаузула за отштета е 80 милиони евра. Данецорт во Спортинг пристигна пред три години, од Лече за 19 милиони евра. Оттогаш, го предводеше Спортинг до две шампионски ...
Манчестер Сити му ја предаде шампионската титула на Арсенал, со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, најмногу зборуваше за веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната. Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема од фактот дека во тој натпревар ...
Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 115:104, во првиот финален натпревар во Источната конференција. Њујорк Никс, до предност од 1:0 во финалната серија, дојдоа откако надоместија минус од 22 поени на четвртата четвртина и му дозволија на Џејлен Бренсон да стане херој на „Медисон Сквер Гарден“ со дури 38 поени, 5 скока и 6 асистенции. Следниот натпревар е закажан за ноќта помеѓу четврток и петок во 2:00 часот по македонско време. ...
Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година. Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер ...
Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата. На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија. ...
Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера. Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре. Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го освои Австралија Опен, но потоа влезе во серија на лоши резултати поради повреда на зглобот. Поради ова, тој се откажа од турнирите во Барселона, Мадрид и Рим, а потоа го откажа и Ролан Гарос. Непосредно пред почетокот на Ролан Гарос, Алкараз исто така го откажа Вимблдон, турнир кој го освои ...
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ...
Да не беше трагедијата во Кернадиља минатото лето, името на Диого Жота сигурно ќе беше на списокот на португалскиот селектор, Роберто Мартинез. Сакајќи да му оддаде постхумна почит на фудбалерот кој прерано нè напушти, Роберто Мартинез го прочита неговото име на списокот на учесници на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Диого нема да биде физички таму, но неговиот дух продолжува да живее меѓу играчите на Португалија кои, една ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа по ред на турнирите од серијата 1.000. Синер го победи Рубљов со 2-0 во сетови, по еден час и 32 минути тенис (6:2, 6:4). Италијанецот го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ по број на победи на Мастерс турнирите по ред, откако Србинот имаше 31 во 2011 година. Most consecutive wins at Masters 1000 level: 32— Jannik ...
Шпекулациите за можното враќање на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство беа главна тема во локалните медиуми во последните денови, а сега пристигна потврда од добро информирани извори. Според познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман донел одлука да ја врати легендата на Баерн во националниот тим. Плетенберг тврди дека Нагелсман му се јавил на Оливер Бауман и му ...
Антонио Конте ќе го напушти Наполи по две години, во кои му ја донесе на клубот четвртата титула во италијанското првенство во историјата, пишува „Скај Италија“. Се очекува клубот официјално да го потврди збогувањето со тренерот на последниот домашен натпревар од сезоната на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Информацијата дека Конте заминува, иако има важечки договор до летото 2027 година, доби големо внимание во јавноста. Според ...
Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на великанот од Лисабон моментално е надвор од терените откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед оваа сезона. Се очекува двете страни брзо да постигнат договор. Аморим играше за Бенфика од 2008 до 2017 година. Интересно е што Аморим забележа брилијантни резултати како тренер на градскиот ривал Спортинг. Во ...
Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ. Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите. За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што ...
Португалскиот репрезентативец Витиња откри, дека Кристијано Роналдо продолжува да го инспирира целиот тим пред Светското првенство во 2026 година. Тој рече дека се надеваат дека ќе го освојат турнирот заедно со нивниот капитен, но и за него, пишува „Goal.com“. Во интервју за ФИФА пред претстојното првенство, Витиња нагласи колку големо влијание има Роналдо во соблекувалната. Иако е близу до крајот на својата кариера и моментално игра за Ал ...
Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како големо засилување во трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако го напушти Челзи, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата. Во неодамнешно интервју за францускиот „Канал+“, Азар откри неколку интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројот на дресот што не го сакал. Азар раскажа ...
Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, ќе го напушти „кралскиот клуб“ по 13 години. Десниот бек освои 27 трофеи со тимот од шпанската престолнина (четири титули во лигата, два Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, шест Лиги на шампиони, пет европски Суперкупа и шест светски првенства во клубот). Со заминувањето на карвахал, продолжува една необична традиција на „Сантијаго Бернабеу“. Шеста сезона по ред главниот капитен на Реал ...
Челниците на Манчестер Сити били подготвен за заминувањето на Пеп Гвардиола. Утрото по веста дека Каталонецот се повлекува од клупата на крајот од сезоната, медиумите на Островот го објавија името на неговиот наследник. Енцо Мареска очигледно ќе биде новиот менаџер на Сити. „Енцо Мареска има усмен договор со Манчестер Сити, тоа е тоа. Од самиот почеток, италијанскиот тренер се сметаше за идеален кандидат да го наследи Пеп Гвардиола. Сè е ...
Барнли следната година ќе игра во Чемпионшип, но успеа да му пружи силен отпор на лидерот Арсенал. Синоќа, во претпоследното коло, Арсенал го победи Барнли со 1:0. Вршителот на должноста тренер на тимот, Мајк Џексон, ги пофали своите играчи и го критикуваше судијата Пол Тирни за одлуката што можеше да промени нешто во односот на силите на теренот. Тој рече дека неговите играчи покажале дека можат да се справат со ривалите на највисоко ниво ...
Нејмар е меѓу 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни. Тоа е вест што ги воодушеви сите во земјата на петкратниот светски шампион. Сепак, некои навивачи беа шокирани од отсуството на голема ѕвезда. Жоао Педро, напаѓачот на Челзи, кој и покрај лошите резултати на тимот, има одлична сезона зад себе, не е на списокот. Тој постигна 20 гола и шест асистенции во Премиер ...
Сан Антонио Спарс ги победија Оклахома Сити Тандер со 122:115 по две продолженија, во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата. Виктор Вембањама доминираше на овој натпревар со неставрна статистика од, 41 поен, 24 скока, по три асистенции и блокади. Францускиот центар блескаше во продолженијата со што му овозможи на тимот да налрави брејк на теренот на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната. Натпреварот ...
Фудбалерите на Арсенал го победија Барнли со 1:0, во 37-то коло од Премиер лигата. Домашниот тим се доближи до титулата на која чека од 2004 година. На овој натпревар еден гол им беше доволен за победа. Арсенал го контролираше натпреварот, Барнли немаше ниту еден удар кон голот на Давид Раја ниту во првото ниту во второто полувреме. Тимот од Лондон поведе во 37-та минута, по корнерот на Букајо Сака, Каи Хаверц го следеше додавањето и ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти го објави списокот од 26 играчи што ќе ги предводи на Светското првенство во 2026 година. Најголемата вест е враќањето на Нејмар, за кого ова ќе биде четврти настап на СП, а воедно и прв повик под водство на италијанскиот стручњак. Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Фенербахче) и Вевертон (Гремио) Одбрана: Алекс Сандро (Фламенго), Бремер (Јувентус), Данило (Фламенго), ...
Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити, ќе го напушти клубот, во недела, по последниот натпревар во Премиер лигата, тврди „Дејли Мејл“. До крајот на сезоната остануваат уште два натпревари за Манчестер Сити, останува и надеж дека можеби оваа година „сините“ ќе го кренат трофејот наменет за шампионот на Англија. А потоа, пишува „Дејли Меил“, Пеп ќе го означи крајот на престојот на „Етихад“. „Гвардиола ќе ја спушти завесата на десетте ...
Офанзивниот играч за врска на Барселона, Фермин Лопез, заработи сериозна повреда на стапалото поради која ќе го пропушти Светското првенство. Поради повреда, Фермин го напушти теренот на натпреварот против Бетис (3:1) во недела, а по денешните прегледи беше утврдена фрактура на метатарзалната коска. Тој ќе мора да биде опериран, по што ќе следи пауза од неколку недели, и се очекува да биде подготвен за почетокот на летните подготовки со ...