Италијанскиот стручњак Маурицио Сари е новиот тренер на Аталанта, објави денес клубот од Бергамо. Сари го замени Рафаеле Паладино на функцијата, тој го напушти клубот од Бергамо минатата недела. „Аталанта со задоволство објавува дека водството на првиот тим му е доверено на Сари, чија одлична кариера вклучува водење на над 800 натпревари како главен тренер, како и голем број трофеи, вклучувајќи ја Лигата на Европа и Скудетото“, се вели во ...

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез би можел да се врати во Ливерпул ова лето, што би било едно од најголемите изненадувања во преодниот рок. Според странските медиуми, на „Црвените“ им е дадена можност да го вратат поранешниот напаѓач без обештетување, откако Нуњез спогодбено се раздели со Ал Хилал на крајот од сезоната. Нуњез се пресели во саудискиот клуб за 46 милиони фунти минатото лето, но неговиот престој во Ал Хилал не помина како што ...

Фудбалерот Рафа Мир (28) е осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад врз девојка, одлучи судот во Валенсија. Злосторството се случило на 1 септември 2024 година, во куќата на Миро во станбената област Торе ен Конил во Бетера, Шпанија. Со пресудата, која сè уште не е конечна, Мир е осуден на седум години затвор за сексуален напад и дополнителни 18 месеци за нанесување телесни повреди. Судот, исто така, му изрече забрана од десет ...

Ергин Атаман повеќе не е тренер на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб. Патанаикос и Атаман се разделија по тригодишна соработка. Како што објавија грчките медиуми, средбата меѓу турскиот стручњак и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, заврши со договор за пријателска разделба, со што заврши една од најуспешните епизоди во поновата историја на атинскиот гигант. Атаман го презеде Панатинаикос во летото 2023 година како дел ...

Левиот бек и поранешен член на Челзи, Марк Кукуреља (27), потпиша за Реал Мадрид, што предизвика многу реакции со оглед на тоа што фудбалски растеше во школата на Барселона, познатата Ла Масија. Ваков трансфер е реткост во шпанскиот фудбал. Реал Мадрид издвои 55 милиони евра за него. Според извештаите, по овој трансфер, Барселона повеќе не го смета Кукуреља за производ на нејзината младинска школа. Неговото име и детали наводно се избришани ...

Фудбалскиот сојуз на Тунис, му врачи отказ на селекторот на селекторот Сабри Ламуши. 54-годишникот е отпуштен поради тешкиот пораз од Шведска (5:1), во 1. коло од Светското првенство, Одлуката да му биде врачен отказ на селекторот била донесена неколку часа по првиот меч на Мундијалот. На состанокот е решено, помошникот Вахби Хазри да го води тимот до крајот на Светското првенство, а Мондер Кебајер се споменува како нов селектор по ...

Милан постигна договор со Рубен Аморим, кој треба да ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на италијанскиот клуб, објавија португалските медиуми. Според овие извори, португалскиот тренер се согласил на двегодишен договор, до летото 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Откако го напушти Манчестер Јунајтед во јануари, Аморим (41) планираше да не преземе нов клуб оваа сезона, но понудата на Милан ги промени ...

Исмаел Саибари ќе стане нов играч на Баерн. 25-годишниот напаѓач, неговиот клуб ПСВ Ајндховен и германскиот гигант ги договориле сите услови за реализација на трансферот. Наскоро сè ќе биде официјализирано. Саибари ќе стане нов играч на Баерн и ќе отпатува во Минхен по завршувањето на Светското првенство, каде што е со мароканската репрезентација. Овој фудбалер ќе ги помине медицинските прегледи во Соединетите Американски Држави. Тимот од ...

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше голема желба на Жозе Мурињо. Сепак, 24-годишниот Хрват рече „не“ на понудата од Мадрид и останува лојален на „Граѓаните“. Поради одлуката на Гвардиол, Реал реагираше на пазарот и изненадувачки постигна договор со Марк Кукуреља од Челзи. Тие платија 60 милиони евра за неговите услуги, а Гвардиол би ги чинел ...

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа зошто се толку почитувани низ целиот свет. По нерешениот резултат против Холандија (2:2) во Далас, илјадници јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот по завршувањето на натпреварот. Наместо тоа, тие останаа на трибините за да го исчистат просторот каде што го гледаа натпреварот. Глетката на јапонските навивачи ...

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство, додека во Групата Ф, Шведска го декласира Тунис со 5:1. Натпреварот во Филаделфија, пред речиси 60.000 навивачи на Еквадор, беше решен во 90-та минута. Целиот натпревар беше полн со интензитет, ритам и динамика, а тоа донесе многу шанси на двете страни, вклучувајќи и удари кон голот. Еквадор три пати ...

Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство. На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи. Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но ...

По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување. Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а ...

Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Мадрид по завршувањето на Светското првенство. Реал за него чќе плати 55 милиони евра,а доколку ги исполни бонусите, Челзи ќе може да инкасира и дополнителни пет милиони евра. Договорот е постигнат ненадејно и без најава, бидејќи најблиску до потписот на левиот бек беа Атлетико ...

Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1. Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за дуел помеѓу екипи со различен квалитет – „Панцерите“ влегоа како апсолутни фаворити против дебитантите и една од најмалите фудбалски екипи на турнирот, но Курасао, и покрај ова, покажа борбен дух и успеа да остави трага во историјата. Токму со голот на Комененсија беше ...

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Барселона, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. За хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона. На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на ...

Бразил го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Мароко, а реакциите во татковината, за настапот на националниот тим се брутални. Бразилските медиуми и коментатори не се задоволија со класичните критики, туку настапот на „Селесао“ го опишаа како алармантен, анемичен и на делови срамен. Бразил се спаси благодарение на индивидуалната мајсторија на Винисиус Жуниор, но впечатокот по натпреварот беше далеку од очекуваниот од петкратните ...

Јаки полициски сили, во полна борбена опрема, спречија потера по Тајрик Џонс во „Салата на мирот и пријателството“. Кога слушнаа што се случило во ходникот синоќа, откако го загубија петтиот натпревар од финалето на плејофот на паркетот од нивниот најголем ривал, кошаркарите на Панатинаикос се вратија за да се пресметаат со Џонс. Центарот на Олимпијакос, беше исклучен, на 3:17 до крајот на третиот период, откако го зграпчи Кендрик Нан за ...

Со нерешениот резултат против Бразил (1:1) на Светското првенство во 2026 година, мароканската репрезентација не само што освои важен бод, туку и испиша единствена страница во фудбалската историја. „Атлас Лајонс“, кои на Светското првенство во 2022 година во Катар станаа првата африканска репрезентација што стигна до полуфиналето на Светското првенство, сега уште еднаш влего во историјата на Мундијалите. Мароко стана првата репрезентација ...

Њујорк Никс ја освоија шампионската титулата во НБА лигата, откако ги победија Сан Антонио Спарс во петтиот натпревар од големото финале – 94:90 и со вкупно 4:1 во серијата стигнаа до првиот шампионски прстен од 1973 година. Петтиот натпревар од финалето се играше во Сан Антонио, а домашниот тим го отвори натпреварот подобро и стекна двоцифрена предност во текот на првото полувреме. Спарс во неколку наврати имаа предност од 16 поени, додека ...

Австралиските фудбалери ја победија Турција (2:0) во натпреварот од првото коло од Групата Д на Светското првенство. Нестори Иранкунда даде водство во 27-та минута, а победата ја потврди Конор Меткалф во 75-та минута. „Кенгурите“, приредија големо изненадување, ако се земат предвид најавите дека Турција може да направи големи нешта на Светското првенство. Турците имаа повеќе од 30 удари кон голот, но голманот Патрик Бич беше фантастичен. Во ...

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати). Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, ќе мора да одговора на ...

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки. Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута. Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, ...

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија. Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка. Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница: Играчите на Панатинаикос се обидоа да ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“. Британецот стигна до најдобрата стартна позиција со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Седумкратниот првак, прв пат ќе стартува од првиот ред како возач на Ферари. Најблиску до најбрзите двајца беше лидерот во генералниот пласман Андреа Кими Антонели, кој ...

Ракометарите на Фуксе Берлин први изборија пласман во финалето, во Лигата на шампионите. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн, Берлин го победи бранителот на трофејот, Магдебург со 40:35 (19:17). „Лисиците“ го контролираа натпреварот од самиот почеток, се чинеше дека и порано ќе ја обезбедат победата, особено кога во 34-та минута, стекнаа предност 23:19. Магдебург сепак успеа да се врати со брзи три гола, а потоа и да дојде до ...

Се чини дека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка немало 44.985 гледачи, како што претходно објави ФИФА, поради што светската фудбалска организација се огласи со објаснување. „Официјалните податоци за посетеноста го одразуваат бројот на скенирани билети и гледачи кои биле присутни на стадионот, а не визуелни проценки за тоа колку седишта биле пополнети во кој било момент од натпреварот. 🚨 Breaking: So many empty seats were spotted ...

Фудбалската репрезентација на Турција се најде во центарот на вниманието на Светското првенство откако тројца репрезентативци биле снимени на балкон додека пушеле. Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции кај навивачите. Дополнителни контроверзии предизвикале шпекулациите на дел од корисниците дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт, иако за таквите тврдења засега нема официјална потврда. ...

Напаѓачот на американската репрезентација Фоларин Балоган изјави дека чувството да постигне два гола на Светско првенство е нешто што ги надминало неговите очекувања. „Замислував како ќе биде кога ќе постигнам гол на Светско првенство, но реалноста го надмина тоа. Ова е ноќ од соништата“, рече Балоган по победата на САД од 4:1 против Парагвај. Балоган, кој во минатото можеше да избира дали ќе настапува за САД или Англија, истакна дека ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, изјави дека би го заменил својот прв гол за националниот тим доколку тоа значело победа против Канада на Светското првенство. „Не можев да замислам поубаво сценарио од тоа првиот гол за репрезентацијата да го постигнам токму на Светско првенство. Сепак, жал ми е што не победивме. Повеќе ќе ми значеше да освоевме три бода, а јас да не постигнев гол“, рече Лукиќ по ремито 1:1. Тој додаде ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25