Кошаркарите на Њујорк победија во Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Никс водеа во текот на целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во големото финале од 1999 година, кога тимот предводен од Патрик Јуинг, Латрел Спривел и Алан Хјустон загуби од Сан Антонио со Дејвид Робинсон и Тим Данкан. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Покрај ...

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, беше расположен кога разговараше со медиумите по величествената победа (3:0) на неговиот тим во финалето на Купот, против Штутгарт во Берлин. Херојот на првата титула на Баерн во Купот, по пауза од шест години, беше Хари Кејн. Англичанецот ги постигна сите голови за Баерн. Хенес одговори на прашањето за интересот на Барселона, за Хари Кејн. „Доаѓањето на Хари Кејн е најдобриот трансфер што ...

Полека се спушта завеста на фудбалската сезона во Шпанија. Последното 38-мо коло го даде одговорот кои екипи ќе му се придружат на Овиедо во Втората лига. Тоа се Мајорка и Џирона. Вечерва се одиграа девет од вкупно 10 натпревари од последното 38-мо коло. Утре сезоната ќе заврши сио дуелот меѓу Виљареал – Атлетико Мадрид. Многу работи беа познарти уште пред последното коло. Ново-стариот шампион е Барселона, втор е Реал Мадрид, утре Виљареал ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, трета година по ред ја освои пол-позицијата за Големата награда на Канада. Британецот, кој претходно победи во спринт траката, во последнните секунди го извозе најбрзиот круг. Расел, кој победи на стартот од сезоната, во Австралија, до пол-позицијата дојде со време 1:12.578. Ова време за 68 илјадити делови од секундата беше побрзо од времето на неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели. Интересно и во ...

Фудбалерите на Вардар ја прославија шампионската титула со победата над Шкендија 3:0. За црвено-црните ова е 12-та титула во клупската историја и прва по пауза од шест години. Вардар до победата над Шкендија дојде со авто голот на Ајетовиќ во 20-та минута, Закариќ во 36-та и Николов во 80-та минута. Шкендија можеше да вмесе неизвесност во натпреварот, меѓутоа Талески во 70-та минута два пати му одбрани пенал на Љатифи. Вардар во новата ...

Фудбалерите на Баерн Минхен ја комплетираа двојната круна во Германија. Вечерва го освоија Купот, со победата над Штутгарт 3:0. БОва е прва дупла круна за Баерн по пауза од шест години. Апсолутен херој на победата, на Олимпискиот стадион во Берлин беше Хари Кејн. Баерн Минхен го освои Купот на Германија 21-ви пат во историјата на клубот. Првото полувреме, во кое играчите на Штутгарт беа подбри на теренот заврши без голови. Во првиот дел ...

Американски конзорциум понудил околу 2.000.000.000 евра за да го купи Наполи од семејството Де Лаурентис, објавуви „Атлетик“ повикувајќи се на неколку анонимни извори. „Андердог Глобал Партнерс“, ги води преговорите во име на инвеститорската група, која сака да го продолжи развојот на клубот врз основа на наследството на Аурелио Де Лаурентис. Де Лаурентис го презеде Наполи во 2004 година, кога клубот беше во третиот ранг на италијанскиот ...

Бернардо Силва наскоро ќе стане нов член на Атлетико Мадрид. Голем медиуми, потврдија дека Силва е во завршни преговори со Атлетико Мадрид, откако решил да ја прифати понудата од црвено-белиот дел на Мадрид. Португалецот доаѓа на местото на Антоан Гризман. Силва имал понуда од Јувентус, се надевал на понуда од Барселона, но најконкретни биле „јорганџиите“. Бернардо Силва има 32 години, сè уште не е за „старо железо“ и дефинитивно ќе биде ...

Фудбалерите на Хал Сити по пауза од девет години повторно ќе играат во Премиер лигата. Хал направи голема сензација, во финалето од плејофот го победи фаворизираниот Мидлсбро со 1:0 на „Вембли“ со гол на Оли Мекберни во 95-та минута. Покрај пласманот во елитните редови на англискиот фудбал, овој успех му носи на клубот значителни финансиски приходи, проценети на околу 231 милион евра, благодарение на новиот договор за телевизиски права. ...

Бруно Фернандеш, играч од средниот ред и капитен на Манчестер Јунајтед, е избран за најдобар играч на Премиер лигата во сезоната 2025-2026. Со осум гола и 20 асистенции, Португалецот ги предводеше „Црвените ѓаволи“ до третото место во Премиер лигата и место во Лигата на шампионите, што е голем подвиг со оглед на просечните резултати на тимот во првиот дел од сезоната. Со 20 асистенции, Фернандеш го израмни рекордот во Премиер лигата во една ...

Џорџ Расел беше најбрз во спринт трката возена во рамките на Големата награда на Канада. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа во спринт трките сезонава, има и еден триумф во главните трки. Расел во Монтреал победи пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Андреа Кими Антонели. Зад нив се пласираа Оскар Пјастри, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Арвид Линдблад. Спринтот во Монтреал донесе ...

Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Црвена звезда. Како што објави „Меридијан спорт“, тимот ќе го води Милан Томиќ до крајот на сезоната, на Фајналфор турнирот на КЛС во Ниш (29-31 мај). Како што се додава, по разговорите меѓу клубот и тренерот, донесена е одлука двете страни да се разделат и да се стави крај на епизодата што заврши со освојување на Купот „Радивој Кораќ“. Томиќ ги освои титулите во АБА и во српското ...

Кошаркарите на Оклахома славеа на гостински терен против Сан Антонио (123:108) и сега водат со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Спарс го започнаа натпреварот со урагански, со серија од 15:0, но актуелниот шампион направи пресврт на почетокот на втората четвртина и ја задржа таа предност до полувремето. Во текот на третата четвртина, водството на Тандер стана двоцифрено, а триумфот беше убедлив на крајот. Оклахома беше без ...

Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели. Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени и 10 порази, со просек од 1,73 освоени поени по натпревар. Атинскиот гигант ја заврши сезоната на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше елиминиран во ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката, која се вози во рамките на големата награда на Канада. Во првиот ред, до Британецот, пласман избори лидерот во генералниот пласман, Андреа Кими Антонели. Џорџ Расел, на најдобар начин ја потврди доминацијата на тренингот и во квалификациите. Единствен успеа да вози еден круг под една минута и 13 секунди (1:12.965). Неговиот тимски колега, Антонели имаше послаб ...

Фудбалерите на Ланс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1. Ланс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998). Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон Едуар во 42-та и Абдала Сима во 78-та минута за Ланс, Џибрил Кулибали во 45+3. минута за ...

Фудбалерите на Трабзон го освоија Купот на Турција, со победата 2:1 над Коњаспор, чии дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди. Енис Барди е трагичар на финалниот натпреварот, од перспективата на нанвивачите на Коња. Во 58-та минута не реализира пенал при резултат 1:1. Ударот на Барди заврши во левата статива од голот на Онана. ❌ Konyaspor, 58. dakikada Enis Bardhi ile penaltıdan yararlanamadı.pic.twitter.com/VDDtl3N3PZ — Fanatik ...

Според турските медиуми, Фенербахче постигнал принципиелен договор со Мохамед Салах во врска со неговиот трансфер на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Египетската суперѕвезда објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната по девет години во Мерсисајд, а „Фотомак“ дознава дека Салах ќе потпише тригодишен договор со клубот од Истанбул вреден околу 39.000.000 евра, што значи дека по сезона ќе заработува 13.000.000 евра. Според турските ...

Фудбалерот на Интер, Федерико Димарко ја доби наградата за најдобар играч во сеозната, во Серија А. Левиот крилен бек, со Интер ја освои двојната круна, а успеа да го сруши рекордот според бројот на систенции во една сеозна. Чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар, втор пат по ред е прогласен за најдобар голман во Серија А. Сезонава за Рома бранеше на сите досегашни натпревари, вкупно 37, во Серија А. Мрежата на 26-годишникот роден во ...

Реал Мадрид 22-ри пат во историјата ќе се бори за титулата европски првак. „Краслскиот клуб“ досега освои 11 трофеи. Во второто полуфинале на Завршниот турнир во Атина, Реал ја победи Валенсија со 105:90. Серхио Скариоло, тренерот на Реал, прв пат во кариерата ќе игра финале во Евролигата, и со тоа ќе има можност за прв пат да го освои овој трофеј, единствениот што го нема во кариерата. Реал стави крај на бајката на Валенсија. Искуството ја ...

Олимпијакос му одржа лекција на Фенербахче во преполната арена ОАКА и стана првиот финалист во Евролигата. Во ниту еден момент не изгледаше дека бранителот на титулата може да им се закани на црвено-белите, кои убедливо славеа so 79:61 (18:12, 15:12, 23:17, 23:20). Нестварно звучи податокот дека 16 и пол минути, Фенер не постигна кош на почетокот од првите три четвртини, а во тој период резултатот беше 34:0 за Олимпијакос. Олимпијакос ...

Томас Тухел толку многу ја шокираше јавноста во Англија со списокот на фудбалери за Светското првенство, што мораше да ја објасни секоја одлука поединечно на конференцијата. Имено, германскиот стручњак реши на СП да не одат Кол Палмер, Фил Фоден, Хари Мегваер, Лук Шо, Трент Александар Арнолд итн… Во обид да ја објасни радикалната одлука, Тухел рече дека се водел од фактот дека тимот не треба да биде составен од најдобрите играчи, туку од ...

Алваро Арбелоа потврди дека ја напушта функцијата тренер на играчите на Реал Мадрид на крајот од сезоната. Арбелоа (43) ја објави веста на прес-конференцијата на Реал пред последниот натпревар од сезоната против Атлетик Билбао. „Го напуштам Реал со голема благодарност затоа што играчите ме направија подобар човек и да уживам во секој ден“, рече Шпанецот. Медиумите во Шпанија тврдат дека Жозе Мурињо (63), кој седеше на клупата на „кралскиот ...

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Јержи Дудек, смета дека враќањето на Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ е чекор назад за Реал Мадрид. Според него, клубот треба да има појасна долгорочна визија. Тој особено нагласи дека дури и за време на првиот мандат на Мурињо, атмосферата во соблекувалната не била идеална. Потсети дека некои играчи немале голема верба во тогашниот тренер. „Жозе Мурињо во Реал Мадрид? Тоа е голема контроверза. Многу од ...

Никола Јокиќ ќе игра за Србија во јули и август, во квалификациите за пласман на Светското првенство, потврди за „Моцартспорт“, селекторот, Душан Алимпијевиќ. Србија прво ќе има дуели со Швајцарија (2 јули) и Босна и Херцеговина (5 јули), во квалификациите за Светското првенство, а како што стојат работите, Алимпијевиќ ќе може да смета на Никола Јокиќ. „Ништо не беше спорно од првиот момент, тој е човек со кого сум во контакт од првиот ...

Манчестер Јунајтед го назначи Мајкл Карик за постојан менаџер со договор до 2028 година. Карик го водеше Јунајтед до 11 победи во 16 натпревари, вклучувајќи победи над Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи, за да се искачи на третото место во Премиер лигата и да обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. „Од моментот кога пристигнав тука пред 20 години, ја почувствував магијата на Манчестер Јунајтед. Носењето одговорност да ...

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити поврди дека Пеп Гвардиола (55), десет години, го напушта клубот на крајот од сезоната. Каталонскиот стручњак, кој пристигна во Сити во јули 2016 година, го трансформираше клубот и ќе се збогува со 20 освоени големи трофеи, што го прави најуспешниот тренер во историјата на клубот. И покрај тоа што ја напушта тренерската позиција, Гвардиола ќе ја продолжи соработката со „City Football Group“, во улога на ...

Поранешниот капитен на Челзи и долгогодишен шпански репрезентативец, Сезар Аспиликуета, го објави крајот на својата богата кариера. Овој 36-годишен дефанзивец се збогува со професионалниот фудбал по 20 сезони, а својата одлука ја сподели со јавноста преку објава на социјалните мрежи. Аспиликуета ја започна својата фудбалска кариера во Осасуна, клуб од неговиот роден град, пред да се пресели во француски Марсеј. Таму освои два Лига купа и ...

Голема статуа на бразилската фудбалска легенда Пеле е откриена во мексиканскиот град, Гвадалахара, во чест на неговите достигнувања со бразилската репрезентација. Статуата беше откриена пред стадионот „Халиско“, каде што Пеле одигра неколку натпревари со бразилската репрезентација на Светското првенство во 1970 година. Во трката за титулата во 1970 година, Бразил играше натпревари од првото коло, четвртфиналето и полуфиналето на стадионот ...

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, го објави списокот на играчи што ќе ги поведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Конечниот список беше објавен преку новата апликација на Англиската фудбалска асоцијација, го презентираат поранешните репрезентативци Даниел Стариџ и Тео Волкот. Селекторот Тухел подетално ќе ги објасни своите одлуки на 1 јуни. На списокот овој пат, како што објавија англиските медиуми, ги ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
52%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.89
43%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.02
66%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.24
61%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.05
87%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
31%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.5
46%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
71%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
48%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.99
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Родиум

265243.66

Бакар

13.07

Алуминиум

3.19

Калај

54.37

Сребро

1880.63

Рутениум

53852.50

Платина

52437.87

Злато

131085.02

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

41120.80