Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Американскиот центар Мојзес Рајт е на чекор до трансфер во Барселона, но во исто време би можел да ја промени и репрезентацијата. Како што објави „Basketnews“, поранешниот центар на Жалгирис е во завршни преговори со Кошаркарската федерација на Македонија во врска со добивање државјанство, што би му овозможило да добие европски пасош и во исто време да стане натурализиран Македонец. Ваквиот развој на настаните би бил од големо значење и за ...
Комплетираное третото коло во Групата И на СП, најголем победник би можел да биде Сенегал. Франција ја победи Норвешка благодарение на хет-трикот на Дембеле и го освои првото место во групата, додека Сенегал убедливо го победи Ирак и во последен момент се најде во ситуација да обезбеди нокаут фаза преку табелата на третопласираните екипи. Дербито на групата помеѓу Франција и Норвешка на стадионот Бостон (Жилет) во Фоксборо заврши со ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, во првото коло на Вомблдон ќе игра против финалистката од минатата година, Аманда Анисимова. Ѓорческа, успешно ги миба трите квалификациски рунди и оствари историски успех, стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главната рунда на Гренд слем турнир. Немаше среќа со ждрепката, бидејќи на патот кон втората рунда ќе и стои шестата фавортика на турнирот, Американката Аманда Анисимова. ...
Ракомеатерите на македонскиот шампион Вардар 1961 го дознаа противниците во Лигата на шампионите. Вардар 1961 се врати во елитното натпреварување откако доби специјална покана од ЕХФ. Противници на црвено-црните ќе бидат Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Распоред на натпреварите на Вардар: 9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар 16/17 септември 2026: Вардар – Нант 7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк 14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – ...
Еквадорскиот фудбалер Пјеро Инкапие потпиша повеќегодишен договор со Арсенал, објави англискиот шампион. Во соопштението се наведува дека Арсенал ја активирал опцијата за откуп на договорот на еквадорскиот играч од Баер Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули. Инкапије (24) играше како позајмен играч во Арсенал минатата сезона. Деталите од договорот не беа објавени, но британските медиуми шишуваат дека еквадорскиот фудбалер потпишал ...
Манчестер Сити постигна договор со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон. Конечниот договор беше постигнат откако Сити поднесе нова, подобрена понуда и успеа да ја приближи својата проценка на играчот до барањата на Форест. Сè што останува е 23-годишниот играч од средниот ред да се договори за личните услови со клубот од „Етихад“. Вредноста на трансферот е околу 150 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, што ќе го сруши ...
Шест групи од Светското првенство досега го добија епилогот, што значи дека се познати четири двојки за 1/16 финалето. Првиот натпревар ќе биде одигран на 28 јуни, од 21:00 часот, кога Јужна Африка и Канада ќе се сретнат во Инглвуд. Ден подоцна, Холандија и Мароко ќе ги одмерат силите во Монтереј, додека Бразил и Јапонија ќе играат во Хјустон. Исто така е познато дека на 1 јули, Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина ќе играат ...
САД, Австралија и Парагвај од Д групата се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство. САД за пласман во осминафиналето ќе играат со биХ, а Парагвај против Германија, Австралија се уште не го знае името на противникот. Парагвај и Австралија одиграа пријателски меч во Калифорнија, бидејќи и на двата тима им одговараше таквиот резултат. Епилогот на крајот е реми без голови и второ место за Австралија, а трето за Парагвај. Турските ...
Холандија и Јапонија ја минаа групата Ф, а Шведска ќе почека, но најверојатно како третопласирана ќе оди во нокаут фазата. Изминатата ноќ, Холандија лесно се справи со Тунис (3:1), а Јапонија и Пведска одиграа 1.1. Јапонија беше поопасна во првото полувреме, на кое двата тима пристапија многу претпазливо. Првото полувреме беше обележано со повреда на шведскиот стопер Исак Хиен, кој потоа беше заменет од играчот од средниот ред на Тотенхем, ...
Фантастичен расплет се случи вечерва во Е групата на Светското првенство. Еквадор, по пресврт, ја победи фаворизираната Германија со 2:1, додека Брегот Слонова Коска со 2:0 славеше над Курасао. Германија и пред оваа рунда го освои првото место, БСК се втори, а Еквадор од третата позиција оди во нокаут фазата. Курасао, историскиот прв настап на Мундијалите го заврши со еден бод. Екипата на Јулијан Нагелсман започна силно, а во втората минута ...
Чешкиот фудбал по елиминацијата од Светското првенство доживеа уште еден шок. Напаѓачот Патрик Шик, на 30-годишна возраст, одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера, објавувајќи ја веста на социјалните мрежи со порака дека на чешкиот фудбал итно му се потребни длабоки промени. Шик постигна 26 гола во репрезентацијата. Одлуката на еден од најдобрите чешки стрелци не е импулсивна реакција на неуспехот во Мексико, туку, како што е ...
Еден од најдобрите играчи во модерната историја на Евролигата, Шејн Ларкин кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче. Според порталот „BasketNews“, Шејн Ларкин, решил да го откупи својот договор и да уплати на сметката на Анадолу Ефес 400.000 долари. Како слободен играч ќе го напупти клубот, иако имаше договор со Ефес до 2028 година. Американецот ќе потпише за Фенербахче во следните 48 часа. Ларкин го носеше дресот на Ефес осум години и ...
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула и го врати Нико Паз од Комо за девет милиони евра. Реал, сепак, нема да го задржи талентираниот офанзивен играч за врска. Планот на Флорентино Перез е да почекаат до понеделник Комо да плати 60 милиони евра. Доколку италијанскиот тим одбие, ќе го понудат Паз на други тимови. Паз се етаблираше во Реал, пред сè во Б-тимот, додека од 2024 година е член на Комо, каде што пристигна за ...
Лина Ѓорческа избори пласман на главниот турнир, на неофицијалното светско првенство во тенис. Во третото квалификациско коло, во Вимблдон, Ѓорческа ја победи 127-та на ВТА листата, Луција Бронзети. Лина Ѓорческа експесно ја мина третата квалификациска рунда, ја победи Бронзети за 75 минути игра со 6:1, 6:2. Македонија прв пат ќе има преставник на женскиот дел од турнирот. Фото: Ненад Живановски-Столиќ Лина Ѓорческа избори пласман на ...
Минесота Тимбервилфс ќе го ангажираат Ламело Бол, со пшто дополнително ќе ја зацврстат бековската линија. Шарлот Хорнетс ги испраќаат бекот Ламел Бол и Џош Грин во Минесота Тимбервулвс, објави инсајдерот Шамс Чаранија од „ESPN“. Во спротивна насока се селат Наз Рид, незаштитениот избор од првата рунда на драфтот во 2033 година, три заменски избори од првата рунда (2028, 2029 и 2030), како и три избори од втората рунда (2029, 2032 и 2033). ...
Бразил ја победи Шкотска со 3:0, а последните 15 минути ги одигра Нејмар. Најдобрито стрелец во историјата на „Селесао“ се врати во репрезентацијата по речиси три години. Доволна причина за солзи по натпреварот. Поради повреда на предните вкрстени лигаменти во октомври 2023 година, Нејмар мораше да направи долга пауза, кога се повреди против Уругвај во квалификациите. 981 ден подоцна, тојј повторно го облече жолтиот дрес. Neymar is back! ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе му го предаде трофејот на победникот на Светското првенство. Финалето на Светското првенство ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а Трамп потврди дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, лично го замолил да учествува на церемонијата на доделување на трофејот. „Мислам дека Џани заврши фантастична работа и да, ме замоли да го доделам трофејот“, рече Трамп ...
Голманот на мексиканската репрезентација, Гиљермо Очоа (40), влезе во историјата на Светските првенства – настапи на својот шести Мундијал. Очоа не беше на голот на натпреварите со Јужна Африка и Јужна Кореја, но затоа дуелот со Чесите беше совршен момент ветеранот да застане меѓу стативите. „Сомбреросите“, по две победи во џебот, водеа со 2:0 против Чешка кога Агире ја крена легендата на тимот од клупата. Очоа излезе на теренот во 78-та ...
Бразил заврши прв во Ц групата, пред Мароко, Шкотска и Хаити. Бразилците , предводени од Винисисус Жуниор лесно ја победија Шкотска со 3:0, додека Мароко во интересен меч, славше над Хаити со 4:2. Во Атланта, Мароко го победи Хаити со 4:2 со пресврт и со тоа го потврди своето место во осминафиналето. Хаити се елиминирани од дебитанскиот настап на Светските првенства, иако двапати водеше против фаворизираните Мароканци. Лени Џозеф во 10-та ...
Мексико ја победи Чешка со 3:0, а Јужна Африка ја изненади Јужа Кореја, победи со 1:0, во третото коло од Групата А на Светското првенство. Мексиканците на домашен терен, ја завршија групата со максимални три победи и без примен гол. Против Чешка, селекторот Агире ротораше во составот, но ниту тоа не беше пробле да се победи Чешка. Мечот беше решен во второто полувреме. Во 55-та минута, Матео Чавез го постигна првиот гол. По тој гол, Чешка ...
Кошаркарите на Валенсија на најдобар начин ја завршија исклучително успешната сезона. Валенсија ја освои титулата во Шпанија, откако во финалната серија сои 3:1 ја победи Ббарселона. Втор пат во историјата на клубот, Валенсија е шампион на Шпанија! Тие ја победија Барселона со 108:84 во „Блауграна“ и го освоија шампионскиот пехар со 3:1 во серијата. Првата титула ја освоија во сезоната 2016/17, кога Педро Мартинез исто така седеше на ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина го победија Катар (3:1), во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Избраниците на Сергеј Барбарез завршија како трети во групата и имаат голема шанса да се пласираат во 1/16 финалето како една од осумте најдобри третопласирани екипи. Стрелци на овој натпревар беа Алајбеговиќ во 29-та минута, автогол во 34-та минута постигна голманот Абунада, додека Махмиќ стави точка на натпреварот во 80-та ...
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ќе го напушти овој тим на крајот од сезоната, беше објавено во средата. Двократниот светски шампион вози за фабричкиот Дукати од 2021 година, на чиј мотоцикл освои две последователни титули, забележувајќи 31 победа досега. Тој моментално е петти во генералниот, а во Априлија тимски колега ќе му биде Марко Бецеки. Бечеки, води во поредокот, во актуелната сезона со 192 поени. Трансферот на Бањаја во ...
Италијанските медиуми објавувија дека се случил пресврт во трката за потписот на младиот италијански фудбалер Марко Палестра Челзи сериозно ја надмина понудата на Интер и ја презеде иницијативата во преговорите со Аталанта. Според неколку извори, „сините“ се подготвени да платат околу 55 милиони евра со дополнителни бонуси, а играчот би добил поголема плата од онаа што му ја понуди Интер, што практично го исфрли клубот од „Џузепе Меаца“ од ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, потврди дека Нејмар е подготвен за дуелот со Шкотска во третиот натпревар од Групата Ц на Светското првенство. Бразил во првото коло ремизираше со Мароко, а во вторто според очекувањата славеше над хаити. Анчелоти објави дека може да смета на искусниот фудбалер во продолжението од натпреварувањето. „Тој е подготвен. Тренираше многу добро. Оваа недела е целосно подготвен за игра и многу сме среќни што се ...
Џенаро Гатузо беше официјално претставен како нов шеф на тренерскиот штаб на Лацио. Раководството на римскиот клуб го потврди доаѓањето на темпераментниот тренер, ставајќи крај на турбулентниот период по заминувањето на Маурицио Сари. Гатузо потпиша двегодишен договор со опција за продолжување, со годишна плата од околу 1,5 милиони евра. Гатузо се враќа во Серија А по пет години, откако од клупата ги водеше Валенсија, Олимпик Марсеј и ...
Прерано е да се извлече заклучок, вистинската драма ќе следи дури во последното коло, но дури и по завршувањето на натпреварите од второто коло, може да се направи интересен пресек и да се здогледа дел од конечниот мозаик. Во продолжение ја презентираме табелата на третопласираните селекции, во групите на Светското првенство. Осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата. Репрезентациите на врвот на оваа ...
Хрватската фудбалска репрезентација остана во трка за нокаут фазата на Светското првенство откако ја победи Панама со 1:0 во натпреварот од второто коло. Мечот покрај стрелецот на единствениот гол, Анте Будимир, го обележа и капитенот на Хрватите, Лука Модриќ. Брилијантниот играч од средниот ред го одигра својот 200-ти натпревар за репрезентацијата. Ваков подвиг досега оствариле уште само тројца фудбалери, Лионел Меси за Аргентина, ...
Селекторот на Гана, Карлос Кеироз, не го криеше своето незадоволство по ремито без голови против Англија на Светското првенство. Селекторот смета дека неговата репрезентација е оштетена за чист пенал и исклучување. Иако Англија доминираше во поседот и ја имаше топката во свои нозе дури 79 проценти од времето, репрезентацијата на Гана успешно се спротивстави на притисокот и стигна до важен бод во Групата Л. Сепак, Кеироз верува дека неговата ...
Еј Џеј Дибанса беше избран како прв избор на овогодинешниот НБА драфт од страна на Вашингтон Визардс. Тимот од главниот град на САД се одлучи за 19-годишно момче, кое помина само една година на „BUY“ колеџот. „Многу ми значи да бидам прв избор. Изборот број еден ме следеше низ целата средношколска кариера и сакав да бидам во исто друштво со Леброн Џејмс, Ален Ајверсон и Купер Флег.“ Ова е трет пат во историјата Визардс да го добијат првиот ...