Утрово 12 степени во Лазарополе, 13 Берово, 15 Маврови Анови, 16 Попова Шапка, 17 Крива Паланка, Тетово, Битола, 18 Скопје-Петровец, Претор, Охрид, 19 Струмица, 20 Прилеп, Куманово, Дебар, Гевгелија, Крушево, Штип, Демир Капија, 21 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 22 Дојран. Во текот на ноќта беше претежно ведро и тивко со мала локална облачност. Времето денеска сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб ...

Викендов на Стадионот на АРМ во Скопје се одржа културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2024. На фестивалот настапи светската ѕвезда Грејс Џонс, а втората вечер беше резервирана за Севдализа. Сето ова во организација на Авалон Продукција. Една од највлијателните и најреволуционерни музички ѕвезди и уметнички појави, Грејс Џонс, го донесе своето спектакуларно live show за прв пат во Македонија. Музичката икона ѝ приреди на македонската публика ...

Тамбурашкиот оркестар „Рапсодија“ од Хрватска, настапи на фестивалот на источно европски оркестри во Будимпешта, заедно со оркестрите од Печух и Будимпешта, Унгарија, оркестарот од Белгија, Словачка, Естонија. Овој ансамбл неодамна одбележа 10 години постоење, а на концертот во унгарската престолнина изведоа композиција со македонски ритам „Македонски танц“, на Домагој Вукадин. До сега гостувале во Македонија два пати, во Кратово и Охрид. За ...

Општина Битола, согласно склучениот договор со економскиот оператор, од денес започна со подготвителни активности на терен за изградба на улицата кај новиот маркет „Лидл” и трговскиот комплекс „Блис”. Градежните работи ќе се изведуваат согласно потребите за Основниот проект – Изградба на улица крак „Илинденска” – 1 од ДУП за Ушици блок 5 и реконструкција на постојна крстосница „Дулие”, а додека траат работите на терен ќе биде воведена времена ...

Освен дневните и температурите во текот на ноќта се високи, околу 20-от степен. А, каква е температурата на водата во езерата? Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска во 13:00 часот, на мерното место Наколец во Преспанското езеро била измерена темепратура на водата од 28 степени, во Охридското езеро темепратурата во 13:00 часот била 26 степени, а во Дојранското езеро дури 29,8 степени, што е најтопло езеро во ...

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита. И тоа: Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на ...

Општина Битола продолжува со реализација на капитални инвестиции и други инфраструктурни проекти, вели во својот фејзбук статус градоначалникот на Битола, Тони Коњановски откако советот го изгласа ребалансот на буџетот. „Чест ми е, што мнозинството во Советот даде поддршка на ребалансот на Буџетот, давајќи можност на зацртаните проекти да продолжат да се реализираат, како и да се започне со подготовка на нови проекти кои се во контекст на ...

СВР Битола ги известува граѓаните на подрачјето на Битола дека Управните служби при СВР Битола ќе работат на 13.07.2024 (сабота), со работно време од 08.00 до 16.00 часот, за подигнување на готови лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи), а граѓаните истото можат да го направат и секој работен ден, во периодот од 08.00 до 19.30 часот. Воедно ги известуваат граѓаните кои се сликани за патна исправа до 06.06.2024 година, да ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,41%. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,009 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,625 ден/кг. Малопродажните цени на ...

Утрово 13 степени во Лазарополе, 14 Маврови Анови, Берово, 16 Попова Шапка, 17 Крива Паланка, Претор, Битола, 18 Тетово, Охрид, 19 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, Дебар, 20 Струмица, Куманово, 21 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 22 Демир Капија, Виница, 23 Гевгелија, Велес, Кавадарци, 24 Дојран. Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Времето денеска сончево и многу ...

Недозволена е посетата на гробници во новите гробишта во Битола со автомобил до конретните парцели освен за возила кои транспортираат возрасни лица и лица со попреченост. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ управува со гробиштата и оттаму, за сите кои реагираа во редакцијата на ТЕРА велат, овој чекор го презеле заради поголема безбедност на целиот комплекс. Непријатно изнанадување ги очекуваше дел од посетителите кои со своите автомобили ...

Искусниот гајдаџија Здравко Андонов од село Ињево, Радовишко е годинешниот добитник на „Гајдата на Пеце“ која ја доделува општина Долнени за најдобар изведувач, а Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Неготино е добитник на Гран при наградата на 50. јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржуваше во Прилеп и на Рудина, Долнени. Фестивалот додели и 6 награди-гајдарки, 10 статуетки и 50 плакети на ...

Прогнозите за времето не се многу среќни последниве денови за тие кои имаат хронични здравствени проблеми. Параметрите за влажност на воздухот покажуваат суво време, UV индексот покажува 9 што наликува како да сме во африканска земја. Згора на тоа, има и најава дека ќе заврне, што уште повеќе влијае на здравјето – менталното и физичкото на многумина. Ако на дневна основа чувствувате главоболка, гадење, мали вртоглавици, општа слабост, од време ...

Во 54 коло на Лото7 извлечни беа следните броеви: 1, 4, 11, 17, 31, 36, 37. Добивка со седум погодоци немаше, а беа извлечени две шестки, секоја од нив вредна по 341.921,25 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 102.149.000 денари. На џокерот излечени беа следните броеви: 9, 8, 0, 3, 6, 4. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло изнесува 3.751.000 ...

Директорот на јавното претпријатие „Стрежево“ Менде Граматковски вели дека во акумулацијата има доволно вода и не треба да има загриженост, но истовремено апелира таа рационално да се користи. „Во акумулацијата „Стрежево“ во овој момент има акумулирано вода од 78 милиони метри кубни, кој што е добар показател дека ние во иднина ќе имаме вода за сите водокорисници, тргнувајќи од земјоделието, населението, РЕК Битола и индустријата. Со максимално ...

Доцна попладнево Советот на Општина Битола го изгласа ребалансот на буџетот за 2024 година. Пред да се гласа, имаше и комисиска расправа на која се усогласуваа предложените амандмани од советничките групи. Како што вели за Тера советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски сите предложени амандмани беа прифатени, но не сите гласаа за нив. Советникот од СДСМ, Борче Корлевски ни потврди дека сите амандмани кои ги предложи нивната коалиција биле ...

Закажана за 10:00 часот, не почна навреме. Откако се собраа сите, дојде и градоначалникот, здравоживо со советникот Чулакоски, ги поздрави советниците од спротивната страна на новото мнозинство, го отпоздрави и советникот од СДСМ Корлевски, разменија збор- два и продолжи до своето место, го одмина координаторот на СДСМ Илиевски што досега не било случај и отиде да се поздрави со првата меѓу еднаквите претседателката Илиевска. Седницата на која ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,00%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ...

„Уште една одлична вест, од Вашингтон“, вака на својот фејзбук профил напиша премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со неколкумина министри од владата престојува во Вашингот на прославата 75 години од постоењето на НАТО Алијансата. „Трета недела, за трета нова странска инвестиција. По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим ...

Денеска заседава Советот на Општина Битола. На дневен ред е ребалансот на буџетот за 2024 година и измените на програмите за работа. За 53 милиони денари е проширена рамката. Освен ребалансот на буџетото на дневен ред се и програмата за измена и дополнување на програмата за субвенционирањенајавните претпријатија за 2024 година, програмата за измени и дополнување на Програмата за користење иодржување на јавното осветлување на подрачјето на ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро ги осуди вчерашните руски ракетни напади низ Украина, во кои загинаа голем број луѓе, а беше оштетена станбена и цивилна инфраструктура. Германија понуди поддршка и лекување за украинските деца по рускиот ракетен напад што ја погоди педијатриската болница во Киев. Бројот на загинати во руските напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти. ...

Вчера во Битола беа измерни 36 степени. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Битола до 37 степени. УВ индексот 9. Следува период ...

Програмата за изменување и дополнување на програмата за одржување на комунални објекти, инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2024 година, се најде на седница на Комисијата за јавни и комунални дејност, во пресрет на носењето на ребалансот на буџетот. Претставникот на општинската администрација Маријана Спасевска, раководител на комуналното одделение рече дека со оваа програма од предвидените средства со буџетот кој што ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ вечерва соопштија дека по денешната контрола за нектролирано користење на питката вода за наводнување, спроведена од страна на екипите на ЈКП Водовод Битола, утрврдени беа повеќе неправилности и злоупотреби на питката вода. Во соопштението се вели и дека во текот на следните денови акцијата ќе продолжи, а „Водовод” согласно законот ќе поднесе соодветни пријави за кражба на вода. Повторно апелираат до граѓаните ...

Денеска се одржа уште една комисија, овој пат за економски развој, а во функцијата на утрешната седница на Советот на Општина Битола, каде ќе се најде и ребалансот на буџетот за 2024 година. Речиси 13 минути објаснуваше претставникот на општината што се промените во програмата за еконоски развој. Како што соопшти претставникот на општината Венцо Шишкин со предлог измената на програмата за економски развој се предвидуваат дополнителни средства од ...

На седницата на Комисијата за јавни дејности неколку точки, социјалната програма, образовната и таа за култура. Кај сите има измени, а се прават со предлог ребалансот кој утре ќе се најде пред советниците. Најголема дискусија предизвика програмата за култура. Претставникот на општината Виолета Налевска ги соопшти потребните суми кои треба да се обезбедат со ребалансот. Измените и дополнувањата се во неколку ставки. „Се зголемува програмата, ...

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат со три концерти во Хрватска заедно со Рамбо Амадеус.Оваа мини турнеја низ Хрватска започна на 25. јуни кога Оркестарот настапи во Шибеник. По настапот во овој хрватски град, следуваше концертот во рамките на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој се одржа од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово во Хрватска. Третиот концерт се ...

Жителите од улиците Љубојно и Мукос се соочуваат со проблем со канализацијата кој се повторува и во континуитет предизвикува кај нив реакција и незадоволство. Сметаат дека општината треба да пронајде трајно решение особено затоа што се работи за мала должина на улица која , тие претпоставуваат, треба да биде реконструирана. Жителите на улицата Љубојно викендот го минаа во непријатна миризба и страв од потенцијалната опасност по здравјето ...

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола ги известува граѓаните на Општина Битола дека поради енормната потрошувачка на вода, доаѓа до намалување на протокот на вода за пиење во повисоките места во градот. Заради тоа апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат вонредни ...

МВР соопшти дека на 07.07.2024 во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од 68 годишно лице од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од 23 годишно лице од Битола. Во соопштението од полицијата се вели дека од здобиените повреди на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
56%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.15
47%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
53%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
59%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
7.72
47%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
7.2
50%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52