
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Утрово 10 степени во Берово, 14 Битола, Крива Паланка, 16 Тетово, Скопје-Петровец, Претор, 17 Куманово, Струмица, 18 Охрид, Крушево, Демир Капија, Штип, 20 Виница, 21 Гевгелија, Ѓуриште. Во текот на ноќта и утринава во западните делови беше ведро, а во источните со мала до умерена облачност. Понекаде дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен до североисточен правец. Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ...
Колку младите знаат за ракотворството? Дали може со брзиот напредок на современата технологија, ракотворството како стар и значаен занает, целосно да исчезне или пак може да се направи совршен спој на традиционалното и модерното? Користејќи го знаењето на нашите долгогодишни ракотворки, сеуште може да се направи многу за македонските традиционални вештини на ракотворството да продолжат да се развиваат помеѓу младите луѓе во едно време на ...
Павел Дуров, основач и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, беше приведен на аеродромот Бурже во близина на Париз вечерта на 24 август, објавија француските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Француско-рускиот милијардер (39) наводно пристигнал од Азербејџан со својот приватен авион, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик. Се очекува Дуров да се појави пред суд на 25 август за наводни прекршоци поврзани со ...
Утре започнува првиот уписен рок на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. На единаесетте факултети кои го сочинуваат Универзитетот ќе може да се запишат 2.404 нови студенти. Од нив 1.309 се во државна квота, останатите 679 и 416 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Студирањето во државната квота е со партиципација од 200 евра, а оние кои нема да бидаат дел од таа квота можат да студираат со школарина од 400 евра, колку што е и ...
Хезболах лансираше стотици ракети и беспилотни летала кон Израел како одмазда за атентатот врз нивниот командант во Бејрут минатиот месец, соопшти движењето поддржано од Иран. Израелски авиони нападнаа цели во Либан непосредно пред нападот бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад. „Околу 100 израелски воени авиони погодија илјадници ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан, насочени кон северен и централен Израел“, ...
Германската полиција соопшти дека 15-годишник е уапсен во врска со нападот со нож во градот Солинген. Тој е приведен откако две жени пријавиле дека слушнале како 15-годишникот и друго лице зборуваат за нападот. Тинејџерот е осомничен дека однапред знаел за нападот и не пријавил во полиција. Се уште не е познат идентитетот на напаѓачот. Додека едно лице е во притвор, истражителите се уште утврдуваат кој точно го извршил нападот. Нападот се случи ...
Утрово 11 степени во Берово, 14 Битола, 15 Крива Паланка, 16 Тетово, 17 Скопје-Петровец, Куманово, Охрид, Претор, 18 Прилеп, Демир Капија, 19 Штип, Крушево. Во текот на ноќта и утрово ведро со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на ...
Аукционерите на Хансонс, британска аукциска куќа, при расчистувањето на објект во Стафордшир, во гардеробер пронашле 112 години стар весник. Сопственичката на објектот чувала весници кои ги одбележуваат големите настани, различните англиски крунисувања и слично. Овој „Дејли Мирор“ бил објавен 5 дена по најголемата поморска несреќа, потонувањето на тогаш најголемиот брод „Титаник“ во која животот го загубија 1.469 луѓе од проценетите 2.224 ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на независноста на земјата, изјави дека Украина и Украинците самостојно ќе одлучат како да живеат, по кој пат да одат и какви избори да направат, бидејќи така функционира независноста. Зеленски го изјавил ова во обраќањето до граѓаните на Украина, што било снимено во регионот Суми, во близина на границата со Русија, објави Укринформ, а пренесува Танјуг. Сепак, од нападот врз ...
Денеска во утринските часови е уапсено едно лице за кое сведок тврди дека е наводниот извршител на нападот што се случи синоќа во германскиот град Солинген, информира германската полиција, а пренесува германскиот портал БИЛД. Синоќа на фестивалот по повод 650 годишнината од формирањето на Солинген, на централниот плоштад Фронхоф, маж по случаен избор со нож избодел неколку посетители. Во нападот загинаа три лица, а пет се тешко повредени. ...
Денес времето e сончево и многу топло и насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури информира УХМР. За Битола и околината се прогнозира дека на пладне температурата ќе достигне до 32 степени, а максимумот во раните попладневни часови 35 степени Целзиусови. До крајот на денот , попладне ќе има опаѓање на температурата на воздухот, се очекува то раните утрински часови утре да доситгне 19 односно 16 степени Целзиусови. Од ...
Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата го назначи новиот Управен одбор на компанијата. За претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, именуван е Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор. Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, именувани се и останатите членови: Реџеп Асани ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги посети пожарникарите од ТППЕ Битола, заблагодарувајќи им се за нивната посветеност и максимална ангажираност во справувањето со пожарите кои започнувајќи од 15.07 скоро цел месец беснееја на повеќе локации во Општина Битола, но и на други места кои се во надлежност на територијалната единица од Битола. Коњановски нагласи дека, на седницата на Советот в понеделник ќе поднесе иницијатива за ...
Уписот на стан и сите придружни елементи, како квадратура, земјиште, заеднички простории, гаражи ќе се вршат одеднаш и тоа ќе чини 1.250 денари, колку што беше и пред февруари кога Агенцијата одлучи да ги поскапи своите услуги. Целата процедура за враќање на тарифникот ќе трае 15 дена бидејќи прво ќе мора да добие одобрение од Владата. Во последните седум месеци граѓаните оваа услуга ги чинеше најмалку 3.750 денари. Оправданоста за претходното ...
Антакија во Турција којашто беше разурната во земјотресот од 6 февруари минатата година ќе биде реконструирана. Британски архитекти го објавија својот план за тоа. Покрај тоа што е регионален главен град на провинцијата Хатај, Антакија во историјата била позната како Антиохија, еден од најважните градови за развојот на цивилизацијата денес. На 6 февруари минатата година, земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го потресе ...
Со поетското читање „Меридијани“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга познат и како Домот на поезијата, започна 63. издание на Струшки вечери на поезијата. Церемонијата на свеченото отворање се одржа во големата сала на Центарот, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални ...
Во политичкиот фокус оваа недела се платите на вработените во образованието. Министерката за образование денеска одговори на критиките од СОНК за буџетските пари наменети за месечната награда на наставниците. Ги повика сите инволвирани на разговори. Најпрвин претседателот на СДСМ од Битола упати порака во која ги спомена наставниците, нивните плати и фактот дека новата школска година сите вработени во образованието нема да имаат повисоки плати. ...
В понеделник започнува првиот уписен рок на универзитетот Св. Климент Охридски . На 11 факултети кои го сочинуваат Универзитетот ќе може да се запишат 2.404 новин студенти.Сстудентите кои годинава ќе станат дел од УКЛО ја имаат можноста од прва година на своите студии да избираат предмети и факултети од 8 европски универзитети коишто се дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. За додипломските студии, на УКЛО има места за 2404 нови ...
300 специјализанти од вкупно 647 ќе бидат вработени до крајот на годината, а уште 300 ќе останат за следната, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. За тоа Министерството прави регистер. Се работи за вработување на т. н приватни специјализанти, кои , според најавата на министерот Таравари треба да и кажат на државата дека се заинтересирани да бидат вработени. За таа намена Министертвото на својата веб страна постави Апликација за ...
Десет нови случаи на заболени со голема кашлица регистрираше Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 16 до 22 август . Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – четири. Два се во Куманово, а по еден во Дебар, Битола, Кичево и Тетово. Две од новопријавените лица се хоспитализирани.„Возраста на заболените се движи од два месеци до 43 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот ...
EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава која не смеете да ја пропуштите! Креаторите на светски познатата клупска химна “The Mirage” – Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи – Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и ...
Во 67 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 9, 19, 22, 25, 26, 36 и 37. Добивка со седум погодоци немаше, а беше извлечена една шестка вредна 331.038,00 денари. Фондот за седумка за следното коло е 10.000.000 денари. На играта Џокер извлечени беа следните броеви: 7, 2, 9, 7, 0, 6. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 62.103,00 денари. Очекуваниот фондот за добивка со шест погодоци во следното коло за ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени , во Битола и околината со амплитуда од 15 до 34 степени Целзиусови. Во текот на ноќта беше претежно ведро со мала локална облачност која се прошири од север и североисток. Минимални измерени температури: 11 Лазарополе, 12 Берово, 13 Попова Шапка, Маврови Анови, 14 Крива Паланка, 16 ...
Феноменот на сина супермесечина ги застана за момент жителите на планетата Земја. Едни се воодушевија на портокаловата боја, иако се свесни дека бојата што ја гледаат потекнува од смогот, други очекуваа дека навистина ќе биде сина – како тегет. Воодушевени или разочарани, сината супермесечина ќе трае уште два дена. Астрономите го кажаа своето пред синоќешното појавување на Месечината – сина супермесечина, сина е затоа што овој месец по вторпат е ...
Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кратко време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се ...
Во организација на ПСК Ѓорѓи Наумов од 6ти – 15ти Август 2024г беше остварена Алпска експедиција во која учество зедоа шест членови на ПСК Ѓорѓи Наумов и по еден член од ПСК Пелистер и ПСК Копанки, сите од Битола. Главна цел на оваа експедиција беше искачување на највисокиот врв на Алпите и западна Европа, врвот Мон Блан 4810мнв по нормалната рута од француска страна (Гуте рутата). Како припрема на телото за предизвиците кои ги носат високите ...
Сосема случајно на новинарите од светот паралелно со информациите за конвенцијата на американската Демократска партија и претседателската кандидатура на Камала Харис им се наметна темата за женски лидери во Европа. И , зачудувачки, Балканот е најевропски кога се зборува за жени во политиката. Македонската претседатeлка Гордана Силјановска Давкова го зголеми рејтингот на жените политичари во светот и ја збогати листата жени политичари на високи ...
За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа: – Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против ...
Колку од македонските бизниси или компании се подготвени за предизвик, работникот да е заштитен со закон доколку го игнорира шефот по завршување на работното време. За нас можеби звучи чудно, но во Европа многу земји го применуваат правото на исклучување. Што е право на исклучување? Обично во петок ја слушате фразата „конечно петок,почнува викенд”, бидејќи за многумина тој е последниот работен во неделата. Зависно од позицијата на која ...
„Образовната концепција се темели на европските и американските стандарди во системот на оценување, организацијата на студиите, дидактичките методи и наставните планови и програми. Праксата на Високата медицинска школа се изведува врз основа на најдобрите искуства и традиции на школата“ се вели во промотивниот текст на Високата медицинска школа на УКЛО на која годинава може да се запишат 210 кандидати. Високата медицинска школа, единица на ...