Вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2024 година изнесува 637 471 тон. Споредено со 2023 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2024 година бележи зголемување од 2.5 %, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад. Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони ...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во ...

Руски дрон рано утринава погоди автобус со работници во украинскиот град Марханец, убивајќи најмалку девет лица во бран напади чија цел е цивилна инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица. Украинската служба за итни случаи соопшти дека имало и напад на областа Синелниковскиј во регионот Дњепропетровск, во кој биле повредени две лица и предизвикан пожар во земјоделско претпријатие. Русија исто така извршила ...

Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од коишто е активен се уште пожарот на депонија во Демирхисарско. Регионалниот центар на Центарот за управување со кризи Битола, ја пренесува информацијата од ЈКП Комуналец Демир Хисар во која се наведува дека, во период од 13.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, интервенираат на пожар на градска депонија во Демир Хисар. Во гаснењето учествуваат и 5 работници и 1 градежна ...

Денот на планетата Земја е празник на единствениот дом на сите живи суштества. Се одбележува ширум светот на 22 април. За првпат е одбележан во САД во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Датумот е прифатен како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро. Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува ширум светот со разни ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 ...

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола денеска преку соопштение информира за одржан вонреден состанок на прифатилиштетот „Хачико“, со ветеринарните клиники и Агенијата за храна и ветеринарство. „Во текот на изминатите две недели бевме сведоци на неколку немили настани предизвикани од напад од бездомно куче, кои не потресоа сите нас и целата битолска јавност и покрај сите заложби на прифатилиштето да дејствува согласно законските прописи. На ...

На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урбанистички план на град Битола, во рамки на проектот за изработка на сообраќајна студија за градот, чиј инвеститор е Општина Битола. Истражувањето ќе се реализира преку анкета на домаќинства во периодот од 23.04.2025 до 30.05.2025 година. Анкетата ќе се спроведе онлајн на следната интернет страна https://www.gupbitolaanketi.mk/ и со физичко присуство на ...

На 20-ти април во 15:15 часот лице со живеалиште во Битола пријавило дека истиот ден во околу 12:30 часот на ул. Широк Сокак, поточно на плоштад „Магнолија“ додека се движел со неговиот син истото било нападнато и каснато од куче скитник во пределот на долната усна и лев образ, со што се здобило детето со телесни повреди, соопшти битолската полиција. Изминатата недела на плоштадот „Магнолија“ осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, ...

Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар, соопшти синоќа Ватикан. Како што се наведува, по мозочниот удар папата паднал во кома, а потоа доживеал срцев удар. Папата Франциск (88) почина вчера во 7:35 часот по локално време. Франциск, кој боледуваше од хронична белодробна болест и на кого во младоста му беше отстранет дел од едно белодробно крило, беше примен во болницата Гемели на 14 февруари поради респираторна криза која прерасна ...

Во 31 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 13, 27, 28, 32, 35 и 36. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 527.903,25 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 28.747.000 денари. На џокерот беа извлечени следнити броеви: 7, 7, 8, 6, 6, 9. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 103.068,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло е ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Голем број верници синоќа ги исполнија храмовите во Битола, во очекување на најрадосната вест за Воскресението ...

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, католик кој се судри со папата Франциск поради имиграциската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, присуствуваше на верска служба во Ватикан, на која папата не присуствуваше поради неговото закрепнување од пневмонија. Венс, кој со своето семејство е во посета на Италија за време на велигденскиот викенд, присуствуваше на церемонија во базиликата ...

18/04/2025 01:18 - Тера

На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ утрово информираат дека денес (18.04.2025), поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисниците од населбата Баир (од над улицата „Илинденска“ до улицата „ Христијан Карпош“,) и улиците „Охридска“, „Сава Ковачевиќ“ и „Широка“. Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба. Прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување со активностите. Во ...

Градоначалникот Коњановски ги штити членовите на Управните и Надзорните одбори на потонатите јавни претпријатија, наместо интересот на граѓаните на Битола, рече на денешната прес конференција Петар Николовски, советник од СДСМ. „Во текот на вчерашниот ден, до нас како советници, беше доставено Известување од страна на градоначалникот во кое Коњановски пишува дека нема да ги објави донесените Решенија за разрешување на управните и надзорните ...

Работните активности за реконструкција на улицата „Стив Наумов“, влегуваат во завршна фаза. Во моментот се работи на последната делница, а реконструкцијата на улицата се одвиваше во должина од 2200 метри, за што Општина Битола инвестира 51.218.181 денари, информираат од Општина Битола. При увидот на терен од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, жителите од оваа улица потенцираа дека со комплетната реконструкција се ...

Велигден е еден од најголемите и најрадосните христијански празници и секогаш се слави во недела. Со оглед на тоа што Велигден е еден од таканаречените подвижни црковни празници кој секогаш се празнува во ист ден, датумот на Велигден се менува од година во година. Годинава и католичките и православните христијани го одележуваат на ист ден – на 20 април. Велигден секогаш се пресметува меѓу 4-ти април и 8-ми мај, додека католичкиот Велигден е ...

Синоќа во Битола се одржа премиерата на театарската претсатва „Црно Семе“ во режија на Андреј Цветановски. Освен култниот текст, Цветановски и ансамблот на битолскиот Народен Театар успеаја од заборав да извлечат приказна која гласно и јасно зборува за македонскиот индивидуален и колективен пат кон сопствено осознавање и заштита. Солзи, па овации. Ова е најкусиот опис на тоа што денеска, ден по премиерата на „Црно Семе“ на режисерот Андреј ...

Изминативе денови заедно со тим од Владата и тим од мојот Кабинет, остваривме исклучително квалитетна и успешна посета во Обединетите Арапски Емирати, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи делегацијата. „Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании ...

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. ...

Вашингтон воведе нови санкции против неколку компании и танкери вклучени во транспорт и преработка на иранска сурова нафта, а како дел од засилените напори да спречи финансирање на дестабилизирачките активности на Иран, соопшти денеска Стејт департментот. Како што јави дописникот на МИА од САД, на удар се најде кинеската независна рафинерија Shandong Shengxing Chemical Co., Ltd, која, според американскиот надворешнополитички орган, досега ...

На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, ...

Денеска претпладне во западните делови променливо облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Дневните температури од 17 ...

Уште неколку седници на Советот, а потоа откако ќе ја истрчаат партиите предизборната кампања, ќе видат кој колкава доверба има, а тоа ќе значи кој колку манати ќе освои во идниот состав на Советот на Општина Битола. Бројот на столчиња или фотелји е 31, а има партии, коалиции, независни. Во меѓувреме двете најголеми партии многу не откриваат како се крои новиот состав на Советот, односно кој, дали и каде ќе се најде на кандидатиските листи за ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес конференција уверувајќи ја јавноста дека министерството и владата активно ја следат состојбата со економскиот стандард на граѓаните, информираше дека владата ќе воведе нови мерки за стабилизирање на потрошувачката кошничка. Општиот постојан пораст на цените на стоките и услугите во една економија односно инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во март оваа година ...

Реализацијата на Проектот „Реконструкција на коловоз на улица „Бурса” во Битола, влегува во финална фаза, соопштија од Општина Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, извршија увид на денешните активности за асфалтирање на улицата, кои согласно динамиката на изведувачот ќе се изведуваат денес и утре, на потегот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат” до „Пивара”, односно делот кон А.Д ...

Во пресрет на премиерата на претставата „Црно Семе“ по романот на Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски, разговаравме со директорот на НУ Народен Театар Битола , актерот Васко Мавровски. „Црно семе“ е роман кој ја претставува тортурата на која било изложено македонското население на територијата на денешна Грција во времето на граѓанската војна заради нивната национална определеност, етничкото потекло, роман за човечката ...

На последната седница на Советот на Општина Битола кога се утврдуваше дневниот ред, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, предложи дополнителна точка на дневниот, а се однесува на можноста Општина Битола да учествува во проектот на Западен Балкан за бесплатно поставување на Wi-Fi точки. Се работи за проект, како што рече Бојкоски, во кој се опфатени Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија. „Проектотот, потребно е ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
46%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.64
42%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
80%
1018
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
74%
1019
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
53%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
46%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
43%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
54%
1019
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
72%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104