На програмата на Тера телевизија започна серијалот интервјуа, односно претставување на кандидатите за градоначалник на Битола според ждрепката за редоследот на гостувања. Прв беше Јорго Огненовски, кандидат за гардоначалник на Битола од партијата Демократи. Со него зборуваме за мотивот, односно желбата да се биде градоначалник, зошто да гласаат граѓаните за него, а не за еден од другите седум. Побаравме да претстави и три капитални проекти, но ...
Наместо да ги застапува интересите на албанските граѓани, „Вреди“ избра да ги застапува интересите на ВМРО-ДПМНЕ, учествувајќи на нивните митинзи, обвинија од Националната алијанса за интеграција. Кандидатот за градоначалник на Струга од Националната алијанса за интеграција, Арсим Далипи посочи дека општината ќе ја трансформира во ефикасен дигитален и отворен институционален сервис. Далипи најави субвенционирање на електрични автобуси, тротинети ...
Пехчево, 8 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Пехчево од редовите на СДСМ и коалицијата, Златко Николовски, најави проект за уредување на Спиковскиот водопад, со цел развој на туризмот и подобра промоција на природните убавини во регионот. Според Николовски, во рамките на проектот ќе бидат изградени пешачка патека со должина од 750 метри, седум пешачки моста и седум видиковци, како и платформа пред самиот водопад. ...
Продолжува серијалот интервјуа, односно претставување на кандидатите за градоначалник на Битола според ждрепката за редоследот на гостувања. Синоќа гостин беше Зоран Николовски, независен кандидат за градоначалник на Битола, а кој ја доби поддшката од партијата „Левица“. Со него зборуваме за мотивот, односно желбата да се биде градоначалник, зошто да гласаат граѓаните за него, а не за еден од другите седум. Побаравме да претстави и три ...
Денеска продолжи серијалот интервјуа со кандидатите за градоначалници на Битола. Во втората емисија согласно ждрепката за редоследот, гостин беше Тони Коњановски-кандидат за градоначалник од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Со него зборуваме за мотивот, односно желбата да се биде градоначалник, сега по втор пат за уште еден градоначалнички мандат, зошто да гласаат граѓаните за него, а не за еден од другите седум. Побаравме ...

