ОИК ги реализира подготовките за спроведување на изборниот процес за посебните категории граѓани. Во Битола засега 141 лице ќе гласаат во своите домови. Од 77.253 гласачи во општина Битола, 141 лице ќе гласаат во своите домови затоа што спаѓаат во категоријата болни и немоќни лица. Според роковникот на Државната Изборна Комисија – ДИК, на 10 октовмри заврши рокот за нивно пријавување во општински изборни комисии. Според Изборниот законик, ...

Во Oпштинската изборна комисија Крива Паланка е примен избирачкиот материјал за локалните избори во недела, кога правото на глас ќе можат да го остварат вкупно 16 534 граѓани регистрирани во Eдинствениот избирачки список. Утре своето избирачко право ќе можат да го остварат болни и изнемоштени лица, при што пријавени се 218 граѓани и двајца жители на Општина Крива Паланка кои престојуваат во дом за стари лица. Исто така, утре ќе можат да гласаат ...