
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Во делови од Битола и битолско денеска има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Побаравме информација и од Центарот за управување со кризи од каде велат дека ЕВН информира дека на подрачјето на Општина Битола има прекин во снабдувањето со електричната енергија на повеќе локации. Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен. СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални ...
Поради снежни врнежи од 17: 12 часот има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци: Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, Кичево – Охрид, Битола – Ресен и на Плетвар. Од 13:09 часот на патниот правец Битола-Ресен има забрана за движење на ТМВ, информират од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, односно од 12:20 часот има забрана за сообраќај на ТТВ на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од ...
По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро, јави дописничката на МИА од Атина. Главната линија на метрото е во должина од 9,6 километри со два независни тунели со една насока, има 13 ...
Општина Битола e подготвена со зимската служба за интервенирање во претстојната зимска сезона, информира градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Веќе е формирана снежна покривка на повисоките места околу Битола, а попладневно врнежи од снег има и во Битола. Според Управата за хидрометеоролошки работи времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и ...
Според метеоролозите на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см. Во потпелистерското село Ротино веќе има снежна покривка од околу 30-тина сантиметри. Од Центарот за управување со кризи, информираат дека врз основа на информациите од регионалниот центра во Битола, сите патни правци на Битолскиот регион( оптшините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, ...
Утрово -5 степни на Попова Шапка, -3 Маврови Анови, -2 Крушево, -1 Берово, 0 Охрид, Претор, Прилеп, 1 Тетово, Битола, Дебар, Крива Паланка, 2 Струмица, Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, 4 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Кавадарци, 5 Гевгелија. Најмногу дожд 32 л/м2 наврнаа во Струмица, 31 Берово, 26 Крушево, 24 Гевгелија, Маврови Анови, 23 Тетово, 21 Претор, Пожаране, 20 Попова Шапка, 19 Охрид, 15 Битола, 14 Крива Паланка, 12 ...
,,Недела на јапонскиот филм“ започна на 25 ноември, во Кинотеката на Македонија, а траеше до вчера, 29 ноември. Со седумнаесеттата „Недела на јапонски филм“, Амбасадата на Јапонија, „Кинотека“ и Центарот за култура Битола ја прославија 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави. Оваа манифестација претставува еден од најзначајните филмски настани во годината и ја одбележа богатата и уникатна јапонска кинематографија. ...
Беди Ибрахим е еден од најзначајните македонски уметници, кој целиот свој живот го посветил на ликовното творештво. Роден во Скопје, во 1959 година, своето образование го завршува на Факултетот за ликовна уметност, каде што работи и како професор. Со своите дела, Ибрахим ја претставува Македонија на глобално ниво, а неговото влијание е особено важно во пренесувањето на уметничкото наследство на новите генерации. Творештвото на Беди се одликува ...
Фестивалот на музика од светот, на 28.11, во Центарот за култура, го имаше своето гламурозно отворање на 16-тото издание. Првата вечер, насловена „Волкот на љубовта“, понуди уникатна симфонија што ги спои зборот и музиката во длабоки емоции. Вечерта започна со интерпретација на македонската поезија од Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на нашите најзначајни литературни имиња, Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М. Андреевски и други, ја внесе ...
Најголемиот водостопански објект во државата, хидросистемот Стрежево го одбележа својот 46 годишен роденден. На свечена академија се зборуваше за важноста на овој систем, за фактот дека скоро половина век значат време за негово целосно обновување и обновување на човечките ресурси, за живот на системот кој дава живот. Видео-презентација за почеток во чест на сите вработени во најголемиот водостопански објект во државата – ЈП Хидросистемот ...
Комплетно ќе се реконструира Студентскиот дом во Битола, ни одговори министерката за образование Весна Јаневска на нашето прашање кога ќе започне најавената реконструкција и на студетскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, како што тоа сега се случува со два дома во Скопје. „Но, мора да завршат прво двата скопски. За жал пресметките направени претходно велеа дека со средствата кои што се обезбедени ќе може да се реконструираат сите студентски домови ...
Битолското средно техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмото училиште што ќе се трансформира во регионален центар за стручно образование и обука. Одлуката е донесена врз основа на направена анализа на сите училишта во пелагонискиот плански регион и констатирано е дека токму ова ги исполнува предусловите да прерасне во државна образовна установа која ќе реализира, промовира и ќе придонесува за развојот на стручно образование и обука. Ова ...
Денес, во Офицерски дом се одржа Трета Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во организација на Комората на овластени архитекти и инженери. Тема на овогодинешната средба беше „Границите на архитектурата“. Средбата ја отвори г-ѓа Кристинка Чулак, Претседателка на комората на овластени архитекти и инженери, а свое обраќање имаше заменик министерката за транспорт г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири. После остварената средба во кабинетот на ...
Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства, известува МИА. Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно ...
Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства, известува МИА. Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно ...
Поради ниските температури, обилниот снег и снежните бури, вчера беше неработен ден за училиштата во повеќе окрузи. На многу места, граѓаните се соочуваат со потешкотии во движењето поради замрзнатите патишта, објави Си-Ен-Ен Турк. Најниската температура, минус 20,3 степени, беше измерена во градот Канакл, округ Нигде (Централна Турција). Во округот Сивас беше регистрирано минус 19,3 степени, додека во Кајсери – минус 18,5. Во источните окрузи ...
Катедралата Нотр Дам во Париз повторно ќе се отвори за туристи и верници по повеќе од пет години откако пожар го уништи ова ремек-дело на готската архитектура, едно од најсаканите и најпосетуваните споменици во француската престолнина, објави Ројтерс. Претседателот Емануел Макрон беше еден од првите кои го видоа ново-реконструираниот храм во петок наутро. „Ова е освојувачки спектакл“, изјави претседателот при опширната турнеја заедно со неговата ...
Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен. Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото ...
Сенаторите на УКЛО на 229 седница одржана на 27.11.2024 г. едногласно го избраа д-р Филип Поповски, вонреден професор од Техничкиот факултет – Битола, за претседател на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, информираат од УКЛО. Постапката за избор на нов претседател на Сенатот со тајно гласање ја спроведе Изборна комисија, во согласност со законската и статутарна процедура. Мандатот на новиот ...
Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме, јавува МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година. Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од ...
Ветеринарната комора на РСМ денеска со почеток во 9:30 часот во Клуб на пратеници ќе одржи панел-дискусија на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на бездомни кучиња“. На настанот обраќање ќе има директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) д-р Оливер Миланов, јавува МИА. Во продолжение, претставници од институциите, локалните самоуправи, невладините организации за заштита на животните, Ветеринарната ...
Минималните измерени температури утрово во Македонија: 0 степени во Берово, 3 Попова Шапка, Крива Паланка, 4 Струмица, Тетово, Битола, 5 Прилеп, Лазарополе, 6 Крушево, Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, 7 Виница и 9 степени во Демир Капија, Охрид, Претор, Гевгелија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа од 07 часот (во l/m2): 2 Дебар, 1 Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови. Во текот на ...
Денеска во својата прва официјална посета на Битола престојуваше евроамбасадорот Михалис Рокас. Се сретна со градоначалникот, се обрати на советницие од Советот. Со сите дискутираа за досега реализираните проекти, за проектите кои се во фаза на евалуација и за натамошното градење на односите меѓу Општината и Европската мисија во Македонија. Градоначалникот од Рокас побара негово посредништво во пронаоѓање нова грчка општина што би била партнер ...
Во рамките на посетата на Битола, евроамбасадорот Михалис Рокас беше запрашан дали како може да се заложи за забрзување на проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Грција на преминот Кременица – Лерин (Флорина). Македонскиот железнички излез кон Грција е бавен проект кој сеуште го нема своето финале. Во Македонија од Битола – до границата веќе е изградена пруга во должина од 17 километри, со 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за ...
Министерството за правда денеска во Битола ја организираше втората од серијата стручни и јавни дебати за измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. Во посета на битолскиот апелациски суд денеска беше Ален Деребан, заменик министер за правда. Судиите работеа по веќе изработениот работен документ од страна на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ . Смената на претседателката на Судски совет, различните оставки на членовите, ...
Имате ново име за Битола за градоначалник или? беше нашето прашање до претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола и пратеник во собранието, Пеце Милевски, со оглед на тоа што следната година ќе биде изборна година, во која ќе се организираат локалните избори. „Не, во овој момент нашата апсолутна поддршка е за актуелниот градоначаник Тони Коњановски, и ние како партија, сепак пак велам дека ќе си има одредени анализи од врвот на партијата, а во ...
АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари. Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за ...
Раководството на СДСМ, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос, вака денеска на прес конференција рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков. „Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само ...
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз синоќа ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференија кажа дека се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав, откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес. Се избра новото партиско раководство, членови на Извршниот одбор, понатаму генералниот секретар, тоа е Александар ...
Општина Битола издава урбана опрема – типизирани куќарки за комерцијално користење со намена продажба на храна, пијалаци и други производи кај Офицерски дом во Битола и на плоштад Магнолија, за периодот од 20.12.2024 до 06.01.2025 година. Понудите да се достават најдоцна до 04.12.2024 година во 12:00 часот, лично во Архивата на Општина Битола. Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-312. Јавниот повик и потребната ...