Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да ја освои титулата на М25 турнирот во Загреб, откако денеска беше поразен во финалето од Кумојун Султанов од Узбекистан. Султанов славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4, во меч што траеше 107 минути. За Ивановски ова беше деветто финале во кариерата, прво по август 2023 година, а го претрпе четвртиот пораз во меч за трофеј. Во текот на натпреварот беа видени само два брејка и двата ги ...
Лионел Меси продолжи да ги поместува границите на Светските првенства. Аргентинецот погоди во победата против Јордан и стигна до својот 19-ти гол во историјата на Мундијалите, со што дополнително го подобри рекордот на вечната листа на стрелци. Меси сега има три гола повеќе од Килијан Мбапе, кој е на 16 погодоци, а со шестиот гол на актуелниот турнир засега е лидер и во трката за „Златната копачка“. Аргентинската ѕвезда во исто време испиша ...
Стив Кларк повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. Тој поднесе оставка по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство 2026 година, иако пред само еден месец потпиша нов четиригодишен договор со федерацијата. Шкотланѓаните настапот на Мундијалот го завршија уште по групната фаза. Завршија на третото место во групата Ц, зад Бразил и Мароко, но не успеаја да се најдат меѓу најдобрите осум третопласирани ...
Разочарувачкиот настап на Уругвај на Светското првенство 2026 година доби и необичен епилог. Фудбалската федерација на Уругвај го откажала чартер-летот со кој репрезентацијата требало да се врати дома по елиминацијата од Мундијалот. Националниот тим требало организирано да патува од својата база во Плаја дел Кармен, Мексико, до главниот град Монтевидео, но летот бил откажан по неуспехот во групната фаза. Поради тоа, фудбалерите и членовите на ...
Вреди пред членовите и поддржувачите ги презентираше резултати од две годишното учество владата. Над 300 инфраструктурна проекти се реализирани во општините каде Албанците се мнозинство велат првите луѓе на партијата. Околу 308 проекти се реализирани досега, што е огромна разлика помеѓу владеењето на Вреди во 24 месеци и претходното владеење на ДУИ од 24 години, кога не беа реализирани повеќето од капиталните инвестиции во локалната ...
Педесет и едногодишен маж утрово е уапсен под сомневање дека ја убил својата поранешна сопруга, го фрлил нејзиното безживотно тело а потоа ја пријавил како исчезната во полиција. Покрај него осомничени и приведени се уште три лица, но од полицијата засега нема информации дали и тие учествувале во извршувањето на убиството или во прикривањето на трагите. Кога точно се случило убиството засега полицијата нема информации бидејќи се уште трае ...
Купа со исечени дрвја подготвени за утовар, повеќе опустошени места низ шумата кај езерото Козјак во рамки на Јавното претпријатие Јасен, се гледаат на снимки од дрон кои ги објавува емисијата КОД на Телма. Снимките се од локации за кои нема дозвола за сечење на дрва, а надлежните велат дека изминатите години на територија на стратешкиот објект и резерват Јасен има појава на дива сеча и дрвокрадци. Во КОД вечерва и за случајот со Иловица ...
Министерството за правда оди во рацете на Вреди, ова го соопшти вицепремиерот Беким Сали кога пред новинарите и партискиот собир ги наведе сите ресори кои биле договорени за да ги пополнат министри од албанскиот коалиционен партнер. Од друга страна, ќе има ново решение во Министерството за здравство. -Во пакетот за учество во владата договорени се министерствата за животна средина, економија, правда, култура, за евроинтеграции и за односи ...
Новиот случај со Денга треска во Македонија го отвори прашањето на кое ниво е свеста за заразните болести и комарците кои ги пренесуваат, во овој случај тигрестиот комарец. Малкумина се свесни дека токму тигрестиот комарец го има кај нас уште од 2016- та и пред да се крева паника треба да се едуцира населението кои се клучните фактори кои влијаат на негово размножување, вели Николина Соколовска која е единствениот ентомолог во земјава, ...
Единаесет лица загинаа откако цивилен авион се урна во градот Томблен во североисточна Франција, според локалните власти. Пилотот и 10 патници загинаа во инцидентот, вклучувајќи пет ученици и пет инструктори, соопштија локалните власти. Авионот, кој припаѓал на училиште за падобранци, полетал од аеродромот Нанси-Есеј кога се урна, според локалните медиуми. Полицијата апелираше до јавноста да ја избегнува областа околу аеродромот во ...
Голем дел од Западна Европа гори под „топлотната купола“, температурата надмина 40 степени Целзиусови на одредени места. Властите низ Холандија преземаат дополнителни мерки на претпазливост, бидејќи луѓето се собираат на плажите и другите водни површини за да се разладат. Училиштата и универзитетите во најпогодените места ќе останат затворени. Судските рочишта во областите со црвен аларм исто така се откажани. За итните случаи се водат ...
Челновите на семејствата на жртвите од земјотресот во Венецуела доаѓаат да ги идентификуваат телата чиј број постојано расте. Во една погребна куќа се чуваат околу 200 тела додека роднините надвор чекаат во ред. Електричарот Ернесто Рохас имаше среќа да биде пронајде после пет часа поминати под урнатините, вели силно врескав и мислам дека тоа ме спаси. „Бев 5 часа под урнатините. Ние со Рохас и неговата сопруга разговаравме првиот час додека ...
Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”, во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а ...
Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на ...
Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење, велат од СДСМ. Според плановите на власта, парите кои денес ...
СДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената ...
Иран во неделата соопшти дека извршил напади со беспилотни летала и ракети врз Бахреин и Кувајт како одговор на американските воздушни напади што ја погодија Исламската република. Во соопштение прочитано на државната телевизија, исто така се закани дека може да дојде до „целосен прекин“ на преговорите за завршување на војната доколку Вашингтон продолжи со нападите. „Драги и почитувани луѓе на исламски Иран, вашите посветени и непоколебливи ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило ...
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговиот предлог ќе биде листата со која ќе се кандидира на претстојните избори да се вика „Единствена Србија“, објавија вечерва срспките медиуми. На митингот „Србија едно семејство“ пред Народното собрание, тој рече дека ќе биде претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесе оставка. „Ова се моите последни денови и последни недели како претседател на Републиката. И бескрајно сум ви ...
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела сега е 1.430, а повеќе од 3.240 се повредени. Ова е најкатастрофалниот настан што го претрпела земјата во последните 123 години. Спасувачите брзаат да ги извлечат преживеаните додека 72-часовниот прозорец се ближи кон крајот. Еден од најемотивните моменти беше спасувањето на новородено бебе, бројот на исчезнати надмина 51.000. Недостатокот на помош го зголеми очајот на семејствата, бидејќи е ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ ѝ даде поддршка на нашата Лина Ѓорческа пред нејзиниот дебитантски настап во главната ждрепка на Вимблдон. Србинот вели дека го следел нејзиниот настап во третото квалификациско коло и се надева дека наскоро ќе ја посети Македонија. За првпат во историјата, Македонија ќе има претставник во главната ждрепка на еден грен-слем турнир. Овој успех допре и до седумкратниот освојувач на ...
На последното рочиште во судницата доживеавме нешто што не смееме и неможеме да го прифатиме, едно големо разочарување од страна на судот, порачаа семејствата на загинатите млади луѓе на денешниот 46 ти Марш на ангелите во Кочани, кој почна во Паркот на револуцијата. Пред Основниот суд во Кочани поставија и прашање како ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите и дали со нивното изведување и начин на презентирање им станува јасно на ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека рамковниот договор објавен во Вашингтон во саботата „јасно става до знаење дека иднината на Либан повеќе нема да биде диктирана од Иран и Хезболах“. „Важниот принцип утврден во договорот е дека нема да има прераспоредување од страна на Израел во јужен Либан, нема повлекување, сè додека терористичката организација Хезболах не е разоружана низ целиот Либан и безбедноста на жителите на ...
Учесниците на првиот протест против владата на Румен Радев го затворија сообраќајот на булеварите Дондуков и Цар Освободител со извици „Оставка!“ и „Ова не е Москва!“, објавуваат бугарските медиуми. Стотици граѓани со бугарски и европски знамиња, како и претставници на граѓански организации, се собраа во центарот на Софија. „Румен Радев си дозволи да создаде таков државен буџет, пред кој дури и буџетот на Роснефт бледнее“, рече Манол Глишев, ...
Денеска во Пешкопеја, Албанија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со неговиот албански колега министерот Бесфорт Љамалари, потпиша Договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија. Овој договор претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и помодерно управување со нашата заедничка граница, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите на ...
Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само ...
Уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор, зашто првата задача на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе биде, во најголема можна мера да го дигитализира македонскиот дигитален јазичен корпус. И во таа смисла, ќе имаме производ — алатка што работи на македонски јазик, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски ...
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс утре повторно излегуваат на протест барајќи ја вистината и правдата за своите деца. Протестот ќе се одржи во Паркот на револуцијата во Кочани од 18:05 часот. „За нашите 63 ангели нема одмор од љубовта, нема одмор од сеќавањето и нема откажување од барањето за вистина и одговорност. Она што деновиве го гледаме во судницата – расправи, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од ...