Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Алармантна е состојбата со пожарот на Градската депонија во Кочани. Со цел да се заштити депонијата од пиромани, во наредниот период ќе има мобилни патроли, а ќе се користат и термални дронови, ова се дел од заклучиците на денешната седница на Кризниот штаб. Според надлежните пожарот, кој избувна вчера е намерно предизвикан. Депонијата во која отпадот го складираат општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево е запалена вчера и тоа ...
Техеран потврди дека добил нови предлози за продолжување на мировниот процес со Вашингтон, и покрај тоа што и двете страни продолжија со меѓусебните напади. Во текот на ноќта, американската централна команда соопшти дека биле извршени повеќе напади врз цели на иранската армија и револуционерната гарда како одговор на иранските напади во текот на викендот во кои загинаа тројца американски војници. Според американската страна целта на денешните ...
Суспендирана па приведена. Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани со лициси беше спроведена во полиција. Приведени се и уште двајца соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини, и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација . -Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот ...
Ова се снимки од Езерото Младост близу Велес, каде на површината повторно се видливи траги од фекалии кои лебдат на површината. Загадувањето може да се види на неколку плажи на брегот на езерото, кое денеска дополнително се чистеше. Ова е последниот извештај Хидробилошкиот завод од Охрид за водата во езерото. Го нарачало јавното претпријатие Лисиче кое е надлежно за водата во Младост. Земени биле примероци на почеток на Јуни и анализите ...
Статистика за број на заболени, информации што презеле здравствените власти, хронологија на настанатите, колку вода ќе им биде доставена на граѓаните на Гостивар… Здравствените власти соопштија многу информации во врска со епидемијата во Гостивар, но не и клучното – што покажаа анализите на водата од градскиот водовод. Велат дека во текот на денот, резултатите ќе бидат предадени во Обвинителството, а за повеќе информации упатуваат таму. ...
Струмичките пожарникари и денес се ангажирани на гаснење на пожарот на депонијата Шапкар кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила со пожарникари-спасители, кои работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот. Во интервенцијата е вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, која работи на затрупување на депонијата со цел да се спречи повторно активирање на жариштата. „Ова е правецот на депонијата ...
Не може обвинителството и истрагата да бидат поважни од здравјето на граѓаните, вели професорот Никола Пановски во изјава за Телма. Тој е зачуден бидејќи надлжените здравствените институции не ги објавуваат резултатите повикувајќи се дека обвинителството ја наредило анализата. -Дали немаше да прават анализи, ако обвинителството не го побараше тоа, ни рече професор Пановски. Пановски вели дека во својата кариера од 1973-та досега (тогаш како ...
Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на физичка сила и ...
Синдикалната минимална кошница за месец јули изнесува 68.498 денари или над 1.100 евра, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со истиот месец лани, месечните трошоци за четиричлено семејство пораснале за 50 евра. Најголем дел од месечните трошоци одат за храна и пијалоци, за што на домаќинството му се потребни над 25.000 денари. Овие пресметки за синдикална минимална кошница се однесуваат за ...
Полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, потврдија за Телма извори од истрагата. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Делата за кои се гонат се “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата ...
Полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, потврдија за Телма извори од истрагата. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Делата за кои се гонат се “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата ...
Четири лица се задржани на болничко лекување од кои тројца се возрасни, а едно дете, како последица на труењето во Гостивар, информира министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој додаде дека бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000. Според Клековски, растот на бројот на пациенти е поради фактот дека не се земени во предвид лицата кои се јавиле во здравствениот центар во Гостивар, туку само во болницата „Ферид Мурад“. Најголем ...
За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Наскоро треба да се состане и кризниот штаб на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. На прес-конференцијата тој посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“ е суспендирана заедно со уште неколку лица кои се ...
Од прв до последен таму треба да понесат морална одговорност, покрај претпоставките дека Обвинителството ќе се занимава со друга одговорност, порача премиерот Христијан Мицкоски во однос на состојбата со водата за пиење во Гостивар каде е прогласена епидемија. „За морална одговорност, апсолутно таму од прв до последен треба да понесат одговорност, покрај тоа што претпоставува Обвинителството ќе се занима со друга одговорност. Очекувам дека од ...
Должни сме да ги објавиме резултатите од анализите на гостиварската вода и тоа ќе биде сторено во координација со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), откако официјално ќе ги добиеме резултатите, ни одговори Елизабета Јосифоска, раководителка на гостиварското основно обвинителство, каде се води предистрага за масовното труење во Гостивар. Јосифоска ни рече дека ги очекуваат резултатите од анализите кои ИЈЗ ги прави по наредба на обвинителството ...
Она што започна како поединечни случаи, прерасна во сериозна здравствена состојба што го вознемири Гостивар и целата јавност. Повеќе од 1.500 граѓани побараа медицинска помош, прогласена е епидемија на гастроентеритис, а причинителот сè уште не е утврден. Испитувањата траат, и сè уште не се знае причината. Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем ...
Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување на бројот на ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја повика локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да понесе одговорност за случајот со загадената вода, по кој голем број граѓани побараа лекарска помош. Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори биле дадени ветувања за подобри услови за живот, но дека, според нив, жителите на Гостивар се соочиле со сериозен проблем со безбедноста на водата за пиење. ...
Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни: Но, исто така, воочив и определени слабости: Минатата недела во Брисел нешто ми се измести од просечноста и, види чудо, во позитивна насока. Сето тоа ги мотивираше домаќините, Европската комисија и Економско-социјалниот комитет, и тие беспрекорно и професионално да се вклучат во ...
ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Од партијата велат дека Град Скопје не ја почитувал законската обврска со поставување на информативна табла само на македонски и англиски јазик, без албанскиот јазик, и бараат одговорност од надлежните институции. Партијата оценува дека молкот на ...
Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник, виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 ...
Претседателката на Индија, Друпади Мурму од денеска до 23 јули ќе престојува во официјална посета на Македонија, поради што Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. Претседателката на Индија, ...
Производителите и дистрибутерите денеска ќе седнат на заедничка маса за да разговараат за продажните и набавните цени на основните производи. Средбата следува по анализите на Државниот пазарен инспекторат кои покажале разлика меѓу растот на набавните и продажните цени. Според податоците, во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемиле за 2,66 ...
Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври. Владата образложува дека продолжувањето на кризната состојба ќе овозможи навремено реагирање доколку дојде до прекини во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари. Целта е да се ...
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион на Андите во Перу, при што загинаа најмалку шест лица, повеќе од 30 се повредени, а околу 300 жители се раселени. Според американскиот Геолошки институт, епицентарот бил во близина на градот Сикаја во провинцијата Хуанкајо, на длабочина од 10 километри. Перуанските власти соопштија дека повеќе објекти се урнале или претрпеле сериозни оштетувања, меѓу кои ...
Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои беа пријавени за исчезнати, откако последен пат биле видени на скопскиот аеродром. Нивното возило „Mерцедес“ со германски регистарски таблички било пронајдено превртено на патот меѓу gраничниот премин „Блаце“ и Скопје, а во него биле пронајдени телата на трите лица кои се идентификувани. Според пријавата, последен пат биле во контакт со блиски лица на 18 јули околу 22:15 часот, по што тргнале ...
Тројца новоименувани вонредни и ополномоштени амбасадори денеска ќе ги претстават своите платформи за дипломатски активности пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Илина Мангова ќе ја претставува Македонија во Велика Британија и Северна Ирска, Стојанче Китаноски ќе биде амбасадор во Австралија, додека Линда Салиоска Иљазоска ќе ја претставува земјата во Холандија. По претставување на платформите, членовите на Комисијата ...
Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако во големото финале на Мундијалот во Њу Џерси ја совлада Аргентина со 1-0 по продолженија. „Црвената фурија“ ја освои втората светска титула во својата историја, по триумфот во 2010 година. Регуларните 90 минути завршија без голови, а Аргентина остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез. Човек на одлука беше резервистот Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот ...
Препораки за користење на водата и превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат ...
Во меѓувреме, Владата донесе одлука, интервентно да обезбеди по 50 илјади литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи, на седум пунктови низ градот. Дневната дистрибуција ќе трае се додека се на сила мерките и препораките на надлежните институции. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ...