Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Пената исчезна, но мистеријата останува. Вардар повторно ја врати својата боја, но одговорот на прашањето што ја претвори реката во бел тепих се уште не пристигнал. Мострите се веќе во лабораторија, а надлежните предупредуваат – прерано е да се извлекуваат заклучоци додека анализите не ја откријат вистината. Ова не е првпат Вардар да се обои во бело. За рибарите, ова не е изненадување, туку слика што веќе ја имаат видено. Велат, со години ...
Гостиварци се уште се во кризна состојба, а по една недела од прогласувањето на епидемијата не се гледа крајот на кризата за вода. Техничка вода во чешмите нема, и не се знае точно кога ќе протече. И понатаму граѓаните за лична хигиена се снабдуваат со вода како знааат и умеат, додека за пиење флаширана вода добиваат на пунктови кои ги снабдува државата. Бројот на луже кои се јавуваат во здравствените установи се намалува но се уште има нови ...
Данокот на имот ќе се плаќа според реалната пазарна вредност, а тоа ќе се утврдува според купопродажните договори, но и со проценка на терен за состојбата на објектите, велат од Град Скопје во разговор за Телма. Помалку од половина од имотот во Скопје се даночи и затоа се неопходни реформи со кои што секој ќе плаќа данок на имот. Ревидирањето на пазарната вредност на имотите во Скопје веќе започна во општина Центар и продолжува во Карпош, а ...
Кризната состојба и епидемијата во Гостивар, забрана за употреба на водата за пиење во Крушево, концентрацијата на арсен во водата во Валандово и извештај за небезбедна вода за пиење во Болницата за белодробни заболувања во село Лешок, го отвори прашањето каде затаи системот и дали воопшто постои комуникација меѓу надлежните институции за навремено информирање на граѓаните во интерес на нивното здравје. Во однос на проблемот во Гостивар и во ...
По орканскиот ветар во неколку општини во источниот регион штетите се санираат, а проценителите пресметуваат колку пари ќе требаат да се санираат кровните конструкции на неколку витални објекти. Во Штип од ветерот кој се движеше со брзина од 134 километри на час настрадаа кровните конструкции на болницата, училиштето „Ванчо Прќе“ и детската градинка „Вера Цириви Трена“. За целосна санација на кровот на училиштето и градинката се потребни еден ...
Пепел и чад – шумските пожари продолжуваат да беснеат во Франција и во Шпанија, а бројот на евакуирани надмина 270.000 луѓе. Според француското Министерството за внатрешни работи речиси 200.000 се раселени само во Франција, најголем број се од градовите во западните предградија на Бордо, а последната во серијата евакуации во текот на ноќта беше од регионите Жиронд и Ландес. Пожарникарите во Жиронд во текот на ноќта се бореа со огнот, додека ...
Препукувањата меѓу актуелниот и поранешниот министер за надворешни работи продолжуваат. Откако Бујар Османи оцени дека владата сега го признава она што, како што вели, тој го тврдел со години, порача: „Муцунски го потврди она за што четири години трпам критики“ алудирајќи на изјавата на Муцунски дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. Муцунски возврати, дека Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, информираат од кабинетот на министерот за транспорт, Александар Николовски. Од таму велат дека во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, ...
Во Црна Гора е уапсена 46-годишната македонската државјанка Сашка Стојановска додека се обидувала да ја напушти државата, откако претходно намерно прегазила куче со својот автомобил, објави црногорскиот портал „Вијести“. Во одделот за безбедност во Улцињ било пријавен дека едно лице прегазило кучето. „Полицијата го пронашла возилото и го идентификувала возачот, односно тоа е државјанка на Македонија, која се обидела да ја напушти земјата“, ...
Мастерсот во Канада остана без две од најголемите тениски ѕвезди, откако Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ го откажаа настапот. Италијанецот објасни дека во овој момент сака да му даде приоритет на своето здравје, додека Србинот не ја соопшти причината за повлекувањето. Организаторите на турнирот синоќа објавија дека Синер и Ѓоковиќ годинава нема да настапат во Монтреал. Италијанецот, кој ја одбрани титулата на Вимблдон, изјави дека одлуката била ...
Во Црна Гора е уапсена 46-годишната македонската државјанка Сашка Стојановска додека се обидувала да ја напушти државата, откако претходно намерно прегазила куче со својот автомобил, објави црногорскиот портал „Вијести“. Во одделот за безбедност во Улцињ било пријавен дека едно лице прегазило кучето. „Полицијата го пронашла возилото и го идентификувала возачот, односно тоа е државјанка на Македонија, која се обидела да ја напушти земјата“, ...
Грција годинава ја доживува најинтензивната активност на вирусот Западен Нил во регионот Атика, велат здравствените службеници. Како што објави Екатимерини од 21 инфекција регистрирана низ целата земја од почетокот на летото, 19 се од Атика, а две од Тесалија, според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Погодените области вклучуваат Вари-Вула-Вулијагмени, Коропи-Лавреотики, Маркопуло, Палини, Спата, Халандри, Атина и Глифада. ...
Пожарникарите се борат да ги локализираат шумските пожари што беснеат низ Франција и Шпанија. Предупредувањето за евакуација на жителите на југозападна Франција го зголемува бројот на раселени лица на повеќе од 220.000. Француската војска е мобилизирана за да помогне во борбата против пожарот, кој го смени правецот и се движи кон исток кон Бордо. Бројот на раселени лица во Шпанија надмина 60.000 луѓе – локален функционер вели дека ...
Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и ...
Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари, велат од СДСМ. Според опозицијата затоа Христијан Мицкоски со денови барал алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена, стои во денешното соопштение од Левица. Од партијата велат дека наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа ...
Водата од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна поради присуство на фекални бактерии и останува забранета за употреба. Сепак, досегашните епидемиолошки анкети не покажуваат последици по здравјето на граѓаните, соопштија од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Граѓаните во меѓувреме се снаоѓаат, купуваат пакувана вода или полнат вода од извори. Велат дека во летниот период, кога Крушево е полно со туристи, секојдневието без ...
20.000 евра ќе добие докторка која ја тужела болницата каде работела поради исцрпеност предизвикана од прекумерната работа, објави „Екатимерини“. Елени Јоаниду, која работела на островот Крит како специјалистка по интерна медицина во болницата во Ретимно, поднела оставка во јануари 2023 година, откако повеќепати предупредувала на недостигот од кадар, напорните работни распореди и прекумерниот обем на работа. Таа ја тужела болницата, барајќи ...
Десетици илјади луѓе се евакуирани од ’ртот Кап Фере во југозападна Франција, каде што шумските пожари проголтаа илјадници хектари шума и уништија луксузни вили. Туристите велат дека бегале од запалениот полуостров откако ги разбудиле среде ноќ со итни пораки за евакуација, објави „Би-би-си“. Пожарите, кои избувнаа во вторник во градот Сом, во департманот Жиронд, горат со денови, а пламените јазици покриваат 10.000 хектари. More than 100 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон, соопшти претставник на Белата куќа. Извор од украинските власти изјави дека Зеленски планира да отпатува во САД, но неговиот тим сè уште чека официјална потврда од Белата куќа за програмата на претседателот Трамп. Од кабинетот на украинскиот претседател засега нема официјален коментар за информацијата. Конзервативната ...
Околу 29.000 луѓе се евакуирани во централна Шпанија, додека владата прогласи национална вонредна состојба првпат во историјата поради пожарите и ја презеде координацијата на сите противпожарни служби. Најтешка е ситуацијата во Автономната заедница Мадрид, каде што се евакуирани околу 27.000 луѓе, и во покраината Авила, од која се евакуирани повеќе од 1.600 жители, јавува RTVE. Во Авила, пожарот во Бургохондо уништи и камп сместен среде ...
Пензискиот систем пред реформа, но се уште е нејасно во кој правец ќе се движи. Од Асоцијацијата на приватените пензиски друштва велат дека потребна е поширока дебата, пред да се донесе било каква реформа. Сега во трите приватни пензиски друштва има 3,4 милијарди евра пари на 639.000 пензионери, но какви пензии би земале ако сите се вратат во првиот столб? На овие прашања во Телма интервју во вестите во 18:30 одговара Маријан Николовски ...
Бура со силен ветар и дожд погоди Атина, предизвикувајќи им проблеми на жителите и туристите. Предупредувачки пораки добија и жителите на Лариса, Фтиотида, на островите Евија и Скирос. Густи облаци го исполнија небото, придружени со силни ветрови и интензивни атмосферски празнења во областите Петрополи и Амаруси. Поројните дождови, иако имаше соодветни предупредувања од Цивилната заштита и метеоролозите, се чинеше дека ги затекнаа ...
Белата пена целосно ја исполни површината на Лепенец пред влевањето во Вардар. Откако се известени надлежните, претсавници на Водовод со инструменти за земање на примероци издвоија дел од пената за да ја испитаат. Вработените кои се спуштале до коритото не почувствувале никаков мирис во близина на пената. Примероците треба да утврдат од што е пената, а истовреме и градската и државната инспекција за животн средина ги проверуваат објектите за ...
Европската комисија, која го надгледува усогласувањето со технолошките регулативи на ЕУ, објави дека профилите на TikTok не ги исполнуваат безбедносните стандарди утврдени во Законот за дигитални услуги . Според Комисијата, платформата им овозможува на децата да ги објават своите профили јавно, што им овозможува на другите корисници да ја видат нивната содржина. Ова потенцијално ги изложува децата на ризик од сајбер малтретирање или контакт ...
Националниот парк „Пелистер“ објави дека денеска снег паднал на Пелистер. Снегот е резултат на најавеното заладување што ја зафати Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека Битола попладнево е погодена од силно невреме. Според нивните официјални податоци, во овој регион се бележи интензивен и пороен дожд. Службите ја следат состојбата на терен. А од Националниот парк „Пелистер“ пак пишуваат дека Пелистер е убав и ...
Условот за стапување на сила на уставните измени за впишување на Бугарите во Уставот, па потоа отворање на првиот кластер од преговорите со ЕУ, е дел од Вториот протокол од Договорот со Бугарија, но тој не е Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди шефот на македонската дипломатијата, Тимчо Муцунски. Според него во Преговарачката рамка со ЕУ такво условување – стапување на сила на уставните измени, па преговори, нема, туку ЕУ бара ...
Високи температури, а вода нема. Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената и да се заштитат од инфекции кога основниот ресурс е ограничен? По хидричната епидемија, комисијата за заразни болести предупредува и на можен ризик од жолтица. Жаклина Шопова Комисија за заразни болести Многу причинители, една епидемија и се уште без конкретен виновник. Комисијата вели дека ваквата слика не е невообичаена кај ваквите епидемии, кога ...
Големи парчиња бела пена пловат во водите на реката Вардар. Нечистата вода доаѓа од реката Лепенец која се влева во Вардар. Екипа на Телма е на терен и ги забележа службите кои земаат примероци од водата за да испитаат за каков тип на загадување се работи. Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, при МЖСПП се на терен и вршат инспекциски надзор, и го испитуваат квалитетот на водата. Постапката е сè уште во тек. По ...
Обвинителството за сега не утврдило пропусти при интервенцијата на работникот кој загинал во канал на гостиварскиот водовод 10 дена пред да бидат вклучени пумпите кој ја загадија водата со фекалии. Сепак се уште се чека официјалниот обдукциски наод иако како причина за смртта на работникот според обвинителството е дека е од срцев удар. Но од Трудовиот инспекторат за Телма брифираат дека вработениот работите за гостиварски Комуналец ги ...