Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената, бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...

На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...

Јеменските Хути утрово гаѓаа два танкера што пловат под знамето на Саудиска Арабија во Црвеното Море од еден погодија. Нападот е извршен со повеќе балистички и крстосувачки ракети. Извор од поморската безбедност истакна дека танкерот „Енселија“ побарал помош и оти е во пламен. BIG: First Saudi oil tanker reportedly hit by Houthi missile near Yemen, engulfed in flames. pic.twitter.com/R3nG7FSdW1 — Clash Report (@clashreport) July 22, 2026 ...

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните шест недели, поттикнати од стравувањата дека ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран може сериозно да го наруши снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток. Нафта од типот Брент вчера се искачи на околу 94 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се позиционираше на околу 86,5 долари. Инвеститорите внимателно ги следат случувањата во регионот поради ризикот од прекин на ...

Откази за неколку вработени во француската влада поради позитивни тестови за дрога, што се спроведени во рамки на новата програма за тестирање на персоналот во министерствата и високите државни службеници, изјави францускиот министер Себастијан Лекорн. Кон средината на јуни, тој нареди ненајавени тестови за дрога преку примерок од плунка за членовите на владата, високите функционери и другиот персонал кој подлежи на безбедносна проверка. ...

Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен. Против 63-годишниот поранешен претседател, кој беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се покренати четири обвиненија, ...

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по координативниот состанок со скопските градоначалници и кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумирале штетите и последиците од вчерашното невреме. Во координација со владата ќе се врши процена на пријавените штети по што, согласно законската регулатива, ќе почне постапка ...

Американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше на церемонија во воздухопловната база Довер во сојузната држава Делавер, каде што беа пречекани посмртните останки на четворица американски војници, кои во средата беа вратени во САД во ковчези покриени со американското знаме, откако загинаа во ирански напади на Блискиот Исток. Церемонијата се одржа во услови на растечко незадоволство од американско-израелската војна со Иран. Војната досега ...

Бугарскиот парламент одобри стационирање на американски авиони за дополнување на гориво во воздух на своја територија. Барањето на Вашингтон е усвоено со 136 гласа „за“, 13 „против“ и два „воздржани“ и доаѓа во момент на растечки тензии на Блискиот Исток и заканите на САД за нова ескалација на воените удари врз Иран. Со одлуката, Бугарија ќе одобри стационирање до осум авиони танкери и до 250 американски војници чија задача ќе биде поддршка ...

Израел започна со копање ровови наменети за крокодили околу високобезбедносно крило на затворот Кециот во јужниот дел на земјата, каде што се притворени припадници на Хамас, објави денеска израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Според весникот, рововите се копаат околу затворот Кециот и ќе бидат долги околу 170 метри. Претставник на Регионалниот совет Рамат Негев, на чија територија се наоѓа затворот, изјавил дека рововите се копаат во рамките ...

Невремето што вчера ја зафати Албанија однесе два човечки живота, пренесуваат албанските медиуми. Електричар на државната електро-енергетска компанија загина за време на интервенција во три часот по полноќ, кога паднал од столб во Химаре, откако му се скинал безбедносниот појас. Втората жртва е рибар во Ксамил, кој го дочекал невремето во немирното море. Ветрот го превртил неговиот чамец, а неговото тело било пронајдено утрово. Невремето ...

Десетина патници учествувале во тепачка во авион на „Изиџет“, кој синоќа полетал од Тенерифе кон Ливерпул, поради што пилотот бил принуден да се врати на шпанскиот остров од каде што полетал. Капетанот ја донел одлуката по 30 минути од полетувањето „поради опасноста што претставувала тепачката по безбедноста на летот“, пренесува „Скај њуз“. Компанијата „Изиџет“ се огласи со соопштение за инцидентот во кое наведе дека „авионот се вратил на ...

Хиперхлорирање на системот за водоснабдување во Гостивар и секојдневно наизменично тестирање на квалитетот на водата од три различни институции сè додека резултатите не покажат дека водата е исправна. Ова се двете клучни одлуки кои се донесени на денешниот состанок на Управувачкиот комитет. Последните резултати од мострите кои се земени завчера покажуваат дека водата во гостиварскиот водовод е далеку од технички исправна. „Согласно последните ...

Последиците од вчерашното невреме во кое летаа лимени покриви од згради и паѓаа фасади, е аларм дека треба да се промени односот кон градењето вели професорот Горан Марковски од Градежен факултет. Марковски апелира да се престане со импровизациите за да се спречат последиците кои ги гледавме вчер, а кои лесно можат да предизвикаат и човечки жртви. Тој вели дека вчера имавме среќа но не можеме секогаш да се потпираме на тоа. Бара контроли за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил нуклеарен договор со Саудиска Арабија кој би можел да му овозможи на кралството да збогатува сопствено нуклеарно гориво за цивилни реактори, без да го прифати таканаречениот „златен стандард“ на меѓународен надзор, пренесе CNN, повикувајќи се на американски претставници запознати со деталите на договорот. Договорот би важел 30 години и би можел да биде објавен уште во среда, изјавил еден ...

Неиспитана вода од канал не смее да се вбризгува во водоводниот систем. Доколку се потврдат наводите на обвинителството дека при тестирање на притисокот биле поставени потопни пумпи во канал со површинска вода во близина на преливната комора, ќе биде неопходно да се утврди дали при таквата интервенција биле почитуван Законот за водите, порачуваат од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) вo врска сo загадената вода во Гостивар. „Се ...

Ураганскиот ветер за само неколку минути го претвори Скопје во град на откорнати дрвја, скинати кабли и распарчени покриви. Она што синоќа личеше на сцени од апокалиптичен филм, денес е реалност на речиси секој скопски булевар и улица. Но, најголемата цена ја плаќаат земјоделците. Невремето не уништи само пластеници, избриша години труд и надеж за заработка. Рамадан Ејупи остана без повеќе од 40 пластеници со краставици, домати и дињи. Вели, ...

Три клучни работи се важни за Македонија, обврските преземени во 2022, односно уставните измени, усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија и владеењето на правото. Ова пред Националниот совет за евроинтеграции го посочи евроамбасадорот, Михалис Рокас, на кој денеска се дебатираше за клучни аспекти на процесот на европска интеграција. Рокас дел од своето обраќање посвети на владеењето на правото за кое ...

Мал бетонски објект, една метална врата и катанец. Се доаѓа по земјен пат од 50-тина метри по исклучувањето од главниот пат. Вака изгледа преливната комора во гостиварското село Вруток, од каде во градскиот водовод биле внесени фекални бактерии. Покрај комората тече одводен канал во кој биле поставени пумпи кои ја пумпале отпадната вода внатре во комората. Според Обвинителството, пумпите ги поставиле вработени во „Комуналец“ по налог на ...

Ураганскиот ветер за само неколку минути го претвори Скопје во град на откорнати дрвја, скинати кабли и распарчени покриви. Она што синоќа личеше на сцени од апокалиптичен филм, денес е реалност на речиси секој скопски булевар и улица. Но, најголемата цена ја плаќаат земјоделците. Невремето не уништи само пластеници, избриша години труд и надеж за заработка. Рамадан Ејупи остана без повеќе од 40 пластеници со краставици, домати и дињи. Вели, ...

Пациентите со скршеници од Штип, Кочани, Струмица, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Берово, Делчево и Пехчево од денеска нема да се хоспитализараат во штипската Клиничка болница. Силниот ветар, кој синоќа се движеше со брзина од 134 км./ч. ја оштети кровната конструкција, а лимот падна околу болницата. Оштетен е кровот во делот на Одделението за ортопедија и операционата сала. „Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на ...

Неколку повредени со скршеници завршиле на операции, а другите поминале со полесни повреди. Невремето, освен со материјални штети, резултираше и со над 30 повредени кои побарале лекарска помош во скопските болници. Од нив 11 на Клиниката за трауматологија, а 22 пациенти биле примени во градската болница. „Од тие 22 пациенти, двајца се примени на болничко лекување, останатите се третирани поликлинички, со полесни повреди. Од оние двајца, еден ...

Ураганскиот ветер за само неколку минути го претвори Скопје во град на откорнати дрвја, скинати кабли и распарчени покриви. Она што синоќа личеше на сцени од апокалиптичен филм, денес е реалност на речиси секој скопски булевар и улица. Но, најголемата цена ја плаќаат земјоделците. Невремето не уништи само пластеници, избриша години труд и надеж за заработка. Рамадан Ејупи остана без повеќе од 40 пластеници со краставици, домати и дињи. Вели, ...

Во моментов најважно е да се подигне на највисоко ниво свеста кај граѓаните на Гостивар за можните последици од епидемијата. Најголем дел од овие заболувања може да бидат самоограничувачки и да поминат без последици, но мора да се посвети внимание на ризичните групи, бремените жени, децата и сите возрасни над 65 години, вели професор Стојковска. Сега претежно се пациенти со акутна симптоматологија, но доколку се присутни и инфективни ...

Водата од градскиот водовод во Валандово привремено не е безбедна за пиење, откако анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје покажале зголемено ниво на арсен. Од ЈП „Комунален сервис“ во Валандово информираат дека, согласно добиените резултати, се препорачува граѓаните до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. Од јавното ...

По кратко боледување на 86- годишна возраст во Белград почина Оливера Катарина, филмска и музичка ѕвезда во поранешна Југославија. Одигра повеќе улоги на филмското платно, дел од нив во остварувањата „ Гоја“, „ Партизани“, „ Има љубов- нема љубов“, „ Војник“ и други. Но, најпозната беше во улогата на Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ на режисерот Александар Петровиќ, за кој 1967 година освои Гран при на Канскиот филмски фестивал. Оливера ...

Без каско осигурување на автомобилите речиси и да нема друг начин за обештетување за штетите од вчерашното невреме. Сè друго се сведува на солидарноста на општините и државата. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е одговорно и надоместува штети од паднати дрва единствено во случаи кога ветерот е со брзина до 60км на час, но не и за посилно невреме како што беше случај вчера. „Кога ветерот е над 60км на час, тогаш се смета за елементарна ...

Без каско осигурување на автомобилите речиси и да нема друг начин за обештетување за штетите од вчерашното невреме. Сè друго се сведува на солидарноста на општините и државата. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е одговорно и надоместува штети од паднати дрва единствено во случаи кога ветерот е со брзина до 60км на час, но не и за посилно невреме како што беше случај вчера. „Кога ветерот е над 60км на час, тогаш се смета за елементарна ...

Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Сепак санирани се 90 отсто од дефектите. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција. Од Електродистрибуција соопштуваат дека во моментов на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 трафостаници, бидејќи ...

Блупринт групата за реформи во правосудството побара брза, независна и темелна истрага за загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека случајот укажува на сериозни системски слабости и можно институционално непостапувањe. Од групата истакнуваат дека е неопходно да се утврди дали надлежните институции навреме знаеле или требало да знаат за ризиците, но не презеле соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓанитe. Според нив, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34