Пената исчезна, но мистеријата останува. Вардар повторно ја врати својата боја, но одговорот на прашањето што ја претвори реката во бел тепих се уште не пристигнал. Мострите се веќе во лабораторија, а надлежните предупредуваат – прерано е да се извлекуваат заклучоци додека анализите не ја откријат вистината. Ова не е првпат Вардар да се обои во бело. За рибарите, ова не е изненадување, туку слика што веќе ја имаат видено. Велат, со години ...
Најдоцна до среда треба да бидат готови резултатите од мострите земени од Вардар кои треба да покажат што се крие зад белата густа пена која го покри течението на реката. И од Водовод и од Инспекторатот за животна средина велат дека ќе ги чекаат резултатите за официјално да излезат со информации. Извори на Сител кои ги земале мострите од вливот на Лепенец во Вардар потврдуваат дека проверени се и сите „А“ интегрирани дозволи на фирмите околу ...

