Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе расправа за поскапување на парното греење од 7,7 отсто. Предлогот подготвен за седницата е цената на греењето да се зголеми од 2,6 на 2,8 денари по киловат-час. Овој предлог е направен врз основа на дел од прифатените барања на компаниите што испорачуваат топлинска енергија. Новата цена треба да биде донесена до крајот на месецот и да важи од 1 август. Последен пат парното поскапе за 5 отсто, со ...
Седум милиони 132 илјади евра се потрошени за проектот за реновирање на водоводот во Гостивар и институционално зајакнување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Писмото за намери до кое дојде Телма открива дека општината побарала финансиска помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања СЕКО и Германската развојна банка, а дел од парите ги обезбедила и самата Општина Гостивар уште во 2016. година. Општината и ...
Во очекување на ребалансот Владата позајмува за да се раздолжи. Имено, на 14 јули на седница Владата одлучила да земе заем без камата во висина од 7 милиони евра од Македонска Навигација, а парите да се вратат најдоцна до крајот на ноември. Премиерот вели дека се позајмило и од Лотарија на Македонија и МЕПСО, а Владата ги користи за отплата на доспеани долгови од банкарски кредити. „Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон ...
„Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста“, рече на денешната прес – конференција, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор. Спред неа во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените ...
Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од ...
Напорите продолжија откако шумските пожари принудија евакуација на уште 55.000 луѓе во југозападна Франција во неделата. Вкупно 220.000 сега се надвор од своите домови. Франција испрати огромен воен товарен авион во регионот за да истури тони средства за спречување на пламенот додека се бореше со беснеечките шумски пожари во саботата и ја прекина последната етапа од Тур де Франс за повторно распоредување на безбедносниот персонал на местото ...
Тоа што му се случи на Скопје со катастрофалниот земјотрес 1963. година покажа дека никогаш не треба да се заборави на улогата на урбанизмот кој е првиот одбранбен штит, вели професор Ралев. Стандардите во урбанистичките планови, проекти го предвидуваат растојанието помеѓу зградите и пристапот до истите за спасување и расчитување во околности на природни непогоди кои не можете да ги предвидите. Па на терен состојбата не е таква. Таа состојба ...
Пожар избувна денеска во парк шумата Гази Баба, а на терен излегоа екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот е ставен под контрола. Според директор на ЦУК, Мухамед Али, состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен сѐ до целосното гаснење на пожарот. Тој упати апелираме до сите граѓани, доколку забележат пожар, ...
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша третиот пораз на исто толку натпревари на Европското првенство од Б-дивизијата, кое се одржува во Опатија и Риека. Нашите надежи денеска убедливо загубија од Унгарија со 86-63. Унгарија уште во првата четвртина ја презеде контролата врз натпреварот и по десет минути игра имаше убедлива предност од 21-6. Македонија одигра нешто подобро во вториот период, но на полувремето ...
Формула 1 годинава ќе се врати во Малезија, која ќе биде домаќин на трката за Големата награда на Бахреин. Натпреварувачкиот викенд ќе се одржи од 2 до 4 октомври на патеката „Сепанг“, меѓу трките во Азербејџан и Сингапур. Трката првично требаше да се вози во Бахреин, но беше откажана поради војната и нестабилната безбедносна состојба на Блискиот Исток. Формула 1 и ФИА проценија дека не постојат услови за безбедно одржување на настанот на ...
„Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО ...
Напорите продолжија откако шумските пожари принудија евакуација на уште 55.000 луѓе во југозападна Франција во неделата. Вкупно 220.000 сега се надвор од своите домови. Франција испрати огромен воен товарен авион во регионот за да истури тони средства за спречување на пламенот додека се бореше со беснеечките шумски пожари во саботата и ја прекина последната етапа од Тур де Франс за повторно распоредување на безбедносниот персонал на местото ...
Германските власти во неделата издадоа потерница по осомничениот во бегство за прегазувањето со комбе во близина на фестивалот Прајд во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 други беа повредени. Полицијата и обвинителите побараа помош за пронаоѓање на 21-годишниот осомничен, кого го идентификуваа како Абдул Б. Тие рекоа дека се верува дека повредил неколку лица со возило во движење доцна во саботата навечер, и дека едно или повеќе ...
Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе. Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 ...
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат aктуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции, рече на денешната прес – конференција Бране ...
„Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари “ново финансирање”. Тоа значи дека речиси секој десетти денар што власта ќе го ...
Наскоро граѓаните нема ниту да слушнат дека им е отруена водата – следува медиумскиот мрак, пишува во соопштението на СДСМ. Според опозицијата додека илјадници граѓани во Гостивар се трујат, а водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО го завршуваат вториот дел од операцијата – целосна контрола на медиумите. Веќе 40 проценти од медиумскиот простор е дел од Орбановата мрежа под ...
До 18 часот низ државата се регистрирани 12 пожари на отворен простор. Според Центарот за управување со кризи, активни се три пожари – кај Пробиштип, Куманово и Петровец, каде гори сува трева, грмушки и ниска шума. Под контрола е ставен пожарот над депонијата кај Росоман, додека осум пожари во повеќе општини низ државата се целосно изгаснати. Надлежните апелираат на внимателност и почитување на мерките за заштита од пожари. До 18 часот низ ...
Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е можно поради ставот на украинските власти, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев за прекин на борбите и враќање на преговорите во Истанбул во 2022 година. „Замрзнувањето како такво не е можно“, рече Песков, пренесува РИА Новости. Според него, условите за прекин на непријателствата се јасни, а конфликтот би можел ...
Основното државно обвинителство во Улцињ одреди притвор за македонската државјанка Сашка Стојановска (46) до 72 часа поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорскиот портал Вјести. Таа е осомничена дека со автомобил го прегазила и убила кучето на сопственик во близина на булеварот Теута. Полициската управа вчера објави дека таа е уапсена додека се обидувала да ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години го запиша и вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата. Нашите надежи денеска во Риека загубија од Босна и Херцеговина со 86-75, во рамките на второто коло од групата Д. Македонија одигра одлични 35 минути, но го испушти натпреварот во завршницата. По првата четвртина нашиот тим имаше предност од 28-23, а на полувремето водеше со 46-41. Момците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ...
Денеска екипите на јавните претпријатија со тешка механизација сечеа и отстрануваа големи стебла во парковите и на јавните површини, но во голем дел од населбите и натаму има паднати дрвја и гранки што чекаат расчистување. Приоритет беше да се ослободат улиците и да се нормализира сообраќајот. Иако првично беа пријавени 189 паднати стебла, се проценува дека нивниот број е повеќекратно поголем. Најголеми штети има во градскиот парк, на ...
Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија во Формула 1. Возачот на Мекларен во драматичната завршница на квалификациите го победи Луис Хамилтон за само 12 илјадитинки. Хамилтон долго беше на врвот, но Норис во последниот обид ја мина патеката „Хунгароринг“ со време од 1 минута, 17 секунди и 207 илјадитинки и му ја одзеде пол-позицијата на Британецот. Возачот на Ферари пропушти можност првпат ...
Вардар славеше со 2-0 против повратникот во елитата Брегалница во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот денеска на арената „Тодор Проески“ настапи во комбиниран состав, но немаше проблеми да ги освои првите три бода. Димитар Данев им донесе водство на „црвено-црните“ во 27. минута, додека Горан Закариќ ги постави конечните 2-0 во 81. минута. Тренерот Кристијан Фабијани одмори дел од стандардните првотимци ...
Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информира ЈП МЖ Инфраструктура. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено ...
Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информира ЈП МЖ Инфраструктура. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено ...
„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со ...
Велешанецот Илчо Гиовски пред околу 2,5 години донираше црн дроб за да го спаси животот на својата штотуку родена ќерка. Сега малото девојче расте без здравствени проблеми. Во Македонија 29 пациенти чекаат трансплантација на срце, 12 на црн дроб и 160 на бубрег, додека околу 20 лица се на листата за пресадување рожница. Еве дел од пораките на последната панел-дискусија за органодарителството одржана во Велес. Бројките на листите постојано се ...
Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен износ од 18.000 денари од лице од селото Бело Поле, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на ...
Случајот со небезбедната вода во Лешок повторно го отвори прашањето за координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје. Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека сè уште не го добила извештајот од Центарот за јавно здравје Тетово, без кој не може да постапува на терен. Каде настанал застојот и дали системот навреме реагира кога е загрозено здравјето на граѓаните? Интервју со Мартин Јошески од Агенцијата за храна ...