Гостиварци се уште се во кризна состојба, а по една недела од прогласувањето на епидемијата не се гледа крајот на кризата за вода. Техничка вода во чешмите нема, и не се знае точно кога ќе протече. И понатаму граѓаните за лична хигиена се снабдуваат со вода како знааат и умеат, додека за пиење флаширана вода добиваат на пунктови кои ги снабдува државата. Бројот на луже кои се јавуваат во здравствените установи се намалува но се уште има нови ...

Загадената вода во Гостивар, продолжува да го полни дневниот билтен на Министерството за здравство. По два дена пад, вчера е забележан пораст на бројот на луѓе кои се пожалиле на симптоми поврзани со прогласената епидемија. Лекарска помош побарале 125 лица или 45 повеќе од вчера. Најмногу прегледи имало на одделението за инфективни болести и педијатрија, а таму имало и една болничка хоспитализација. Со ова вкупниот број на лица кои се ...

Десетина дена по забраната за користење на водата за пиење од гостиварскиот водовод, жителите на Гостивар сè уште се жалат на стомачни проблеми. Според податоците на Министерството за здравство, 127 лица со симптоми на ентероколит првпат побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во градот. Од Министерството информираат дека бројот на нови прегледи е благо зголемен во однос на претходниот ден, но воедно е помал во споредба со ...