
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Сезоната пролет-лето 2021 ги понуди своите модни фаворити, понудивме и ние неколку комбинации погодони за овој април, лесни за комбинирање и аплицирање во вашиот личен стил. МОЌТА НА ЦРНО-БЕЛАТА КОМБИНАЦИЈА ЛИНИИ ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ ФУСТАНИ СО ИЗРЕЗИ И БАЛОН РАКАВИ ...
Најголемата гламурозна и модна забава со хуманитарен карактер позната како Мет Гала што со години се одржува секој прв понеделник во месецот мај, како увертира на отворањето на модните изложби во њујоршкиот музеј Метрополитен, годинава ќе се одржи, откако минатата беше откажана поради пандемијата. Но, има измена во однос на месецот на одржување, Мет Гала 2021 наместо во мај, најавена е за 13 септември. Младата поетеса Аманда Горман, која што ја ...
Прославувајќи ја моќта на самоизразување, колекцијата за пролет-лето 2021 на холандскиот бренд Scotch & Soda го поврзува класичното со еклектичното за да воспостави уникатен современ кодекс на облекување што го рефлектира слободниот дух на вљубениците на брендот. Во сржта на колекцијата се долги бохо фустани со шари и костуми од шантунг свила со геометриски дезен за девојките, облека од џинс и со принт за момчињата. ...
Некои дизајнерски парчиња ја докажале својата долготрајност и се сметаат за инвестиција што ќе ја носите со години – Биркин чантата на Hermès, алката Love на Картие, мантилот на Барбери, чевлите на Маноло Бланик… високо на листата е легендарното сако од твид на Шанел. Габриел Коко Шанел го креирала овој модел пред скоро еден век мотивирана од желбата да ги ослободи жените од рестриктивните модни норми од тоа време и носењето на корсети. ...
Во ова бурно време во кое живееме, „новотонормално” придонесе да научиме како побргу да се приспособиме, да создадеме нови навики, нов начин на работа и на контакти, или, пак, да почнеме да внимаваме на она за што можеби порано немавме време или не обрнувавме многу внимание. Меѓу нив и на вежбањето и грижата за здравата исхрана. Сите кои вежбаат се свесни за потребата од внесување доволно количество протеини кои му се неопходни на организмот за ...
Виртуелен шоурум за новата колекција „Лудус” ја промовираше последната колекција за есен-зима 2021/22 година насловена „Пост-родовост Поглавје IV” со дигитална кампања и виртуелен шоурум. Новиот начин на претставување е во чекор со условите диктирани од пандемијата и технолошките достигнувања и предности на ВР технологијата. Виртуелниот шоурум достапен на вебсајтот на „Лудус” овозможува директна прошетка и набљудување одблиску на моделите што ...
Американскиот дизајнер Мајкл Корс ја претстави новата колекција во рамките на календарот на Њујоршката модна недела, за таа Бродвеј беше претворен во модна писта. На уличната писта продефилираа познатите супермодели Наоми Кембел, Хелена Кристенсен, Керолин Марфи, Шалом Харлоу, како и актуелните манекенки Бела и Џиџи Хадид, Ешли Греам Ирина Шајк и Виторија Черети. Новата колекција на Корс е снимена и потоа ќе биде прикажана во дигитален формат. ...
Модната агенција „Моделс Ин“ започна практика да креира насловни страници со своите модели кои ги открива на своите социјални мрежи, еве ја деветтата по ред направена со манекенката Јована Нешова, успешна не само кај нас, туку и со кариера на меѓународната модна сцена. Манекенката го очекува раѓањето на своето бебе и гордо позира пред скорото породување. Фотографија: Ани Дими/ Креативен директор: Алек Наумовски/ Стилист: Милена Танаскоска/ ...
Ако се придржувате на правилата, ќе ја пропуштите целата забава! Pear Inc. е парфем со мирис на зелена крушка обвиена околу млечна срцевина на мошус, во комбинација со Амброксан кој ја истакнува слатката страна. Небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце! Палав мирис кој веднаш ќе ве насмее! Основачот на брендот Романо Ричи посака да го посвети парфемот на своето омилено овошје, топлите сончеви денови и доброто расположение. ...
После Парижани во Париз, Лондончани во Лондон, Римјани во Рим, нашиот локален Скопјани во Скопје, автентичен стил се лови и на улиците на Белград преку Инстаграм профилот @belgraders_in_belgrade отворен пред неполни два месеца. Ова е уште еден профил што ја лови улична мода на еден град, односно реалниот и автентичен стил на вистинските локални ликови. Да ѕирнеме што беше сликнато на улиците на Белград… View this post on Instagram A post ...
Во модната доба во која фармерките се неодминлив дел од нашата гаредороба и се комбинираат и носат во различни пригоди, шанса даваме и на следнава комбинација – фармерки кои се дел од лежерниот, урбан стил со дамско палто за доза на елеганција. Секогаш добра идеја се фармерките и твид палтата во стилот на шанел-сакоата, но и комбинациите со елегнатни вечерни сакоа и блејзери од раскошна ткаенина. ...
Променливите aприлски денови понекогаш ви создаваат проблеми околу планирањето на облеката за на работа – повеќе не е зима, па се откажуваме од капутите и чизмите, ама не е доволно топло за вистинска пролетна гардероба, тенка облека и отворени чевли. А во секој момент може и дожд да ве начека. Па тогаш што да облечете за во канцеларија!? Бирајте потенки палта, миди здолништа, лесни џемпери, панталони со висока половина, а нема да погрешите ако ...
Ви предлагаме едно видео кое содржи пилатес вежби без справи, вежби кои се одлични за обликување на стомакот, задникот и нозете. Тренингот трае 10 минути, може да го направите дома во дневната соба, а лесно ќе се вклопи во вашата фитненс рутина. Фокусот е на долниот дел од телото, бидејќи стомакот, нозете и задникот се делови од телото кои најчесто ги вежбаме, односно тоа се областите што сакаме да ги коригираме, зајакнеме и намалиме волуменот и ...
Новата колекција на еден од омиленитe хајстрит брендови Pull & Bear го слави доброто време и нè потсетува зошто го сакаме летото. Брендот предлага едноставни, лежерни но во исто време и елегантни модни парчиња – дневни фустани во земјени тонови (преовладуваат загасити црвенкасти и портокалови нијанси), модели со принт и фустани во бохо-стил, а тренд ќе биде и пролетно-летното плетиво, поточно хекланата облека. ...
Преодната мода зачинете го со неколку смели стајлинзи со парчиња што веќе ги поседувате во гардероберот или се однесуваат на трендовите на новата сезона. За инспирација еве седум смели стајлинзи „украдени“ од ѕвездите на уличната мода. КЛАСИЧЕН КОСТИМ СО ПАНТАЛОНИ И КРАВАТА ЗА ПОРАЗЛИЧЕН ИЗГЛЕД КОЖЕНИ ПАНТАЛОНИ И БЕЛА РОМАНТИЧНА БЛУЗА КАРИРАНО САКО СО МАШКИ КРОЈ И ЖЕНСТВЕН ФУСТАН СО ПРИНТ ПРЕДИМЕНЗИОНИРАНО САКО ВРЗ ДУКСЕР КОРСЕТ АМА ОБЛЕЧЕН ...
Сината кошула е вистинска класика на женската гардероба и составен дел не само од деловниот, туку и секојдневниот стил. Со класичен крој на кошула или со некаква интервенценција во моделот, рамни или струкирани, со џебови или обемни ракави, закопчана или лежерно откопчана во горниот дел – само пастелно сината боја останува непроменета кај ова модно парче, што оваа сезона со обновена енергија ги освојува модните трендсетерки ширум светот. Како ...
Лувр ги објави сите свои дела на отворен пристап, богатствата на музејот на само еден клик од вас Еден од напознатите музеи во светот, парискиот Лувр, поради пандемијата од октомври, 2020 година е заворен, во моментов поминува се реновира, но сега понуди извонредна можност за светската публика. Музејот ја дигитализираше целата своја колекција и ја стави во јавен домен. Колекцијата на музејот има повеќе од 480 000 експонати, кои сега можете да ...
Оваа стилска среда е во знакот на комбнации кои одговааат на различни пригоди (лежерна, деловна, вечерна), се адаптираат според стилот на личноста, како и возраста. Одговараат на некои од трендовите за овваа сезона пролет 2021 – пастелни бои, женски костуми, задолжителни пролетни парчиња како сако и мантил, комбинации со мокасини патики. Тренди костим во неутрална боја и мокасини Цветен дезен, точки и vichy-каро Младешки спој на фармерки, ...
„Нашата работа е да ги сочуваме емоциите во шишенце. Се надеваме дека луѓето читајќи го називот ќе се пронајдат во овој сентимент и ќе пронајдат нешто подлабоко: раскрсницата помеѓу познатото и непознатото“. Ben Gorham, Основач и креативен директор на Byredo Mixed Emotions е мирис за секого, дизајниран да ја одразува бурната природа на модерното доба – сите подеми и падови, одразувајќи ја нестабилната реалност и светот во постојано движење. ...
Модниот бренд Манго продолжува да биде посветен на одржливоста и во новата колекција од линијата Mango Committed нуди дизајни со достапни цени кои имаат многу малку лошо влијание врз животната средина. Манго порачува „Драга плането, ние сме посветени. Оваа сезона, 79% од облеката од Mango Committed линијата има одржливи својства, компанијата очекува бројката да достигне до 100% до 2022 година“. Брендот исто таа најави дека планира до 2025 ...
Боја на надеж, свежина, хармонија, здравје, спокојство, но и на природата и пролетта, зелената ја има во овосезонските колекции и поконкретно кај чантите. Зелените чанти ги има во новите колекции на големите модни куќи како Луј Витон, Ботега Венета и Прада, но и кај хајстрит брендовите – еден од омилените модели на чанта за оваа пролет е зелена и доаѓа од колекцијата на Зара, за што пишувавме ОВДЕ. Брендовите понудија различни модели на зелени ...
Поради пандемијата овогодишното доделување на наградите на Здружението на филмски работници (Sag) се одржа виртуелно и со претходно снимени видеа, престижните награди беа доделени за најдобрите актерски улоги на филм и ТВ. Немаше класичен црвен килим, но тоа не ги спречи ѕвезди да се дотераат и да позираат во домашна атмосфера. Стилски доминираа креации во јаки бои како црвена, циклама, сина, жолта, што забележавме кај Џилијан Андерсон, Кели ...
Облека толку слатка што ќе посакате повторно да бидете деца Модниот бренд Зара ја отрки новата детска колекција за пролет-лето 2021 која содржи убава и весела облека за најмалите. Преовладува романтичен стил, брли фустани со вез и детали од тантела за девојчината, лесно плетиво, ленени панталони и блузи со пруги за момчињата. ...
Во комбинација со црна облека, со фармерки и пролетно сако, во спортско-лежерен стил, со хеланки или фустанче, па дури и со некоја поелегантна облека предлагаме овосезонски изглед со шарени Nike патики. Може да продолжите да носите некој постар модел, да ги истражите новите како Air Force 1 и Air Max 2090, или да одберете нова верзија на повторно популарните Air Jordan. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без ...
Уште две модни куќи одлучија да ги следат принципите за еколошшки пристап во модата Баленсијага и Александар Меквин, два бренда со значајна историја и влијателни во модниот свет, најавија дека ќе престанат да користат крзно во своите колекции. Иако Баленсијага ја укина употребата на крзно откако Демна Гвасалија ја презеде функцијата на уметнички директор, ова е првпат нивната политика да биде објавена во јавноста. Двете модни куќи кои припаѓаат ...
Популарни во 80-тите години од минатиот век, хеланките со растегливи ленти на стaпалата поворно се во мода и претендираат да станат клучен дел од секојдневното облекување. Овој ретро стил уште во 2016 се појави во колекција на Баленсијага, во последниве сезони е дел од уличната мода и одредени дизајнерски колекции, а се чини ќе биде актуелен и оваа пролет. Модните трендови кои доминираа во 80-тите, се враќаат во сегашното време, исклучок не се ...
Минатиот септември модниот бренд Манго ги прошири своите колекции со нова линија наменета за тинејџери наречена Teen. Следејќи го младешкиот стил, Манго за оваа пролет во тинејџерската линија предлага поедноставен начин на облекување кој доликува на помладите девојчиња – маици и дуксери, многу џинс и џемпери со пруги, комбинации како позајмени од 90-тите (што е тренд пролетва). ...
Секогаш своја и никогаш иста, денешната жена е сестрана, комплексна и горда на тоа. Постојано напредувајќи, таа е далеку од клишеа. Во 2017 година, Guerlain создаде интимен миризлив отпечаток за неа, со неповторлив потпис: Mon Guerlain. Оттогаш, оваа мирисна куќа истражува различни аспекти на современиот феминизам. Инспириран од блескавата радост, Mon Guerlain Sparkling Bouquet е рефлексија на аурата на жената која зрачи и со својата насмевка ...
Дизајнерката Силвија Михајловска од брендот „Алшар“ и покрај времето во кое живееме кое создава пречки и во модниот свет, континуирано создава колекции и успешно ги продава. Новата пролетна колекција Brave New World („Храбар нов свет“) реферира на дистописката тема од новата ТВ серија работена според познатата култна книга на Олдос Хаксли со овој наслов, а е претставена преку фотосесијата што можете овде да ја погледате. -Инспирација за ...
Облеката од тексас, како и белата маица, е неопходен атрибут на секоја гардероба. Секоја сезона, дизајнерите повторно го користат овој материјал од густо вткаени памучни конци, му додаваат личен стил и постојано креираат нови дизајни со едно од класичните тексасни парчиња – јакната во нејзиниот изворен изглед. За оваа пролет еве неколку идеи како да ја носите класичната тексасна јакна – темен модел со беж панталони, бела јакна како дел од ...