Ленената облека и пролетното облекување секогаш одат заедно – со првите топли денови ја менуваме гардеробата во полесна, полежерна и направена од прозрачни материјали како што е токму ленот. Лелени парчиња нуди и модниот бренд Масимо Дути, во колекцијата наречена Linen Collection за пролет 2021 забележавме едноставни и елегантни модели во препознатливата естетика на брендот. Истовремено класични и модерни, добар избор се ленените костими кои можат да се носат на работа, но и во други пригоди, потоа широкиот избор на кошули, маици и туники, панталоните во верзии на широки, килот и бермуди модели, а има и јакни во бомбер и сафари стил.
Нема коментари