Оваа шпанска вила во фјужн-стил ќе ве одушеви на прв поглед! Дизајнерката Ана Бехар во креирањето на декорот измешала медитерански, андалузиски и етно стил за да создаде простор кој е смел, но не нападен и пренатрупан. Белите подови, ѕидови и тавани создаваат совршена основа на која се надоградуваат јаки бои, впечатлив текстил, парчиња мебел и уметнички дела. За да го направи домот поудобен, Бехар избрала елементи од природно дрво, како стари ...

Во летните месеци сакаме да носиме лесни, прозрачни и воздушeсти фустани, со релаксирана силуета и едноставни форми, но корпоративниот кодекс на облекување во професионалниот свет прави свои прилагодувања на женската гардероба. Оваа сезона има трендовско решение кое е погодно и за одмор покрај морето и за канцелариски состаноци. Зборуваме за кошула-фустанот, кој има едноставен крој, строга јака и копчиња во предниот дел, и е направен е од ...

После претставувањето на пролетната колекција наречена Brave New World, дизајнерката Силвија Михајловска од модниот бренд „Алшар“ подготови летна варијанта која стилски се надоврзува на претходната колекција. Новата колекција на „Алшар“ нуди повеќе верзии на фустани, со различни должини, кроеви и за различни пригоди. Креациите се изработени од природни материјали како памук, лен и свила. Доминираат црна, бела, кафена и земјени тонови. Одредени ...

Пред неколку години Инстаграм профилот на еден дечко кој пишуваше иронични и протесни пораки на картонски лист стана вирален – Сет Филипс, кој го води профилот со мемиња @fuckjerry, ама е познат како @dudewithsign, стана популарен по смешните приговори и беше инспирација за стотоци, сепак помалку успешни и интересни, „пишувачи на пораки“. Зара сега претставува колекција на маици со овој дечко – обични бели унисекс модели на маици и блузи со ...

– Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“, вечерва, со почеток во 21 часот, на отворената сцена во Домот на АРСМ започнува годинешното издание на реномираниот фестивал за современ танц, Танц Фест Скопје 2021! По седумнаесетти пат, публиката, љубителите на танцот и долгогодишните пријатели на фестивалот ќе имаат можност да проследат веќе традиционално квалитетна програма и богат репертоар со интернационално реномирани уметници,но и домашни кореографи и ...

Актерката Блејк Лајвли фотографирана е деновиве во Њујорк во комбинација која потполно одговара на променливото пролетно време, а ѕвезда на нејзиниот стајлинг e долгиот фустан во бохо-стил – модел кој можете и вие да го набавите во продавниците на Манго, бидејќи е дел понудата на новата колекција Chufy x Mango, креирана во соработка со Софија Санчес де Бетак. Фустанот е удобен, со интересен кашмирен принт, со трендовски балон-ракави, модел ...

Rosa Tous вели дека кога и да зборува за брендот TOUS, сите нејзини мисли се насочени кон обликот на тоа мече. Сепак, тоа е совршен амбасадор на оваа куќа за накит, икона која го надминува хоризонтот и се вовлекува во срцето. Токму затоа е креиран новиот парфем LoveMe. Без сомнеж, мечето е икона на брендот и симбол на она што најмногу се сака. Зад изработката на секое парче накит стојат милион секунди дизајн и изработка. Начинот на изработка на ...

Дело инспирирано од мозаик од крстилницата во епископска базилика во Стоби на македонската дизајнерка на накит Билјана Клекачкоска, се најде меѓу подароците што македонскиот претседател Стево Пендаровски ги предаде на папата Францсик за време на официјалната посета на нашата делегација во Ватикан. -Ми беше голема чест и задоволство да изработам подарок за Папата Франциск кој годинава во рамки на чествувањето на сесловенските просветители, ...

„Метаморфоза 12340“ е деконструктивна avant-garde колекција, инспириана од инсекти кои се подложни на овој биолошки процес кој вклучува впечатливи промени во структурата на телото. Како таков, процесот на метаморфоза е клучен за правилниот развој на нивниот животен циклус. Колекцијата се состои од 4 модели, кои се изработени со огромна емоција. Боите заедно со формите се наменети да го претставуваат гореспомнатиот процес на метаморфоза. На ...

Оваа седмица ја почнуваме со променливо време, се чини деновиве ќе балансираме модни комбинации кои одговараат на промените, но сепак наближувањето на летните месеци диктира носење на летна облека. За овааа недела предлагаме неколку стајлинзи прилагодени на различни температури и стилови. БРАЛЕТ ПОД САКО + ФАРМЕРКИ МИНИМАЛИЗАМ ВО ЦРНО-БЕЛА БОЈА ЛЕНЕН КОСТИМ СО БЕРМУДИ ВО СВЕТЛА НИЈАНСА ТРЕНДИ ЗДОЛНИШТЕ НА ЛЕТОТО – КРАТКО, НА ПРЕКЛОП И СО РЕСИ ...

Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“ од 1 до 7 јуни 2021 ќе се одржи реномираниот фестивал за современ танц „Танц Фест Скопје 2021“. По 17 – ти пат, ќе се танцува на повеќе сцени во Скопје, а за прв пат една од претставите ќе биде одиграна и во Домот на културата во Тетово. Во рамките на фестивалот ќе гостуваат извонредниот танчер Жигон Крајнчан од Љубљана, Словенија, со претставата „Fusion With Myself“, Загребачки плесни ансамбл со кореографијата на ...

Брендот Масимо Дути во Париз ја сними новaта кампања за лето 2021 наречена Perfect Companion, а во која се појавува манекенката Андреа Диакону. Шпаскиот моден бренд во новите креаии се фокусира на минималистички стилови, елегантен изглед и на акцентирањет на неколку актуелни трендови. Преовладуваат ленени костими со панталони и бермуди креирани со лежерен крој, кошула-фустан врз широки панталони, фустани со смирени форми, тренди кожени ...

Македонскиот бренд „Лудус“ има нова мини колекција Од денеска, во книжарницата на Музејот на современа уметност – Скопје достапно е специјалното издание на производи на „Лудус”, македонски моден бренд за безродова еколошки одржлива мода. Колекцијата се состои од монохроматски маици со издолжени пропорции, во црна и бела боја, изработени од памук со нула отпад, според заложбите на брендот за одржливо модно производство. Производите може да се ...

По повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим и официјалната посета на Ватикан, сопругата на претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, носеше дводелен костим креација на дизајнерката Лидија Георгиева. Со внимателен пристап за почитување на строгите протоколи за дрескод на аудиенцијата кај Папата, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска носеше црн формален костим со долги ракави и вел со кој се покрива главата. ...

Светот на ентериерите е подложен на брзи, но и циклични трендови, слично како и во модниот дизајн, еден ретро тренд на мебел повторно е хит во декорирањето на домовите и комеријалните простори. Заоблените и овални софа-каучи препознатливи за стилот на 70-тите години повторно се во мода – каучи и фотељи, двоседи и троседи, табуретки и отомани со меки, заоблени форми најдоа место во модерните ентериери. Преовладуваат каучи во светли и неутрални ...

Евергрин на летната гардероба се белите фустани, оние со крој на кошула-фустан се само уште една опција на стајлинг за топлите денови. Белата боја додава свежина, полетност и леснотија во облекувањето во лето, а еве неколку идеи за бел кошула- фустан – долг, покус, волуменозен или потесен, кој добро се комбинира со ниски обувки, патики или влечки, со големи торби, сламени торби, кафени или црни чанти. ...

Најновата колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride е инспирирана од главниот лик во бајката „Алиса во земјата на чудата“. Алиса, која е епитом на љубопитноста, фантазијата, на магичниот свет кој можеме да го спознаеме доколку си дозволиме да сонуваме. Алиса, отворена кон нови можности и идеи. Алиса, која не се фокусира на реалниот свет, туку ита кон неистраженото и имагинарното. Алиса, која ја поседува силата и одлучноста да постигне се ...

Петнасеттината стилски изгледи за пролет и лето зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Раскошните кроеви само го надополнуваат сплетот на елементи, кои ќе бидат карактеристични за брендот и во иднина Pink Lemonade е називот на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за да биде ...

Модниот бренд Страдивариус понуди обемна летна колекција Summer Mantras во која доминира модата од 70-тите години од минатиот век, боемското расположение и стилови карактеристични за оваа хипи-декада. Во колекцијата има цветни фустани, широки панталони, хеклано плетиво и принт кој реферира на уметнички слики. Дополнително забележуваме печворк-фармерки, кроп топ блузи и изрези на облеката, макси фустани и трендовски сандали. View this post ...

Македонскиот бренд NOBULL… (www.justnobull.com), еден од брендовите на Македонија-Експорт, освои златна награда на престижните “MUSE Design Awards”. Со 3,942 пријавени апликации од целиот свет, натпреварот се покажа како еден од водечките настани кои го промовираат креативното и дизајнерско совршенство. Наградите MUSE се креирани од “International Awards Associate (IAA)”, меѓународно признаено тело кое цели кон поттикнување и промовирање на ...

Македонскиот бренд NOBULL… (www.justnobull.com), еден од брендовите на Македонија-Експорт, освои златна награда на престижните “MUSE Design Awards”. Со 3,942 пријавени апликации од целиот свет, натпреварот се покажа како еден од водечките настани кои го промовираат креативното и дизајнерско совршенство. Наградите MUSE се креирани од “International Awards Associate (IAA)”, меѓународно признаено тело кое цели кон поттикнување и промовирање на ...

Париската модна куќа Шанел во летната сезона се сели во Сен Тропе на француската ривиера, и во елегантната вила La Mistralée отвора поп-ап продавница Секоја година од 2009-тата Шанел „заминува“ во Сен Тропе за летниот период. Поточно, се позиционира во вилата La Mistralée, во срцето на селото, и тука отвора поп-ап бутик. Оваа сезона во вилата е креирана хармонична атмосфера со ултра современ декор. Инспирирани од колекцијата пролет-лето 2021 ...

Брендот Зара во пролетната колекција понуди полусандали со украсен детаљ во вид на брош со циркони, кои многу потсетуваат на омилените чевли на ликот Кери Бредшоу (Сара Џесика Парер) во серијата „Сексот и градот“. Имено, знаеме дека Кери во серијата негува посебна опсесија кон препознатливите чевли со циркони со потпис на Маноло Бланик. Во верзијата на Зара има неколку модели во различни бои, со отворена пета, рамни, со високи или со ...

Aкцентот на рамениците на облеката е голем тренд веќе неколку сезони, оваа сезона, како и во најдобрите времиња во 80-тите, обемните и подуени ракави на фустаните ги преземаа главните улоги. Уличната мода ги отсликува главните тенденции од модните писти, а стилските ѕвезди на свој начин го интерпретраат трендот на пуф-ракави. Тие бираат да носат креации со ракави во различни архитектонски кроеви и должини. Овие фустани се разновидни, подеднакво ...

Со доаѓањето на топлото време во нашата гардероба почнуваме да ги ротираме летните модни парчиња – на пример, шорцевите од тексасен материјал. Една стилска формула што ја забележавме кај модните ентузијасти е џинс-шорцот во комбинација со предимензионирано сако. Џинс-шорцевите, исто како и фармерките, се адаптираат на различни стилови, но пролетва најтренди се кога се носат со сако со поширок крој. Стајлингот се финишира со обична памучна маица ...

Иконската американска тексас-етикета ја слави 148-годишнината од раѓањето на безвременскиот модел на фармерки 501, со помош на седум млади инфлуенсери меѓу кои Хејли Бибер и Џејден Смит Моделот фармерки Levi’s 501 дојде на светот во мај, 1873 година. Неколку месеци по лансирањето на последната летна колекција и по повод 148-годишнината од раѓањето на овие фармерки, кои од првиот момент ги претставуваат придвижувањата, идеите и страстите на ...

Најмодерниот маникир за оваа сезона е комбинација од класичен француски маникир и тенки ленти во флуоресцентни бои. Францускиот маникир е синоним за елеганција и класика – нокти обоени со прозрачен лак и финиширани со тенка минималистичка линија во бела боја на врвовите од ноктите. Но, повремено овој стил на маникир го редефинираме со бои и украси, а овие пролетни и идните летни денови предлагаме францускиот маникир да го заокружите со неонско ...

Инспирирана од Мајорка во Шпанија, едно од нејзините најомилени места во светот, бренд амбасадорката на Манго Софија Санчес де Бетак (@Chufy), за брендот дизајнира ексклузивна колекција на летни фустани во бохо-стил, лелеави, привлечни и направени од одржливи материјали. Со овие креации ќе можете секаде со себе да го понесете духот на Медитеранот. -Oбожавам да носам фустани што сум ги купила на различни места. Кога сум во град, ги ценам како ...

Оскаровката Ема Стоун се појави на премиерата на Дизниевиот „Круела“, филмска сторија за „раѓањето“ на негативката Круела де Вил од приказните за 101 далматинец. Ова е прва поголема филмска премиера во ерата на пандемија. View this post on Instagram A post shared by Check the Tag (@checkthetag) Актерката Стоун го глуми главниот лик Круела де Вил во филмот, а на премиерата се појави во модна комбинација со потпис на Луј Витон во бои ...

За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка. Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување, ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања и нуди опции за теми за разговор што може да ги интересираат пациентите, а е ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
29%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.09
40%
1012
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
44%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.65
47%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
56%
1011
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
4.47
43%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
27%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
43%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
42%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
60%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63