
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Модниот дизајнер Роберт Ивановски ја претставува новата колекција именуваа X, наменета за лето 2021 и се сотои од удобни и разновидни парчиња, лесни за комбинарање и движење. Појдовна точка на инспирација за колекцијата е јапонската борбена вештина на мечување кендо, односно основната традиционална облека (кендоги и хакама), која ја носат играчите. View this post on Instagram A post shared by Robert Ivanovski (@robertivanovski) -Целата ...
Марамата е сестран моден додаток, ја носиме на најразлични начини, околу врат, на глава, на рачката од чантата, а во лето од свиленкастите марами неретко правиме стајлиш „топ“ кој ќе ги замени маиците и блузите. Заврзани околу торзото на повеќе начини, можеме да постигнеме блуза без ракави, топ со околувраник, или пак горен дел во вид на бикини или градник. Вака врзаните марами се носат вор азлични летни пригоди, на плажа или за прошетка, со ...
Италијанскиот моден двоец Доменико Долче и Стефано Габана вчера ја откри есенската модна кампања за нивниот бренд Dolce&Gabbana, во која се појавува нашата манекенка Ивана Манас која самоуверено гради светска кариера. Кампањата за есен-зима 2021/22 е инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија, а фотографиите ги потпишува познатиот Јурген Телер. -Откако се појави на нивната ревија во февруари, Долче и Габана и тимот се ...
Пејачката и актерка Лејди Гага е во Њујорк за настапот заедно со Тони Бенет, внимание привлече и со својот изгед, најпечатливо изгледаше во модел од последната колекција на висока мода на модната куќа Валентино – краток виолетов фустан во вид на наметка, стилизиран со голема шапка со пердуви, светлокафени сандали со ремчиња и флуоресцентни ракавици. View this post on Instagram A post shared by Fashion and art magazine (@catwalkhautecouture) ...
Секоја година со нетрпение ги очекуваме летните месеци за да заминеме на одмор во некоја летна дестинација, годинава многу земји ги отворија своите граници за туристите. Некои можеби нема да успеат да заминат на долгоочекуваниот одмор, но на одмор или дома, сите размислуваме како да склопиме погодни летни стајлинзи. Поради фактот што ова лето се покажа како доста жешко, предлагаме да погледнете модни слики на ѕвездите на уличен стил за ...
Ленените костими се совршен одговор на потребите на деловната жена во топлите денови, алтернатива на класичниот костим со панталони кој е веќе класика во корпоративниот свет. Спој на деловна строгост и лежерен летен материјал, комплетот од ленени панталони и сако ќе го задоволат вашиот бизнис дрескодот, без да се чувствувате премногу топло во облеката што ја носите за време на овие пеколни денови. Предизвик е да изгледате деловно овој август, ...
Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот „Македонската мода и традиција низ вековите“ поддржан од Министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас. На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од ...
Jaгоди, цреши, кајсии, праски, лубеници, ананаси, дињи … Летото е време за свежо и сочно сезонско овошје. Зошто да не гo тргнеме од чиниите и да гo вметнеме во нашата гардероба? Омилените блогери веќе го прават тоа и му се приклучија на трендот на овошје како мотив. Хејли Бибер се фотографираше во светло зелен фустан на JW Anderson со глема јаготка како шара, Бланка Миро носи краток комбинезон со принт на повеќе овошја, а Барбара Егхолм се ...
Додека трае летната сезона и летните попусти, модниот бренд Зара ја претставува есенската колекција на линијата Studio, а во која главна тенденција се принтовите кои наликуваат на шари од марама. Од првиот поглед на колекцијата заклучуваме дека доминираат фустани и здолништа со овој принт, а употребени се полуксузни материјали како свила. Софистицираните модели кои се комбинација на различни шари и мотиви секако ќе ја разиграат вообичаената ...
Open Sky, лимитирана едиција, мирис кој го слави „она помеѓу“. Го истражува просторот помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација. -Иако, практично сме заробени на едно место веќе некое време, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на кое најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат е она што најмногу ми недостига во моментов. Она што сакав да доловам со овој мирис е ...
Совршен моден додаток за плажа, покрај базен или градска прошетка Модел на плетена торба од рафија со потпис на модната куќа Прада стана хит меѓу Инстаграм ѕвездите и влијателните трендсетерки. После повеќе култни модели на чанти, Прада сега предлага торба што е идеална за летни прилики и одење на плажа. Наликува на плетен „цекер“, има едноставна ‘tote’ форма, а во средината е отпечатено препознатливото лого на Прада. Доаѓа во шест бои, ...
Во Битола, во центарот на градот во продажниот објект Парфимерија Шатци е отворена првата IQOS зона, единственото место во овој град каде е достапен иновативниот уред што го загрева, а не го гори тутунот. Овој електронски уред се базира на нова технологија којашто, со загревање на тутунот овозможува при користењето на уредот да се испуштаат дури 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. При загревањето на тутунот на ...
Костими од сако и панталони во релаксиран стил се тренд оваа пролет, како моден предлог за во канцеларија, но и за други пригоди. За оние што ќе се вратат на работните места после повеќемесечно работење од дома, удобната облека што ја носеа додека работеа од дома, сега ќе се пресели и во деловната облека наменета за канцеларија. Таа удобност ја има во новите стилови на деловни костими со широки панталони и волуменозно сако, направени од лесни и ...
Компаниите сè повеќе се соочуваат со недостиг на квалитетни кадри, оттука идејата да се креира решение што ќе им помогне. Новата онлајн платформа на Brainster ќе нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри кои се подготвени за вработување во компаниите од tech индустријата. Оваа платформа е креирана од потребата за унифицираност и заедничка корист помеѓу компаниите и студентите при вработување и ко-иновирање. Во делот за ...
Јавни презентации на професорките Сасен и Дескова во Музејот на современата уметност – Скопје Вечерва, во 20 часот на тремот од Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на јавна програма со наслов „Утописки урбанизам и глобален град“ предавања ќе одржат Саскија Сасен, професорка по социологија на Универзитетот Колумбија во САД и Ана Ивановска Дескова, професорка на Архитектонски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во ...
Ефикасна модна терапија со шарени панталони Психолозите велат дека светлите бои го подобруваат нашето расположение и нè прават посреќни. Затоа, ќе се обидеме да ве убедиме базичната палета на облека да ја замените со контрастни колор комбинации, богати нијанси и живописни принтови. Како на пример, панталони со цветен принт, нешто наследено од хипи ерата. Овој модел е разноврсен, може да се носи во секојдневни или вечерни комбинации, а ако е со ...
Модно парче кое му пркоси на времето и се вклопува во различни стилови, тексасното здолниште е одлична опција за летен изглед. Оваа сезона е кратко, со изресени рабови и претежено од светол тексас. Постојат неколку начини како да се комбинира – спојот со обична маица и сако е класика, за повпечатлив изглед се носи со предимензионирана кошула или со мултиколорна јакна, а подеднакво интересно стои и со патики и со високи сандали. СО ШАРЕНА ЈАКНА ...
Класичната бела кошула, едно од безвременските модни парчиња, најчесто се комбинира на доста предвидлив начин – со молив-здолниште, црни панталони или фармерки. Иако најчесто асоцира на деловна облека за во конференциска сала, белата кошула доби новиот лежерен моден потпис ова лето. Можеби веќе сте забележале како некои од вашите омилени улични ѕвезди ги носат над бикини или мини фустани. View this post on Instagram A post shared by Olivia ...
Noblesse Oblige, специјализиран бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка Yes Master, Игор Пачемски, ја претставува новата, 15-та по ред колекција за сезоната пролет-лето 2022, насловена „Алиса во еко-земјата на чудата“. Како искучителен престиж во овој сегмент на модниот пазар ќе биде презентирана во Париз на саемот Exposed како еден од 40-те селектирани брендови кои за прв пат во историјата ќе бидат ...
Во рамките на третиот #EuropeanFilmChallenge_МК се реализира уникатно филмско доживување на брегот на Охридското езеро со европски филмови во рамки на 4-тото издание на Beach Film Festival Од 14 јуни до 23 јули трае Европскиот филмски предизвик во кој за 10 недели учесниците треба да изгледаат 10 европски филмови на легална платформа. За време на предизвикот за сите љубители на европските филмови следува богата содржина со филмски критики, ...
Фурнаџиски леб со кисело тесто е уште еден нов производ кој нашиот најголем производител од мелничко-пекарската индустрија, Жито Лукс го понуди на пазарот. Подготвен од природни состојки по специјална рецептура со кисело тесто и во две варијанти, како Пченичен бел и Интегрален пченичен леб, новиот леб има неодолива арома и автентичен вкус на домашно подготвен леб. Киселото тесто, како клучна состојка кај новиот производ, нуди природна форма на ...
По повод 30 години од независноста на Македонија на иницијатива на компанијата „Божиновски часовници и накит“ ќе биде дизајниран првиот македонски Swatch часовник. Од компанијата соопштија кој избраниот дизајнер. -Првиот Swatch со локализиран дизајн ќе биде изработен од страна на познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула, на истиот ќе биде претставено дело креирано специјално за оваа намена. Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран ...
Нашиот топ модел Елена Реи деновиве беше ангажирана да слика каталог за престижната дизајнерка Моник Лулие (Monique Lhullier). Иако препознатлива по нејзините раскошни венчаници оваа американска дизајнеркасо филипинско потекло исто така дизајнира свечени тоалети и ready-to-wear колекции. - Елена беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо во Италија, на истото место на кое пред неколку одини снимаше фoтосесија со венаници ...
Десет лаптопи и 35 ученички прибори (ранци, тетратки, блокови, боици, моливи) ќе бидат донирани на оние кои им е најпотребно во рамките на хуманитарната акција „Среќна школска година“. Ресторанот „Four“ донира процент од профитот остварен во период од 23-ти до 30-ти јуни, а во соработка со „Проект среќа“ како што и ветија обезбедија прибор за децата со социјален ризик. По повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ , кои со „Проект ...
Моделите на фустани со спуштени раменици се добра идеја и ова лето, тоа е моден начин да ги откриете рамениците, деколтето и вратот, а овој стил на „случајно ми се лизна горниот дел“ е совршен за лето и изгледа шик и ненаметливо сексапилно. Имаат доза на женственост, понекогаш лежерност, а можете да ги носите на прошетки низ избараната летна дестинација, на забави на отворено, за вечерно излегување, на плажа… View this post on Instagram A post ...
Новата капсулна колекција ‘Dreamy Passage’ на Росица Мршиќ претставува пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување. Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето и таа ги враќа романтичните, пријатни чувства, видени ...
Креаторот Кристијан Диор своевремено кажал: „Можете да носите црна боја во секое време. Можете да ја носите на било која возраст. Можете да ја носите за речиси секоја пригода“. Да, постојот голем број на модни вљубеници кои преферираат црно дури и во најтоплите месеци. Некои во лето носат бело, цветно и шарено, ама некои навистина ја сакаат облеката во црна боја. Настрана фактот дека црната ги привлекува сончевите зраци и прави да се ...
Модниот дизајнер Давид Стојановски, магистер по моден дизајн и костимографија на Националната академија на уметностите во Софија, како нов и самостоен дизајнер на македонската модна сцена се претставува со нова колекција Greta за есен 2021, а еве го неговиот концепт за креациите илустрирани преку фотосесија со манекенката Софија Симоноска и фотографот Антонио Станков. -GRETA е приказна за обидот за композирање на уникатен образ кој се ...
Првата композиција од низата музички дела на кларинетистот Благојче Трајковски насловена како „Трепет“ излегува во музичкиот етер, создадена во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. „Трепет“ претставува емоционално богата инструментална музика каде кларинетот на Благојче и виолината на Андријана изразувајќи меѓусебна љубов не оставаат рамнодушен ни еден слушател. Посебните емоции произлегуваат и од прекрасната придружба од ...
Како да изгледате „стајлиш“ во летните месеци - преглед на неколку тренди модни парчиња ЛЕЖЕРЕН МИДИ ФУСТАН Со најразлични облици и бои за да ги задоволат сите лични стилови, миди фустаните навистина се главен тренд на летното облекување. Од памук или лен, со него лесно ќе склопите летен стајлинг, со што ќе ја поедноставите вашата утринска рутина. Само додадете златен накит и кожени влечки, и стајлингот е завршен. КОСТИМ СО БЕРМУДИ Комплетот од ...