Традиционалната, дваесет и прва по ред модна ревија на студентите на студиската програма „Дизајн и инженеринг на облека“ при на Технолошко-металуршкиот факултет, годинава доаѓа во поинаков формат – како видео презентација. Од ТМФ нагласуваат дека околностите со кои се соочува целиот свет, ги насочил да бараат нови начини за прикажување на нивната креативност, па модната ревија на тема „Иднината е одржлива“, ја презентираат на Јутјуб. ...

Иднината е одржлива- е темата на 21. традиционална завршна модна ревија на студентите на студиската програма Дизајн и инженеринг на облека од ТМФ во Скопје, под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Во услови на пандемија ревијата е достапна до публиката со видео презентација на каналот Јутјуб. Студентите од II, III и IV година на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ја интерпретираа оваа тема, со нивните ...