
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Совршено се спарува со џинс, стои добро под ленено сако, сезонава ќе ја комбинираме со трендовски широки панталони и свиленкасто слип-здолниште, се прилагодува на различен стил, од минималистички со еклектичен, убаво ѝ стојат златни ланчиња… Да, зборуваме за белата маица, базата на сечија гардероба. Толку едноставна, а колку многу ефектна. Поради разновидноста што ја нуди, белата маица е неизбежен дел од нашиот гардеробер. ...
Марамите се безвременски моден детаљ, во летните месеци обожаваме ги носиме во коса за да го разубавиме изгледот, но и од практични причини – да ја скротиме косата во жешките денови. Постојат повеќе начини како да ја носиме марамата во коса – околу пунџа или репче, ноншалантно врзана како турбан, во вид на венче или во долниот дел од косата како панделка. Во продолжение, инспирација за шик стилски идеи како ја уредите косата со марама, уловени ...
Модната директорка на британски Harper’s Bazaar Аврил Мер направи листа на модни правила што треба да ги применувате во канцеларија во летниот период, а и за тоа што не треба да носите кога сте на работа. Облекувањето за во канцеларија во потоплите денови може да предизвика доста стилски загатки за тоа што навистина е дозволено според бизнис-дрескодот. Еве ги советите на Мер, додадовме и некои наши сугестии: 1. Носете соодветна долна облека ...
Вашето омилено место за разубавување, од денес со ново име – FABUspot! Нова Beauty авантура, со стариот добро познат квалитет, бидејќи вашето задоволство и насмевка се најважен поттик и инспирација! Токму затоа, оваа недела во FABUspot (Скопје City Mall и хотел Мериот) ве очекуваат многу изненадувања и 20% попуст на поголемиот дел од асортиманот (01.07 – 04.07). Покрај досегашните брендови од категоријата на парфеми, шминки и нега на кожа, меѓу ...
Познатиот готвач Рене Реџепи претстави нов проект со кој од оваа есен ќе можете дома да готвите оброци инспирирани од неговиот повеќепати наградуван ресторан „Нома“ во Копенхаген. Имено Реџепи, еден од најдобрите и најистакнати светски готвачи, скоро две децении го истражува процесот на ферментација на храната и креирањето на гарум-сосови. Гарум се однесува на сос од риба кој се правел во антички Рим, денеска рибините сосови доста се користат ...
Почна сезоната на лубеница, со неа се освежуваме и сладиме во летните месеци. Таа содржи 92% вода, калиум, магнезиум, фосфор и други корисни витамини и состојки. Ја јадеме, правме сок од неа, можеме да ја ставиме во смуди, но еве и рецепти за два супер летни коктели со лубеница. САНГРИЈА СО ЛУБЕНИЦА Потребно состојки: Во блендер измиксајте девет шолји лубеница исечена коцки, потоа исцедете го сокот од лубеница и ставете го во голем стаклен ...
Дел од летните колекции на модниот бренд Бершка е оваа линија во која главната улога ја има чоколадно кафената боја, која што одлично се спојува со белата. Повремено ја запоставуваме оваа кафена нијанса, но таа е разновидна, елегантна и добро ѝ ласка на женската фигура. Во тандем со белата, Бершка создаде неколку инспиративни младешки изгледи – летни кроп-топ модели и маици споени со ленени панталони, едноделни костими и мини фустани, креации ...
Американската прва дама д-р Џил Бајден е лицето од насловната страница на августовскиот број на Vogue, таа позира пред објективот на Ени Лејбовиц облечена во цветен фустан со потпис на Оскар де ла Рента. Во разговор со списанието, Бајден зборува за активизмот и проектите што ги имплементира како прва дама на САД, за нејзината вклученост во процесот на отворање нови училишта и во програмата за вакцинирање, но и за модата. View this post on ...
Белата се смета за најлесна боја за носење во летните месеци, малиот бел фустан е модна класика во топлите месеци, па некако за очекување е белата да е неизоставен дел од гардеробата во летната сезона. Но, пристуна е и црната, иако ќе ве советуваат да ја избегнувате црната облека кога е топло, таа сепак е важен избор на голем број вљубенички во модата. За оние што сакаат да ги носат овие две (не)бои, еве предлог стилски комбинации – некои ...
После повеќе од една година изолација, дистанца и многу малку можности за забава, трговскиот центар Skopje City Mall го најавува новото издание на Late Night Shopping Да се потсетиме на холивудските забави, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро забавата – на 2 јули купувајте до полноќ во Skopje City Mall со обезбедени попусти дури до 60% на одредени производи и да бидете дел од Инстаграм ретро забава на приземјето од трговскиот центар. ...
После ланските настани THE GIN GARDEN и THE WHISKEY GARDEN, успешно организирани согласно ковид протоколите од страна на организаторот Боттега Евенти, ова лето’21 доаѓа уште еден дводневен настан, во малку поопуштена, но сè уште одговорна варијанта. За оваа летна сезона Боттега Евенти го најави нов “garden” настан за дегустација на пијалоци THE SOCIAL GARDEN. Во среда, 30 јуни и во четврток 1 јули, во Зелената градина на кровот на ГТЦ ќе се ...
Во среда, 30 јуни, со почеток во 21 часот ќе ја изведе кабаре-претставата „Чикашки перверзии“ од Дејвид Мамет во режија на Сибел Абдиу во хотел „Парк“, во ресторанскиот простор Four. Продукцијата е на „Машина продакшн“, а глумат Анастасија Ласовска, Надица Петрова, Харис Салкоски и Бобан Алексоски. „Чикашки перверзии“ е ексклузивна и експлицитна провокативна кабаре претстава, а публиката ќе има прилика да ужива во едно невообичаено искуство – ...
Познатата бјути јутјуберка Ники де Јегер, попозната како Ники Туторијалс, беше една од водителите на овогодинешната Евровизија, фестивал на кој, како што знаеме, победија Måneskin од Италија. Ники и четворката од бендот повторно се сретнаа и овој пат Ники ги интевјуираше и го шминкаше харизматичниот Дамјано Давид. Холандската инфлуенсерка Ники Туторијалс има скоро 14 милиони претплатници на You Tube, со што е една од најуспшените блогери за ...
Во јубилејната 15-та година од постоењето на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, академската година повторно ја заокружува со годишна изложба на делата на студентите од графички, моден и ентериер дизајн. Овој пат избран е дигиталниот формат наместо физичка изложбата, обемната глерија со преку 55о фотографии на делата на студентите можете да ги погледнете на овој ЛИНК. -Иако и оваа година ја претставуваме во ...
Кратките џинс-шорцеви се безвременска летна униформа, на некој начин форма на носење на фармерки во топлите денови. Дали сами ќе ги пресечете долгите фармерки или ќе ги купите кратки, не е битно. Важно е што ќе ви станат задолжително летно парче кое многу лесно се комбинира. Со лесна блуза или памучна маица, во минималстички или во стилот на фестивалска мода, ултра кратки или како тренди бермуди, со сандали или патики, џинс-шорцевите се летна ...
Во срцето на Барселона се наоѓа првото ремек-дело на славниот архитект Антони Гауди – Casa Vicens (Каса Висенс), куќа изградена пред 136 години, која се смета за една од првите Арт Нуво градби и е првата што славниот архитект ја проектирал. Изградена во еклектичен стил типичен за Гауди, кој комбинира рани елементи на Арт Нуво со арапски и шпански влијанија, со готика и мавритански стил, оваа градба од 2005 година оваа е на списокот на светско ...
И покрај олабавувањето на заштитните мерки од Ковид-19 после долгата пандемија, одредени младенци сепак ќе се одлучат за мала свадба, регистрирање во матично и интимен ручек со најблиските, на сметка на голема свадба со неколку стотина гости. И во таква услови, идната невеста ќе избере полежерна свадбена комбинација, а не раскошна венчаница – на пример, краток фустан со едноставен крој и по некој карнер, елегантна креација со изглед на ...
Младата Ангела Младеноска која стои зад брендот Angie M. за ова лето претставува колекција која се состои од костими за капење и облека за плажа, преку фотосесија снимена покрај море во Грција. Преовладуваат едноделни парчиња и бикини, јаки бои и животински принт, изрези и врвки на креациите. -Посакајте му добредојде на новото тропско лето и новата Tropic – Jungle SS21 колекција. Експлозија на бои, микс на флора и фауна кои пленат со својата ...
Кралицата Летиција од Шпанија негува елегантен стил со модерна нота, своите должности и настапи често ги извршува облечена во луксузна но и облека од модните брендови на достапна мода како Манго, Зара и Масимо Дути, а од нејзиниот стил позајмивме неколку комбинации кои одговараат на деловниот дрескорд. Овие изгледи се забелеани во последниве недели, а како пример избравме модни споеви на класично карирано сако со црни панталони или црна кошула ...
Природни и лесни ткаенини, полежерни кроеви, мала доза на ноншалантност, но со доследност во почитувањето на правилата за деловниот дрескод, ова се главните стилски насоки кога станува збор за летниот стил за на работа. Селектиравме три комбинации кои не се премногу строги и се прилагодени на летото, но не се ниту премногу лежерни и ги следат правилата за деловен изглед. ЛЕНЕНИ ПАНТАЛОНИ + ШАРЕНА КОЖУЛА + КАФЕНА ЧАНТА ФУСТАН ОД ТЕНКО ПЛЕТИВО ...
Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма кои ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година“ на „Проект Среќа“. Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик. - За нас ова отворање има посебно емотивно значење бидејќи ...
Миланската недела на машка мода се случува со мешан распоред на физички и виртуелни презентации, ревиите во живо на Етро, Армани, Долче и Габана, отвори простор за мода и на улиците на градот. Еве еден избор од стилското шаренило од уличната мода во Милано деновиве. ...
Поп ѕвездата Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли деновиве се во Париз, патувањето го искористија и за средба со францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит Макрон. И погледнете како Хејлии се облече – припиен модел со изрези и со многу гол грб, кој едвај ѝ ги покрива градите и скроз ѝ го открива стомакот. Како од ноќен клуб ноншалантно да се прошетала до Елисејската палата. View this post on Instagram A post shared by Justin ...
Традиционалната, дваесет и прва по ред модна ревија на студентите на студиската програма „Дизајн и инженеринг на облека“ при на Технолошко-металуршкиот факултет, годинава доаѓа во поинаков формат – како видео презентација. Од ТМФ нагласуваат дека околностите со кои се соочува целиот свет, ги насочил да бараат нови начини за прикажување на нивната креативност, па модната ревија на тема „Иднината е одржлива“, ја презентираат на Јутјуб. ...
Кога ќе погледнеме некоја колекција на модниот бренд Desigual, со право очекуваме таа да е полна со впечатливи принтови и јаки бои, овие препознатливи елементи ги има и во летната колекција Summer Tale (Летна приказна) фокусирана на костими за капење. Оваа лето брендот се фокусира и на уште еден клучен момент – својата посветеност на одржливост и користи одржливи ткаенини во процесот на производство (рециклиран полиестер и полиамид, наја – ...
Модната куќа Диор организира ревија за новата колекција во еден антички стадион во Атина, а креациите за ресорт 2022 беа инспирирани од главната тема – ослободување, како и од античка Грција. Во импресивно опкружување на мермерниот стадионн Панатенаикос, креативната директорка на Диор, Марија Грација Кјури, претстави модна колекција во која се испреплетуваат спортките и елегантните парчиња, создадени за слобода на движењето – слободата како ...
Тренд на сезоната се кошулите во интензивни бои, ама моден хит се и панталоните и бермудите во јаки и впечатливи нијанси како флуоресцентно зелена и жолта, жар портокалова, боја на циклама и небесно сина. Секоја од овие нијанси добро се комбинира со црната и белата боја, како и со повеќето неутрални тонови, но оние со посмел стилски израз ќе носат микс на неколку јаки бои – жолта со зелена, портокалова со циклама, зелена со циклама… ...
Компанијата за долна облека Victoria’s Secret официјално ја заврши ерата на „ангелите“, сексапилните манекенки ги спуштија крилјата, а на нивно место како модели и позитивни примери доаѓаат неколку реализирани и успешни жени. Компанијата долго играше на картата на сексапилност, слаби манекенки, организирање на раскошни модни спектакли, но во последниве години го изгуби сјајот, како и релевантноста, со тоа и финснсискиот приход. Концептот на ...
Екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и Србија почнуваат со работа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“. „Кајмак е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината“, вели Манчевски. По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара ...
Во годината во која одбележува јубилеј од една деценија постоење, Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин продолжуваат да испишуваат историја. На покана на светски познатиот национален театар „Шајо“ (Chaillot) од Париз, Франција, македонските танчери предводени од кореографката Рисима Рисимкин, во март, 2022 година, ќе ја одиграат париската премиера на „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“ во салата Фирмен Жемие. Најавата за ...