Второлигашот Шкендија Арачиново го претстави своето трето зимско засилување, се работи за Махир Ајрули кој во тимот на Љупчо Марковски – Калц доаѓа од редовите на Каменица Саса. Ајрули ќе биде освежување на крилните позиции и се очекува да бид одлично засилување во офанзивата. 22-годишниот Ајрули низ својат кариера покрај за Каменица Саса има настапувано и за Арсими, Велазерими од Кичево, Работнички и Шкупи. Претходно, Шкендија од Арачиново ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, управата на клубот и годинава ја продолжи убавата традиција и организираше Новогодишно дружење со Дедо Мраз за најмладите членови на клубот. Настанот се одржа во СЦ „Пандев“, каде што дечињата – фудбалерчиња од генерациите 2013 до 2020 година имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз и да добијат новогодишни пакетчиња. Радоста и насмевките беа присутни на секој чекор, а празничната ...

Во иднина Третите фудбалски лиги како и Општинските фудбалски лиги ќе претрпат промени, а како што најави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ во новогодишното интервју, веќе разговараат и размислуваат како да се организираат Третите лиги и Општинските лиги во иднина. Тој го појаснуваше начинот на кои ќе се организираат овие натпреварување во иднина, притоа тоа го потенцираше и со неколку примери. ...

Филип Димоски ќе има нов клуб во неговата кариера откако реши да си замина од прилепска Победа. 26-годишникот во Победа се врати пред почетокот на пролетниот дел минатата сезона и значително помогна Победа минатата сезона да избори директен опстанок во Втората лига. Значително помогна и оваа полусезона, но сепак реши во зимскиот преоден рок да менува и да бара нов средина, а Победа одново ќе биде пред тешко искушение да избори опстанок во ...

Ракометниот клуб ГРК Охрид продолжува сериозно да го гради тимот за продолжението од сезоната и официјално го ангажираше хрватскиот кружен напаѓач Џанфранко Прибетиќ. Станува збор за 25-годишен ракометар кој доаѓа со богато меѓународно искуство и потпиша долгорочен договор со „гладијаторите“ до 2028 година. Прибетиќ е роден во Ријека, висок е 196 сантиметри и важи за исклучително цврст и борбен играч на линијата од шест метри. Кариерата ја ...

ГРК Охрид продолжува да расте од сезона во сезона и сè појасно се профилира како еден од најсериозните проекти во македонскиот ракомет. Одличните резултати во есенскиот дел, исполнетите трибини во „Билјанини Извори“ и стабилноста во организацијата се јасен показател дека клубот оди во вистинска насока. Под водство на искусниот српски стратег Борис Ројевиќ, охриѓани ја завршија полусезоната на третата позиција со 29 бодови, со импресивен ...

Еден од странските фудбалери го напушта редовите на Пелистер во пресрет на продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани веќе влегоа во активен период од преодниот рок, а првата промена во играчкиот кадар е заминувањето на српскиот интернационалец Петар Ристиќ. Десното крило повеќе не е дел од „зелените“, откако двете страни одлучија да ја прекинат соработката. Ристиќ во дресот на Пелистер настапи на 11 првенствени ...

Прволигашот Башкими од Куманово се одлучи да направи драстична промена во ростерот оваа зима, откако клубот кој по 17 години се врати во елитата се раздели со дури десет фудбалери. Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја, Недим Хаџиќ, Иса Аденкуле, Хабубула Аскар, Фарук Бихорац, Самет Реџепи и Ардит Демири се фудбалерите кои во иднина нема да го носат „зелено-црниот“ дрес. Најмногу промени ќе има во нападот откако ...

ФК Слога од Злеово прави уште еден значаен чекор напред во своето функционирање и развој, воведувајќи брендирани маички и дуксери со логото на клубот, наменети за навивачите и сите љубители на фудбалот кои сакаат директно да го поддржат клубот. Со оваа иницијатива, ФК Слога станува единствениот спортски колектив од Радовиш кој нуди официјални, брендирани реквизити за своите поддржувачи, што претставува новитет и позитивен пример за локалниот ...

Синоќа на турнирот во мал фудбал се одигра големото финале кај јуниорите за генерација 2014/2015 каде тимот на Дроне Транспорт е победник славејќи со 1:2 над Кико Кидс. „Транспортерите“ го подигнаа шампионскиот пехар во меч кој понуди три гола, но пред се голема неизвесност и борба на теренот од младите фудбалски таленти. Свои моменти и шанси имаа и двете екипи во големата битка, а пред верната публика. Тимот на Дроне Транспорт е победник во ...

Фудбалската федерација на Македонија информира дека започнува тотална распродажба со 50% попуст на ФФМ фан шоп производите. Во понудата се вклучени оригинални репрезентативни дресови, тренинг-опрема и други официјални артикли, достапни по значително намалени цени. Распродажбата важи до исцрпување на залихите, а производите може да се набават преку официјалниот ФФМ фан шоп, fanshop.ffm.mk. „Ги повикуваме сите навивачи да ја искористат оваа ...

Кошаркарската федерација на Македонија во Скопје го одржа редовното годишно Собрание. Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас. На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на Кошаркарската ...

На заедничкиот, традиционален собир организиран од Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје, беа прогласени најдобрите поединци во судиската организација за календарската 2025 година. Главното признание – наградата за најдобар судија на град Скопје за 2025 година – заслужено му припадна на Зоран Митровски, кој со својата конзистентност, професионалност и авторитет на теренот се издвои во изминатата година. Својата ...

Неочекуваниот пораз на шампионот Форца на домашен терен од Мал Ајакс му овозможи на есенскиот шампион плус шест бода по завршувањето на есенската полусезона. Ваквата бодовна залиха и фактот што Проект беше декласиран од Проект во Гевгелија со 6:1 речиси извесно е дека тимот од Јосифово во своите витрини ќе ја врати шампионската титула. Момците на Игор Димов зависат сами од себе – титулата ја имаат во раце и сега од нив зависи дали ќе ја ...

Фудбалскиот клуб Вардар ќе организира комеморативна седница во чест на една од најголемите легенди на македонскиот фудбал, Васил Рингов. Настанот ќе се одржи в недела со почеток од 12:00 часот, во Дијамантската сала на хотел „Хилтон“ во Скопје. Со оваа комеморација, најтрофејниот македонски клуб ќе му оддаде почит на човекот кој со својот талент, голови и харизма остави длабока трага во историјата на Вардар и македонскиот фудбал воопшто. ...

После неочекуваниот пораз на шампионот Форца во последното есенско коло на домашен терен од Астибо, најдобрите играчи решија да се разделат со тимот од Куманово. Клубот на последниот есенски меч настапи без странците, што се поставува прашањата дали со истите е прекината соработката, но дефинитивно тројца искусни играчи си заминаа од клубот – капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери повеќе нема да го носат дресот на ...

Кошаркарките на Гевгелија есенскиот дел во Втората лига го завршија на второто место со 13 бодови, тимот зад себе има фантастична есен со скор од шест победи и еден пораз. Гевгелија доминираше и статистички со најдобар поен разлика од 479 постигнати поени убедливо најмногу. На второто место заврши Гостивар со ефект од пет – два и 12 бодови на своето конто, а пак Струга е трета со 11 бодови, колку што има и штипска Тим Арена која е четврта. ...

Екипата на Гевгелија на импресивен начин го заврши првиот дел од сезоната во Аматерската лига – мажи, освојувајќи го првото место со максимален учинок од седум победи во седум натпревари. Гевгеличани доминираа во сите седум кола и со право влегуваат во продолжението од сезоната како најсериозен кандидат за место кое води во Првата македонска лига. Во последното, 7. коло, лидерот славеше на гостувањето кај Винеам во Виница со резултат 79:72, ...

Во изминатиот период се одржа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа и претставници на Македонската кошаркарска федерација, на кој од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски. На состанокот во Минхен, беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Македонската кошаркарска федерација, која беше оценета како успешна и ...

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави составот за претстојниот собир на младите ракометари. На списокот се најдоа 18 играчи, сите од домашното првенство, кои ќе учествуваат на подготовките од 2 до 5 Јануари. Во текот на собирот во Скопје, кадетите ќе одиграат пријателски двомеч против селекцијата на Црна Гора, што ќе послужи како добра проверка на формата. Двете репрезентации веќе обезбедија ...

По разделбата со српскиот тренер Ален Тупајиќ, раководството на Работнички донесе одлука за нов шеф на стручниот штаб. Клупата на „херојот од Дебар Маало“ од овој момент му е доверена на Муарем Муарем, млад, но веќе докажан македонски стратег, кој во најголемиот дел од есенскиот дел во ПМФЛ го предводеше тимот на Башкими. Назначувањето на 37-годишниот тренер доаѓа во еден од најтешките моменти во поновата историја на Работнички. Клубот се ...

Европската ракометна федерација направи корекција на листата на арбитри за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Имено, поради пријавена повреда, чешкиот судиски пар Вацлав Хорачек и Јири Новотни отпадна од листата на арбитри, а нивното место го презедоа Србите- Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ. Овој шампионат ќе има историско значење за македонскиот ракомет, бидејќи за првпат две судиски двојки од ...

Македонската машка репрезентација во подготовки за Европското првенство се соочува со нов проблем на позицијата пивот. Поради скршен прст на шутерската рака, Валентин Карасманакис отпадна од комбинација за настап и нема да биде на располагање за континенталниот собир. Како реакција на овој развој на настаните, селекторот Кирил Лазаров експресно направи корекција во составот и упати повик до Никола Маркоски, кој веќе му се приклучи на ...

По завршувањето на најуспешната полусезона во клупската историја, Охрид ја користи зимската пауза со јасна цел — во јуни да ја комплетира сезоната како најуспешна досега. Истите амбиции ги делат раководството, стручниот штаб и ракометарите. Во пролетниот дел од сезоната, тимот го очекуваат сериозни обврски и на домашната сцена и во европските натпреварувања. Подготовките ќе бидат фокусирани во Врбас, каде што Oхрид ќе тренира од 8 до 16 ...

Втората македонска фудбалска лига во иднина би можела да има уште едно кратење, оваа сезона е последна со 16 екипи, бидејќи од следната сезона 2026/2026 второлигашкото друштво ќе брои 14 екипи. Но, како што истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во новогодишното интервју вели дека се размислува за уште едно кратење на Втората лига. „Убеден сум, оваа првенство се убедив и самиот себеси дека е исправна одлуката за крање на Првата лига од ...

Екипата на Преспа од Ресен влегува во исклучително чувствителен период, откако претседателот на клубот, Зоран Милевски, официјално поднесе оставка по седум години минати на чело на второлигашот. Милевски преку јавно соопштение ја информираше спортската јавност за својата одлука, нагласувајќи дека зад себе остава период исполнет со напорна работа, посветеност и конкретни резултати – од враќањето на Преспа во Втората лига, до значајни ...

Кочани ќе биде домаќин на хуманитарни спортски натпревари со цел поддршка на социјално најзагрозените семејства во градот. Настанот ќе се одржи во недела, на 28 декември 2025 година, во спортската сала „Кочански Ангели“, со почеток од 17:00 часот. Програмата започнува со фудбалски натпревар помеѓу помладите категории на ФК Фудбал Старс и ФК Кочани, по што следува футсал-дуелот меѓу КМФ Фудбал Старс – Аутовелт и КМФ Кеги Моби од Велес, закажан ...

По неколкугодишна пауза, Фудбалската федерација на Македонија повторно ќе ја возобнови традицијата на избор и наградување на најдобрите во домашниот фудбал. Манифестацијата „најдобрите во македонскиот фудбал“ повторно ќе стане дел од календарот на ФФМ и ќе им оддаде признание на оние кои оставиле најсилен печат во претходната годината. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, информираше дека изборот ќе се однесува на најдобрите остварувања во ...

Фудбалската федерација на Македонија најавува важен чекор кон поголема транспарентност и доверба во судиските одлуки. Од пролетниот дел на сезоната, клубовите ќе добијат можност за директен увид во снимките и анализите од ВАР-собата, со цел подобро разбирање на спорните ситуации. Новината ја соопшти претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој истакна дека секој клуб кој ќе смета дека бил оштетен ќе може официјално да поднесе жалба. По ...

Екипата на Работнички влегува во период на сериозни промени, откако клубот се раздели со повеќе фудбалери од актуелниот ростер. „Романтичарите“ очигледно ќе мора да прават темелен ремонт во обид да ја стабилизираат формата и резултатите во продолжението од сезоната. Од Дебар Маало си замина искусниот дефанзивец Виктор Велкоски, кој во пролетниот дел од ПМФЛ настапи на 14 натпревари. Велкоски, кој во клубот пристигна како слободен играч, зад ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1023
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
5.14
45%
1025
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
43%
1027
weather icon

Софија

20ᴼ / 16ᴼ
2.57
48%
1024
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.57
66%
1024
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
57%
1020
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
41%
1021
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
30%
1022
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
47%
1023
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
44%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
6.17
70%
1019
Currency

61.64

Currency

53.0805

Currency

71.3451

Currency

37.9041

Currency

38.3922

Currency

67.5436

Currency

7.81404

Currency

0.74609

Currency

0.33339

Currency

0.52505

Currency

1.16253

Currency

0.5548

Злато

144887.41

Алуминиум

3.65

Родиум

310254.70

Калај

54.15

Цинк

0.00

Сребро

2427.86

Паладиум

42889.10

Кобалт

45.39

Бакар

12.82

Рутениум

51376.89

Платина

61729.43

Иридиум

253540.09