Доколку Шкендија го елиминира азербејџански Карабах во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, во плејофот за влез во главната фаза од Лигата на шампионите ќе разигрува против Лудогорец или Ференцварош. Мечевите од плејофот за ЛШ ќе се играат на 19/20 и 26/27 август. Шкендија реваншот би го играла дома. Интересен пар од плејофот може да биде Црвена ѕвезда – Динамо Киев, ако Србите и Украинците поминат против полски Лех односно ...

Муралот изработен од уметникот ТВ Бој посветен на Ламин Јамал во една населба во Барселона, по вторпат е вандализиран, но сега не го ишкртаа како минатиот пат, туку на „суперменот“ од Барса му додадоа седумте џуџиња од приказната за „Снежана и седумте џуџиња“. Еве како треба да изгледа муралот: Сега околу Јамал се 7 џуџиња, а причината е јасна, организации за правата на луѓе со проблеми во растот негодуваа што на забавата по повод 18-тиот ...

Манчестер јунајтед ја освои Летната серија од Премиер лигата која се одржа во САД, на турнирот учествуваа Јунајтед, Евертон, Вест Хем и Борнмут, а Црвените ѓаволи се први со 7 бодови, откако синоќа ремизираа 2-2 со Евертон. Следниот пријателски натпревар на Манчестер јунајтед е против Фиорентина на 9-ти август, а на 17-ти играат против Арсенал во првото коло од Премиер лигата. Тимот од Манчестер доби и пехар, но капитенот Бруно Фернандеш беше ...

2832 ХЈК – Интер Турку (18.00 часот) Ова е дерби на финската лига, Интер Турку е лидер и тим кој во досегашните 17 кола нема пораз, а тимот од Хелсинки е четврти и има серија од три победи по ред. ХЈК е најефикасен тим во лигата, има дадено три гола повеќе од Интер. Тоа е тим кој ретко игра нерешено, само две ремија сезонава, а Интер дури седум пати одигра без победник. Во мај во Турку, беше 1-1, а последниот нивен дуел во Хелсинки заврши со ...

На Гренланд заврши националниот турнир за 2025 година, а шампионскиот пехар го крена клубот Б67 од главниот град Нук. Во големото финале, Б67 го победи ривалот ИТ79 со резултат од 2-1. Звучи неверојатно, но за да станете шампион на најголемиот остров во светот, треба да одиграте само пет натпревари! Лигата трае само шест дена, а тимовите играат три натпревари во групата и два во плејофот. Б67 по рекорден 16-ти пат ја освои титулата во Гренланд. ...

Супер типот на Sport Life и денеска е како магнет за обложувачите, има голем број богати квоти кои се поголеми од тие во билтенот и додатокот, а особено привлечен го прави речиси и да нема мали квоти кај фудбалските предлози. Тука се и два тениси кои се играат после полноќ, но реално е да испаднат добитни и да се искористат за подобрување на можната добивка. Фудбалската понуда е разновидна и за сечиј вкус, има шаренило од квоти и лиги од кои се ...

Дефанзивецот на Сао Паоло и соиграч на Кристијано Роналдо од 2016 година кога Португалија стана европски шампион, Седрик Соареш, зборуваше за тоа како неговиот поранешен репрезентативен колега се однесува кон мобилните телефони додека спие. „Во одредени периоди од денот, Кристијано престанува да го користи мобилниот телефон. Вели дека тоа влијае на неговиот сон, па затоа го остава телефонот надвор од спалната соба. Еден ден ми рече: Седрик, не ...

Квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life се со вкупен коефициент од 42.44. Квота од 1.95 за играта да има од еден до три гола во двете полувремиња, ќе најдете за мечот на ХЈК Хелсинки и Интер Турку. Sport Life нуди квота од 2.15 за победа на Висла на гостувањето кај Тихи, и притоа да има барем еден гол во првото полувреме. Ако верувате дека Гетеборг ќе даде гол во прво и 2 или повеќе на целиот меч прортив Дегерфорс, искористете ја ...

Македонскиот фудбалски првак Шкендија, доби скратен список кои би им биле можни противници во плејофот за Лигата на шампионите, во случај да го елиминира Карабах. Ждрепката е во 12 часот, а Шкендија ако го мине Карабах, во плејофот за влез во ЛШ ќе игра против некој од носителите. Тоа се: Бодо/Глимт, Селтик, победникот од Малме – Копенхаген, победникот од Лех – Црверна ѕвезда и победникот од Лудогорец – Ференцварош. Ако испадне од Карабах, ...

Шпанија и Франција одиграа неверојатно финале на јуниорското Европско првенство во кошарка на кое учествуваше и македонската репрезентација. Французите беа на прагот на победа, водеа со 79-71 на 41 секунда до крајот. На 34 секунди до крај, Шпанија намали на 73-79. Имаше и дополнително слободно фрлање, кое не беше искористено, но Шпанците ја фатија топката и за нивна среќа Гилјерно Дел Пино погоди тројка за 76-79. Потоа беше направен фаул над ...

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, постигнал усмен договор да се приклучи на Лос Анџелес ФК, објави новинарот Фабрицио Романо. Сон кој има 33 години, го одигра својот последен натпревар за Спарс во пријателскиот натпревар против Њукасл во Сеул во неделата, а еден ден претходно, Јужнокореецот ја објави својата одлука да го напушти клубот од Лондон по 10-годишен престој. Според изворот, Сон не се вратил во Велика Британија со тимот бидејќи ...

Интер Мајами ја објави состојбата на капитенот Лионел Меси на својата официјална веб-страница. Аргентинецот се повреди на натпреварот со мексиканска Некакса, напуштајќи го теренот уште во 11-тата минута. „Резултатите [од прегледот] потврдија блага повреда на мускулот на десната нога. Одлуката за неговото отпуштање од болница ќе зависи од неговата клиничка состојба и одговорот на третманот“, се вели во соопштението. Тренерот на Мајами, Хавиер ...

Шкендија нема големи шанси, само 15 отсто да го мине Карабах, и со тоа е најголем аутсајдер во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите во фудбал. Македонскиот првак беше потценет и против ФЦСБ, па приреди изненадување. Суперкомпјутерот и симулациите покажуваат дека Карабах е огромен фаворит и му се даваат 85 проценти шанси да се најде во плејофот за влез во лигашкиот дел на ЛШ. И квотите во Sport Life го поврдуваат тоа. За 20-те ...

Агон Елези постигна два, а Стефан Ристовски еден гол за Сараево на денешниот незаборавен дуел со Радник, кој заврши 4-4 и тоа откако Сараево водеше со 3-0 до средината на второто полувреме, па губеше 3-4, за на крај со гол за 4-4 да се спаси и да освои барем бод. Голот на Ристовски беше вистинско ремек дело со кое тој го зачини дебито во шампионатот на БиХ. Неговиот проектил го воодушеви и коментаторот кој повторуваше: „Какво е ова голчиште“. ...

На половина час пред почетокот на натпреварот помеѓу Партизан и Раднички 1923, преку разгласот на стадионот на Црно-белите во Белград беше пуштена песната „Добро знај да увек ту сам ја“ која ја пејат нивните најлути ривали, фановите на Црвена ѕвезда. Гробарите беа сериозно налутени кога слушнаа, и после првичниот шок и молк, почнаа гласно да негодуваат. После 30-тина секунди, песната беше прекината. Ова е голем кикс во организацијата и Гробарите ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, го одигра целото второ полувреме за Жирона на вечерашниот пријателски меч против премиерлигашот Вулверхемптон. Миовски влезе при резултат 0-0 на стартот на второто полувреме на местото на Уругваецот Кристијан Стуани, а само десет минути подоцна, малиот каталонски клуб водеше со 2-0. За жал Миовски не даде гол, а ова му беше втор настап за Жирона во подготвителниот период летово. Подоцна ...

Португалскиот фудбалер за врска, Жоао Паљиња, во претстојната сезона ќе игра за Тотенхем, и тоа како позајмен од Баерн Минхен. Платата на 30-годишниот Португалец сезонава целосно ќе му ја плаќа премиерлигашот, а Тотенхем ќе има опција (не е задолжително) следното лето да го откупи Паљиња за 30 милиони евра. Паљиња веќе има искуство од играње во Англија, во 2022 потпиша за Фулам каде имаше одлична прва сезона, а остана две сезони пред во јули ...

Желбите се едно, реалноста друго за женската одбојкарска репрезентација на Македнија која вечерва во „Борис Трајковски“ беше убедливо надиграна од Грција во дуел од квалификациите за Европското првенство. Во првиот сет македонските одбојкарки освоија само 8, а во вториот 11 поени. Конечно во третиот кој беше убедливо најнеизвесен, Македонија заигра добро, проработе и блокот, водевме со 17-12, но Грција со огромна серија направи пресврт, го зеде ...

Арда Ѓулер како и сите други фудбалери на Реал Мадрид ги ужива последните неколку дена од одморот пред да се врати на тренинг. Турскиот играч од средниот ред на социјалните мрежи објави видео каде што тој покажува дека има магија во левата нога. И покрај големата тешкотија да се постигне шут од таква далечина, Турчинот го направи тоа како детска игра. Баскетот влезе во кош, предизвикувајќи бран реакции. Во голем дел од коментарите се тврди дека ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Давид Луиз (38), пристигна на Кипар, каде треба да потпише договор со клубот Пафос. Пафос игра против Динамо Киев во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, и овој трансфер покажува дека се амбициозни. Давид Луиз долго играше во Европа, најпрвин во Бенфика, па во Челзи (со Сините ја освои Лигата на шампионите во 2012 година), ПСЖ и Арсенал, а до пред некој ден го носеше дресот на Форталеза со кој го ...

Грчкaтa кошаркарска ѕвезда Јанис Адетокумбо беше еден од играчите за кои се очекуваше можен голем трејд ова лето во НБА лигата. Фактот што Милвоки изминативе години не е доволно конкурентен го натера Јанис да размисли за промена на средината. Сепак, од таа опција на крајот нема да има ништо. Најсериозен интерес за Адетокумбо покажаа Њујорк никс, но тие решија да го продолжат договорот со Микал Бриџис на четири години, во вредност од 150 милиони ...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги откри своите планови да работи во клубот уште две децении. „Мојата цел е да го водам Манчестер Јунајтед уште 20 години. Навистина верувам во тоа, тоа е мојата цел. Но, знаеме дека резултатите ќе одредат сè. Знам дека ја исцрпив целата доверба минатата сезона, но сега одиме напред. Чекав пет години за да го презземам овој клуб, не сакам да не успеам“, изјави Аморим за Би-Би-Си. Аморим го презеде ...

Македонската репрезентација на кошаркари до 18 години заврши на 14-то место на Европското првенство во Белград, и тоа значи враќање во Б дивизија. Денеска во клучниот меч за опстанок, нашите таленти претрпеа пораз од Бугарија со 87-90. Бугарите имаа плус десет на три минути до крај, но тимот на селекторот Горан Андреевски не се предаде и намали на 84-86, а тогаш на 18,1 секунди до крајот, Скрински погоди тешка тројка од голема далечина во ...

Томас Парти, кој летово го напушти Арсенал, е на чекор до враќање во Ла Лига со можен трансфер во Вилјареал. 32-годишниот гански репрезентативец, против кого се води судски процес поради пет обвинувања за силување по тригодишна истрага, е многу блиску до потпишување едногодишен договор со шпанскиот клуб, пренесува шпанскиот „АС“. Вилјареал активно го зајакнува својот состав во обид да се подготви за враќање во Лигата на шампионите, откако ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, би можел да се врати на теренот до крајот на 2025 година. Еден од клучните играчи на баварскиот клуб се здоби со скршеница на ногата за време на Светското клупско првенство, по судирот со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Иако првичните прогнози беа загрижувачки, неговото заздравување напредува подобро од очекуваното. Мусијала сè уште се движи со патерици, но во Баерн владее оптимизам. „Процесот на ...

Во пријателски натпревар одигран во Сеул пред 64.000 гледачи, Тотенхем и Њукасл одиграа 1-1. Бренан Џонсон во четвртата минута и Харви Барнс во 38-та минута беа стрелци во првото полувреме, но мечот ќе остане запаметен повеќе по емотивното збогување на Хјонг-Мин Сон со клубот и сериозната повреда на Џејмс Медисон. Сон, кој вчера официјално потврди дека го напушта Тотенхем по 10 години, започна како капитен и стартер, во можеби својот последен ...

Темата околу Винисиус јуниор и понатаму е главен фокус во шпанските медиуми, и покрај тоа што Реал Мадрид се враќа на тренинзи во понеделник. Според медиумите блиски до клубот, постои јасен раскол меѓу изјавите и однесувањето на бразилскиот напаѓач. Имено, додека за време на турнејата во САД јавно изјави дека сака долгорочно да остане во клубот, неговите постапки, според новинарите, укажуваат на спротивното. Како што пренесува „Дефенса Централ“, ...

Интер, актуелниот вицешампион на Италија, постепено се повлекува од намерата да го ангажира нигерискиот напаѓач Адемола Лукман од Аталанта и, според италијанските медиуми, веќе ги префрла своите фокус и преговарачки напори кон Кристофер Нкунку од Челзи. Лукман беше еден од главните приоритети за засилување на Интер ова лето, но понудата од 45 милиони евра беше одбиена од Аталанта, која јасно стави до знаење дека нема да го пушти својот најдобар ...

Бразилската ѕвезда на Барселона, Рафиња, упати јасно предупредување до Маркус Рашфорд, кој неодамна се приклучи на клубот како позајмен играч од Манчестер јунајтед. Според Рафиња, конкуренцијата во нападот на Каталонците ќе биде жестока, но тоа само ќе го подигне нивото на тимот бидејќи се стреми да се бори за трофеи следната сезона. Рашфорд ќе мора да се избори за место во тимот каде во нападот има фудбалери од калибарот на Рафиња, Ламин Јамал, ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и понатаму е во фокусот на трансфер шпекулациите, иако моментално е дел од подготовките на Лајпциг и настапува на пријателски натпревари. Се чини дека тешко ќе остане дел од германскиот клуб во новата сезона, поради што неговото име речиси секојдневно се поврзува со различни клубови низ Европа. Досега се споменуваа опции за враќање во Торино, преселба во Шпанија, останување во Италија или продолжување во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
62%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
82%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
77%
1021
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.56
84%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
92%
1008
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
58%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
41%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
93%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
77%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1010
Currency

61.625

Currency

52.4864

Currency

70.6304

Currency

34.6542

Currency

37.5876

Currency

66.0354

Currency

7.38697

Currency

0.63847

Currency

0.35105

Currency

0.52596

Currency

1.26145

Currency

0.59233