Селекторот на Англија, Томас Тухел, планира да направи неколку измени во составот за последниот натпревар во групната фаза од Светското првенство, против аутсајдерот Панама. Сѐ уште не е познато дали Деклан Рајс ќе биде подготвен за настап, откако почувствувал болка за време на натпреварот со Гана и беше заменет. Играчот на Арсенал подоцна откри дека веќе шест месеци игра со слична невролошка болка. Проблемот не е сериозен, но најверојатно ...

Репрезентацијата на Хрватска игра против Гана и не смее да загуби ако сака да обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Избраниците на Златко Далиќ ќе имаат тешка задача против африканската селекција, откако претходно загубија од Англија (4-2) и минимално ја победија Панама со 1-0. Англичаните имаат релативно полесна задача и со триумф над Панама ќе го осигураат првото место во групата. Селекторот Томас Тухел има одредени ...

Англија вечерва од 23 часот ќе се соочи со Панама во натпревар од третото коло во групата Л, во која настапува и Хрватска. Англичаните во првото коло ја совладаа Хрватска со 4-2, благодарение на одличното второ полувреме, но потоа разочараа со ремито без голови против Гана. Со тој резултат тимот на Томас Тухел си ја искомпликува битката за првото место во групата. За да го осигура лидерското место, Англија мора да ја победи Панама, доколку во ...

Англиската фудбалска репрезентација ја совлада репрезентацијата на Панама со 2:0 во последниот натпревар од групата Л на СП и без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето. Избраниците на селекторот Томас Тухел ја завршија групната фаза без примен гол и со максимална самодоверба влегуваат во елиминацискиот дел од турнирот. Од друга страна, репрезентацијата на Панама го заврши настапот со три порази, без освоен бод и без постигнат ...