Италијанскиот шампион, Интер, денеска го одигра првиот контролен натпревар од летните подготовки во Германија, победувајќи го аматерскиот состав Асен со убедливи 16:0. Средбата се одигра зад затворени врати. Контролниот натпревар му послужи на тренерот Кристијан Киву да ги провери фудбалерите кои се вратија од позајмици, меѓу кои Павар, Аслани и Акинсанмиро, како и неколку таленти од младинската школа – Марело, Москони и Топаловиќ. The ...

Во Реал Мадрид веќе ги одредиле првите двајца фудбалери кои би можеле да го напуштат клубот по враќањето на Жозе Мурињо. Станува збор за дефанзивецот Раул Асенсио и играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, иако ниту еден од нив нема желба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Покрај нив, можно е клубот да се раздели и со еден од младите напаѓачи – Ендрик или Гонсало Гарсија. Од друга страна, првичниот план Франко Мастантуоно да биде ...

Нејмар на неславен начин го заврши последното Светско првенство кога Бразил беше елиминиран во осминафиналето од Норвешка. По таа елиминација, Нејмар доби денови за одмор кои ги искористи играјќи покер и уживајќи во слободното време. Најпознатиот бразилски фудбалер требаше да се врати во тимот на Сантос, но наместо да патува со екипата во Венецуела на меч во Судамерикана купот, Нејмар беше дел од зимското издание на бразилското првенство во ...

Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа и официјално стави крај на својата богата професионална кариера, завршувајќи едно незаборавно 22-годишно патување во фудбалот. Очоа, кого многумина го сметаат за еден од најдобрите голмани во историјата на мексиканскиот фудбал, емотивно се прости преку објава на социјалните мрежи. „Никогаш не можев да замислам колку далеку ќе ме одведе еден сон. Денес можам само со гордост да погледнам назад и да ...

Финалето на Светското фудбалско првенство беше настан на којшто сигурноста мораше да биде на највисоко ниво. На трибините беше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој на крајот ѝ го додели шампионскиот трофеј на најдобрата репрезентација, а тоа беше Шпанија. За да биде безбедноста на највисоко ниво, беа вклучени и повеќе од десетина снајперисти на стратешки позиции околу стадионот. Снајперистите беа поставени на високи точки со целосен ...

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, екипата на Скопје загуби во полуфиналето од квалификацискиот турнир во Лига на шампиони, кој што се одржува во Полска. Нашите фудбалерки претпладнево беа поразени со 4:0 од првакот на Ирска, тимот на Алтхоне. Дефанзивата издржа само 19. минути кога беше постигнат првиот гол, за да пред полувреме веќе биде 2:0 благодрение на голот во 43 минута. Во вториот дел Алтхоне постигна уште два ...

По завршувањето на Светското првенство, главна тема во светскиот фудбал повторно се трансферите кои се очекува да се случат летово. Според најавите од новинарот Дејвид Орнштајн, Ал-Хилал постигнал договор со Вест хем јунајтед за трансфер на холандскиот крилен напаѓач Крисенси Самервил. Најавите се дека вредноста на трансферот е околу 80 милиони евра, додека 24-годишниот репрезентативец на Холандија наскоро треба да помине лекарски преглед ...

Искусниот англиски напаѓач Џејми Варди има 39 години, но уште не планира да оди во пензија. Минатата сезона настапуваше за италијанскиот калчолигаш Кремонезе, но договорот беше на една сезона и откако истече, летово е без клуб. Пред да дојде во Кремонезе, Варди му беше верен на Лестер дури 13 години, клубот со којшто стигна до светска слава откако во 2016 година ја освои титулата во англиската Премиер лига. За Лестер одигра повеќе од 500 меча ...

Светското првенство, чиј домаќин ќе биде Саудиска Арабија во 2034 година, би можело да се помести и би добиле нов светски шампион во 2035 година. Британскиот „Сан“ пишува за можноста турнирот во Саудиска Арабија да не се одржи во целост во текот на 2034 година, туку да заврши на почетокот на 2035 година. Организацијата на турнирот во Саудиска Арабија би се соочил со проблемот на екстремно високи летни температури уште од самиот почеток. Тој ...

Шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија се најде во центарот на вниманието откако беше промовирана како новата девојка на Ламин Јамал. По завршувањето на финалниот меч, Инес Гарсија беше на теренот и славеше заедно со Јамал. Сепак, потоа пристигнаа лавина навреди и критики на нејзина сметка на социјалните мрежи. Најпрво многумина коментираа дека постои наводната дистанца помеѓу Јамал и неговата девојка и дека тој не ѝ посветил доволно внимание ...

Фудбалските репрезентации на Аргентина и на Шпанија би можеле повторно да се сретнат до крајот на оваа година. Според повеќе извори, во ноември може да се случи да се игра одложениот меч на популарната Финалисима, односно дуелот меѓу актуелниот европски и актуелниот јужноамерикански шампион. Шпанија е на континенталниот трон на Европа, а Аргентина е владетел во Јужна Америка, па нема да биде чудно ако овие две репрезентации повторно се ...

6717 Нефчи – Динамо Минск (18 часот) Динамо Минск го елиминира Силекс, но не покажа завиден квалитет во двомечот. Нефчи ќе го искористи домашниот терен и ќе слави триумф. Предлог тип: 1 (1.96) 6719 Башакшехир – Интер Турку (19.45 часот) Турскиот претставник е голем фаворит на овој меч и типуваме дека ќе слави со неколку голови во мрежата на Интер Турку. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.78) 6720 Вардар – Рига (20 часот) Вардар нема да загуби и ...

Македонскиот првак Вардар вечерва (20 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува летонскиот тим Рига во првиот меч од втората рунда во Конференциската лига. Црвено-црните според квотите, не важат за фаворити, напротив, но репрезентативецот Бобан Николов е убеден дека тој и соиграчите можат да стигнат до победа. „Ќе биде тежок натпревар, Рига е квалитетен тим, но мислам дека сепак многу работи ќе зависат од нашата игра. Доколку ...

Фудбалот има доминантна улога оваа среда во Супер типот, иако мала разновидност носи и тенисот. Секако, сите „16 избрани“ имаат максимално зголемени квоти. Понудата стартува од 12.30 часот со фудбал и тенис, Сеул се среќава со Поханг стилерс, а и Кава ќе се сретне со Бадоса во тениската пресметка. Зголемени се квотите на Сеул, Бадоса, Радивојевиќ, Нефчи, Омонија, Викинг, Левски, Рига, Абердин, Целје, Брага, Палмеирас, Филаделфија, Ванкувер, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сака актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино, да стане нов генерален секретар на Обединетите нации, пренесува „Њујорк Пост“. Според истиот извор, Трамп планира да го номинира 56-годишниот Швајцарец за наследник на Антонио Гутереш, чиј мандат завршува кон крајот на годинава. Наводно, американскиот претседател смета дека Инфантино е личност која ужива голема почит во светот и има способност да ...

Денешните Квоти на денот се фудбалски, а меѓу нив е и дуелот Вардар – Рига, кој вечерва ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Петте предлози носат вкупен коефициент 50,45. Омонија го пречекува Каират, а квотата на денот е 2.45 ако победи домаќинот и на натпреварот бидат постигнати најмногу три гола. Левски игра против Универзитатеа Крајова и ако не загуби, а на мечот има два до четири гола, квотата на денот е 2.05. ...

Трансферот на Хулијан Алварес повторно е во центарот на вниманието, откако во шпанската емисија „Ел Чирингито“ беше објавено дека Атлетико Мадрид и Арсенал постигнале начелен договор за евентуална преселба на аргентинскиот напаѓач. Сепак, и покрај договорот меѓу двата клуба, зделката е далеку од конечна реализација. Според информациите, Арсенал е подготвен да издвои 50 милиони евра, а како дел од трансферот да го понуди и шведскиот голгетер ...

Челзи и официјално го потврди трансферот на крилниот напаѓач Морган Роџерс од Астон Вила. Англискиот репрезентативец потпиша договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“ до летото 2033 година. Според претходните информации на британските медиуми, Челси за неговите услуги ќе плати 117 милиони фунти, односно околу 137 милиони евра. Со тоа, Роџерс стана најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб. Досегашниот рекорд му припаѓаше на Енцо ...

Раководството на Реал Мадрид ја променило својата позиција околу можноста за ангажман на играчот за врска на Манчестер сити, Родри. Според повеќе шпански извори, трансферот станува сè пореален, особено бидејќи фудбалерот има голема желба да го облече дресот на Кралскиот клуб. Реал Мадрид не би требало да има проблем при договорот за личните услови со Родри. Триесетгодишниот шпански репрезентативец е подготвен и на финансиски отстапки за да ...

Потенцијалниот ривал на Вардар во следното коло од Конференциската лига, унгарски Ѓер, забележа убедлива победа на гостувањето во Луксембург и славеше над Бисен со 2-6. Сепак, за да дојде до меч помеѓу шампионите на Македонија и Унгарија, потребно е Вардар да ја елиминира Рига. Во квалификациите за Лигата на шампионите се одиграа низа натпревари, а фудбалерите на Црвена ѕвезда славеа со убедливи 0-4 на гостувањето кај Ларн во Северна Ирска. ...

Шпанскиот репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е една од опциите за новото засилување на Реал Мадрид, објавува „Л’Екип“. Торес е член на Барселона од зимата 2022 година и има договор со каталонскиот клуб уште една сезона. Пред да пристигне на „Камп Ноу“, настапуваше за Валенсија и Манчестер Сити. Во пресрет на Светското првенство се шпекулираше дека е многу блиску до трансфер во ПСЖ, но тие информации со текот на времето ...

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, повторно побара Џани Инфантино да биде сменет од функцијата, притоа оценувајќи дека „вистинскиот тим“ ја освоил светската титула. Во неделата, Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и стана светски шампион. Аргентинците беа жестоко критикувани поради прекумерната агресивност во играта и малкуте создадени шанси за гол. Мундијалот беше историски по тоа ...

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, најави дека би можел да стави крај на својата репрезентативна кариера. Барем така може да се протолкува неговата последна објава на социјалните мрежи. „Сонував повторно да ја освоиме светската титула, сонував повторно да ја вратиме во Аргентина и уште еднаш да испишеме историја“, напиша чуварот на мрежата на „гаучосите“. Сепак, токму следните зборови предизвикаа голема загриженост во Буенос Аирес. ...

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, ќе гласа за Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година, објавија француските медиуми. Иако не е негов безрезервен поддржувач, Дијало не сака да влезе во конфликт со првиот човек на светскиот фудбал, особено поради амбициите на Франција да биде домаќин на Светското првенство во 2038 година. Се очекува ова да бидат едни од најпредвидливите избори во ...

Второ лето по ред се шпекулира дека капитенот на новиот светски шампион Шпанија и најдобар фудбалер на Мундијалот, Родри, би можел да се пресели во Реал Мадрид, а на оваа тема се огласи и познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо. Според Романо, играчот од средниот ред на Манчестер Сити е подготвен да се врати во својата татковина и дури сонува за трансфер во Реал Мадрид. Од англискиот клуб уште во април му понудиле продолжување на ...

Европскиот настап на Вардар продолжува со двомеч против Рига во Конференциската лига, а првиот дуел се игра веќе утре во Скопје. Најдобриот стрелец на македонскиот шампион, Азер Омерагиќ, верува во позитивен резултат против Рига. Штета што не го елиминиравме Купс, но на ревншот покажавме дека можеме да одиграме квалилтетно. Имаме желба и верувам дека може да стигнеме до позитивен резултат пред реваншот. Задоволни сме со позитивен резултат, ...

Вардар по елиминацијата од Купс, го продолжува европскиот настап со двомеч против летонскиот шампион Рига. Првиот дуел се игра утревечер во Скопје, а тренерот на актуелниот шампион на Македонија, Кристијан Фабијани, верува дека Вардар може да ги израдува навивачите со позитивен резултат. „Со голема желба го чекаме утрешниот меч. Голема самодоверба ни даде победата во Финска кога покажавме дека можеме да одиграме добро. Верувам дека може да ...

Ливерпул се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Барселона, Феран Торес, кој со победничкиот гол во финалето против Аргентина ѝ ја донесе светската титула на Шпанија. Според француски „Л’Екип“, англискиот гигант сериозно ја разгледува можноста да испрати понуда за шпанскиот репрезентативец, но во битката за неговиот потпис ќе има силна конкуренција од Пари Сен Жермен. Пред почетокот на Светското првенство во 2026 година речиси ...

Шампионите на Македонија и Летонија, Вардар и Рига, беа елиминирани во првото коло од Лигата на шампионите, па настапот во Европа го продолжуваат со меѓусебен двомеч во Конференциската лига. Првиот дуел се игра утревечер во Скопје, а тренерот на Рига е свесен за големината на македонскиот шампион и вели дека очекуваат тежок меч. „Свесни сме дека европскиот пат продолжува. Свесни се момците дека не се игра секој ден во Европа, и дека секој ...

Организацијата на Светското првенство во САД предизвика бројни критики од навивачите и истакнатите фудбалски функционери, а најновиот во низата од оние кои ја „нападнаа“ ФИФА е Хавиер Тебас. Првиот човек на шпанската Ла Лига не штедеше зборови во својата последна критика кон ФИФА и нејзиниот лидер Џани Инфантино, на кого му порача дека мора да се повлече од функцијата претседател. „ФИФА ги организира работите како што им одговара и за свои ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87