Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, по одбраната на трофејот во најелитното натпреварување, успеа да го повтори успехот и во европскиот Супер куп. „Светците“ вторпат по ред го кренаа и овој трофеј, откако во финалето во Салцбург славеа со 2-1 над освојувачот на Лигата на Европа, Астон вила. Квича Кварацкелиа во 20-тата минута го донесе ПСЖ во водство од 1-0. На 1-1 израмни Браја Маџо, кој со овој гол влезе во историјата како ...

Новото засилување на Манчестер сити, Елиот Андерсон, призна дека сака со своите настапи да покаже дека вреди за огромната сума која клубот ја плати за неговиот трансфер. Англискиот репрезентативец летово пристигна од Нотингем Форест за 116 милиони фунти, што е втор најскап трансфер во историјата на британскиот фудбал. Андерсон би можел да дебитира за Сити уште в недела, во натпреварот за Комјунити Шилд против Арсенал. „Неверојатно сум среќен ...

Чави Ернандес се враќа на тренерската сцена, но овојпат во сосема поинаква улога. Поранешниот тренер на Барселона ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Холандија. Шпанецот на оваа позиција доаѓа на местото на Роналд Куман, кој ја напушти селекторската позиција по неуспехот на Светското првенство. За Чави Ернандес тоа ќе биде нов предизвик во кариерата, откако претходно ја водеше Барселона и со каталонскиот клуб ја освои Ла Лига. Чави ...

Ромелу Лукаку и официјално е нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот гигант го потврди трансферот на белгискиот напаѓач од Наполи, за кој ќе плати шест милиони евра, плус бонуси. 33-годишниот Лукаку ќе потпише договор на една година, со можност за продолжување на уште една сезона. Тој вечерва треба да пристигне во Истанбул, откако вчера ги мина лекарските прегледи. 📹 Yeni transferimiz Romelu Lukaku’dan mesajınız var. pic.twitter.com/I3NxyBzzoS ...

Хулијан Алварес е разочаран од разговорот со Диего Симеоне по враќањето на тренинзите во Атлетико Мадрид. Според „Спорт“, Аргентинецот очекувал поголемо разбирање од својот сонародник за неговата желба да се пресели во Барселона. Алварес се надевал дека Симеоне ќе застане зад него и ќе се обиде да го убеди раководството на Атлетико да го пушти. Наместо тоа, тренерот само ја повторил клупската позиција дека напаѓачот не е за продажба. Симеоне ...

Во време кога и фудбалери во најдобрите играчки години решаваат да заминат од Европа и да ги прифатат богатите понуди кои пристигнуваат од Саудиска Арабија или САД, малку се оние кои приоритет му даваат на спортот. Еден од оние кои реши да ги одбие милионите од Саудиска Арабија за да остане да игра елитен фудбал е напаѓачот Илиман Ндијае. Репрезентативецот на Сенегал и член на англискиот премиерлигаш Евертон доби богата понуда за трансфер во ...

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Вардар, имаше победничко враќање на турнирот во Струга. „Црвено-црните“ во првото коло од групната фаза забележаа убедлива победа од 39-29 над Прилеп. Вардарци победата ја најавија уште во првото полувреме, после кое имаа водство од 18-13. Вардар, заедно со освојувачот на Европскиот куп, Охрид, важат за фаворити за пласман во големото финале на 54-тото издание на турнирот. Пелистер и Вардар се ...

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ и официјално има нов клуб откако турскиот гигант Бешикташ се пофали на социјалните мрежи со негова фотографија. Влаховиќ се сели во Турција како слободен фудбалер, откако му истече договорот во Јувентус. Иако сè уште не се откриваат деталите од договорот со Бешикташ, шпекулациите се дека Србинот во Турција ќе заработи околу 40 милиони евра. pic.twitter.com/qRHZROQbP0 — Beşiktaş JK (@Besiktas) ...

Голманот на Милан, Мајк Мењан, го одложи враќањето од одмор и неговото приклучување кон подготовките на тимот. Во меѓувреме се појавија информации дека интересот за францускиот репрезентативец од Ал-Наср повторно се активирал. Мењан и претходното лето беше подготвен да го напушти Милан, откако доби сериозна понуда од Челзи, но Росонерите тогаш не сакаа да го пуштат. Французинот беше убеден да остане во клубот од тренерот Масимилијано Алегри, ...

Некогашната голема светска фудбалска ѕвезда, Пол Погба, никако не успева да се врати во стартиот ритам. Фудбалерот кој неколку години беше надвор од фудбалот поради допинг-скандалот, минатата сезона се обиде да се врати во форма играјќи за тимот на Монако. Сепак, Погба одигра едвај шест натпревари, додека поголем дел од сезоната го пропушти поради повреди. Дека и во новата сезона ситуацијата веројатно нема да биде ништо поинаква, се потврдува ...

Шкендија по победата во големото дерби над Вардар со 0-2 се насочува кон европските обврски и дуелот против Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига. Иако екипата имаше набиена агенда и тешки натпревари, сепак, тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани, очекува победа и пласман во плеј-офот. „Беше тешка недела за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, па моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. ...

Лионел Меси ги живее најтешките денови од животот. Пред неколку дена почина неговиот татко Жорге, кој беше негова најголема потпора во животот. По неколку дена молк, денеска на социјалните мрежи со емотивно писмо се јави Меси. Долго и со многу емоции беше писмото на Меси упатено како последен поздрав за неговиот татко. На таа објава на Меси стигнаа илјадници пораки за поддршка на Меси, а една од пораките беше упатена директно од Кристијано ...

Стратегот кој во изминативе речиси 10 години се прослави како селектор на Хрватска, од денеска има нова работа. Златко Далиќ е нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, а договорот е до 2030 година. Хрватот си замина од селекторската позиција на Коцкестите по завршување на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, па јасно беше дека во скоро време треба да добие нова работна задача. Официјално не се обелоденети ...

Лионел Меси со емотивна порака испратена на социјалните мрежи се збогува со својот татко Жорге, кој почина по тешка болест. Еден од најдобрите фудбалери во историјата ја сподели својата длабока болка со јавноста, признавајќи дека му е исклучително тешко да ја прифати загубата на човекот кој му беше најголема поддршка во животот. Неговиот татко го следеше секој негов чекор во текот на целата негова кариера, извршувајќи ги улогите на ментор, ...

Еден од големите новитети во шпанското првенство, кое ќе започне оваа сабота, ќе биде топката – Puma Stellar Nitro Ultimate. Оваа топка ќе им помага на судиите, а ќе има и други спортски и аудиовизуелни апликации. Тоа е топка со сензор внатре кој не може да ја менува траекторијата на ударот. Тежи 15 грама и овозможува секоја сила што се применува на топката да се мери со акцелерометар и жироскоп. Сепак, треба да се полни. Целосното полнење ...

Холандија го разгледува Роберто Мартинес како неочекуван кандидат за испразнетото селекторско место. Тој треба да го наследи Роналд Куман. Претставници на Холандската фудбалска федерација веќе одржале приватна средба со Мартинес во Малага, каде што разговарале за можноста тој да ја преземе репрезентацијата. Доколку биде назначен, Мартинес би станал првиот странски селектор на Холандија по речиси 50 години. Роберто Мартинес на Светското ...

Елиминацијата на Црвена ѕвезда во квалификациите од Лигата на шампионите предизвика многу реакции во српскиот првак. Црвено-белите на хартија важеа за големи фаворити во двомечот против Хапоел Бер Шева од Израел, но на теренот ситуацијата беше сосема поинаква. Израелците победија на двата меча, прво со 1:0, а потоа и со 2:0 во Белград. Поради оваа неочекувана елиминација, тренерот на Црвена ѕвезда, Дејан Станковиќ, поднесе оставка, а денеска ...

Заминувањето на Пеп Гвардиола е очигледно крај на една ера за Манчестер Сити, бидејќи доаѓањето на Енцо Мареско донесе некои промени во клубот. Навикнати бевме Сити да биде многу активен на трансфер пазарот и да троши огромни суми пари за време на преодниот рок, но ова лето тоа не е случај. Граѓаните не го променија премногу својот состав за новата сезона и јасно е дека Мареска е задоволен од тимот што го имаат на располагање. Сепак, да не ...

Бразилскиот фудбалски великан Сао Пауло се најде во фокусот, но не поради резултатите кои ги постигнува туку поради еден неверојатен скандал. Тимот на Сао Пауло рано утрово го играше првиот меч од осминафиналето во Судамерикана купот на гости во Боливија против Боливар, а резултатот беше 1:1. Сепак, спортскиот дел остана во втор план, откако автобусот бил сопрен од полиција за рутинска контрола. Во автобусот во кои се возеле фудбалерите на ...

Дел од аргентинските репрезентативци кои направија хаос по завршување на финалето на Светското фудбалско првенство, сега ја плаќаат цената на нивната непромисленост. Шпанија со 1:0 славеше над Аргентина благодарение на голот на Феран Торес. По завршување на финалето, дел од аргентинските играчи едноставно не можеа ферски да го прифатат поразот. Со својот некоректен однос посебно се истакнаа Леандро Паредес, Нахуел Молина и Тијаго Алмада, кои ...

Менаџерот на Астон вила, Унаи Емери, е решен да продолжи да го води клубот кон нови височини. Тимот од Бирмингам се подготвува за дуелот со европскиот шампион Пари Сен Жермен во натпреварот за Суперкупот на Европа откако минатата сезона стави крај на 30-годишното чекање на голем трофеј. Астон вила во мај го совлада Фрајбург со 3-0 во финалето на Лигата на Европа, со што Емери ја освои рекордната петта титула во ова натпреварување. За клубот, ...

Тотенхем сериозно се вклучи во трката за Фоларин Балогун, пренесува „Л’Екип“. Англискиот клуб во последните 24 часа ги поставил темелите за преговори со Монако за американскиот репрезентативец, а потенцијалниот трансфер би можел да достигне околу 60 милиони евра. Балогун има 25 години и е под договор со Монако до 2028 година, а стана најозборуван фудбалер на Светското првенство откако му беше поништен црвен картон за да игра на мечот против ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека во моментов нема јасна слика на кое ниво се неговите фудбалери. Дел од играчите на тимот му се приклучиле на подготовките минатата недела, додека други се вратиле дури вчера. ПСЖ вечерва ќе се соочи со Астон вила во натпреварот за Суперкупот на Европа, кој ќе се одигра во Салцбург. „Цело лето се одморавме. Свежи сме и среќни што повторно сме заедно. Играчите постепено се враќаат. Сезоната ...

Црвена ѕвезда ги разочара своите навивачи откако беше елиминирана во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Српскиот првак беше голем фаворит, но синоќа на својот стадион „Рајко Митиќ“ загуби со 0:2 од Хапоел Бер Шева. Ако се додаде дека израелскиот шампион победи и на првата средба со 1:0, тоа значи дека Црвена ѕвезда е елиминирана од ова натпреварување со вкупен резултат од 0:3 по двата натпревари. Ваква убедлива ...

6743 Рапид Виена – Паиде (18 часот) Рапид Виена е голем фаворит и ќе слави и на денешниот меч. Типуваме дека ќе има и најмалку четири гола на овој дуел. Предлог тип: 1 & 4+ (1.86) 6744 Катовице – Хапоел ТА (18 часот) Катовице има негатива од два гола од првиот натпревар и ќе мора да атакува на победа. Предлог тип: 1 (2.00) 6745 Копенхаген – Дебрецен (18 часот) Копенхаген има предност од првиот меч, но типуваме дека ќе слави уште еднаш, ...

Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договор со клубот. Станува збор за талентиран бек-шутер, кој откако ги мина сите младински национални селекции, летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија, во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. Охриѓанецот ...

Еден од најталентираните млади фудбалери, Дастан Сатпаев, денеска го слави 18-тиот роденден и станува полнолетен. Со тоа што наполни 18 години, Сатпајев и официјално стана нов фудбалер на англискиот гигант Челзи. Овој договор меѓу Челзи и Сатпаев беше постигнат уште во февруари 2025 година, кога тинејџерот имаше само 16 години. Сепак, поради правилата на ФИФА кои ограничуваат трансфери на малолетници, не дозволуваше Сатпаев да се пресели во ...

Дејан Станковиќ повеќе нема да ја предводи Црвена ѕвезда откако синоќа хаотично си замина по неуспехот со Хапоел Бер Шева без да одржи и прес-конференција. Неговата оставка се очекува да биде официјално потврдена на денешната седница на Управниот одбор на клубот, закажана за напладне. По новиот неуспех во квалификациите за Лигата на шампионите, Станковиќ решил да ја напушти клупата на белградскиот клуб, а конечната одлука за неговиот статус ...

Денешниот Супер тип носи речиси подеднаква понуда од фудбалот и тенисот. Се разбира, сето тоа со максимално зголемени коефициенти. Натпреварите стартуваат претпладне, а се протегаат низ текот на целиот ден, до доцна во ноќта. Зголемени се коефициентите на Хајделберг, Нилс, Чекинато, Виртанен, Катовице, АЕК, Шварцлер, Орландо пиратс, Шелбајх, Кајзер чифс, Гомес, ПСЖ, Палмеирас, Платенсе, Тигре, Швјонтек. Денешниот Супер тип носи речиси ...

Пари Сен Жермен и Барселона постигнале договор за трансферот на напаѓачот Феран Торес, тврдат француските медиуми. Двата клуба се договориле за трансферот на 26-годишниот фудбалер, кој го постигна победничкиот гол за Шпанија во финалето на Светското првенство против Аргентина. Барселона ќе добие 55 милиони евра за Торес, а во сумата се вклучени и бонуси. Сега останува да се договорат последните детали пред лекарските прегледи и потпишувањето ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
42%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
3.58
35%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
83%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
50%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.45
44%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.49
94%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
32%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 28ᴼ
1.03
42%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.79
36%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
6.17
68%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
40%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
6.69
100%
1015
Currency

61.525

Currency

52.7416

Currency

71.8834

Currency

37.7016

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Кобалт

56.29

Паладиум

42503.29

Рутениум

53852.50

Бакар

13.24

Злато

148819.38

Алуминиум

3.22

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.15

Сребро

2183.57

Платина

59318.13

Родиум

282926.57