Третото прволигашко коло започнува со дуел во Гостивар на двете екипи кои имаа најслаб старт на првенството. И Арсими и Башкими имаат по нула бодови, но и катастрофална гол-разлика од 1:20. Екипата од Чегране загуби со 5:1 од Тиквеш и со 4:0 од Брегалница, додека кумановци беа поразени со 6:0 од Силекс и со 5:0 од Тиквеш. Токму затоа овој меч е можност за една од екипите да излезе од кризата, а според составот, поблиску до такво нешто е ...
Башкими сè уште е без освоен бод во новата сезона од Првата лига, откако претрпе два тешки пораза во првите две кола. Со дури 11 примени гола и ниту еден постигнат, клубот од Куманово имаше лош старт, но во екипата веруваат дека со промената на стручниот штаб и доаѓањето на новиот шеф, Шабан Сулејмани, работите ќе тргнат во позитивна насока. Следен ривал на кумановци е екипата на Арсими, денеска од 16:30 часот, која исто така е без бодови по ...
Арсими конечно ја дочека првата радост во новата сезона, откако со минимални 1:0 го совлада Башкими на Градскиот стадион во Гостивар, во првиот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегоа во натпреварот со желба да стигнат до првиот позитивен резултат, а победничкиот момент пристигна во самиот финиш. Диего Контрерас го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој му донесе три големи бодови на ...

