Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Пет меча со квоти помеѓу 1.90 и 2.50 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Искомбинирани на еден тикет, петте предлози прават одлична квота од 40.9. Најголемата квота од 2.50 ќе биде добитна ако во првото полувреме на мечот помеѓу Виборг и Архус има еден или два гола, но и најмалку три на целиот натпревар. Квотата од 2.05 за дуелот на Розенборг и Викинг ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во првото ...
Иднината на Родри и понатаму е неизвесна, иако пред само една недела изгледаше дека трансферот во Барселона е речиси договорен. Преговорите меѓу каталонскиот клуб и Манчестер сити во последните денови заглавија, откако „граѓаните“ одбија понуда од 51,3 милиони евра. Според последните информации, англискиот клуб бара околу 20 милиони евра повеќе за својот играч. Во меѓувреме, познатиот новинар Фабрицио Романо објави фотографија од Родри на ...
Виктор Осимен би можел да го напушти Галатасарај по само две години и да направи голем трансфер во Арсенал. Првите разговори меѓу клубовите веќе се одржани, а „топчиите“ веруваат дека трансферот може да биде реализиран до крајот на преодниот рок. Интересно, преговорите првично започнале поради Габриел Мартинели. Галатасарај понудил 45 милиони евра за Бразилецот, но челниците на Арсенал ја искористиле средбата за да разговараат и за Осимен. ...
Критиките за настапот на Мундијалот не го спречија Нејмар да одговори со одлична игра на теренот. Бразилската ѕвезда одигра одличен натпревар за Сантос во Копа Судамерикана и со две асистенции му помогна на тимот да слави со 2:1 против еквадорска Макара во првиот осминафинален натпревар. Сантос рано се најде во негатива, откако Франко Посе погоди уште во четвртата минута. Нејмар потоа презеде одговорност и пред паузата му асистираше на ...
Саудискиот гигант Ал-Хилал стапил во контакт со Галатасарај за да ги дознае условите под кои би можел да го ангажира Виктор Осимен. Турскиот шампион е подготвен да разгледа продажба на нигерискиот напаѓач за 65 милиони евра, но клучен ќе биде ставот на самиот фудбалер. Осимен мора да се согласи на преселба во Саудиска Арабија за трансферот да може да биде реализиран. Осимен е еден од најпознатите напаѓачи од својата генерација, а најголем ...
Феран Торес ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на шпанскиот напаѓач, а каталонскиот гигант ќе инкасира 50 милиони евра. Торес се очекува уште утре да отпатува во Париз, каде што треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со актуелниот европски шампион. Шпанецот уште од самиот почеток на преговорите јасно ставил до знаење дека неговата желба е ...
Шпанскиот стратег Алберт Риера е нов тренер на Црвена ѕвезда, откако клубот остана без Дејан Станковиќ, кој поднесе оставка по елиминацијата од Лигата на шампионите и поразот од Хапоел Бер Шева. Раководството на белградскиот клуб експресно реагираше и изборот падна на Риера, кој во следните денови треба да пристигне во Белград за да го финализира договорот и официјално да го преземе тимот. За Црвена ѕвезда ситуацијата е итна, бидејќи клубот ...
Шкендија не успеа да направи пресврт против Хибернијан и го заврши настапот во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовскиот тим одигра 0:0 на домашен терен, што по поразот од 2-1 во првиот натпревар значеше елиминација. По натпреварот, тренерот Артим Положани истакна дека е задоволен од пристапот на своите фудбалери, но жали што Шкендија не успеала да го круниса притисокот со гол. „Oдигравме подобро во вториот дел со ...
Шкендија го заврши настапот во европските натпреварувања откако одигра 0-0 против Хибернијан во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовскиот тим не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар во Единбург и со вкупни 1-2 му го препушти пласманот во плеј-офот на шкотскиот состав. Хибернијан во следната рунда ќе игра против белгиски Гент. Шкендија подобро го започна натпреварот и прва создаде опасност. По ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Ирска со 58-83 во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16-тото место на Европското првенство, кое се одржува во Македонија. Избраниците на македонската селекција одиграа солидно прво полувреме и на паузата заминаа со само два поени негатива. Сепак, целосно потфрлија во продолжението, особено во третата четвртина. Ирците го добија третиот период со ...
Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, започна со реконструкција на тимот и информирал осум фудбалери дека повеќе не смета на нив за претстојната сезона, пренесуваат италијанските медиуми. Одлуката Португалецот ја донел по незадоволителните резултати во подготвителниот период, а пред состанокот со раководството на клубот на кој ќе ги претстави своите планови за новата сезона. На трансфер-листата се најдоа поранешните играчи на Челзи, ...
Шкендија и Хибернијан не успеаја да постигнат гол по првото полувреме од реванш мечот од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот претставник сѐ уште има гол негатива (1-2) од првиот дуел во Единбург и ќе мора да тргне поофанзивно во второто полувреме од мечот на Арената „Тодор Проески“. Шкендија имаше поголем посед, но не успеа да создаде стопроцентна можност пред голот на Хибернијан. Се обидоа Кризеиу и Нзенгуе, но ...
Луис Енрике продолжува да ниже трофеи на клупата на Пари Сен Жермен. По победата над Астон вила со 2-1, ПСЖ, по Лигата на шампионите, го одбрани и Суперкупот на Европа, освојувајќи уште еден значаен европски трофеј. Ова е дури осмиот меѓународен трофеј во кариерата на Луис Енрике, со што се израмни со Сер Алекс Фергусон. Шпанскиот стратег ја започна жетвата на меѓународни трофеи со Барселона. Прво ја освои Лигата на шампионите во 2015 година, ...
Манчестер сити официјално потврди дека Жереми Доку потпиша нов договор со клубот. Белгискиот репрезентативец се обврза на соработка до летото 2031 година, со опција клубот да ја продолжи за уште една сезона. Доку пристигна на „Етихад“ во летото 2023 година од Рен, во трансфер вреден 55,5 милиони фунти. Оттогаш крилниот напаѓач се наметна како еден од важните офанзивци во составот на Граѓаните. Во минатата сезона тој постигна пет гола и запиша ...
Тотенхем постигна договор со Атлетико Мадрид за трансферот на својот капитен Кристијан Ромеро. Се очекува аргентинскиот дефанзивец во следните часови да отпатува за Мадрид, каде што треба да го финализира трансферот. Атлетико ќе плати 40 милиони евра за 28-годишниот централен дефанзивец. Во договорот е вклучена и клаузула според која Тотенхем ќе добие 15% од идниот трансфер на Ромеро. За светскиот шампион интерес покажаа и Интер и Барселона. ...
Манчестер сити постигна договор со Ал Кадсија за трансферот на Тијани Рејндерс, вреден 61 милион евра. Двата клуба ги усогласиле сите услови за реализација на зделката, а сега останува последниот чекор – одлуката на самиот фудбалер. Раководството на Ал Кадсија е подготвено да му ги исполни финансиските и останатите барања на Рејндерс, но трансферот ќе биде реализиран само доколку Холанѓанецот даде зелено светло за преселба во Саудиска ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше задоволен од настапот на својот тим по минималната победа од 1:0 против Депортиво Ла Коруња во пријателски натпревар. Португалецот посебно ја истакна способноста на екипата да доаѓа до победи и во тешки услови, што според него е доказ за напредокот. „Ова беше сериозен натпревар против тим кој се врати во Ла Лига. Самиот противник нè натера да играме сериозно. Ми се допадна што во ваков сложен ...
Бразилскиот ветеран Каземиро упати големи пофалби за својот соиграч од Интер Мајами, Лионел Меси, истакнувајќи ја неговата посветеност кон клубот во тежок момент. Аргентинецот патувал 14 часа од Росарио до Мајами, веднаш по погребот на својот татко, за да му помогне на Интер Мајами. „Тој е пример. Сигурен сум дека минува низ многу тежок период, но имаше обврска не само кон соиграчите, туку и кон клубот. Тоа беше неверојатно. Никогаш во ...
По летото исполнето со шпекулации, иднината на Маркус Рашфорд во Манчестер јунајтед конечно изгледа појасна. Менаџерот Мајкл Карик потврди дека клубот нема намера да се раздели со англискиот напаѓач и дека тој е дел од плановите за новата сезона. „Тој е наш играч и се врати во одлична форма. Како и секој друг фудбалер, и тој е дел од тимот“, изјави Карик. Рашфорд, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона, по враќањето тренира ...
Официјално е потврдено – Суперкупот на Шпанија во 2027 година ќе се одржи во Истанбул. Од 2020 година натпреварувањето се играше во Саудиска Арабија, но поради одржувањето на Азискиот куп во јануари и во февруари, дел од најголемите стадиони во земјата ќе бидат зафатени. За трофејот ќе се борат шампионот Барселона, вицешампионот Реал Мадрид, освојувачот на Купот на кралот Реал Сосиедад и финалистот Атлетико Мадрид. Веќе се познати и ...
Микел Артета признава дека Арсенал и понатаму активно бара нови засилувања, но смета дека на пазарот има многу малку фудбалери кои можат значително да го подобрат тимот. Топчиите неодамна го доведоа Бруно Гимараиш од Њукасл, кој дебитираше во ремито 1:1 против Комо, но Артета не планира тука да запре. „Сакаме да направиме уште неколку работи. Секогаш кога имаме можност да додадеме квалитет и длабочина, мора да го направиме тоа. Активно ...
Иако сè уште се играат подготвителните натпревари, Жозе Мурињо веќе покажа незадоволство од судиските одлуки. Португалскиот тренер беше особено изнервиран во текот на пријателскиот натпревар меѓу Депортиво и Реал Мадрид, кога во 62-рата минута го доведе во прашање критериумот на судијата Адријан Кордеро Вего при доделувањето жолти картони. Jose Mourinho speaking his mind to the referee after he refused to give a card after Carreras was ...
Манчестер сити го означил Енцо Фернандес како прва опција за засилување на средниот ред, но Челзи за аргентинскиот репрезентативец бара огромни 120 милиони фунти. Интересот на поранешниот англиски шампион веќе е конкретен, а претставници на двата клуба започнале разговори за можен трансфер. Сепак, сумата од околу 139 милиони евра е сериозна пречка за Сити. Граѓаните ќе се обидат да го убедат Челзи да ги намали барањата или да прифати понуда ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги казни со забрана за настап иницијаторите на мечаницата по дерби-мечот помеѓу Вардар и Шкендија (0-2). Аргентинецот Торес ќе биде на „ладење“ на следните пет меча, додека дефанзивецот на Шкендија, Анес Мељичи, ќе нема право на настап на следните три натпревари. Дополнително, Вардар е казнет со 1.000 евра поради користење на пиротехника од страна на нивните навивачи на дуелот ...
На денешен ден, 13 август, пред две години, во 86-тата година од животот, се упокои големиот тренерски маг Лазар Лечиќ, една од најголемите легенди во историјата на македонската кошарка, активен во кошарката повеќе од 60 години, феномен, кој за КК Работнички често милуваше со неизмерна љубов да каже “мојот Работнички“. Со своите знаења и енергија во кошарката, препознатливиот стил и лична харизма остави траен белег во историјата на ...
ФИФА започна забрзана анализа на можноста Светското првенство во 2030 година да биде проширено од 48 дури на 64 репрезентации. Според документот до којшто дошол „Ројтерс“, независна агенција ќе треба да ги процени спортските, финансиските и организациските последици од додавањето уште 16 селекции. Процесот ќе се одвива исклучително брзо. ФИФА треба да ја избере агенцијата на 14 август, а конечната анализа треба да биде доставена веќе на 11 ...
Хулијан Алварес останува прва желба на Барселона, но бидејќи Атлетико Мадрид не попушта, каталонскиот клуб веќе подготвува алтернативно решение. Барселона за Аргентинецот наводно понудила 100 милиони евра, но Атлетико одбива да го продаде. Ситуацијата дополнително се искомплицира по повредата на Александер Серлот, поради која Алварес во моментов е единствениот класичен напаѓач на располагање кај Диего Симеоне. Поради тоа, Барселона не сака да ...
Лос Анџелес лејкерс наскоро би можеле да имаат нови сопственици откако Џош Кушнер и Боб Игер се согласија да ја купат иконската НБА-франшиза за рекордни 12,5 милијарди долари. Славниот клуб на тој начин ќе го промени сопствеништвото само една година откако Марк Волтер го презеде од семејството Бас за 10 милијарди долари. Продажбата сè уште чека официјално одобрение од Одборот на гувернери на НБА, но се очекува процесот да помине непречено. ...
Чави Ернандес е нов селектор на Холандија откако потпиша договор до завршувањето на Светското првенство во 2030 година. Со тоа, 46-годишниот Шпанец стана првиот странски селектор на Лалињата по речиси половина век. Чави на селекторската функција го наследува Роналд Куман, а главната задача ќе му биде враќање на препознатливиот напаѓачки фудбал и принципите на познатата холандска школа. „Во Барселона многу научивме од холандската школа, која ...
Астон вила не успеа со трофеј да ја започне новата сезона откако синоќа загуби во Супер купот на УЕФА од Пари Сен Жермен со 2:1. Англискиот премиерлигаш како актуелен освојувач во Лигата на Европа играше против актуелниот првак во Лигата на шампионите, но не успеа да се радува на крајот. Иако загуби, Астон вила покажа дека во своите редови има еден исклучително талентиран и перспективен тинјџер. Брајан Маџо е името кое синоќа се промовираше ...