Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Трансфер-сагата околу Зион Сузуки доби неочекуван пресврт. Голманот на Парма беше пред преселба во Пари Сен Жермен, кој за неговите услуги понуди 35 милиони евра, но зделката пропадна во последен момент. Од ситуацијата се обиде да профитира и Јувентус, кој преговараше со ПСЖ за јапонскиот голман да биде испратен на позајмица во Торино. Сепак, Астон вила реагираше најбрзо и успеа да постигне договор со Парма и со голманот. Пристигнувањето на ...
Манчестер сити е на чекор до договор со Лил за трансферот на еден од најталентираните млади играчи во Европа, Ајуб Буади. Цената на 18-годишниот марокански репрезентативец се проценува на околу 85 милиони фунти. Буади не беше во стартниот состав на Лил за пријателскиот натпревар против Евертон во саботата, туку дуелот го следеше од клупата. Тренерот Давиде Анчелоти потоа потврди дека меѓу клубовите се водат преговори за неговиот трансфер. ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен заработуваат огромни суми и воопшто не штедат кога станува збор за автомобили. Паркингот пред тренинг-центарот на францускиот шампион често е преполн со луксузни модели кои чинат стотици илјади евра. Но, Фабијан Руиз е вистински исклучок. Шпанскиот репрезентативец на тренинзите пристигнува со мал Смарт, автомобил кој значително се разликува од моќните и престижни возила што ги избираат неговите соиграчи. PSG ...
Рубен Дијаш и Ерлинг Халанд ќе бидат дел од капитенската група на Манчестер сити во новата сезона под водство на Енцо Мареска. Двајцата беа меѓу лидерите на тимот во минатата сезона, а новиот менаџер одлучи токму на нив да им укаже доверба и да ги вклучи меѓу капитените на англискиот гигант. Мареска потврди дека во моментов ги избрал Дијаш и Халанд за двајца од четворицата капитени. Останатите две имиња ќе бидат познати по завршувањето на ...
Македонската кошаркарска репрезентација добива големо засилување под кошевите. Американскиот центар Мозес Рајт ќе биде на располагање на националниот тим во августовскиот ФИБА-прозорец, откако неговиот клуб Олимпија Милано официјално потврди дека ќе му дозволи да настапи за Македонија. Можноста Рајт да го облече македонскиот дрес се најавуваше уште во јуни, кога се појавија информациите дека тој ќе добие македонско државјанство. Сега неговиот ...
Два меча се играат вечерва во шпанското првенство, а токму тие се и дел од понудата на Бонус тип во Sport Life. Сантандер е домаќин на Вилјареал, а Еспањол на свој терен го пречекува Леванте, па за овие пресметки понудена е екстра бонус тип. Вкупно 15 коефициент се добива на специјалната шифра 8301 а потребно е на двата меча во првото полувреме да нема повеќе од еден погодок, додека во второто полувреме да бидат псотигнати меѓу два и три ...
Најдобриот македонски атлетичар и единствен наш претставник на Европското првенство во Бирминген, Дарио Ивановски го освои 46-то место во најтешката дисциплина, маратон на 42 километри. На патеката која беше низ улиците на англискиот град, Ивановски маратонската делницата ја истрча со време од 2 часа 22 минути и 39 секунди. На стартот од маратонот се појавија вкупно 60 натпреварувачи, а 10 од нив не ја завршија трката. Најдобриот ...
Повремениот репрезентативец на Србија и некогашна голема надеж на светскиот фудбал, Марко Грујиќ е нов играч на Левски од Софија. Грујиќ на блескав начин ја започна кариерата откако со репрезентацијата на Србија стана светски првак на Мундијалот во 2015 година за играчи до 20 години. Во финалето, Србија со 2:1 го победи Бразил во меч кој траеше 120 минути. По тој успех, Грујиќ од Црвена ѕвезда направи трансфер во Ливерпил за сума од пет ...
Со два меча кои се денеска на распоредот, денеска треба да се комплетира третото коло од Прва фудбалска лига на Македонија. Дербито ќе се игра во Струга каде домашниот тим, од 16:30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар. Вториот меч ќе се игра на фудбалскиот комплекс „Петар Милошевски“ порај ФФМ, а Шкендија без присуство на публика е домаќин на Бреганица од Штип. Овој меч ќе започне во 19 часот. Вардар уште на стартот од новото ...
3145 Горица – Хајдук (21 ч.) Хајдук лошо ја започна сезоната, откако тимот беше елиминиран од европските купови, а во домашното првенство освои само еден бод во првите две кола. Горица сега е како посакуван ривал затоа што оваа екипа претрпе два порази и даде само еден гол. И традицијата е на страна на Хајдук, затоа што во последните 10 меча со овој ривал има седум победи, еднаш било нерешено, а Горица два пати се радувала. Најчесто има два ...
Фудбалските пресметки, плус возбудувањата на тенискиот Мастерс во Синсинати се дел од понудата во Супер тип, каде може да се најдат многу зголемени коефициенти. Возбудувањата започнуваат уште во пладмевниот термин од 13:30 часот кога има зголемена квота за победа на Андерлехт на гости кај Беверен, додека Арменија Билефелд да победи на свој терен против Енерџи Котбус е со квота од 1.74. Ајакс да слави во Амстердам против Херенвен има зголемен ...
Шкендија Арачиново стигна до историската прва првенствена победа во македонскиот елитен фудбал, откако вчера со 1:0 славеше на гости кај Тиквеш во Кавадарци. Стрелец на единствениот гол кој донесе историска победа за Шкендија Арачиново беше искусниот 34-годишен Марко Симоновски во првото полувреме. Тиквеш едноставно беше немоќен да ја пробие одбаната на гостите и на крајот загуби, иако на теренот во составот на домашниот тим беше една цела ...
Пет интересни дуели се дел од понудата во Квоти на ден, а интересно е дека на сите пет понудени комбинации, коефицинетот е 2.10. Тоа значи дека ако сите пет натпревари ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.84. Во борба за Комјунити шилд трофејот ќе играат Арсенал и Манестер сити, а тука потребно е да има меѓу еден и три погодоци во двете полувремиња. Вилјареал да не загуби на гости кај Сантандер во меч на кој ...
Екипата на Интер Мајами претрпе тежок пораз од 4:1 на гостувањто кај Нешвил, во меч кој ќе се патми како еден од лошите во кариерата на Лионел Меси. Интер Мајами сезонава ја брани шампионската титула, но очигледно дека не се во формата во која беа претходно. Меси кој е лидер на Интер Мајами едноставно немаше свој ден, па овој натпревар го заврши со промашен пенал, добиен жолт картон и два пати погодена статива. Нешвил поведе со голот на ...
Џејдон Санчо е слободен фудбалер и, и покрај конкретниот интерес од клубови во Премиер лигата, преферира кариерата да ја продолжи надвор од Англија. 26-годишниот крилен напаѓач пред шест недели го напушти Манчестер јунајтед и моментално ги разгледува опциите за продолжување на кариерата. Меѓу клубовите кои ја следат ситуацијата е и Борусија Дортмунд, каде што Санчо веќе настапуваше во два наврати. Англичанецот минатата сезона ја помина на ...
Ракометарите на Охрид се победници на традиционалниот летен турнир во Струга. Во финалето, екипата на ГРК Охрид славеше над големиот ривал Вардар со 31:30. Со оваа победа, охриѓани го одбранија трофејот освоен минатата година, со што само потврди дека ќе имаме уште една интересна ракометна сезона. На почетокот на мечот Вардар поведе со 6:4 во 13 минути игра, но Охрид брзо се врати и израмни на 7:7 во 16 минута. Во втората половина од првиот ...
Реал Мадрид продолжува успешно да заработува од својата фудбалска академија. „Кралскиот клуб“ постигна договор со француски Стразбур за трансфер на 20-годишниот Јакобо Ортега, а за неговите услуги ќе инкасира 10 милиони евра. Станува збор за рекордна сума која Реал ја добил за фудбалер кој никогаш не одиграл ниту една минута за првиот тим. Ортега е роден во Мадрид и ги помина сите младински категории во академијата на Реал, а потоа ...
Бразилскиот гигант Сантос објави емотивни снимки од соблекувалната на тимот по нивната победа од 2:1 дома над еквадорскиот Макара во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Судамерикана. Во видеото се појавува ѕвездата на тимот, Нејмар, кој им испрати силна и мотивирачка порака на своите соиграчи. Напаѓачот ја истакна важноста на тимската работа и давањето сè од себе на сите турнири на кои се натпреварува тимот. „Се бориме за нашите животи ...
Еден од најдобрите голгетери во светот во изминатава декада, Мохамед Салах дебитираше за својот нов тим, Трабзон. Во првото коло од турското првенство, Трабзон на гости кај Касимпаша одигра 1:1. Трабзон водеше на полувреме со 1:0, но домаќините со гол од пенал израмнија во 55 минута. Веднаш по голот за израмнување, во игра кај Трабзон влезе Салах. Египетскиот репрезентативец одигра 30-тина минути, но неговиот тим не успеа да даде гол за ...
Некогашните европски гиганти Манчестер јунајтед и Милан одиграа контролен меч на неутрален терен во Вроцлав, а на крајот, на победа од 4:2 се радуваше италијанската екипа. Одлично започна Манчестер со гол во втората минута преку Хари Мегваер, а Милан израмни со голот на Чуквезе во 37 минута. Манчестер јунајтед имаше шанса со предност да замине на полувреме, но капитенот Бруно Фернандеш промаши пенал. Ова е втор промашен пенал на Бруно во овој ...
Екипата на Лајпциг загуби со 3:1 од Баерн Минхен во контролен меч пред стартот на новата сезона во Бундеслигата. Во составот на Лајпциг го немаше Елиф Елмас, за кого немаше место ниту на клупата за резервни играчи. Покрај 11-те стартери, Лајпциг во второто полувреме направи дури 10 измени и сите тие се фудбалери кои треба да дадат свој ефект во новата сезона. Според последните шпекулации и предвидувања, Елмас може многу лесно повторно да биде ...
Традиционалниот ракометен турнир кој секое лето се одржува во Струга како најава за новата сезона дојде до самиот крај. Вечерва од 20:30 часот ќе се игра финалето во кое ќе играат екипите на Вардар и Охрид. Овие две екипи беа фаворити за место во финалето и со своите игри и резултати го заслужија местото во завршниот натпревар. Вардар како актуелен македонски првак ќе ја има улогата на фаворит, но не треба да се заборави дека Охрид имаше ...
Екипата на Македонија Ѓорче Петров на свој терен одигра 1:1 против Тетекс во меч кој може да се нарече дека беше дерби на првото коло. Гостите од Тетово поведоа со евроголот на младиот Славчо Мисајловски кој погоди директно од слободен удар со шут од преку 25 метри. Македонија ЃП во второто полувреме заигра поофанзивно, а тоа резултираше со израмнувачки погодок, па на крајот резултатот беше 1:1 и двата тима освоија по еден бод. Единствената ...
Екипата на Шкендија Арачиново се израдува на првата победа во новата сезона, откако минимално со 1:0 славеше над Тиквеш во Кавадарци, во меч од третото коло на Прва лига. Ако се знае дека Тиквеш имаше две победи во првите две кола, а Шкендија освои само еден бод, кавадарчани беа во улога на фаворити, но на теренот не беше така. Фудбалерите на Шкендија Арачиново знаеја што сакаат. Одлично се бранеа, а преку контра напади го загрозуваа голот на ...
Силекс очекувано на свој терен стигна до нова победа, овојпат против Скопје со 3:0. По некомлетно трето коло, Силекс е моментален лидер на табелата со седум бодови. Скопје по овој пораз останува со само еден освоен бод и е на претпоследното девето место. На стадионот во Кратово, Силекс доминираше на теренот, а Скопје успешно се бранеше во првото полувреме, па резултатот по првите 45 минути беше 0:0. Сепак, само што започна вториот дел, Силекс ...
Реал Мадрид ја започнува новата сезона во Ла Лига против Еспањол, но Жозе Мурињо се соочува со сериозен проблем во одбраната. Повредите значително го намалија бројот на достапни дефанзивци. Во моментов, Мурињо има само тројца здрави првотимци на природната позиција централен бек – Антонио Ридигер, Ибрахима Конате и Дин Хујсен. Едер Милитао поради повреда на тетивата ќе биде надвор до крајот на октомври, додека Раул Асенсио ќе паузира околу ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригес се венчаа по десет години врска, а португалските медиуми сега откриваат детали од нивниот предбрачен договор. Двојката се венчала на интимна церемонија во луксузна вила во Кашкаиш, во присуство на најтесниот круг луѓе. Свадбата се одржала еден ден откако Роналдо и Георгина го потпишале договорот кај нотар во Лисабон. Со него е утврден режим на одвоен имот, што значи дека секој од нив го задржува имотот и ...
Килијан Мбапе ги откри амбициите на Реал Мадрид за новата сезона и порача дека клубот има само една цел – сите трофеи. „Целта оваа сезона е да ја освоиме титулата. Сакаме да освоиме сè, тоа е кристално јасно“, изјави францускиот напаѓач, а неговите зборови ги пренесе Фабрицио Романо. Мбапе зад себе има одлична индивидуална сезона. Французинот постигна 42 гола и запиша седум асистенции на 44 натпревари. Сепак, Реал Мадрид минатата сезона ...
Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал, а интересот за искусниот напаѓач расте откако на јавноста ѝ беше откриено дека Шефилд Венздеј сака да го доведе. Варди на крајот од јуни го напушти Кремонезе по истекот на договорот. Минатата сезона постигна седум гола на 29 натпревари, но клубот испадна од Серија А. Иако има 39 години, Варди нема намера да ја заврши кариерата. Во последните денови се поврзуваше со Вест Хем, но сега во ...
Педро Нето би можел ова лето да го напушти Челзи и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, откако Ал Хилал покажал сериозен интерес за португалскиот репрезентативец. Нето веќе постигнал договор со Ал Хилал за личните услови, но сега останува саудискиот клуб да постигне договор со Челзи за обесштетувањето. Лондонскиот клуб, наводно, е подготвен да го продаде офанзивецот, но за неговите услуги бара околу 60 милиони евра. Ал Хилал верува ...