Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение во кое го анализираше делењето на фудбалската правда на дерби-дуелот од третото коло на Првата лига помеѓу Струга и Вардар (1-0). Комисијата утврди дека судиите постапувале без ниту една грешка и ги следеле фудбалските прописи. Овој заклучок посебно се однесува на ситуацијата во која беше досуден пенал за Вардар во судиското продолжение на натпреварот. „Високо ...
Барселона направи огромен чекор кон реализација на еден од најголемите трансфери ова лето. Според Фабрицио Романо, каталонскиот гигант постигнал договор со Родри за негов трансфер од Манчестер сити. Романо објави „Here we go“, што значи дека клучните детали се договорени и остануваат само последните формалности. 🚨🔵🔴 EXCLUSIVE: RODRI TO BARCELONA, HERE WE GO! 💥 Deal agreed for Spanish midfielder to join Barça from Man City, all done for ...
Тетовска Шкендија останува единствената максимална екипа по три првенствени кола, откако во последниот меч од третата рунда ја совладаа Брегалница од Штип со 3-1. Иако резултатот е убедлив, сепак, штипјани долго имаа активен резултат, а прволигашкиот лидер го скрши отпорот во 61-вата минута со голот на Александер Трумчи. Само пет минути подоцна веќе беше 2-0 за Шкендија со голот на Ендрит Красниќи. Неизвесност во мечот внесе Мартин Стојанов ...
Холандското првенство уште еднаш покажа и докажа зошто важи за едно од најефикасните во Европа. Сите натпревари од второто коло завршија во ист знак – „гол-гол и 3+“, а на деветте меча беа постигнати вкупно 38 гола или во просек по преку четири на секој од натпреварите. Второто коло се покажа како вистински погодок за обложувачите кои се љубители на ефикасниот фудбал и игрите на голови. Холандското првенство уште еднаш покажа и докажа ...
Кристијано Роналдо отворено зборуваше за крајот на својата кариера и призна дека актуелната сезона би можела да биде неговата последна во професионалниот фудбал. „Ова веројатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо. Португалецот признава дека заминувањето од фудбалот ќе биде огромна промена, бидејќи целиот свој живот го посветил на овој спорт. „Фудбалот ќе остави голема ...
Реал Мадрид продолжува со одличните игри на контролните натпревари, па под водство на Жозе Мурињо ја забележаа и четвртата победа на петтиот меч. „Кралевите“ со 0-3 славеа на гостувањето кај Шалке, а лесно можеше да се случи да има уште некој гол. Килијан Мбапе го отвори резултатот уште во шесттата минута. Дин Хујсен зголеми на 0-2 во 20-тата минута, а конечните 0-3 ги постави Карлос Еспи во 57-минута. Мечот на Реал Мадрид од првото коло на ...
Се чини дека кризата во редовите на актуелниот шампион на Македонија, Вардар, како да нема крај, барем онаа резултатската. По двојната експресна елиминација од фудбалска Европа, „црвено-црните“ се загреваа со победа (2-0) над Брегалница на стартот од новата сезона во Првата лига, но потоа буквално потонаа. Вардар има само три бода по три првенствени кола, два порази по ред, но и 180 минути без постигнат гол. Шампионот на Македонија вакво ...
Во летниот преоден рок Вардар доведе неколку нови играчи кои беа најавени како големи засилувања. Како најголема ѕвезда беше најавен некогашниот репрезентативец на Луксембург, Жерсон Родригес. Засега, овој играч не покажа ништо од тоа што се најавуваше дека треба да биде, а на денешниот меч на Вардар во Струга, воопшто не беше ниту во составот. Родригес беше во Струга, но не на теренот или на клупата за резервни играчи, туку на трибините. ...
Фудбалерите на Барселона го одиграа најефикасниот меч во подготвителниот период и победија и со 2-5 на гостувањето кај Базел. Карим Адејеми го постигна својот дебитантски гол во дресот на „каталонците“ во 34-тата минута и донесе водство од 0-1 за Барселона. Дукуре израмни во 43-тата минута, а серијата голови во второто полувреме ја отвори Хамза Абделкарим во 49-тата минута, кога го врати водството на Каталонците. Следуваше гол на Ламин Јамал ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, загуби и вторпат по ред, овој пат на гостувањето кај Струга со минимални 1-0. Скопските „црвено-црни“ по поразот од Шкендија во минатото коло, со наведнати глави го напуштија и „Градскиот стадион“ во Струга, а лесно можеше и да не биде така, па Вардар да си замине непоразен. Давид Бабунски во 96-тата минута не успеа да реализира пенал, односно неговиот удар од белата точка заврши високо над голот на ...
Арсенал на најдобар можен начин ја најави новата сезона во Премиер лигата откако го освои Комјунити Шилд славејќи со 3-0 против Манчестер сити во Кардиф. Топчиите беа надмоќни и одиграа во шампионски стил. Рикардо Калафиори по само дваесетина секунди од стартот го доведе Арсенал во водство. Тоа им даде дополнителен мотив на избраниците на Микел Артета да одиграат квалитетно и во продолжението. Каи Хаверц во 28-та минута зголеми на 2-0 и беше ...
Реал Мадрид продолжува да бара ново засилување за средниот ред, а меѓу играчите кои се поврзуваат со шпанскиот гигант се најде и Алексис Мекалистер. 27-годишниот аргентински репрезентативец е високо ценет во Мадрид, но Ливерпул не сака да ризикува да го загуби еден од клучните играчи во тимот. Поради тоа, раководството на англискиот шампион планира навреме да реагира и да спречи евентуален обид на Реал Мадрид да го доведе Аргентинецот. ...
Милан е подготвен да го продаде крилниот фудбалер Рафаел Леао за сума од околу 40 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми. Португалецот повеќе не се смета за недопирлив во тимот, а раководството на „росонерите“ е подготвено да разгледа конкретни понуди за него. Милан очекува заинтересираните клубови да испратат официјални понуди за 27-годишниот фудбалер. Леао е член на Милан од 2019 година. Во дресот на италијанскиот гигант досега ...
Новиот тренер на Црвена ѕвезда, Алберт Риера, денеска беше официјално претставен на „Маракана“. Шпанскиот стратег потпиша двегодишен договор со српскиот шампион и на својата прва прес-конференција зборуваше за предизвикот што го очекува во Белград. Риера, кој претходно работеше во словенечките клубови Олимпија и Целје, како и во германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, истакна дека добро знае колкави се очекувањата во еден од најголемите ...
Jувентус направи конкретен чекор за ангажман на голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, откако испрати понуда во вкупна вредност од 10 милиони евра. Од понудената сума, 3 милиони евра би биле исплатени преку бонуси. Преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза и се очекува наскоро да биде постигнат договор. Личните услови на аргентинскиот голман не би требало да претставуваат проблем. Старата дама се насочи кон 33-годишниот Мартинез ...
Трансфер-сагата околу Зион Сузуки доби неочекуван пресврт. Голманот на Парма беше пред преселба во Пари Сен Жермен, кој за неговите услуги понуди 35 милиони евра, но зделката пропадна во последен момент. Од ситуацијата се обиде да профитира и Јувентус, кој преговараше со ПСЖ за јапонскиот голман да биде испратен на позајмица во Торино. Сепак, Астон вила реагираше најбрзо и успеа да постигне договор со Парма и со голманот. Пристигнувањето на ...
Манчестер сити е на чекор до договор со Лил за трансферот на еден од најталентираните млади играчи во Европа, Ајуб Буади. Цената на 18-годишниот марокански репрезентативец се проценува на околу 85 милиони фунти. Буади не беше во стартниот состав на Лил за пријателскиот натпревар против Евертон во саботата, туку дуелот го следеше од клупата. Тренерот Давиде Анчелоти потоа потврди дека меѓу клубовите се водат преговори за неговиот трансфер. ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен заработуваат огромни суми и воопшто не штедат кога станува збор за автомобили. Паркингот пред тренинг-центарот на францускиот шампион често е преполн со луксузни модели кои чинат стотици илјади евра. Но, Фабијан Руиз е вистински исклучок. Шпанскиот репрезентативец на тренинзите пристигнува со мал Смарт, автомобил кој значително се разликува од моќните и престижни возила што ги избираат неговите соиграчи. PSG ...
Рубен Дијаш и Ерлинг Халанд ќе бидат дел од капитенската група на Манчестер сити во новата сезона под водство на Енцо Мареска. Двајцата беа меѓу лидерите на тимот во минатата сезона, а новиот менаџер одлучи токму на нив да им укаже доверба и да ги вклучи меѓу капитените на англискиот гигант. Мареска потврди дека во моментов ги избрал Дијаш и Халанд за двајца од четворицата капитени. Останатите две имиња ќе бидат познати по завршувањето на ...
Македонската кошаркарска репрезентација добива големо засилување под кошевите. Американскиот центар Мозес Рајт ќе биде на располагање на националниот тим во августовскиот ФИБА-прозорец, откако неговиот клуб Олимпија Милано официјално потврди дека ќе му дозволи да настапи за Македонија. Можноста Рајт да го облече македонскиот дрес се најавуваше уште во јуни, кога се појавија информациите дека тој ќе добие македонско државјанство. Сега неговиот ...
Два меча се играат вечерва во шпанското првенство, а токму тие се и дел од понудата на Бонус тип во Sport Life. Сантандер е домаќин на Вилјареал, а Еспањол на свој терен го пречекува Леванте, па за овие пресметки понудена е екстра бонус тип. Вкупно 15 коефициент се добива на специјалната шифра 8301 а потребно е на двата меча во првото полувреме да нема повеќе од еден погодок, додека во второто полувреме да бидат псотигнати меѓу два и три ...
Најдобриот македонски атлетичар и единствен наш претставник на Европското првенство во Бирминген, Дарио Ивановски го освои 46-то место во најтешката дисциплина, маратон на 42 километри. На патеката која беше низ улиците на англискиот град, Ивановски маратонската делницата ја истрча со време од 2 часа 22 минути и 39 секунди. На стартот од маратонот се појавија вкупно 60 натпреварувачи, а 10 од нив не ја завршија трката. Најдобриот ...
Повремениот репрезентативец на Србија и некогашна голема надеж на светскиот фудбал, Марко Грујиќ е нов играч на Левски од Софија. Грујиќ на блескав начин ја започна кариерата откако со репрезентацијата на Србија стана светски првак на Мундијалот во 2015 година за играчи до 20 години. Во финалето, Србија со 2:1 го победи Бразил во меч кој траеше 120 минути. По тој успех, Грујиќ од Црвена ѕвезда направи трансфер во Ливерпил за сума од пет ...
Со два меча кои се денеска на распоредот, денеска треба да се комплетира третото коло од Прва фудбалска лига на Македонија. Дербито ќе се игра во Струга каде домашниот тим, од 16:30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар. Вториот меч ќе се игра на фудбалскиот комплекс „Петар Милошевски“ порај ФФМ, а Шкендија без присуство на публика е домаќин на Бреганица од Штип. Овој меч ќе започне во 19 часот. Вардар уште на стартот од новото ...
3145 Горица – Хајдук (21 ч.) Хајдук лошо ја започна сезоната, откако тимот беше елиминиран од европските купови, а во домашното првенство освои само еден бод во првите две кола. Горица сега е како посакуван ривал затоа што оваа екипа претрпе два порази и даде само еден гол. И традицијата е на страна на Хајдук, затоа што во последните 10 меча со овој ривал има седум победи, еднаш било нерешено, а Горица два пати се радувала. Најчесто има два ...
Фудбалските пресметки, плус возбудувањата на тенискиот Мастерс во Синсинати се дел од понудата во Супер тип, каде може да се најдат многу зголемени коефициенти. Возбудувањата започнуваат уште во пладмевниот термин од 13:30 часот кога има зголемена квота за победа на Андерлехт на гости кај Беверен, додека Арменија Билефелд да победи на свој терен против Енерџи Котбус е со квота од 1.74. Ајакс да слави во Амстердам против Херенвен има зголемен ...
Шкендија Арачиново стигна до историската прва првенствена победа во македонскиот елитен фудбал, откако вчера со 1:0 славеше на гости кај Тиквеш во Кавадарци. Стрелец на единствениот гол кој донесе историска победа за Шкендија Арачиново беше искусниот 34-годишен Марко Симоновски во првото полувреме. Тиквеш едноставно беше немоќен да ја пробие одбаната на гостите и на крајот загуби, иако на теренот во составот на домашниот тим беше една цела ...
Пет интересни дуели се дел од понудата во Квоти на ден, а интересно е дека на сите пет понудени комбинации, коефицинетот е 2.10. Тоа значи дека ако сите пет натпревари ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.84. Во борба за Комјунити шилд трофејот ќе играат Арсенал и Манестер сити, а тука потребно е да има меѓу еден и три погодоци во двете полувремиња. Вилјареал да не загуби на гости кај Сантандер во меч на кој ...
Екипата на Интер Мајами претрпе тежок пораз од 4:1 на гостувањто кај Нешвил, во меч кој ќе се патми како еден од лошите во кариерата на Лионел Меси. Интер Мајами сезонава ја брани шампионската титула, но очигледно дека не се во формата во која беа претходно. Меси кој е лидер на Интер Мајами едноставно немаше свој ден, па овој натпревар го заврши со промашен пенал, добиен жолт картон и два пати погодена статива. Нешвил поведе со голот на ...
Џејдон Санчо е слободен фудбалер и, и покрај конкретниот интерес од клубови во Премиер лигата, преферира кариерата да ја продолжи надвор од Англија. 26-годишниот крилен напаѓач пред шест недели го напушти Манчестер јунајтед и моментално ги разгледува опциите за продолжување на кариерата. Меѓу клубовите кои ја следат ситуацијата е и Борусија Дортмунд, каде што Санчо веќе настапуваше во два наврати. Англичанецот минатата сезона ја помина на ...