Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ракометарите на Охрид се победници на традиционалниот летен турнир во Струга. Во финалето, екипата на ГРК Охрид славеше над големиот ривал Вардар со 31:30. Со оваа победа, охриѓани го одбранија трофејот освоен минатата година, со што само потврди дека ќе имаме уште една интересна ракометна сезона. На почетокот на мечот Вардар поведе со 6:4 во 13 минути игра, но Охрид брзо се врати и израмни на 7:7 во 16 минута. Во втората половина од првиот ...
Реал Мадрид продолжува успешно да заработува од својата фудбалска академија. „Кралскиот клуб“ постигна договор со француски Стразбур за трансфер на 20-годишниот Јакобо Ортега, а за неговите услуги ќе инкасира 10 милиони евра. Станува збор за рекордна сума која Реал ја добил за фудбалер кој никогаш не одиграл ниту една минута за првиот тим. Ортега е роден во Мадрид и ги помина сите младински категории во академијата на Реал, а потоа ...
Бразилскиот гигант Сантос објави емотивни снимки од соблекувалната на тимот по нивната победа од 2:1 дома над еквадорскиот Макара во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Судамерикана. Во видеото се појавува ѕвездата на тимот, Нејмар, кој им испрати силна и мотивирачка порака на своите соиграчи. Напаѓачот ја истакна важноста на тимската работа и давањето сè од себе на сите турнири на кои се натпреварува тимот. „Се бориме за нашите животи ...
Еден од најдобрите голгетери во светот во изминатава декада, Мохамед Салах дебитираше за својот нов тим, Трабзон. Во првото коло од турското првенство, Трабзон на гости кај Касимпаша одигра 1:1. Трабзон водеше на полувреме со 1:0, но домаќините со гол од пенал израмнија во 55 минута. Веднаш по голот за израмнување, во игра кај Трабзон влезе Салах. Египетскиот репрезентативец одигра 30-тина минути, но неговиот тим не успеа да даде гол за ...
Некогашните европски гиганти Манчестер јунајтед и Милан одиграа контролен меч на неутрален терен во Вроцлав, а на крајот, на победа од 4:2 се радуваше италијанската екипа. Одлично започна Манчестер со гол во втората минута преку Хари Мегваер, а Милан израмни со голот на Чуквезе во 37 минута. Манчестер јунајтед имаше шанса со предност да замине на полувреме, но капитенот Бруно Фернандеш промаши пенал. Ова е втор промашен пенал на Бруно во овој ...
Екипата на Лајпциг загуби со 3:1 од Баерн Минхен во контролен меч пред стартот на новата сезона во Бундеслигата. Во составот на Лајпциг го немаше Елиф Елмас, за кого немаше место ниту на клупата за резервни играчи. Покрај 11-те стартери, Лајпциг во второто полувреме направи дури 10 измени и сите тие се фудбалери кои треба да дадат свој ефект во новата сезона. Според последните шпекулации и предвидувања, Елмас може многу лесно повторно да биде ...
Традиционалниот ракометен турнир кој секое лето се одржува во Струга како најава за новата сезона дојде до самиот крај. Вечерва од 20:30 часот ќе се игра финалето во кое ќе играат екипите на Вардар и Охрид. Овие две екипи беа фаворити за место во финалето и со своите игри и резултати го заслужија местото во завршниот натпревар. Вардар како актуелен македонски првак ќе ја има улогата на фаворит, но не треба да се заборави дека Охрид имаше ...
Екипата на Македонија Ѓорче Петров на свој терен одигра 1:1 против Тетекс во меч кој може да се нарече дека беше дерби на првото коло. Гостите од Тетово поведоа со евроголот на младиот Славчо Мисајловски кој погоди директно од слободен удар со шут од преку 25 метри. Македонија ЃП во второто полувреме заигра поофанзивно, а тоа резултираше со израмнувачки погодок, па на крајот резултатот беше 1:1 и двата тима освоија по еден бод. Единствената ...
Екипата на Шкендија Арачиново се израдува на првата победа во новата сезона, откако минимално со 1:0 славеше над Тиквеш во Кавадарци, во меч од третото коло на Прва лига. Ако се знае дека Тиквеш имаше две победи во првите две кола, а Шкендија освои само еден бод, кавадарчани беа во улога на фаворити, но на теренот не беше така. Фудбалерите на Шкендија Арачиново знаеја што сакаат. Одлично се бранеа, а преку контра напади го загрозуваа голот на ...
Силекс очекувано на свој терен стигна до нова победа, овојпат против Скопје со 3:0. По некомлетно трето коло, Силекс е моментален лидер на табелата со седум бодови. Скопје по овој пораз останува со само еден освоен бод и е на претпоследното девето место. На стадионот во Кратово, Силекс доминираше на теренот, а Скопје успешно се бранеше во првото полувреме, па резултатот по првите 45 минути беше 0:0. Сепак, само што започна вториот дел, Силекс ...
Реал Мадрид ја започнува новата сезона во Ла Лига против Еспањол, но Жозе Мурињо се соочува со сериозен проблем во одбраната. Повредите значително го намалија бројот на достапни дефанзивци. Во моментов, Мурињо има само тројца здрави првотимци на природната позиција централен бек – Антонио Ридигер, Ибрахима Конате и Дин Хујсен. Едер Милитао поради повреда на тетивата ќе биде надвор до крајот на октомври, додека Раул Асенсио ќе паузира околу ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригес се венчаа по десет години врска, а португалските медиуми сега откриваат детали од нивниот предбрачен договор. Двојката се венчала на интимна церемонија во луксузна вила во Кашкаиш, во присуство на најтесниот круг луѓе. Свадбата се одржала еден ден откако Роналдо и Георгина го потпишале договорот кај нотар во Лисабон. Со него е утврден режим на одвоен имот, што значи дека секој од нив го задржува имотот и ...
Килијан Мбапе ги откри амбициите на Реал Мадрид за новата сезона и порача дека клубот има само една цел – сите трофеи. „Целта оваа сезона е да ја освоиме титулата. Сакаме да освоиме сè, тоа е кристално јасно“, изјави францускиот напаѓач, а неговите зборови ги пренесе Фабрицио Романо. Мбапе зад себе има одлична индивидуална сезона. Французинот постигна 42 гола и запиша седум асистенции на 44 натпревари. Сепак, Реал Мадрид минатата сезона ...
Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал, а интересот за искусниот напаѓач расте откако на јавноста ѝ беше откриено дека Шефилд Венздеј сака да го доведе. Варди на крајот од јуни го напушти Кремонезе по истекот на договорот. Минатата сезона постигна седум гола на 29 натпревари, но клубот испадна од Серија А. Иако има 39 години, Варди нема намера да ја заврши кариерата. Во последните денови се поврзуваше со Вест Хем, но сега во ...
Педро Нето би можел ова лето да го напушти Челзи и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, откако Ал Хилал покажал сериозен интерес за португалскиот репрезентативец. Нето веќе постигнал договор со Ал Хилал за личните услови, но сега останува саудискиот клуб да постигне договор со Челзи за обесштетувањето. Лондонскиот клуб, наводно, е подготвен да го продаде офанзивецот, но за неговите услуги бара околу 60 милиони евра. Ал Хилал верува ...
Арсенал започнал конкретна акција за ангажман на 21-годишниот играч за врска на Брајтон, Џек Хиншелвуд. Според информациите на „Сан“, лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со претставниците на фудбалерот и подготвува официјална понуда за негов трансфер. Сепак, Арсенал не е единствениот клуб заинтересиран за младиот Англичанец. За Хиншелвуд се распрашувал и Манчестер јунајтед, додека интерес покажува и Манчестер сити. Брајтон поради тоа се ...
Младиот фудбалер на Црвена звезда, Василије Костов, би можел кариерата да ја продолжи во Милан. Според информациите од Италија, „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентите на 18-годишниот офанзивен играч за врска и се распрашуваат за можноста за трансфер. Костов со месеци е на мета на голем број европски клубови, меѓу кои се споменуваа Интер и Арсенал. Во последните денови се појавија и информации за наводна понуда од Галатасарај од 25 ...
Трансферот на шпанскиот репрезентативец Родри од Манчестер сити во Барселона треба да биде комплетиран денеска. По неколкунеделни преговори и неколку одбиени понуди, Барселона решила да ја плати бараната сума од 70 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Манчестер сити ја прифатил понудата, а според информациите од Англија, преостануваат само формалностите. Каталонскиот клуб сака Родри да биде на тренинг уште во понеделник и што поскоро да ...
Марсело Брозовиќ би можел да се врати во италијанскиот фудбал, а како можна следна дестинација се појавува Јувентус. 33-годишниот хрватски репрезентативец неодамна ја заврши авантурата во Саудиска Арабија, каде што во изминатите три години го носеше дресот на Ал-Наср. По заминувањето од клубот, Брозовиќ добил повеќе понуди, но ниту една досега не ги задоволила неговите амбиции. Неговата желба е да продолжи во едно од најсилните европски ...
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид официјално го објави ангажманот на аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро, кој по пет години во Тотенхем ќе ја продолжи кариерата во Ла Лига. 28-годишниот стопер стави потпис на договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година, со што започнува ново поглавје во својата кариера. Ромеро во Атлетико пристигнува со статус на еден од клучните дефанзивци на аргентинската репрезентација. Тој беше дел од ...
Пари Сен Жермен го објави трансферот на Феран Торес од Барселона, со што францускиот шампион доби уште едно сериозно засилување во офанзивата. Шпанскиот репрезентативец стави потпис на петгодишен договор и во Париз ќе настапува со бројот 9 на дресот. За неговиот ангажман ПСЖ ќе издвои 50 милиони евра. Bienvenue à Paris ! ✍️❤️💙 pic.twitter.com/pS3RVLgW7N — Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 15, 2026 Торес во француската престолнина ...
Стартува ново издание на Ла Лига, а тоа заслужува посебно внимание. Во Sport Life е подготвен и Бонус тип за денешните два натпревари од шпанската фудбалска елита. Можете до квота 30, ако се одлучите за денешниот Бонус тип. Ако двата натпревари од Ла Лига, Алавес – Хетафе и Севиља – Рајо Ваљекано влезат во очекуваниот тип, да има еден до два гола во првото полувреме и најмалку два гола во второто полувреме, тогаш ќе биде исполнет Бонус ...
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига започнува со исклучително силна конкуренција и големи амбиции на клубовите. Иако годинава лигата брои две екипи помалку, имињата на учесниците ветуваат една од најинтересните трки за пласман во елитата во последната деценија. Во второлигашкото друштво се најдоа дури пет екипи кои минатата сезона настапуваа во Првата лига – Работнички, Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП и Брера. Сите тие имаат ...
Новата сезона во Премиер лигата е пред самиот почеток, а според прогнозите на суперкомпјутерот на „Опта“, Арсенал е главниот фаворит за освојување на шампионската титула. Топчиите минатата сезона ставија крај на долгото чекање и по 22 години повторно ја освоија титулата во Англија. Сега тимот на Микел Артета има можност да направи уште поголем успех и да ја одбрани шампионската круна. Суперкомпјутерот на „Опта“ направил 10.000 симулации на ...
1953 Кашимпаша – Трабзон (18 часот) Трабзон е во еуфорија поради Мохамед Салах и сигурно ќе сака да го стартува шампионатот со триумф. Гостувањата во Турција не се лесни, но типуваме на Трабзонспор. Предлог тип: 2 (1.88) 1954 Генчлербирлиги – Фенербахче (18 часот) Фенербахче има фантастичен тим во новата сезона и ќе сака да го почне првенството со триумф и три бода. Предлог тип: 2 & 3+ (2.15) 1633 Екселсиор – ПСВ (20.30 часот) ПСВ сѐ уште ...
Македонскиот фудбалски шампионат продолжува со третото коло, а денеска на програмата се два натпревари, во Кратово и во Кавадарци. Силекс на домашен терен го пречекува Скопје, кој сѐ уште е без бодови. Кратовци се големи фаворити на овој дуел. Тиквеш досега има максимален ефект, а ќе се обиде да продолжи по победнички патеки и на денешниот натпревар против Шкендија Арачиново. Кавадарчани беа неверојатно ефикасни во првите две кола, па ќе се ...
Викендите повторно ќе изобилуваат со фудбал, затоа што стартуваа поголем дел од националните првенства ширум Европа. Се приклучуваат и Шпанија и Турција, така што Супер типот е максимално фудбалски и, се разбира, со максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува од 13 часот со Втората Бундеслига, а потоа возбудувањата продолжуваат низ текот на целиот ден, до доцна во ноќта. Зголемени се коефициентите на Херта, Болтон, ЦСКА Москва, ...
Шпанскиот клупски фудбал повторно се враќа во центарот на вниманието со стартот на новата сезона во Ла Лига. По летната пауза, љубителите на фудбалот повторно ќе можат да ги следат возбудувањата во едно од најквалитетните првенства во Европа, а воведниот ден носи два интересни натпревари. Програмата започнува во 19:30 часот со дуелот меѓу Алавес и Хетафе. Домашниот тим ќе ја има поддршката од своите навивачи и ќе се обиде со позитивен ...
Стартуваа(т) дел од најдобрите фудбалски лиги во Европа, па денешните Квоти на денот нѐ носат во Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Турција…Ќе биде интересно, а петте предлози заедно носат вкупен коефициент 40,84. Болтон го пречекува Престон и ако не загуби, а во првото полувреме има најмалку еден гол, квотата на денот е 2.10. Унион Сен Жил се среќава со Цулте Варегем и квотата е 2.10 ако во првото полувреме има најмногу еден гол, а во ...
Пари Сен Жермен е на пaт да официjализира две сериозни офанзивни засилувања. Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација Феран Торес и белгискиот талент од Ајакс, Мика Годс, пристигнаа во Париз, каде што ќе ги минат медицинските прегледи пред да ги комплетираат трансферите. Според информациите, двата трансфера се веќе договорени и потврдени. Торес ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на францускиот шампион за обештетување ...