Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ синоќа пристигна во Истанбул и веќе е нов играч на Бешикташ. По појавувањето на аеродромот во Истанбул, навивачите на Бешикташ со воодушевување го пречекаа Влаховиќ, а тој веднаш стана нивен миленик со првите неколку реченици што ги изјави. „Прво сакам да ви кажам дека ќе бидеме шампиони. Многу сум среќен што сум тука, ова е неверојатно. Едвај чекам да заиграм“, беше првата реакција на Влаховиќ по ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ со нов личен рекорд ги заврши квалификациите на 200 метри слободно на Европското првенство во Париз. Ѓуретановиќ ја исплива делницата со време 1:52,39 минути, што е за 47 стотинки подобро од неговото досегашно најдобро остварување од 1:52,86. Македонскиот репрезентативец заврши на шестото место во својата квалификациска група, што му ја донесе 70-тата позиција во генералниот пласман, во конкуренција на ...
6783 Бешикташ – Храдец Краловце (19 ч.) Турскиот гигант има солидна предност од 1:0 по првиот меч на гостински терен и вечерва пред своите навивачи треба да го потврди местото во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Интересно е дека Храдец на првиот меч упати дури девет шута во рамките на голот на Бешикташ, но не даде ниту еден гол, што сепак само потврдува дека се работи за квалитетна екипа што сака да игра офанзивно. Сепак, чудо би ...
Шкендија остана единствен македонски преставник во европските купови, а за да остане така, вечерва мора да го победат и да го елиминираат шкотскиот Хибернијан. Тетовци вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ ќе го играат реванш-мечот од третото квалификациско коло од Конференциската лига, а гостите во Скопје допатуваа со предност од 2:1 стекната по првиот меч во Единбург. Тоа значи дека Шкендија едноставно мора да брка триумф, нешто ...
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, пред неколку дена остана без својот татко Жорже. Токму Жорже беше најголемата поддршка на Меси во текот на целата негова кариера, па затоа неговото заминување беше многу болно за Меси. И покрај тоа што остана без најголемата поддршка, Меси реши брзо да се врати на теренот. Тој патуваше 14 часа од Аргентина до Мајами за да биде присутен на мечот од Лига купот против тимот на Лион. Меси беше на ...
Унаи Емери е тренерот кој е рекордер со седум трофеи во Лигата на Европа. Сепак, шпанскиот стратег никако не успева да се израдува на титула во Суперкупот на УЕФА. За него синоќешниот дуел против ПСЖ беше четврти меч во Суперкупот на УЕФА и четврти пораз. Емери ги губеше дуелите од ова натпреварување и во 2014, 2015 и 2021 година. И покрај поразот, Емери имаше пофални зборови за своите фудбалери. „Го посакувавме трофејот, сакавме да победиме ...
Целосна фудбалска доминација има денешната понуда во Супер тип на Sport Life. Дури 16 натпребвари од европските купови се на менито со зголемени коефициенти. Возбудувањата започнуваат со дуелот меѓу Тобел и Партизан на кој за триумф на гостите од Белград квотата е 2.36. Интересно е дека на дури осум средби, гостинските тимови се во улога на фаворити и имаат зголемени квоти. Ријека да победи на гости има коефицине тод 1.85, победа на Брага ...
Екипата на Илинден славеше со 3:1 во контролен натпревар одигра во Струмица против второлигашот од Малта, тимот на Санта Луција. Ова беше трет меч за Илинден во подготвителниот период и прва победа. Претходно одигра 1:1 против второлигашот Македонија Ѓорче Петров, а на стартот од подготовките Илинден загуби со 3:1 од младинците на Вардар. Дуелот против Санта Луција се играше на комплексот „Пандев“ во Струмица, а фудбалерите на Илинден покажаа ...
Пет натпревари од европските купови кои вечерва ќе се играат се дел од понудата во Квоти на ден на Sport Life. Ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 42.88. Бешикташ на свој терен игра против Храдец Кралове и тука во првото полувреме не треба да има повеќе од два гола, додека во вториот дел треба да има 2+ погодоци, за да биде добитна квотата од 2.05. Салцбург да не загуби на ...
Пријателскиот меч меѓу Малага и Фулам заврши со резултат 2:2, а на крајот се случи нешто невообичаено. Гостинскиот тим одби да шутира пенали, па екипата на Малага победи на пенали и тоа откако шутираа на празен гол. Во регуларните 90 минути Фулам два пати водеше, а Малага израмнуваше, па на крајот беше 2:2. Потоа започна неверојатната приказна на овој меч. Тренерот на Фулам, Алваро Арбелоа беше исклучен поради протестирање, а потоа неговиот ...
Пари Сен Жермен стана само четвртата екипа која успеала две години по ред да го освои трофејот во Суперкупот на УЕФА. Францускиот и европски првак синоќа со 2:1 славеше над Астон вила во меч кој се играше во австриски Салцбург. По мечот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике беше пресреќен, а посебно го истакна победничкиот менталитет на неговите фудбалери. „Не сум изненаден. Совршено ги познавам своите фудбалери. Беше многу комплицирано, исто како ...
Лионел Меси повторно е на фудбалскиот терен. Само неколку дена по смртта на неговиот татко, аргентинскиот виртуоз покажа карактер и се врати во својот клуб Интер Мајами. Утрово, Интер Мајами загуби на свој терен од тимот на Леон со 2:3, а Меси во игра влезе на почетокот на второто полувреме. Тоа беше првиот меч за Аргентинецот по смртта на неговиот татко со кого беше многу поврзан. Интер Мајами водеше со 1:0, потоа и со 2:1, но не само што ...
Бранителот на ракометниот турнир во Струга, Охрид, со убедлива победа од 37-24 над домашниот состав, најави финале против Вардар. На првиот ден од 54-тото издание на ракометниот турнир во Струга фаворитите славеа, а тоа е одлична најава за финале помеѓу Вардар и Охрид, како што се очекуваше и пред почетокот на турнирот. За да го потврдат пласманот во мечот за трофејот, Охрид ќе треба да го победи единствениот странски уечесник на турнирот, ...
Реал Мадрид и на четвртиот контролен дуел под водство на Жозе Мурињо остана непоразен, односно ја забележа третата победа, откако со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Ла Коруња. Победата на „кралевите“ значеше и освојување на Купот „Ерера Тераса“, а единствениот гол беше дело на Брахим Дијас во финишот од првото полувреме. Контролни дуели играа и Арсенал и Манчестер јунајтед, а интересно и двата завршија со идентични 1-1. „Топџиите“ ...
Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, по одбраната на трофејот во најелитното натпреварување, успеа да го повтори успехот и во европскиот Супер куп. „Светците“ вторпат по ред го кренаа и овој трофеј, откако во финалето во Салцбург славеа со 2-1 над освојувачот на Лигата на Европа, Астон вила. Квича Кварацкелиа во 20-тата минута го донесе ПСЖ во водство од 1-0. На 1-1 израмни Браја Маџо, кој со овој гол влезе во историјата како ...
Новото засилување на Манчестер сити, Елиот Андерсон, призна дека сака со своите настапи да покаже дека вреди за огромната сума која клубот ја плати за неговиот трансфер. Англискиот репрезентативец летово пристигна од Нотингем Форест за 116 милиони фунти, што е втор најскап трансфер во историјата на британскиот фудбал. Андерсон би можел да дебитира за Сити уште в недела, во натпреварот за Комјунити Шилд против Арсенал. „Неверојатно сум среќен ...
Чави Ернандес се враќа на тренерската сцена, но овојпат во сосема поинаква улога. Поранешниот тренер на Барселона ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Холандија. Шпанецот на оваа позиција доаѓа на местото на Роналд Куман, кој ја напушти селекторската позиција по неуспехот на Светското првенство. За Чави Ернандес тоа ќе биде нов предизвик во кариерата, откако претходно ја водеше Барселона и со каталонскиот клуб ја освои Ла Лига. Чави ...
Ромелу Лукаку и официјално е нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот гигант го потврди трансферот на белгискиот напаѓач од Наполи, за кој ќе плати шест милиони евра, плус бонуси. 33-годишниот Лукаку ќе потпише договор на една година, со можност за продолжување на уште една сезона. Тој вечерва треба да пристигне во Истанбул, откако вчера ги мина лекарските прегледи. 📹 Yeni transferimiz Romelu Lukaku’dan mesajınız var. pic.twitter.com/I3NxyBzzoS ...
Хулијан Алварес е разочаран од разговорот со Диего Симеоне по враќањето на тренинзите во Атлетико Мадрид. Според „Спорт“, Аргентинецот очекувал поголемо разбирање од својот сонародник за неговата желба да се пресели во Барселона. Алварес се надевал дека Симеоне ќе застане зад него и ќе се обиде да го убеди раководството на Атлетико да го пушти. Наместо тоа, тренерот само ја повторил клупската позиција дека напаѓачот не е за продажба. Симеоне ...
Во време кога и фудбалери во најдобрите играчки години решаваат да заминат од Европа и да ги прифатат богатите понуди кои пристигнуваат од Саудиска Арабија или САД, малку се оние кои приоритет му даваат на спортот. Еден од оние кои реши да ги одбие милионите од Саудиска Арабија за да остане да игра елитен фудбал е напаѓачот Илиман Ндијае. Репрезентативецот на Сенегал и член на англискиот премиерлигаш Евертон доби богата понуда за трансфер во ...
Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Вардар, имаше победничко враќање на турнирот во Струга. „Црвено-црните“ во првото коло од групната фаза забележаа убедлива победа од 39-29 над Прилеп. Вардарци победата ја најавија уште во првото полувреме, после кое имаа водство од 18-13. Вардар, заедно со освојувачот на Европскиот куп, Охрид, важат за фаворити за пласман во големото финале на 54-тото издание на турнирот. Пелистер и Вардар се ...
Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ и официјално има нов клуб откако турскиот гигант Бешикташ се пофали на социјалните мрежи со негова фотографија. Влаховиќ се сели во Турција како слободен фудбалер, откако му истече договорот во Јувентус. Иако сè уште не се откриваат деталите од договорот со Бешикташ, шпекулациите се дека Србинот во Турција ќе заработи околу 40 милиони евра. pic.twitter.com/qRHZROQbP0 — Beşiktaş JK (@Besiktas) ...
Голманот на Милан, Мајк Мењан, го одложи враќањето од одмор и неговото приклучување кон подготовките на тимот. Во меѓувреме се појавија информации дека интересот за францускиот репрезентативец од Ал-Наср повторно се активирал. Мењан и претходното лето беше подготвен да го напушти Милан, откако доби сериозна понуда од Челзи, но Росонерите тогаш не сакаа да го пуштат. Французинот беше убеден да остане во клубот од тренерот Масимилијано Алегри, ...
Некогашната голема светска фудбалска ѕвезда, Пол Погба, никако не успева да се врати во стартиот ритам. Фудбалерот кој неколку години беше надвор од фудбалот поради допинг-скандалот, минатата сезона се обиде да се врати во форма играјќи за тимот на Монако. Сепак, Погба одигра едвај шест натпревари, додека поголем дел од сезоната го пропушти поради повреди. Дека и во новата сезона ситуацијата веројатно нема да биде ништо поинаква, се потврдува ...
Шкендија по победата во големото дерби над Вардар со 0-2 се насочува кон европските обврски и дуелот против Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига. Иако екипата имаше набиена агенда и тешки натпревари, сепак, тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани, очекува победа и пласман во плеј-офот. „Беше тешка недела за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, па моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. ...
Лионел Меси ги живее најтешките денови од животот. Пред неколку дена почина неговиот татко Жорге, кој беше негова најголема потпора во животот. По неколку дена молк, денеска на социјалните мрежи со емотивно писмо се јави Меси. Долго и со многу емоции беше писмото на Меси упатено како последен поздрав за неговиот татко. На таа објава на Меси стигнаа илјадници пораки за поддршка на Меси, а една од пораките беше упатена директно од Кристијано ...
Стратегот кој во изминативе речиси 10 години се прослави како селектор на Хрватска, од денеска има нова работа. Златко Далиќ е нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, а договорот е до 2030 година. Хрватот си замина од селекторската позиција на Коцкестите по завршување на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, па јасно беше дека во скоро време треба да добие нова работна задача. Официјално не се обелоденети ...
Лионел Меси со емотивна порака испратена на социјалните мрежи се збогува со својот татко Жорге, кој почина по тешка болест. Еден од најдобрите фудбалери во историјата ја сподели својата длабока болка со јавноста, признавајќи дека му е исклучително тешко да ја прифати загубата на човекот кој му беше најголема поддршка во животот. Неговиот татко го следеше секој негов чекор во текот на целата негова кариера, извршувајќи ги улогите на ментор, ...
Еден од големите новитети во шпанското првенство, кое ќе започне оваа сабота, ќе биде топката – Puma Stellar Nitro Ultimate. Оваа топка ќе им помага на судиите, а ќе има и други спортски и аудиовизуелни апликации. Тоа е топка со сензор внатре кој не може да ја менува траекторијата на ударот. Тежи 15 грама и овозможува секоја сила што се применува на топката да се мери со акцелерометар и жироскоп. Сепак, треба да се полни. Целосното полнење ...
Холандија го разгледува Роберто Мартинес како неочекуван кандидат за испразнетото селекторско место. Тој треба да го наследи Роналд Куман. Претставници на Холандската фудбалска федерација веќе одржале приватна средба со Мартинес во Малага, каде што разговарале за можноста тој да ја преземе репрезентацијата. Доколку биде назначен, Мартинес би станал првиот странски селектор на Холандија по речиси 50 години. Роберто Мартинес на Светското ...