Дуелот меѓу Алжир и Австрија е најконтроверзен во групната фаза од Светското првенство. Мечот заврши 3:3 и двете селекции се пласираа во нокаут фазата, но во финишот се случи вистинска драма. Резултатот беше 2:2, кога започна да тече 88 минута, а топката беше во посед на фудбалерите на Алжир. Неверојатни пет и пол минути и дури 110 додавања имаа фудбалерите на Алжир и сите очекуваа тоа да биде мирен финиш на средбата. Сепак, во 90+3 минута ...

Еден од најдобрите напаѓачи во последните 20 години, Роберт Левандовски ќе ја продолжи кариерата во тимот на Чикаго фајрс. Тоа е клуб кој се натпреварува во МЛС шампионатот во САД, а Левандовски заминува како слободен играч откако летово му истече договорот со Барселона. Иако има 37 години, Левандовски во Барселона потврди зошто уште е еден од најдобрите реализатори, а повеќе клубови беа заинтересирани за неговиот потпис, за на крајот ...

Реал Мадрид планира летово да продаде една голема ѕвезда на тимот за да заработи добра сума од трансферот. Според најавие, фудбалерот на кој не смета новиот тренер Жозе Мурињо е Французинот Едуардо Камавинга. Играчот за врска не е во плановите на Мурињо за новата сезона и веќе му било посочено дека најдобро е да бара нов клуб. Камавинга кој има 23 години немаше намера да го напушти Кралскиот клуб и очекуваше шанса да се докаже и кај Мурињо. ...

Репрезентацијата на Гана загуби со 2:1 од Хрватска во последниот меч од групната фаза и на крајот заврши на третото место во групата со Англија, Хрватска и Панама. Четирите освоени бодови беа доволни за Гана да се пласира во 16-финалето, каде ќе игра против Колумбија. На мечот против Хрватска, посебен момент имаше Дерик Лукасен. Искусниот 30-годишниот дефанзивец на Гана постигна гол на своето деби на Светското првенство. Лукасен погоди во ...

Репрезентацијата на Бразил без многу проблеми го освои првото место во својата група и се пласираше во 16-финалето каде ќе игра против Јапонија. Во составот на Бразил е и најголемата ѕвезда Нејмар, но тој нема голема заслуга за резултатите на теренот на овој Мундијал. Нејмар воопшто не играше во првите две кола (реми 1:1 против Мароко и победа од 3:0 над Хаити), но затоа воодушевување беше кога се појави на теренот во третото коло против ...

Гана синоќа со 2:1 загуби од Хрватска, но тој пораз не болеше многу затоа што африканската репрезентација веќе го имаше обезбедено местото во нокаут фазата. Гана во првите две кола славеше со 1:0 над Панама, а потоа изненадувачки одигра без голови против Англија. Сепак, Хрватска во третиот меч го скрши челичниот дефанзивен ред на Гана и даде два гола за победа. Иако голманот на Гана, Бенџамин Асаре, прими два гола од Хрватска, тој веќе е ...

Денес (недела, 28 јуни) селекциите на Јужна Африка и Канада го отвораат вториот круг на мундијалот. Од утре, па до 03 јули (петок) ќе се играат по три натпревари од 1/16-финалето. Во игра остануваат 32 репрезентации, 16 учесници веќе ги спакуваа куферите и се на пат кон дома. Интересно е што дури шест од нив го завршија мундијалот без освоен бод. Тоа се: Хаити, Тунис, Ирак, Јордан, Узбекистан и Панама. Од вкупно 16 европски репрезентации ...

Најдобрите 32 репрезентции кои ја поминаа групната фаза на Светското првенство сега се подготвуваат за предизвиците по кои нема поправен, односно нокаут системот. Еден од ко-домаќините, репрезентацијата на Канада ќе ја има честа прва да го отвори „патот“ во 16-финалето и тоа на дуел против Јужна Африка. Ова ќе биде историски дуел затоа што за прв пат ќе се случи една репрезентација која е домаќин на турнирот, да не игра на домашен терен. ...

Историско е ова Светско првенство по многу работи. Прво во кое учествуваат дури 48 репрезентации, прво кое се игра во три различни земји и прво на кое се постигнати преку 200 голови. Ако досега на Мундијалите се играа по 64 мечеви за да се дознае светскиот првак, на СП 2026 требаше да се одиграат дури 72 натпревари за да се комплетираат мечевите од групната фаза. Фактот дека само во групната фаза се одиграа повеќе средби, отколку што бевме ...

Африканските репрезентации покажуваат завиден квалитет на Светското првенство кое се игра во моментов. Ова е прв Мундијал со 48 репрезентации и за прв пат африканскиот континент доби шанса да има 10 репрезентации на завршницата. Дека сосема со право имаат дури 10 селекции на планетарниот собир се покажа по резултатите во групната фаза. Од десетте африкански селекции кои се најдоа на завршницата, дури девет успеаа успешно да ја поминат групата ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, уште еднаш застана во одбрана на својот капитен Лионел Меси, нагласувајќи дека за осумкратниот освојувач на „Златната топка“ тимскиот успех секогаш е поважен од личните рекорди. По победата над Јордан (3-1), Скалони објасни зошто Меси не беше на теренот во текот на целиот меч, иако имаше можност дополнително да ја збогати својата импресивна статистика. „Можеше без проблем да ги одигра сите 90 минути и ...

Возбудувањата во нокаут-фазата на Светското првенство ќе започнат вечерва, а вкупно 32 репрезентации останаа во трка за освојување на трофејот. Вкупно 832 фудбалери остануваат да бидат дел од Мундијалот, а по направено истражување, најголем број играчи се од поранешна Југославија. Како што пресмета Марко Јукиќ, аналитичар во американската компанија „Бизмарк Анализа“ од Сан Франциско, 7,5 проценти од играчите во 16-финалето се од земјите кои ...

Во Реал Мадрид започна период на темелни промени, а раководството на клубот е решено да ја сврти новата страница по разочарувачките резултати во изминатите две сезони. На „Сантијаго Бернабеу“ веќе се гради нов проект со јасна цел, враќање на европскиот и шпанскиот врв. Првиот голем чекор беше направен на тренерската позиција, каде што Жозе Мурињо повторно седна на клупата на Kралскиот клуб, наследувајќи го Алваро Арбелоа. Во меѓувреме, Реал ...

Египетската репрезентација доби непријатни вести пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство. Најголемата ѕвезда и капитен на тимот, Мохамед Салах, заработил истегнување на бутниот мускул и неговиот настап против Австралија е под голем знак прашалник. Салах се пожали на болки за време на ремито 1-1 против Иран, по што беше заменет. Медицинските прегледи потврдија истегнување на мускулот, а лекарот на репрезентацијата Мохамед Абу Ел ...

Мечот меѓу Австрија и Алжир уште пред почетокот беше проследен со бројни шпекулации дека ќе заврши нерешено, резултат кој на двете селекции им гарантираше пласман во осминафиналето на Светското првенство. На крајот, токму тоа сценарио се реализираше, а најголемата цена ја плати Иран, кој остана без место во нокаут-фазата. Дополнително, Алжир со освоениот бод избегна пресметка со Шпанија во следната рунда и наместо тоа ќе се соочи со ...

Денес е еден од најдобрите голмани на Светското првенство, но неговата кариера можела да добие сосема поинаков тек. Американскиот чувар на мрежата Мет Фриз откри дека своевремено ја одбил шансата да потпише за Манчестер јунајтед бидејќи решил да му даде предност на образованието. Дваесет и седумгодишниот голман е прв избор на селекторот Маурисио Покетино и со своите одлични настапи е еден од најзаслужните што САД сигурно ја помина групната ...

Завршија битките од групната фаза, но Мундијалот продолжув веднаш со елиминацискиот сегмент. Првиот меч се игра вечерва во Лос Анџелес и се среќаваат Јужна Африка и Канада. Канаѓаните се умерени фаворити, но никогаш не треба да се заборави на истрајноста и карактерот на африканските селекции. За возбудата да биде максимална, подготвен е Специјален сингл, а вие можете да уживате во изборот на најдобрата игра која треба да донесе и добивка. ...

Хрватска со триумф од 2-1 против Гана го завери пласманот во нокаут-фазата на Светското првенство, освојувајќи го второто место во групата „Л“. Петар Сучиќ и Никола Влашиќ беа стрелци за „коцкестите“, кои во шеснаесеттинафиналето ќе ги одмерат силите со Португалија. Освен што донесе место меѓу 32-те најдобри репрезентации, натпреварот ќе остане запаметен и по уште едно историско достигнување на Лука Модриќ. Искусниот капитен асистираше при ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, изјави дека настапот против Колумбија ќе му помогне на тимот да стигне таму каде што сака и го оцени натпреварот како многу важен тест. По ремито без голови, Мартинез истакна дека покажале силен карактер за да ја сочуваат својата мрежа недопрена, а посебни пофалби добија голманот Диого Кошта и одбраната пред него. „Навистина ни беше потребен ваков натпревар за да ја насочиме нашата игра во правецот ...

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим го направил тоа што било потребно во победата од 2:0 над Панама на Светското првенство, со што Англија го освои првото место во групата „Л“ и обезбеди дуел со ДР Конго во 1/16-финалето. „Го направивме тоа што требаше“, изјави Тухел. „Се случи токму она што го очекувавме – тежок натпревар против физички силен противник. Тие се репрезентација против која ...

Мундијалското 1/16-финале започнува со мечот помеѓу Јужна Африка и Канада, а во Sport Life може да најдете четири набилдани опции со квоти кои достигнуваат и до 20.00. Бет билдерот за првиот меч од нокаут-фазата има квоти од 16.00, двапати по 18.00 и од 20.00, а опциите и комбинациите се навистина реално и може да излезат како добитни. Мундијалското 1/16-финале започнува со мечот помеѓу Јужна Африка и Канада, а во Sport Life може да ...

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, упати критики до сите што се сомневаа во неговиот тим и порача дека „коцкестите“ повторно се таму каде што беа во своите најуспешни години, откако со победата од 2:1 над Гана обезбедија пласман во 1/16-финалето на Светското првенство во Северна Америка. „Сакам да им честитам на играчите за пласманот во нокаут-фазата. Натпреварот беше тежок, но мислам дека Хрватска одигра одлично од тактички аспект и беше ...

Попладнево се вози трката за ГН на Австрија, а возачите на Мерцедес повторно ја имаат фаворитската улога. Расел ќе тргне од пол-позицијата и според квотите во Sport Life е фаворит и за победата, но ќе има голем притисок, бидејќи од втората и третата позиција стартуваат возачите на Ферари – Леклер и Хамилтон. Токму Хамилтон победи на претходната трка и направи големо изненадување, а за такво нешто и денес ќе добиете одлична квота од 7.00 во ...

Џуд Белингам го прогласи Хари Кејн за „најдобриот англиски фудбалер на сите времиња“, откако напаѓачот стана рекордер на Англија по бројот на голови постигнати на Светските првенства. Голот на Кејн со глава во второто полувреме ја запечати победата на Англија од 2:0 над Панама во натпреварот од групната фаза на Мундијалот. Со тој погодок тој стигна до 11 голови на светските шампионати и го надмина Гери Линекер. „Изградив одличен однос со Хари ...

6000 Јужна Африка – Канада (21:00) Канада го освои второто место во групата, па во 1/16-финалето ќе игра во САД, а не на домашен терен. Сепак, тоа не значи дека ја немаат фаворитската улога против Јужна Африка. Очекувањата се дека токму Канаѓаните ќе бидат првиот осминафиналист на Светското првенство. Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.98) 2628 Сандвикенс – Хелсингборг (17:00) Хелсингборг е екипата чии натпревари се најефикасни во првенството ...

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 13 од 16-те понудени натпревари, два меча се од бејзболот, а еден од тенисот. Токму тенискиот натпревар ја отвора понудата со меч кој започнува во 14:30 часот, а половина час подоцна започнува и првиот фудбалски меч. Меѓу зголемените квоти е и првиот 1/16-финален натпревар на Светското првенство, помеѓу Јужна Африка и ...

Шкотска не успеа да се пласира во нокаут фазата на Светското првенство, иако заврши како третопласирана во својата група. Со трите освоени бодови и гол разлика од само еден даден и дури четири примени голови, Шкотска беше на 11-тото место од 12-те третопласирани селекции, па остана без пласман во следната фаза. Ваквиот расплет на Мундијалот за Шкотите е неуспех, па вината падна на грбот на селекторот Стив Кларк кој синоќа поднесе. ...

По еден меч од Светското првенство и Европското првенство за играчи до 19 години, како и три меча од Скандинавија, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 42.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.40. Од екипата на Норкопинг се очекува да одигра ефикасно против Норби, а за да бидедобитна квотата од 2.10 потребно е да постигнат помеѓу еден и три гола во двете полувремиња. ...

Групата „Ј“ беше последната што ги одигра натпреварите на Светското првенство во Северна Америка, па Австрија и Алжир точно знаеја што им е потребно за пласман во нокаут-фазата. На крајот се случи токму резултатот што им одговараше – реми. Австрија двапати водеше, но Алжир успеа двата пати да се врати во игра, а во 94-тата минута дури и поведе. Сепак, само две минути подоцна, во 96-тата минута, Саша Калајџиќ постигна гол за израмнување и ...

На Португалија ѝ беше потребна победа за првото место во групата „К“ за да се најде во условно полесен дел од костурот, но не само што не успеаја да слават, туку беа и целосно надиграни од Колумбија. Селекцијата од Јужна Америка имаше неверојатни 24 удари кон противничкиот гол, но мечот на крајот заврши без голови, на задоволство на Колумбија. ДР Конго за првпат во својата историја ќе игра во нокаут-фазата на Светското првенство, откако со ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.16
30%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.5
68%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.83
55%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.69
35%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
74%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
34%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
3.79
23%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.01
55%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
57%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
39%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
3.97
72%
1015
Currency

61.645

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Бакар

12.63

Злато

132441.79

Сребро

1924.70

Кобалт

56.29

Калај

52.82

Алуминиум

3.15

Цинк

0.00

Родиум

262028.58

Паладиум

40509.94

Рутениум

49029.89

Платина

52244.96

Иридиум

245953.21