Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Маркус Рашфорд повторно е во Манчестер јунајтед, но неговата иднина на „Олд Трафорд“ и понатаму е неизвесна. Англискиот репрезентативец минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона, каде што остави добар впечаток. Каталонскиот клуб имаше можност да го откупи за 30 милиони евра, но не ја активираше клаузулата. Рашфорд неодамна се врати во Манчестер и веќе одигра натпревар за Јунајтед, но според информациите на Барселона и понатаму е во ...
Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа новата сезона во Регионалната лига, откако во Охрид славеа над српскиот вицепрвак Војводина со 36-30. „Црвено-црните“ уште во првото полувреме го најавија триумфот. По 30 минути игра имаа предност од 20-15, а во продолжението рутински го контролираа натпреварот. Тренерот Иван Чупиќ им даде шанса на сите ракометари кои беа во составот, а одлична партија имаше голманот Гогов. Натпреварот наместо во ...
Талентираниот српски голман Иља Пантелин (18) ја продолжува својата кариера во славниот Милан, кој плати дури 1.000.000 евра за неговите услуги со дополнителни бонуси што можат да се активираат во зависност од неговите перформанси. За тимот ТСЦ од Бачка Топола ова е еден од најголемите трансфери во нивната историја. Пантелин помина низ младинските категории на клубот кој оваа сезона се натпреварува во Првата српска лига (второ по ранг ...
Некогашниот германски првак Шалке 04, во новата сезона ќе се врати повторно да биде дел од Бундеслигата. Минатата сезона Шалке заврши како најдобар во Втора лига и сега повторно ќе биде меѓу најдобрите, што создаде еуфорија кај навивачите. За само два и пол часа, германскиот гигант направи комерцијален подвиг откако успеа да продаде неверојаен број од 40.000 примероци од новите дресови за гостински терен. Според угледниот весник „Билд“, ...
Сантос со 3:0 го победи Васко де Гама на гости, во еден од големите дерби дуели во бразилското првенство. Овие некогашни гиганти сега се во долниот дел од табелата и се борат за опстанок, а Сантос со овој триумф стигна до 25 бодови, додека Васко де Гама остана на 22 бодови и е на претпоследното 19-то место на табелата. Покрај трите гола, дуелот го одбележа и „инцидентот“ што се случи пред да почне средбата. Кога се наредија фудбалерите на ...
Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани само неколку месеци издржа на клупата на Вардар. Стратегот кој го замени Гоце Седлоски, ја започна сезоната како предводник на Вардар, но си замина по само две одиграни кола од новото првенство, кога Вардар на свој терен загуби од Шкендија со 0:2. Пред овој пораз од Шкендија, Вардар експресно беше елиминиран од европските купови. Црвени црните најпрво беа елиминирани од КуПС во квалификациите од Лига ...
Една од најголемите трансфер сапуници ова лето беше дилемата каде ќе продолжи кариерата на шпанскиот репрезентативец Родри. Фудбалерот кој беше прогласен за МВП на Светското првенство на кое Шпанија ја освои титулата, беше пред трансфер во Реал Мадрид, но во последен момент наместо на „Сантијаго Бернабеу“, тој се пресели во најголемиот ривал на мадриѓани, тимот на Барселона. Актуелниот шпански првак успеа да го убеди Родри да пристигне на ...
Младиот напаѓач на Калјари, Јаел Трепи (20), заврши на интензивна нега откако речиси се удави во базенот на луксузна вила во Сардинија. Францускиот фудбалер беше итно префрлен во болница со хеликоптер, а италијанскиот клуб не ја крие својата голема загриженост за неговото здравје. Несреќата се случила за време на слободниот ден што играчите го добија по играњето во Купот на Италија. Според весникот „Унионе Сарда“, несреќниот млад човек ја ...
Речиси пет месеци поминаа од дебалклот на Италија и елиминацијата во баражот за пласман на СП 2026, по што селекторот Џенаро Гатузо си даде оставка. Гатузо беше многу разочаран поради неуспехот да ги однесе Аѕурите на планетарниот собир, но собра сили и реши да продолжи како тренер на Лацио. Сепак, во првиот официјален дуел по дебаклот во Зеница и елиминацијата на Италија, Гатузо доживеа нов дебакл. Овојпат како предводник на Лацио успеа да ...
Трансферот на Јанис Константелијас во Борусија Дортмунд предизвика целосен хаос во Солун. Додека 23-годишниот грчки интернационалец патуваше за Германија со приватен авион, навивачите на ПАОК се собраа пред стадионот „Тумба“, а некои од нив влегоа во просториите на клубот и закачија транспарент на кој објавија дека просториите се „окупирани“. Тие побараа сопственикот Иван Савидис да одржи состанок и да ја повлече одлуката за продажба на ...
Фудбалерите на Спарта Прага го победија Теплице со 4:1, а централна фигура на натпреварот, но не поради играта на теренот, беше новакот во домашниот тим Матеј Јурашек. По натпреварот, овој играч, поддржан од сите негови соиграчи и тренерот Брајан Приске, мораше да им се обрати на најжестоките навивачи на својот нов клуб бидејќи тие не го прифаќаат. Причината е што Јурашек е „дете“ на омразениот ривал Славија и како таков, за ултрасите на ...
Џамал Мусијала, офанзивецот на Баерн, се струполи на теренот за време на натпреварот против Лајпциг во Минхен, по што на „Алијанц Арена“ завладеа тишина. Соиграчите и противничкиот играч Исмаел Саибари веднаш му притрчаа, а лекарската екипа брзо интервенираше. Според првичните информации, состојбата на фудбалерот е стабилна. Лекарската служба му укажуваше помош неколку минути директно на теренот. Ситуацијата се смири откако член на ...
Наполи покажува сериозен интерес за Дани Себаљос и веќе стапил во контакт со неговите претставници со намера да го засили средниот ред на тимот предводен од Масимилијано Алегри. Според информациите, италијанскиот клуб веќе испратил понуда до 30-годишниот Шпанец, кој во моментов е слободен играч по завршувањето на долгогодишниот престој во Реал Мадрид. Себаљос има и други опции. За неговите услуги заинтересиран е и Јувентус, додека фудбалерот ...
Карим Бензема би можел да го напушти Ал-Хилал ова лето, но неговото заминување воопшто нема да биде едноставно. Според информациите, саудискиот клуб сака да се раздели со 38-годишниот Французин и веќе работи на ангажирање негова замена. Ал-Хилал наводно веќе постигнал договор со Оли Воткинс, но ситуацијата со Бензема претставува сериозна пречка за реализација на целиот план. Францускиот напаѓач има договор со Ал-Хилал, а дел од неговата плата ...
Енцо Мареска не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз на Манчестер сити од Арсенал со 0-3 во натпреварот за Комјунити Шилд. За Мареска ова беше првиот официјален натпревар на клупата на Граѓаните по преземањето на тимот, но дебито не мина според очекувањата. Арсенал со головите на Рикардо Калафиори, Каи Хаверц и Мартин Одегард стигна до трофејот по 18-ти пат во историјата. Според италијанскиот стратег, клучен момент бил раниот гол на ...
Тотенхем направи сериозен чекор кон ангажирањето на Коди Гакпо, откако лондонскиот клуб наводно ги договорил личните услови со напаѓачот на Ливерпул. Холандскиот репрезентативец е блиску до преселба во северен Лондон, но трансферот сè уште не е целосно завршен, бидејќи Тотенхем и Ливерпул треба да постигнат договор околу обесштетувањето. Во меѓувреме, заминувањето на Гакпо може сериозно да ги искомпликува плановите на Ливерпул за ...
Откриена е причината за пропаднатиот трансфер на голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, во Јувентус. Првично се сметаше дека главната пречка била цената на аргентинскиот репрезентативец. Сепак, британските медиуми објавија дека Мартинес донел одлука да се подложи на операција поради скршен прст, поради што ќе биде надвор од терените околу три месеци. Оваа информација дополнително го усложнила евентуалниот трансфер во Јувентус, кој на ...
3672 Сасуоло – Чезена (18.30 часот) Сасуоло ќе го искористи домашниот терен и ќе слави триумф, а типуваме дека ќе има и два гола во мрежата на Чезена. Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.76) 1308 Ла Коруња – Елче (21 часот) Ла Коруња се враќа во шпанската елита и сигурно ќе има еуфорија на трибините, а наш тип е дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња. Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.35) 1022 Кардиф – Врексам (21 часот) Ќе биде жесток ...
Микел Артета не го криеше задоволството по триумфот на Арсенал над Манчестер сити со убедливи 3-0 во натпреварот за Комјунити Шилд. Иако Топчиите заслужено стигнаа до трофејот, шпанскиот стратег призна дека високата победа го изненадила. Головите на Рикардо Калафиори, Каи Хаверц и Мартин Одегард му го донесоа на Арсенал трофејот во Комјунити Шилд по 18-ти пат во клупската историја. „Ова беше навистина одлично издание. Бев многу импресиониран ...
Фудбалската понуда е сѐ поголема, но и тенисот е застапен со нови возбудувања. Во таков стил е составен и денешниот Супер тип, со максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува од 17 часот со фудбалски дуели, а потоа се вклучува и тенисот. Зголемени се коефициентите на Ауда, Пиза, Спартак Варна, Сасуоло, Брондби, Арка Гдиња, Спортинг Хихон, Војводина, Де Графшап, Јодар, Носкова, ФЦСБ, Кремонезе, Фрам Рејкјавик, Филс. Вашата задача е да ...
Лацио претрпе еден од најтешките можни удари на почетокот од новата сезона. Римјаните на својот „Олимпико“ беа поразени со 0:2 од Мантова во Купот на Италија. Тоа беше натпревар во кој момците на тренерот Џенаро Гатузо ја имаа иницијативата и создадоа голем број шанси за гол, но не успеаја да ја пробијат гостинската одбрана. На крајот, во последните 15 минути од мечот, второлигашот со два постигнати гола само потврди зошто мечевите во Купот ...
Денешните квоти на денот нудат одличен тикет и едноставно не смеете да ги испуштите. Петте предлози заедно носат вкупен коефициент 44,69. Пиза се среќава со Емполи и квотата на денот е 2.10 ако домаќинот постигне еден или два гола во првото полувреме. Ла Коруња игра против Елче и ако не загуби, а на натпреварот бидат постигнати два до четири гола, квотата на денот е 2.20. Кардиф има дуел со Врексам и ако двете екипи постигнат гол и има барем ...
Челниците на Барселона до крајот на летниот преоден рок ќе се фокусираат на доведување напаѓач, а веќе е познато дека нивна прва желба е Хулијан Алварес. Сепак, Деко и неговите соработници мора да бараат и алтернативно решение, а се појави информација дека тоа би можеле да го најдат во редовите на Арсенал. Барселона ова лето е исклучително активна на трансфер-пазарот, а Деко во досегашниот дел од преодниот рок успеа да ги доведе Ентони ...
Шкотската фудбалска асоцијација официјално го објави назначувањето на Себастиен Покоњоли за селектор на националниот тим на земјата. „Кога првпат дознав за интересот од шкотската федерација, веднаш се воодушевив од оваа можност. Шкотските навивачи се познати по својата страст, тоа неодамна се покажа на Светското првенство во САД, а и самиот го почувствував тоа како играч на белгиската репрезентација во 2013 година. Заедно со мојот стручен ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, даде свој коментар по поразот 0-1 од Ленс во натпреварот за Суперкупот на Франција. „Првата позитивна работа што може да се истакне е дека, штом си стигнал до финале, значи дека веќе си направил нешто добро. Игравме на ниво кое ги надмина моите очекувања. Одигравме многу добар натпревар, создадовме шанси, но не успеавме да постигнеме гол“, изјави тренерот. Ленс со десетмина го шокираше ПСЖ за ...
Реал Мадрид со 3:0 го совлада Шалке во пријателски натпревар, но вниманието на фудбалските фанови го привлече Жозе Мурињо и необичниот детал на неговото лице. Португалскиот тренер на клупата се појави со модринка под окото, па веднаш се појавија прашања што му се случило. José Mourinho 🇵🇹 a reçu un ballon en pleine tête lors d’un entraînement du Real Madrid… Résultat ? L’entraîneur a une marque sous l’œil. 🤕 📸 @diarioas ...
Фудбалерите на Ленс во само неколку месеци успеаја да освојат и втор трофеј, откако по титулата во Купот, стигнаа и до трофејот од Супер купот на Франција. Ленс до трофејот дојде со победа од 1-0 над актуелниот европски шампион ПСЖ, а „светците“ останаа без планираниот трофеј во своите витрини, откако во средата го кренаа пехарот од европскиот Супер куп. Единствениот гол на мечот беше дело на Флоријан Товин во 32-рата минута. ПСЖ иако ...
Ливерпул имаше успешна генерална проба пред стартот на Премиер лигата, па на последниот контролен меч славеше со 2-0 над Комо на „Енфилд роуд“. За новиот тренер на „црвените“, Андони Ираола, ова беше прва победа пред домашната публика, откако претходно загубија од Монако со 2-3. Коди Гакпо во 23-тата и Џереми Џеке во 44-тата минута беа стрелци на голови за победа на Ливерпул. Веќе следниот викенд започнува Премиер лигата, а прв предизвик за ...
Пелистер важи за еден од најсериозните кандидати за пласман во прволигашката конкуренција, но битолчани настапот во Втората лига го започнаа со неочекуван кикс на домашен терен против дебитантот Камењане. Гостите од тетовско долго имаа водство, откако Љупчо Трпески погоди во 31-вата минута, а конечните 1-1 беа поставени во 86-тата минута од пенал, а сигурен реализатор беше Мартин Мирчевски. Пелистер доминираше во текот на целиот меч, а за ...
Се чини дека чекањето се исплатеше. Барселона и Ал-Хилал официјално постигнаа договор за иднината на Жоао Кансело и тој во новата сезона повторно ќе настапува во дресот на „каталонците“. Иако клубот од Саудиска Арабија првично посакуваше да добие обесштетување, сепак, на крајот Португалецот се враќа во Барселона како слободен фудбалер. 32-годишниот десен бек пролетниот дел од минатата сезона го мина како позајмен во Барселона, забележа 23 ...