
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА. Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент. Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, и како петти во Серија А и Бундеслигата, добија ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по големиот триумф на неговиот тим (0:3) над Атлетик Билбао во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, се обува да ја смири еуфоријата што владее меѓу играчите и навивачите. Тој им рече на новинарите дека не смее да им дозволи на играчите да мислат дека веќе обезбедиле место во финалето бидејќи една лоша ситуација во реваншот може целосно да го промени текот на настаните. „Ништо не е ...
Еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, Рајан Черки (21) ќе го напушти Лион во летниот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, прашање е само во кој клуб. Според англиските медиуми, Рајан Черки преферира трансфер во Ливерпул, додека неговиот менаџер води преговори со Манчестер Јунајтед. Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 182 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер,досега постигна 29 гола и имаше 44 ...
Пеп Гвардиола за „ESPN“ изјави дека иако сè уште не знае дали ќе се пензионира кога ќе го напушти Манчестер Сити, „сигурен“ е дека ќе направи пауза од тренерската работа. Гвардиола (54) го предводи Сити девет години, што е најдолгиот тренерски стаж во неговата кариера, претходно ја водеше Барселона четири години и Баерн Минхен три години. Во ноември, тој потпиша нов двегодишен договор кој треба да го задржи на „Етихад“ до 2027 година. Претходно, ...
Европа полуде по Ламин Јамал, не само со поради неговите вештини на највисоко ниво, туку и со фактот дека сè уште има само 17 години. Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, тој постигна спектакуларен гол, погоди две пречки и изведе уште неколку феноменални потези. Јасно е зошто е „тема број еден“, а за тоа зборуваше и поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд. „Во моментов не постои фудбалер кој ...
Олимпијакос, тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84. Реал на 122 секунди до крајот на мечот имаше предност од седум поени 78:85, но малку недостигаше да избори мајсторка. Абалде промаши тројка за победа. По деветти пат во последните 15 години, ...
Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа. На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0. Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го ...
Фудбалерите на Челзи и Бетис победија во првите полуфинални натпревари од Конференциската лига. Челзи славеше победа од 4:1 на гостувањето кај Ѓургарден и веќе е во финалето, додека Бетис ја победи Фиорентина со 2.1 Челси по првиот дел зачекори во финалето, кога на семафорот стоеше 2:0. Стрелец на првиот гол беше Санчо во 13-тата минута, а на вториот Мадуеке на две минути пред крајот на регуларниот дел. Во вториот дел Џексон постигна два гола во ...
Шпанскиот претставник Барселона покажа друго лице и славеше со 100:89 во соочувањето во „Палау Блауграна“ со што намали на 2-1 во оваа четвртфинална серија. Домаќините водени од своите навивачи покажаа нова енергија и заслужено дојдоа до славје кое носи уште најмалку еден натпревар на овој терен. Петмина играчи на Барса беа двоцифрени, лидер беше Ернангомез со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Џејмс кај гостите исто имаше дабл-дабл од 20 кошеви ...
Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот. Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен. Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од ...
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека евентуалното освојување на Лига Европа само ќе му обезбеди место на тимот во Лигата на шампионите следната сезона, но тоа нема да биде доволно за да ја направи тековната сезона успешна. Јунајтед се среќава со Атлетик Билбао во полуфиналето на второто најсилно европско натпреварување, откако го елиминираше Лион во натпревар за паметење. Сепак, Аморим е свесен дека освојувањето на Лигата на ...
Официјално, шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги е новиот селектор на најдобрите катарски фудбалери. Потпиша договор до крајот на Азискиот куп во 2027 година, кој се одржува во Саудиска Арабија. – Катарската фудбалска асоцијација официјално го објавува назначувањето на шпанскиот селектор Хулен Лопетеги за нов селектор на репрезентацијата на Катар, наследувајќи го сонародникот Шпанец Луис Гарсија – се вели во соопштението на асоцијацијата. Првата ...
Фудбалерите на Брентфорд го победија Нотингем Форест со 2:0 на гостински терен во 34-то коло од Премиер лигата. Со овој натпревар беше комплетирано 34-то коло од елитното ниво на фудбал на островот, а Брентфорд им направи огромна услуга на Њукасл, Сити и Челзи. Овие три екипи сега се на последните три места што водат кон Лигата на шампионите следната сезона, додека Форест е шести, што е доволно само за Лигата на Европа. Гостите поведоа во ...
Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс 1000 турнирот на земјена подлога во Рим во мај. Ова исто така фрла сомнеж врз неговото учество на Ролан Гарос подоцна во сезоната. „Се гледаме следната година, Ноле“, стои во соопштението на организаторите на престижниот турнир во италијанската престолнина. Она што беше напишано се однесува на 37-годишниот Србин. Ѓоковиќ има за цел да ја освои рекордната 25-та Гренд слем титула, како и трофејот број 100 од ...
Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, ќе отсуствува најмалку две недели поради повреда на бутниот мускул на левата нога. „Тестовите извршени утрово покажаа дека Кунде има повреда на феморалниот бицепс на левата бутина. Враќањето на динамиката во тимот ќе биде утврдено подоцна“, се вели во соопштението на клубот, без детали за должината на паузата. Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на натпреварот со Интер (3:3). Шпанските медиуми ...
Ханси Флик зборуваше по ремито 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против тимот на Интер. -Мислам дека не започнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Ни останува уште еден натпревар и мора да победиме. Ова е финале пред финалето, изјави Флик. -Станува збор за полуфинале во Лигата на шампионите, за одлични екипи. Тие имаат големо искуство и тоа го докажаа. Играат ...
Винисиус Жуниор е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид, но постои клуб кој не се откажува од него и е подготвен да понуди неверијатна сума за неговиот трансфер. Пред една година интерес за Винисиус покажаа клубовите од Саудиска Арабија. Медиумите пренесоа дека Ал Хилал подготвил пакете од 500 милиони евра за да го донесат Винисиус, на кого би му понудиле да биде и промотор на Светското првенство во 2034 година. Сега клубот од ...
Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од првото коло од плејофот ги совладаа Лејкерс во ос Анџелес со 103:96 на гостински терен. Тимбервулвс ја добија серијата со вкупен резултат од 4:1. Најефикасен во тимот на Минесота беше Руди Гобер со 27 поени, заедно со 24 скока (девет офанзивни). Џулиус Рендал додаде 23 поени, Ентони Едвардс имаше 15 поени, 11 скока, осум ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал. Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата. „Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги. „Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа ...
Мајк Тајсон беше познат во текот на неговата кариера по својата бестрашност и бескомпромисна борба. Но, тој имаше и боксер од кој се плашеше и со кој не сакаше да влезе во рингот. Тајсон се плашел од Џорџ Форман. Нивните менаџери преговарале за борба во 1990 година, но не успеале да се договорат. После тоа, Тајсон беше осуден за силување и мораше да оди во затвор, додека Форман го осови светскиот шампионски појас во 1994 година. Боби Гудман, ...
Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното Изборно Собрание на КФСМ во СЦ „Борис Трајковски“. На Вонредното изборно собрание беа присутни 38 клуба, а сите едногласно му изгласаа недоверба на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ. Потоа следеше избор на собраниско тело, кое подоцна го верификува Томица Главчев за нов претседател на КФСМ. Главчев, ...
Иван Ракитиќ (37) е играч на Хајдук, но со оглед на неговата феноменална кариера во Барселона и Севилја, тој е чест гостин на шпанските медиуми. Затоа даде интервју за Радио Марка. „Ракитиќ ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година и е легенда на Севилја со брилијантна меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде што внимателно следи сè во Ла Лига, особено неговите два омилени клуба“, вака го напиша „Марка“ воведот за печатеното ...
Кирил Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, го скрати списокот на играчи на кои ќе смета на последните две средби против Естонија и Литванија во квалификациите за ЕП 2026. Селекторот ќе смета на Мартин Томовски кој доаѓа на местото на Марко Кизиќ и на кој ќе го менува повредениот Цветан Кузманоски. Двајцата прават камбек во националниот тим, а има и еден дебитант, тоа е средниот бек Мартин Ивановски, кој принудно е ...
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, беше запрашан пред натпреварот со Барселона дали Ламин Јамал е толку важен за Каталонците како што некогаш беше Лео Меси. „Нема споредба со Лео, бидејќи тој според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња и секогаш ќе биде. Јас дури и нема да правам таква споредба. Можам само да кажам дека Ламин е многу важен играч. Сите го знаеме тоа. Тој е толку млад и веќе придонесува многу. Освои важни трофеи со ...
Македонскиот ракометен Куп-освојувач Алкалоид е во финалето на Европската лига на ЕХФ, каде го чека двомеч со грчки АЕК Атина, а вториот дуел на кој ќе се дава трофејот ќе се игра во Скопје. Првиот меч е закажан во Атина, на 18 мај, додека домаќин-сала на реваншот во Скопје ќе биде СЦ „Борис Трајковски“. Таму ќе се дава трофејот, а дуелот ќе се игра на 25 мај со почеток од 20:30 часот. Алкалоид во Европската лига на ЕХФ оваа сезона ги мина ...
Новак Ѓоковиќ го распродава угледот. Испадна во првиот меч на Мастерсот во Мадрид од Италијанецот Матео Арналди (44. на АТП листата). Петтиот тенисер во светот, по разочарувачкото издание во Монте Карло, беше брзо запрен и на мадридската земјена подлога. Матео Арналди, го победи Ѓоковиќ во два сета во второто коло од турнирот во главниот град на Шпанија со резултат 6:3, 6:4 за еден час и 42 минути. Неговиот следен противник ќе биде Дамир Џумхур. ...
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на „eBay“, ги продаде своите фармерки поради кои му беше забрането да се натпреварува на Светското првенство во брз шах во декември за 36.100 долари. Карлсен приходот го донира во добротворната организација „Големите браќа, големи сестри“, која поддржува деца и млади луѓе. На првиот ден од шампионатот во Њујорк, Карлсен се појави во салата за играње облечен во фармерки, што се ...
Бекот на Сан Антонио, Стефон Касл, е добитник на трофејот „Вилт Чемберлен“ за сезоната 2024/25. Овој трофеј му се доделува на најдобриот дебитант во НБА. Касл стана четвртиот играч во историјата на Спарси кој ја добил оваа награда. Пред него трофејот го добија клупските легенди Дејвид Робинсон (1989/90) иТим Данкан (1997/98) и Виктор Вембањама, кој беше награден минатата година. Касл имаше просек од 14,7 поени, 3,7 скока, 4,1 асистенции и 0,91 ...
Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт играч на Монца во последниот натпревар од Серија А. „Кенан Јилдиз е суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт противнички играч додека не беше блиску до топката“, објавија официјалните лица на италијанската Серија А. 19-годишниот турски репрезентативец беше исклучен во судиското продолжение од ...
Спектакуларен натпревар одиграа Барселона и Интер на „Можуик“ во полуфиналето, на Лигата на шампиони. По 90 минути натпреварот заврши без победник 3:3. Праведно реми на „Монжуик“, двата тима не заслужија да загубат, но ќе остане впечатокот дека Интер беше поблиску до победа. Интер го започна натпреварот фантастично. Поведоа гостите по 30 секунди што е најбрзиот гол во историјата на полуфиналињата во Лигата на шампионите. Маркус Тирам реагираше ...