ДОНАТЕЛА ВЕРСАЧЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФУНКЦИЈАТА КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР НА СЛАВНИОТ МОДЕН БРЕНД ПО 28 ГОДИНИ

Италија, (Би-Би-Си)

Донатела Версаче се повлекува од функцијата креативен директор во модната куќа „Версаче“. Таа дојде на оваа функцијата во 1997 по убиството на нејзиниот брат Џани.

Версаче (69) направи стотици модни кампањи за италијанскиот бренд, дизајнирајќи и хотели и автомобили. Ќе биде заменета со Дарио Витале, кој е поранешен директор за дизајн на „Миу Миу“. Ова доаѓа во време на шпекулации дека групацијата „Прада“ е заинтересирана да го купи „Версаче“ од групацијата „Капри Холдингс“, која плати две милијарди евра за модната куќа во 2018 година.

„Најголема чест во мојот живот беше да го носам наследството на мојот брат Џани. Версаче е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, рече Донатела Версаче.

Мадона во фустан на „Версаче“ во 1995 (Фото: Пинтерест)

Таа облече некои од најголемите светски ѕвезди, како Мадона, Бијонсе и Лејди Гага и ги дизајнираше славниот „џунгла фустан“ за Џенифер Лопез во 2000 и фустанот на Мишел Обама за нејзината последна државна вечера во 2016. Версаче се смета за олицетворение на својата модна куќа, секогаш облечена во светли бои, кои се синоним за брендот и со платинесто руса коса.

Брендот „Версаче“, кој беше основан во Милано во 1978 од Донатела и нејзините браќа Санто и Џани, беше продаден на фирмата „Мајкл Корс“ во 2018, која потоа беше споена со „Капри Холдингс“. „Версаче“ претставуваше 20% од приходите на „Капри“ во 2024, што е заработка од 5,2 милијарди евра.

(Фото: Гети)