
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Huawei ја претстави најновата генерација од една од нивните најпопуларни серии, барем кога беа достапни во целиот свет. Mate 60 Pro, иако не е огромна надградба од ланскиот модел, донесува неколку интересни новини. На прв поглед може да се забележат трите „дупки“ на предната страна во кои се сместени селфи камерата со 13 мегапиксели и два сензори, ласерски и 3D. Со ова телефонот доаѓа со можноста за отклучување преку детална идентификација на ...
Можеби веќе и поевтините смартфони не се толку слаби како порано, а и интернет ограничувањето и брзината се доста поголеми, но сепак апликации како Messenger Lite се популарни кај дел од корисниците. Овие апликации доаѓаат со доста помал код, па со тоа и поедноставна апликација и функции, а и трошат помалку од интернетот на корисникот. Meta сепак смета дека веќе нема потреба да одржува ваква апликација, кога е во прашање Messenger, па истата ...
Поминаа уште малку, па два месеци од пуштањето на првиот посериозен конкурент на Twitter, сега X, од страна на Meta. Threads е друштвена мрежа која изгледа скоро исто со X, но се’ уште без сите потребни функции за да претставува сериозна конкуренција. Поврзаноста со Instagram направи да Threads добие огромен број на корисници за кратко време, но тоа не се преслика во огромен број на активни корисници кои продолжуваат да ја користат оваа нова ...
Во март оваа година Google пушти, може да се каже потребен, редизајн на нивните „office“ апликации, односно Docs, Sheets и Slides. Овој редизајн не донесе драстична промена на изгледот и функционалноста на апликациите, но го освежи застарениот изглед и го донесе во рамките на Material стилот од компанијата. Сега овој редизајн доаѓа и кај Android верзиите од апликациите, па може да се каже дека корисниците добиваат унифицирано искуство. Разликата ...
Моментално дел од Android верзијата од Edge, а и тука не е се’ уште вклучена, нова функција за овој прелистувач ќе направи корисниците да бидат посигурни во чувањето на своите лозинки на серверите од Microsoft. Од компанијата ја додаваат можноста корисниците да вклучат „On-device encryption“, односно шифрирање на лозинките на самиот уред. Со тоа лозинките ќе бидат шифрирани пред да бидат зачувани на серверите од Microsoft и со тоа тие веќе нема ...
Microsoft продолжува со интегрирањето на генеративната вештачка интелигенција каде што стигне. Според извори на Windows Central, од компанијата планираат да ја интегрираат ВИ во нивната Paint апликација. Целта е јасна, корисниците ќе можат да внесат одредени насоки за тоа каква слика би сакале да им биде создадена од страна на ВИ, па истата ќе можат да ја искористат за да продолжат со „цртање“ во апликацијата. Веќе е официјално најавено дека ...
Скопје, 24.08.2023 година – Компанијата “Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот, втор производствен погон со површина од 2.100 m2 во кој во изминатиов месец беше инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија, со капацитет за производство од 10.000 единици на ден. Дополнително, во завршна фаза е и конфигурацијата на втора производна линија, со капацитет за производство од 2.500 единици, која ќе ...
Google започна со тестирање на можноста да лентата за адреси во Chrome на iOS биде по избор преместена на долната страна од апликацијата. Ова е стилот кој го користи Safari од Apple, исто така по избор, па може да се каже дека ваквата поставеност е карактеристична за iOS. Можноста им е достапна на дел од корисниците на тест верзијата од Chrome за iOS која може да се инсталира преку TestFligh апликацијата од Apple која е начинот за инсталирање на ...
Meta, тогаш Facebook, го започна процесот на воведување на заштита на сите разговори преку нивно шифрирање пред години, а со тоа се најави унифицирање на овој дел кај трите нивни апликации. WhatsApp останува единствената апликација од Meta која ги овозможува овие разговори за сите свои корисници, но тоа нема да биде така уште долго. Од компанијата најавија дека ја прошируваат достапноста на шифрирани разговори за дополнителни милиони корисници, ...
Bing Chat Enterprise е посебна верзија од сега веќе познатиот Bing Chat, која Microsoft ја направи достапна во „preview“ форма и ја насочи кон корисниците од образовните институции. Како главна разлика на оваа Enterprise верзија се истакнува заштитата и приватноста на информациите, нешто што е главна пречка за да им се препорача на компаниите и организациите да ги користат овие алатки. Според Microsoft, Bing Chat Enterprise доаѓа со ...
WhatsApp продолжува со воведување на нови функции за своите корисници со почесто темпо од повеќето други апликации. Најновата, која сепак не е официјално најавена, е можноста за испраќање на слики и видеа кои може да бидат видени само еднаш, на побрз начин од сега достапниот. Корисниците на оваа апликација можат да испратат слики или видеа кои ќе им овозможат на другите да ги видат само еднаш, по што ќе се избришат, а за истото потребно е да ја ...
YouTube започна со мала промена на корисничкиот интерфејс на видеата кога истите се пуштени за гледање. Аглите на видеата сега се заоблени, а со тоа тие го добиваат стилот кој веќе одреден период е применет кај предлозите од страна, како и копчињата под видеото. Оваа промена се однесува за десктоп верзијата од сервисот и ќе им стане достапна на сите корисниците во периодот што следи, а процесот е веќе започнат. Со заоблувањето на аглите на ...
Користењето на Snapdragon 8 Gen 2 чипот во сите земји каде се продава Galaxy S серијата беше една од подобрите вести за корисниците на Samsung. Веќе неколку години нивниот Exynos чип не се покажува баш најдобро, а посебно во споредба со тој од Qualcomm, па корисниците во Европа и уште неколку други пазари, не беа баш среќни што не ги добиваат перформансите на американските корисници. Сега повторно излегуваат информации за можно враќање на ...
Средношколците кои сé уште не одлучиле каде ќе го продолжат своето образование, имаат одлична шанса да се школуваат на еден од најдобрите универзитети во земјава – Меѓународниот балкански универзитет. И притоа да добијат стипендија која се движи од 50% до 100% од висината на школарината, во зависност од успехот постигнат во средното образование. МБУ веќе ја објави Програмата за стипендирање на идните студенти за академската 2023/2024, а сите ...
Brave прелистувачот се приклучува на трендот кој го постави Microsoft Edge и директно во самата апликација интегрира генеративна вештачка интелигенција, асистент наречен Leo. Како и другите вакви решенија, Leo е тука да ги сумира веб страните кои се отворени во моментот, а истото може да го направи и за видео содржина, корисниците можат да поставуваат и прашања, да создаваат или да добијат помош со содржина и слично. Leo е поставен во форма на ...
X, односно до пред некое време Twitter, ќе го промени форматот на објавите при споделувањето на статии на мрежата. Сегашниот формат ги повлекува насловната слика, насловот и мал дел од текстот, како што е случајот со Facebook, на пример. Во иднина, споделените статии на X ќе ја прикажуваат само насловната слика, како и линкот, со што ќе се знае дека на сликата треба да се притисне за да се отвори статијата. Корисниците на овој начин ќе бидат ...
Apple минатата година со претставувањето на iPhone 14 серијата, овозможи за првпат можност за комуникација преку сателитската мрежа во итни ситуации. Корисниците можат да испратат и добијат кратки текстуални пораки, па да побараат помош и да ја испратат својата локација во ситуации кога нема мобилна мрежа. Оваа можност беше додадена и кај одредени модели од Huawei, но само во Кина, а сега ваквата можност Google сака да ја додаде кај повеќе ...
Microsoft не планира да се откаже од својата цел да ја купи една од најпознатите компании за игри, Activision Blizzard. Главен кочничар на овој договор остана само британската CMA, чија главна грижа е влијанието на пазарот на стриминг на игри. Со цел конечно да ги тргне забелешките на CMA, кои продолжија со блокирањето на договорот, Microsoft сега излезе со нов предлог до институцијата. Новиот предлог подразбира префрлување на правата од игрите ...
Иако се’ уште не е потврдено од страна на Apple, а тоа ќе се случи за време на претставувањето, се очекува дека iPhone 15 серијата веќе нема да го користи Lightning приклучокот од компанијата, туку подобриот и од сите користен USB-C. Ова е голема промена за корисниците на iPhone, кои останаа единствени кои мораат да имаат посебни кабли за полнење, па дури и другите уреди од Apple користат USB-C. Извори на 9to5Mac, најавуваат дека промената на ...
Не е првпат да прочитаме ваква неофицијална информација, која досега се нема остварено, но еве повторно. Според познатиот „шпекулант“ Ice universe, двата основни модели од наредната Galaxy генерација ќе дојдат со доста порамни страни од досегашните. Според него, дизајнот на страничната рамка кај Galaxy S24 и Galaxy S24+ ќе биде слична со таа на iPhone, најпознатиот телефон кој користи рамни рамки, уште од iPhone 12 моделот, по неколку годишна ...
Македонски Телеком, како дел од Групацијата Дојче Телеком, е посветен на зголемувањето на 5G поврзаноста за своите корисници, без разлика дали станува збор за инвестиции во инфраструктура, обезбедување мрежа, развој на тарифи или достапност на уреди. Покриеноста со 5G која до крајот на годината ќе биде 70% нè доближува до вистинска дигитална иднина. Пропусниот опсег и неверојатните брзини од петтата генерација на технологии овозможуваат ...
Познато е дека не така мал број на малициозни додатоци успеваат да бидат објавени на Chrome Web Store, официјалната продавница за додатоци од Google. Овие додатоци со тек на време се откривани од страна на компанијата и се отстрануваат од продавницата соодветно. Корисниците доколку не ги следат новостите поврзани со оваа тема, може да не дознаат дека некој од додатоците кои ги користат е тргнат од Chrome Web Store. Chrome ќе почне да ги ...
Apple очекувано не прифати да додаде поддршка за RCS протоколот од Google во нивната Messages апликација и со тоа корисниците од овие две платформи да можат да комуницираат преку двете апликации од компаниите. Затоа апликацијата Beeper го направи тоа, па корисниците на кои оваа можност им е навистина важна, сега ќе имаат некаква можност за комуникација со своите Android корисници од нивниот iPhone. Beeper е апликација која овозможува ...
Зачекорете во светот на напредната технологија уште денес, заедно со неверојатната понуда на серијата Redmi Note затоа што во период од 14. август до 10. септември можете да купите Redmi 12, Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G или Redmi Note 12 Pro+ 5G по намалени цени. Серијата Redmi Note 12 носи пет неверојатни модели – Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G i Redmi Note 12 ...
Google најави неколку новини поврзани со Memories функцијата кај нивната Photos апликација. Овие новини за почеток ќе им бидат достапни на корисниците во САД, по што во наредните неколку месеци ќе станат достапни и во остатокот од светот. Memories е доста корисна функција кај ваквите апликации која овозможи корисниците да се потсетат на одредени патувања, настани и слично, избрани од огромниот број на слики кои ги имаме денес на нашите уреди. ...
Во денешно време, со големата конкуренција на пазарот на труд, наоѓањето на работа може да биде предизвик. Огромниот број на апликации што ги добиваат работодавците може да го направи процесот на селекција на најдобрите кандидати предизвик. Но, добрата вест е дека постои начин да ги зголемите шансите за сортирање на огласите за работа. Во овој текст, ќе ги истражиме предностите на огласите за работа и како може да ви помогнат да стапнете на пат ...
Марк Закерберг, преку неговиот Instagram канал, најави дека WhatsApp добива поддршка за испраќање на слики во повисока, односно HD резолуција. Не е познато дали и каква компресија ќе имаат овие слики, но сепак мали се шансите да немаат и да се испраќаат во оригиналната форма. Користа на една ваква можност е што одредени слики кои ги испраќаат корисниците важно е да бидат испратени со добар квалитет, како на пример добри слики од планинарење или ...
Најверојатно со наредната надградба од Windows 11, Microsoft ќе ја прошири листата на апликации кои корисниците ќе можат да ги избришат, едноставно како било која од другите апликации на нивниот компјутер. Апликациите кои стануваат дел од листата се Camera, Photos и People, а корисниците ќе можат и да ја избришат Cortana која како и да е веќе нема да функционира и е откажана од страна на компанијата. Дел од апликациите од Microsoft кои доаѓаат ...
Време е и Microsoft да го најави нивниот настан за оваа година на кого ќе видиме нови уреди, иако од компанијата не се баш нешто силни на главниот, мобилен пазар. Surface линијата од компанијата се покажува одлично, па на 21 септември очекуваме да ги видиме новите верзии од неколку од достапните уреди. Microsoft започна со испраќање на покани за оваа дата, но не даде повеќе информации, па не е познато за што точно ќе биде овој настан. Сепак, ...
Со новото ажурирање Samsung носи избрани функции од најновиот One UI на уредите од претходната генерација. Овој значаен чекор е дел од тековната мисија на компанијата за подобрување на екосистемот Галакси за максимална продуктивност и забавно искуство на корисниците. Ажурирањето ќе помогне водечките иновации воведени во сериите Galaxy Z Fold5, Z Flip5, Tab S9 и Watch6 сериите да стигнат до повеќе корисници ширум светот. Со цел на корисниците да ...