Со претставувањето на Pixel 8 и Pixel 8 Pro, како и обично, Google ја пушти финалната верзија од наредната генерација од Android системот. Android 14 изминатите месеци се тестираше во бета форма, а оваа недела станува официјално достапен за корисниците. Сепак, ова важи во главно за корисниците на Pixel уредите и можеби уште неколку, но повеќето други ќе мора да почекаат до пуштањето на својата прилагодена верзија од производителите. Од Google ...

Apple вчера пушти вонредна надградба на нивните iOS и iPadOS системи, кои сега се на верзијата 17.0.3 и со истата треба да е решен проблемот со прегревањето на новата iPhone 15 серија. Проблемот, како што официјално истакнаа од компанијата, е поврзан со грешка во кодот на iOS 17, но исто така проблемот е поврзан и со неколку апликации, како Instagram. Оваа апликација обично е на врвот по потрошувачка на батерија, па изгледа во комбинација со ...

Google вчера, покрај Pixel 8 и Pixel 8 Pro телефоните, ја претстави и втората генерација од нивниот Pixel Watch. Часовникот од Google, иако нов, има доста добри оценки и доволно голема популарност за да конкурира со најпознатите на пазарот. Pixel Watch 2 нема некоја посебна разлика во изгледот во споредба со ланскиот модел, но тоа е очекувано. Оваа година уредот е направен од 100% рециклиран алуминиум, со што се добива 10% помала тежина. ...

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy SmartTag2, кој ќе биде достапен ширум светот од 11 октомври. Galaxy SmartTag2 носи подобрувања на линијата Galaxy SmartTag, кои овозможуваат нови и подобри начини за следење на вредните работи. Подобрениот дизајн и употребливост создаваат уште повеќе можности за користење на уредот. „Постојано бараме начини да го направиме животот на луѓето поудобен преку водечките иновации на Samsung ...

Google вчера ја претстави наредната генерација од нивните одлични и популарни Pixel смартфони. Pixel 8 и Pixel 8 Pro се двата нови телефони кои е навистина штета што не се продаваат во нашата земја, барем на официјално. Како што е веќе стандардно кај сите производители, а тоа не е лошо како што некои сакаат да го претстават, новите Pixel телефони немаат некои драстични промени во дизајнот. Тоа значи дека тие го задржуваат карактеристичниот ...

AETM го анализираше трендот на пораст како на вредноста, така и на бројот на онлајн трансакциите, кој продолжува и во првата половина на 2023 година. Согласно најновите податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2023 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци ...

Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Номинираните пет филмови од 5 европски земји се избираат од ...

Samsung Electronics ги воведува најновите додатоци од серијата FE во екосистемот Samsung Galaxy – новите Galaxy S23 FE уреди, Galaxy Tab S9 FE и S9 FE+ и слушалките Galaxy Buds FE. Познати по својот иконски и издржлив дизајн, напредните перформанси, најсовремениот капацитет на камерата и звукот и многу повеќе – ова се најдобрите FE уреди досега. За оние кои сакаат да ги искусат водечките Galaxy уреди за прв пат, новите FE уреди се совршена ...

Денеска на свечен настан, Фондот за иновации и технолошки развој ги прогласи победниците од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Со овој повик, вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија да ги реализираат своите иновативни проекти. Целта на повикот е да се поттикнат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да ...

Според засега неофицијални информации, од Meta размислуваат да воведат месечна претплата за корисниците во Европската Унија која ќе им овозможи да пристапуваат до Facebook и Instagram без реклами. Како што е познато, ЕУ се почесто воведува се построги закони и правила, па наводната борба за приватноста на корисниците станува се поизразена. Meta одамна се обвинувани за собирањето на податоците од корисниците, нешто за кое повеќето не се баш ...

Во мај оваа година Microsoft веќе го најави редизајнот на нивниот OneDrive сервис кој ќе им стане достапен на бизнисите и образовните институции. Сега од компанијата официјално ја пуштаат оваа нова верзија од сервисот, а истата дефинитивно донесува големи подобрувања на корисничкото искуство. Очекувано, новата верзија добива голема помош од вештачката интелигенција, а во месеците што следат може да се очекува интеграција на истата преку Copilot ...

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска организираше брифинг со новинарите, со цел на транспарентен начин да ја информира јавноста за приоритетите, политиките и клучните активности во Министерството што го предводи. Меѓу другото се осврна на процесот за реформи во јавната администрација, кој е важен предуслов за интеграција на земјата во ЕУ: ,,Наскоро ќе бидат изгласани законите за реформи во јавната ...

Кај мал број на Android корисници, YouTube тестира мала промена во апликацијата која во овој дел ќе го промени стилот кој е стандарден за сите апликации од Google. Промената може да се каже дека до некаде потсетува на Instagram, а YouTube се повеќе се наоѓа во конкуренција со оваа апликација. Промената е доста мала, но е функционална. Истата го менува името на „Library“ делот, кој се наоѓа најдесно на долната лента, во „You“. Овој дел исто така ...

Предавања и дискусии на темата булинг ќе се организираат во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар во рамки на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Како дел од овие активности, компанијата ќе испечати и едукативен материјал на темата за учениците од шесто до деветто одделение. – Ако се знае колку распространет е проблемот со врсничкото насилство и како тој им влијае на ...

По повод Меѓународниот ден на еднакви плати, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржа Конференција на тема „Родова еднаквост на работното место”, организирана од Алијанса за родова еднаквост на работното место – ГЕА, иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Конференцијата се организираше со поддршка на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за ...

Новата преработка на Resident Evil 4, која од март оваа година е достапна на PlayStation, Xbox и PC, треба да стане достапна за корисниците на уредите од Apple. Тоа што е посебно интересно е што играта ќе биде достапна и за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max телефоните, покрај за iPad и Mac. Се работи за целосната игра која иако може да се игра на самиот телефон, најдобро би било да се поврзе со телевизор и да се додаде контролер. Цената на ...

Се чини како после којзнае колку време, а ChatGPT излезе пред скоро една година, оваа алатка конечно добива директна поврзаност со интернет. Од OpenAI оваа нова можност ја нарекуваат можност за пребарување на интернет, а за корисниците на ChatGPT ова е доста важна новина. Во основа, оваа нова можност значи дека ChatGPT веќе нема да има застарени информации, поради тоа што алатката беше тренирана на податоци до 2021 година. За одговорите ChatGPT ...

(Скопје, 02.10.2023) – Буквар за финансиска писменост на деца и млади, видеа за финансиска едукација, мобилна училница Халки се само дел од активностите кои ќе ги спроведе Халкбанк во текот на месецот на штедење – октомври. Целта на оваа кампања на банката е да им помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финансиски поими и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење. „Наша обврска како ...

Секоја година, Европската недела на мобилност се фокусира на различни аспекти, ова година се фокусира на тема “Штеди енергија” на пет тематски области – 1) јавен транспорт, 2) активна мобилност, 3) минимизирање на зависноста од автомобилот, 4) управување со мобилност и 5) инфраструктурни решенија. Гоу Грин Скопје ја одбележа Европската недела на мобилност, со локални младински екоакции проследени со видеа снимени токму каде што младите ...

Apple официјално го потврди проблемот со прегревање на iPhone 15 серијата и од тоа што го кажуваат од компанијата сепак треба да ги смири фановите. Не се работи за посериозен проблем, а сигурно не со дизајнот на уредите кои сега вклучуваат и титаниум. Доказ за ова е што целата серија има проблем со прегревање, а не само Pro моделите кои доаѓаат со титаниум и мал редизајн на внатрешноста. Дополнително, не сите корисници пријавуваат ваков ...

Galaxy S24 серијата ја очекуваме на почетокот од идната година, поточно во јануари или февруари. Време е затоа да почнат шпекулациите и неофицијалните информации, па еве сега ги имаме и едни од првите слики, поточно генерирани слики од непретставените уреди. Сликите кои се објавени веќе стандардно доаѓаат од Smartpix, во соработка со OnLeaks. Од тоа што може да се види се работи за слики од основниот модел, а тој иако се најавува дека ќе ...

Нова информација од Bloomberg тврди дека Microsoft се обиделе да го продадат својот пребарувач Bing на Apple. Овие преговори наводно стигнале до одреден степен, но сепак не ги поминале првите чекори, односно фазата на размислување дали воопшто да се продолжи понатаму. Една од главните причини зошто од Apple воопшто не биле заинтересирани за вакво нешто е договорот кој го имаат со Google, нивниот пребарувач да биде главниот кај iPhone и iPad. ...

Honda во САД го претстави својот прв целосно електричен SUV автомобил. Се работи за веќе познатиот Prologue модел, а ќе биде достапен од идната година како Honda Prologue SUV. Овој автомобил треба да има можност од поминување скоро 500 километри, поточно околу 480, со едно полнење, а можноста за полнење е достапна и со брзите полначи. Треба да се истакне дека оваа километража е достапна за моделот со погон на предните тркала, односно со еден ...

По Netflix, кој веќе не може да се споделува со пријателите од јули оваа година, сега и Disney+ сака да ги претвори сите овие корисници во нови корисници кои плаќаат посебна претплата. Дека вакво нешто се размислува во компанијата можевме да прочитаме минатиот месец, па еве сега планот започнува со реализација. За почеток, ограничувањето на можноста на гледање на сервисот од страна на корисници кои не се дел од истото домаќинство, е започнато ...

Vivaldi е прелистувач кој е направен од страна на поранешниот директор во Opera, по малите несогласувања за користењето на Chromium и намалувањето на функциите на овој прелистувач. Vivaldi може да се каже дека го продолжува стилот на стариот Opera прелистувач, па на фановите им овозможи да продолжат да користат една ваква апликација. Беше претставен во 2015 и се карактеризира со повеќе вградени функции, како што се имејл клиент, календар, доста ...

Пред десетина денови, доста ненадејно, Панос Панај најави дека после скоро 20 години во Microsoft, ја напушта оваа компанија. Панај беше лицето на компанијата, а посебно кога се во прашање Surface уредите, а изминатите години и Windows. Неговиот стил на презентација ги привлекуваше фановите, а тој се сметаше како директно одговорен за успехот на оваа линија на производи во компанијата. Информациите веднаш почнаа да одат во правец на тоа дека ...

(Скопје, 28 септември 2023) – Сеавус официјално се ребрендира и ќе работи под името Киншифт (Qinshift). Оваа значајна промена е дел од најавената трансформација на технолошкиот столб на KKCG Групацијата, која на почетокот на летото објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе ...

Меѓународниот балкански универзитет беше домаќин на претставници од образовни институции од земјата и регионот кои учествуваат на Министерската конференција за Западен Балкан за квалитет во високото образование. Оваа високообразовна институција беше избрана за посета бидејќи претставува најдобар пример за приватна високообразовна институција во земјава. Во делегацијата што ја посети МБУ беа претставници од Министерството за образование и наука ...

Современ и функционален изглед, како и исполнување на највисоките технички и безбедносни стандарди, има обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Кавадарци која што е пуштена во употреба. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат 24 часа секој ден во неделата. На обновената бензинска станица во Кавадарци се достапни сите квалитетни ULTRA горива на „Макпетрол“, базирани на технологијата Dual Action Technology, ...

Valve официјално ја пушти Counter-Strike 2 која од вчера веќе може да се инсталира, како надградба на претходната верзија или целосно од почеток за тие кои би сакале дури сега да ја пробаат. Се работи за огромна надградба на една од најпознатите игри во светот, а разликата може да се забележи уште при самото вклучување на играта. Надградбата, како и самата игра досега, е бесплатна, што значи дека од компанијата не го менуваат моделот на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
73%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.99
81%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.01
92%
1013
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1019
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
80%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65