
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Изминатите неколку недели мојот главен телефон стана новиот Galaxy Z Flip5 од Samsung, кој беше претставен на 26 минатиот месец на настан за првпат во Сеул, Јужна Кореа. Од една страна петтата генерација од овој телефон може да се каже дека е само надградба од ланскиот, но затоа неколку новини ја прават доста важна надградба и сериозна конкуренција на неколкуте други производители кои имаат на пазарот вакви телефони. Galaxy Z Flip е телефон кој ...
Tracking Protection не е нешто што би се очекувало да се види како дел од прилагодувањата на Google Chrome. Сепак, компанијата која најголемиот дел од своите пари ги прави од реклами, не може да се очекува дека ќе воведе нешто што ќе го отежне и намали тој бизнис. За нивна среќа, тие го имаат прелистувачот број 1 во светот, а се’ уште никој не успева ни малку да им се доближи. Во canary верзијата од Chrome достапна е нова можност наречена ...
Од 19 часот денеска корисниците ќе можат да ја инсталираат најновата верзија од iOS која беше достапна во бета форма изминатите неколку месеци. iOS 17 ќе можат да го инсталираат сите корисници на iPhone XS или некој од поновите модели, што значи мали се шансите некој корисник да не може да ја добие оваа надградба. iOS 17 не е драстична надградба, односно не донесува многу промени, па повеќето корисници нема ни да забележат некоја голема разлика. ...
HMD Global компанијата стана една од најпознатите во светот во 2016 година кога го откупи брендот Nokia од тогашниот сопственик Microsoft. Тоа беше одлична новост за фановите кои оправдано беа многу разочарани од Microsoft. Првите Nokia уреди од новиот сопственик ги видовме истата година, а од тогаш може да се каже дека компанијата сепак не направи некој посебен впечаток на пазарот, но сепак брендот продолжува да постои. Главниот директор, ...
Почнувајќи од 2025 година корисниците ќе можат да користат „драјвери“ за печатари кои се од Microsoft. Од компанијата веќе нема да ги додаваат овие мали софтверски додатоци од трети страни, односно од производителите на печатарите. Microsoft веќе нема да ги сертифицира и прифаќа „драјверите“ од компаниите, па печатарите ќе функционираат само преку неколку од Microsoft. Производителите ќе можат да продолжат да овозможуваат сопствен софтвер, но ...
Скопје, 14 септември 2023 – Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: ...
На настанот којшто Apple го одржа вчера, на кој ги претстави iPhone 15 серијата, Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2, се очекуваше дека ќе биде претставена и нова генерација од AirPods слушалките. На самата презентација слушалките воопшто не беа споменати, а причината за тоа е што од истите немаше нова генерација. Сепак, AirPods Pro не останаа без ништо оваа година, па од компанијата ги надгради со USB-C приклучок. Се работи за втората ...
Apple на нивниот настан вчера ја претставија втората генерација од нивниот Apple Watch Ultra. Мислам дека се очекуваше повеќе од тоа што беше претставено, барем дополнителен избор на боја, но тоа не беше случајот. Apple Watch Ultra 2 изгледа исто како ланскиот модел, а тоа е случајот и со Apple Watch Series 9, па главните новини повеќе се поврзани со неколку карактеристики „внатре“ во уредот. Главната новина доаѓа со користење на новиот S9 чип ...
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили – ...
На вчерашниот Apple настан, на кој секако главната улога ја има iPhone 15 серијата, беше претставена и наредната генерација од паметниот часовник од компанијата. Apple Watch Series 9 беше претставен и како што се очекуваше врз основа на достапните неофицијални информации, нема нешто посебно многу новини кај оваа нова генерација. Истата е доволна за купување од страна на корисниците кои имаат постари модели, повеќе од една година, како и ...
Apple го одржа нивниот настан закажан за денеска на кој беше претставена новата генерација од нивниот iPhone. На ред беше iPhone 15 серија која дојде со четири модели, односно iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. iPhone 15 Pro серија Главните на настанот секако беа моделите со Pro додатокот во нивното име, а овие два модели добија и нешто повеќе новини. Големината на екраните останува иста како и досега, 6,1 и 6,7 инчи, ...
Intel официјално го претстави Thunderbolt 5, две години по претставувањето на Thunderbolt 4 и тоа што може да се заклучи од најавата е дека дефинитивно се работи за вредна и забележителна надградба. Од тоа што може да се види, слободно може да се каже дека Intel на пазарот ќе овозможи решение за корисниците кое ќе им овозможи да користат еден кабел за сите нивни потреби. Брзината на пренос на податоци е зголемена дупло, од 40 на 80 Gbps, но со ...
Кратките видеа во стилот на TikTok се можеби најпопуларни кај корисниците овој период, додека не дојде нешто ново. Овие видеа ги има во скоро сите познати сервиси, па тука се Reels кај Instagram и Facebook, како и Shorts кај YouTube. Google тестира да ги донесе Shorts видеата, иако во најавата на ги нарекува така, кај нивната продавница за апликации на Android. На почетокот од новиот „For you“ дел корисниците би го гледале познатиот за нив ...
Во кодот од бета верзиите од Google Messages откриен е планот на компанијата да го подобри функционирањето на апликацијата за корисниците кои имаат повеќе уреди. Ова посебно корисно ќе биде за корисниците кои имаат таблет компјутер, па комуникацијата која ја имаат преку Messages би можеле да ја имаат без проблеми и преку овој уред. Засега, корисниците можат да ја користат Messages преку веб апликација која корисниците ја користат на десктоп, а ...
Apple денеска го одржува нивниот настан на кој стандардно се претставува наредната генерација од iPhone. На ред е iPhone 15 серијата и иако не се очекуваат некои драстични промени, сепак нив ќе ги има доволно, а посебно кај Pro моделите. Оваа година целата серија ќе го има ланскиот Dynamic Island исечок, а во наредните неколку години Apple ќе го менува се до целосно тргање, по што ќе остане само екран. Кај Pro моделите се очекува првиот 3nm чип ...
Европската Комисија го објави списокот од шест компании кои според Digital Markets Act законот донесен минатата година, се сметаат како „чувари“ и со тоа мора да почитуваат одредени правила на функционирање. Очекувано, една од тие компании е Meta, заедно со нивната WhatsApp апликација, меѓу другите. Едно од правилата кое ќе мора да се почитува од компаниите чувари е овозможувањето на разговор помеѓу различните сервиси или со други зборови, ...
Префрлувањето на развојот на Microsoft Edge на основа на Chromium кодот беше вистинската одлука на Microsoft. Edge од до некаде чуден и не до крај компатибилен прелистувач стана одлична апликација како и конкурентите, па корисниците реално веќе немаа причини зошто да не го користат овој прелистувач кој и така доаѓа инсталиран на нивниот Windows компјутер. Меѓутоа, Microsoft е тука да ги даде овие причини за инаку одличниот Edge. Една од тие ...
Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петок 15 септември, во 20:00 часот, можете да влезете на концерт на NATALEE, Фолтин, а потоа и да го проследите настапот на SIZ и KEM кој ќе се одржи на платото пред Македонска опера и балет (плоштад Мајка Тереза), како дел од фестивалот „Звукот на Скопје“. Овој еко-фестивал веќе традиционално се одржува, па и оваа година има цел да го поттикне зачувувањето на ...
Европската Комисија назначи шест компании кои според Digital Markets Act законот ќе се сметаат како „чувари“ и поради тоа ќе мора да следат листа на правила. Овие шест компании се Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta и Microsoft, а набројани се 22 од нивните сервиси поради кои се дел од оваа листа. Тука се TikTok, Facebook, Instagram, LinkedIn, WhatsApp, Messenger, YouTube, Google Search, Android, iOS, Windows, Chrome, Safari, Google Maps, ...
Microsoft на една од поедноставните апликации за цртање и работа со слики, старата Paint, додаде функција која ќе ја направи доста помодерна и корисна. Background Removal, како што кажува и самото име, овозможува тргање на позадината од сликите, по што ќе остане само главниот објект од истата. Оваа можност стана популарна кога истата ја воведе Apple кај нивната Photos апликација, а покрај во Paint, може да се очекува и кај Photos апликацијата од ...
iOS 17 треба да биде официјално пуштен за корисниците овој месец, по претставувањето на iPhone 15 серијата идниот вторник на 12 септември. Покрај новини поврзани со апликациите од Apple и слични, системот добива и повеќе мали новини за кои ретко се говори на презентациите. Една таква е можноста да се ресетира кодот кој се користи за отклучување на екранот доколку корисникот го има заборавено. Можноста да се ресетира кодот е овозможена преку ...
YouTube Playables сервисот од Google официјално е потврден од компанијата од каде најавија дека започнуваат со ограничен тест за корисниците на Premium претплатата. За овој сервис можевме да прочитаме во јуни оваа година и во основа тоа што беше најавено сега започнува официјално да се тестира. Корисниците на YouTube ќе имаат посебен дел од каде ќе можат да играат игри кои ќе бидат достапни на мобилните, но и на десктоп компјутерите. За разлика ...
Meta оваа недела официјално ќе започне со примена на ново правило за вработените кои работат од дома, кое го најави во јуни оваа година. Вработените ќе мораат да доаѓаат најмалку три дена во канцелариите од компанијата и од таму да ги извршуваат своите работни задачи. Вработените кои ќе мораат да почнат да доаѓаат во канцеларија се тие кои не се посебно одредени како вработени кои може цело време на работат од дома. Компаниите едно време ...
Microsoft може слободно да се каже дека се познати по наметнувањето на нивните производи на корисниците, а посебно преку Windows, системот кој е користен од огромно мнозинство од корисниците. Познати се ситуациите кога од компанијата се обидуваа да го „промовираат“ нивниот Microsoft Edge, па едно време изборот на друг прелистувач како главен во Windows не беше баш така лесна активност. Иако поради критиките од корисниците Microsoft престана или ...
Како дел од документ кој од ARM го имаат поднесено за планираната иницијална понуда на акции, од компанијата информираат дека со Apple имаат договорено соработка која ја надминува и годината 2040. Ова не изненадува кога ќе се земе во предвид дека ARM ги има главните, да не кажам единствените, дизајни за мобилните чипови кои се користат од сите производители. За Apple овие дизајни се сега најважни од било кога, а од компанијата покрај кај iPhone ...
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје денеска ќе ја има својата светска премиера на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот премиерно ќе биде прикажан во 17 часот, а публиката репризно ќе може да го погледне на 7. септември со почеток во 15.30 часот. „Домаќинство за почетници“ ќе биде дел од натпреварувачката програма „Orizzonti“ во ...
Microsoft и нивниот Windows може да се соочат со сериозен предизвик од идната година, а тој доаѓа од Huawei и нивниот HarmonyOS. Поранешен директор во Huawei најавува дека идната година HarmonyOS може да дојде кај компјутерите и со тоа од компанијата да престанат да го користат Windows. Кога ќе се земе колку е голем кинескиот пазар, дури и оваа промена да не важи за целиот свет, истата би направила огромна разлика за Microsoft. Повеќе информации ...
Chromebook уредите веќе со години се популарни, посебно во образовните институции, а таа популарност не престанува да се зголемува со текот на години. Може да се каже дека овие уреди се доволно популарни, да веќе им го преземаат пазарот на Apple и нивниот iPad кој едно време беше дефиниција за уред во образованието. Според неофицијални информации, Apple можно е да претстават свој конкурент на Chromebook преку претставување на поевтина верзија од ...
X, поранешен Twitter, ќе започне со собирање на биометриски податоци, но не од сите свои корисници како што се кажуваше, туку само од Premium корисниците. Целта на ова ќе биде точна идентификација на овие корисници, односно потврда дека се работи за личноста на чие има гласи профилот. Поточно, X со ова сака да подобро се бори против ситуациите на имитација, односно лажно претставување, а со тоа да ја направи оваа платформа побезбедна, како што ...
Скопје, 05.09.2023 – Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува сите квалификувани студенти, дека вчера започна процесот за подигнување на наменските студентски Visa картички за субвенциониран оброк, како и Vibe on пакетот за млади, во Скопје. Квалификуваните студенти за субвенциониран студентски оброк, можат да ја подигнат картичката согласно дефинираниот распоред на банката поделен по различни датуми и различни градови низ државата. Во претстојниот ...