Најавувајќи неколку новини поврзани со интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција во Search, Google најави и нова можност која е одлична кога се прави мало истражување на одредена тема. Се работи за можноста да се сумираат статиите и со тоа тие кои се доста долги, да може да открие за што се пишува во нив и кој е заклучокот. Ова е одлична можност за кога се нема време да се чита долга статија кога нешто се истражува, па сумирањето на ...

Како што повеќето корисници на Македонски Телеком денеска можеа да забележат, услугите од компанијата имаа прекин, па не секогаш можеше да се воспостави повик. Од компанијата уште пред неколку часа излегоа со известување со кое го потврдија проблемот и истакнаа дека се работи за прекин на кабли направен од страна на трети страни при градежни работи. Проблемот сега е решен, а корисниците веќе не треба да имаат било какви проблеми при користењето ...

Цела драма може да се каже се случи периодов со еден од најпознатите YouTube канали кои објавуваат видеа на тема технологија. Linus Tech Tips со своите 15,5 милиони претплатници е меѓу најпознатите и најдобрите вакви канали, а слободно може да се каже дека и единствен според стилот на видеата. Голем дел од видеата на овој канал се тестирање на одредени уреди, а едно вакво видео ги започна проблемите кои доведоа до првата пауза од објава на видеа ...

Во мај оваа година Google најави дека планира да започне со процес на бришење на сметките кои не се активни, а како такви би се сметале тие кои не се користени две години. Како главна причина за оваа одлука се истакнува безбедноста на корисниците, а заборавените сметки кои се оставени така имаат поголем ризик од пробивање и можно крадење на идентитетот на корисникот. Од компанијата сега започнаа да ги известуваат корисниците преку порака на ...

Microsoft 365 (Office) има нов главен фонт која автоматски ќе биде избран за корисниците на Word, Excel, PowerPoint и Outlook, а тој фонт е Aptos. Избран помеѓу пет други фонтови во игра, овој фонт ќе го замени познатиот Calibri кој беше стандарден изминатите 16 години. Иако фонтот е достапен и корисниците можат самите да го изберат кога сакаат, а и да го постават како главен, Microsoft ќе започне со промена од идниот месец. Тоа значи дека ...

Една од причините зошто уредите од Apple се сметаат за толку посебни од страна на корисниците е колку тие добро функционираат едни со други. Префрлувањето на разговор започнат на iPhone на некој од другите уреди е нормална и едноставна работа, а Apple ја воведе пред некоја година и ја нарече Continuity. Оваа функција кај Apple уредите овозможува повеќе можности, не само префрлување на разговорите, па корисниците можат да ја користат камерата од ...

Telegram се приклучи на трендот од повеќето останати апликации, па во својата ја воведе популарната функција Stories. Оваа можноста за објава на „приказни“, односно објави со рок на траење, беше официјално пуштена минатиот месец, само за Premium претплатниците. Сега, како начин на прослава на десетгодишнината од пуштањето на Telegram, Stories им се достапни на сите корисници. Premium корисниците задржуваат неколку ексклузивни можности, но ...

Една година по претставувањето на MIX Fold 2, Xiaomi го претстави и третото продолжение од нивниот уред на преклоп. Претставен таман на време да конкурира со Galaxy Z Fold5, но сепак прашање е дали ќе ја добие таа шанса, па засега се планира достапност само во Кина. Xiaomi со MIX Fold 3 повторно го има еден од потенките вакви уреди, па доколку се направи споредба со Galaxy Z Fold5, корисниците навистина добиваат помал избор кој вреди со ...

По пуштањето на Netflix Game Controller апликацијата минатата недела, јасно стана дека гласините за пуштање на игрите од компанијата на телевизорите се точни и можеме да ги очекуваме наскоро. Со ова Netflix влегува на пазарот на стриминг на игри, иако тие засега се игри во главно за мобилните и таблет компјутерите, па не може да се споредат со тие од играчките конзоли, на пример. За почеток оваа новина се тестира и е достапна само за ...

Една од подобрите функции на Firefox, кои беа карактеристични за овој прелистувач порано, повторно се враќа. Firefox на Android до крајот на годината повторно ќе има поддршка за додатоци, а точната дата на достапност од Mozilla ќе ја објават идниот месец. Поддршката за додатоци од Firefox на Android беше тргната во 2020 година, по претставувањето на големиот редизајн на прелистувачот, од корисничкиот интерфејс, па се од кодот на апликацијата. ...

Во неговиот најнов билтен, кој го објавува секоја недела, Марк Гурман најави претставување на јубилеен Apple Watch за десет годишнината од претставувањето на оваа категорија производи од компанијата. Apple Watch X, како што тој го нарече овој часовник, исто како што беше наречен и iPhone X, нема да биде претставен оваа година, па тоа може да се очекува за идната година, а можеби и за 2025. Првиот Apple Watch беше претставен во 2014, но стана ...

Според директорот на компанијата Jamf, Дин Хејгер,, кој е во заминување од оваа позиција, во разговор со Computer World, Windows веќе нема да биде главниот и доминантен систем кај бизнисите. Оваа позиција ќе ја преземе Apple според него, а тоа да се случи може да се очекува во наредните 10 години. Како главна причина за ова тој ја истакнува доминацијата на Apple на пазарот на мобилни, додека во исто време Microsoft воопшто нема сопствен ...

Елон Маск го најавува тоа подолго време, но доста јасно дојде до израз по ребрендирањето на Twitter во X, а тоа е дека мрежата ќе стане многу повеќе од тоа што беше досега. Корисниците можат да очекуваат поголем акцент на видео содржината, а со тоа и на креаторите, а според најавите од директорката Јакарино, апликацијата ќе добие и можност за видео повици. Во интервју за CNBC, Јакарино најави дека X ќе добие можност корисниците да прават аудио ...

Охрид, 11 август 2023г. – СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие ...

Samsung официјално започна со јавно тестирање на наредната верзија од нивниот оперативен систем за мобилните, One UI 6, направен на наредната верзија од Android, односно Android 14. Тестирањето ќе им биде достапно на корисниците на Galaxy S23 серијата, но како и секогаш, во мал број на земји, САД, Германија и Јужна Кореа. Од тоа што досега може да се види, се работи за унапредување на ланската верзија, па не можеме да видиме премногу новини, но ...

Скопје, 11 август 2023. – Samsung Electronics го најавува доаѓањето на најновите, неодамна претставени уреди на македонскиот пазар. Љубителите на технологијата и корисниците во нашата земја сега имаат можност да ги истражат иновативните можности што ги носат телефоните на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, паметните часовници од серијата Galaxy Watch6 и таблетите од серијата Galaxy Tab S9. „Првите реакции на корисниците на новите Galaxy ...

Cortana, дигиталниот асистент од Microsoft, кој како одговор на Siri, Alexa и Google Assistant беше пуштен во Windows Phone во 2015 година, може да се каже дека официјално му дојде крајот. Microsoft најави дека ја откажува поддршката и ја трга Cortana апликацијата од Windows 11, како и од Microsoft Teams на мобилните, Microsoft Teams display и Microsoft Teams Rooms. Интересно, Cortana ќе остане достапна во мобилната Outlook апликација. Оваа ...

YouTube Shorts, кратките видеа во стилот на TikTok и Instagram Reels, веќе нема да може да прикажуваат линкови, а ова е направено со цел да се спречи очигледно големата појава на спамирање на корисниците. Линковите нема да може да се поставуваат во описот на видеото, во коментарите, како и за време на видео во живо. Исто така, на десктоп корисниците нема да можат да кликнат на иконите од друштвени мрежи на каналот од креаторите на овие видеа. ...

Почнувајќи со наредната верзија од нивниот прелистувач, односно Chrome 116, Google ќе го скрати периодот од една до друга безбедносна надградба, од на секои две, на секоја недела. Корисниците ќе добиваат безбедносни надградби секоја недела, што значи дека периодот во кој „малициозните актери“ ќе можат да ги искористуваат слабостите на апликација, ќе биде значително помал. Од компанијата посебно го истакнуваат овој период, кој го нарекуваат ...

Кога Netflix влезе на пазарот на игри, стана јасно дека иднината на овие игри ќе мора да биде и на телевизорите, затоа што моменталната понуда од мобилни игри, не може да се каже дека нуди којзнае колку различно искуство, од апликациите кои се достапни преку продавниците. Веќе можевме да прочитаме дека од компанијата планираат да ги овозможат игрите преку сите уреди каде е достапна Netflix апликацијата, како и тоа дека во иднина овие игри ќе се ...

YouTube во месеците што следат, постепено ќе направи промена на почетната страна за корисниците кои не сакаат да ја остават нивната историја на гледање вклучена. Наместо листа со видеа, корисниците ќе гледаат празен простор, на кого ќе стои известување за зошто е страната празна. Околу делот со видеа, страната ќе остане иста, односно остануваат лентата за пребарување и лентата на левата страна, а од компанијата дури ова го нарекуваат ...

Уште од самата најава на Twitter конкурентот од Meta, Threads, беше најавено дека мрежата ќе има компатибилност со ActivityPub, протоколот кој се користи од страна на децентрализираните мрежи, од кои најпозната е Mastodon. Децентрализираните мрежи функционираат од повеќе сервери, што значи дека нема еден центар на функционирање, а компатибилните сервери можат да се поврзат едни со други. Првата функција која ја добива Threads која оди во правец ...

Директорот на Disney најави дека од компанијата сериозно размислуваат да започнат со промена на правилата поврзани со споделување на сметките од нивните сервиси, меѓу кој е и Disney+. Ваквите сервиси се познати по тоа што неколку пријатели ја делат сметката и поради можноста за креирање различни профили, тие поминуваат поевтино во споредба да претплатата ја плаќаат секој посебно. Netflix започнаа со кратење на оваа практика, па истата се ...

Можеби голем дел од корисници и не ни знаат дека Messenger се’ уште ја има можноста апликацијата да се користи и за SMS комуникација. Оваа функција беше првпат додадена во 2012, но откажана наредната година, за да повторно биде вратена во 2016. Идејата зад додавањето на ваква можност во Messenger е едноставна, корисниците да ја користат оваа апликација за нивната целосна комуникација, а со тоа се зголемуваат шансите за користење на сервисот. Од ...

Познатиот сервис Plex, покрај можноста за стриминг на видео содржината од компјутерот на корисникот, на други негови уреди, неколку години има и посебна апликација за стриминг на музика. Исто како и со видео стримингот, Plexamp апликацијата е замислена да им овозможи на корисниците можност да ја слушаат својата колекција од музика на повеќе нивни уреди. Ова може да се прави и доколку уредите не се на истата мрежа, односно од било која локација, ...

Информациите кои можевме да ги прочитаме минатата недела говореа дека настанот на кој ќе бидат претставени новите iPhone 15 телефони, меѓу другото, може да се очекува за 13 септември, среда. Оваа информација исто така ја потврди Марк Гурман, кој сепак објави дека настанот ќе биде на 12 или 13 септември. Сега тој објави дека сите знаци покажувале кон 12 септември, вторник, па едно е сигурно, таа недела од септември ќе биде настанот на Apple. Тоа ...

Messages апликацијата може да се каже дека станува вистинска алтернатива на познатата истоимена апликација од Apple, но за корисниците на Android. Со воведувањето на RCS протоколот, Google направи да нивната апликација функционира исто како таа на Apple, односно покрај можноста за SMS пораки, истата функционира со напредни функции кога се користи интернет конекцијата. За потсетување, со користење на RCS протоколот, корисниците добиваат можност ...

Ако имате единствен стил и се разликувате од другите, ако отсекогаш ве привлекувале несекојдневни работи и ако ваша карактеристика е размислување надвор од рамката, тогаш не пропуштајте да обрнете внимание на новиот Samsung телефон на преклоп Galaxy Z Flip5, и тоа не било кој, туку оној со ментол зелена боја. Иновативноста на овој телефон во поглед на дизајнот и перформансите се во комплетна синергија со оваа боја прикажувајќи го на еден начин ...

По ланското неуспешно купување на ARM од страна на Nvidia, јапонскиот сопственик на ARM, SoftBank, најави дека „планот Б“ е да се понудат акциите на компанијата на пазарот, па на тој начин да се дојде до потребните средства. Според Nikkei Asia, SoftBank планира иницијална јавна понуда на акциите на ARM во септември, а истото ќе го направи на Nasdaq берзата, за што ќе треба да добие и дозвола од американската SEC. Се верува дека вредноста на ...

Научниците од Lawrence Livermore National Laboratory при крајот на мината година за првпат успешно генерираа повеќе енергија при реакција на нуклеарна фузија и со тоа докажаа дека еден ден фузијата ќе може да се користи како извор на енергија. Како главен проблем, кратко кажано, на нуклеарната фузија е огромната енергија која е потребна за да се постигне спојувањето на два атоми, најчесто два полесни во еден потежок. Затоа постигнувањето на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
7.2
51%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
57%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
53%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1023
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
20%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
43%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.6
43%
1023
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
42%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65