Фото: Shutterstock.com

Елон Маск преку кратка објава на неговата X мрежа, најави дека корисниците ќе имаат можност да добијат една од двете достапни претплати на мрежата, бесплатно. Условот за тоа ќе биде бројот на верификувани следбеници, односно следбеници кои ги плаќаат некој од достапните пакети.

Условите за добивање на бесплатна претплата се 2500 верификувани следбеници за добивање на Premium претплатата, како и 5000 за добивање на Premium+ претплатата.

Колку од корисниците на X ќе ги задоволат овие услови, ќе треба да се види, но секако целта на е да што повеќе можат да добијат нешто без да плаќаат.

Оваа новина може да се каже дека оди во правец на давање значење на верификување на сметките, нешто што почна да се плаќа и стана достапно за сите по купувањето на Twitter од страна на Маск.

Претходна статијаДарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт
Следна статијаThe Brewintosh е копија од Macintosh компјутер целосно направена со 3D отпечатени делови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.