Читателите на Радио Слободна Европа веројатно веќе ги забележале „несигурните времиња“ со кои се соочува медиумот во моментов. На 15 март, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која драстично се намалува големината на Американската агенција за глобални медиуми (USAGM) под чиј надзор е и РСЕ. Потоа бевме известени дека грантот одобрен од Конгресот што нè финансира е прекинат. И покрај сето ова, ние продолжуваме со ...

Одлуката на американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) за суспензија на финансирањето на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РС) а по указ на претседателот Доналд Трамп за затворање на агенцијата е поништена, се наведува во писмо од Кери Лејк, виша советничка на директорот на УСАГМ. Одлуката на агенцијата од 15 март е повлечена и грант-договорот со РСЕ е обновен. Лејк прецизираше дека агенцијата го задржува правото и во иднина да го ...