
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со зголемен притисок, како од странство, така и од дома, каде што многумина бараат тој да поднесе оставка. На антивладините протести низ Израел, се бара негова оставка, распишување нови избори и ослободување на израелските заложници од Газа. Блиските сојузници, како што се Соединетите Држави, го критикуваа високиот број цивилни жртви во војната во Газа и го повикаа Израел да дозволи поголема ...
Изборната изборна единица шест, која го опфаќа тетовско-гостиварскиот регион е најважна за партиите од албанскиот блок затоа што им носи најмногу пратеници. Имено, недобивањето „амин“ за промена на началникот на СВР Тетово, како што сакаше министерт за внатрешни работи Тошковски, и неговите најави за зголемено полициско присуство ги подгреа страхувањата за фер и безбедни избори во регионот. Некои аналитичари, сепак, не очекуваат инциденти. На ...
Масовно се злоупотребува алатката за правична застапеност на заедниците во институциите, поради што ВМРО-ДПМНЕ предложи т.н.„балансер“ целосно да се укине. Допрва ќе се утврдува кое ќе биде следното решение и дали ќе се надминат злоупотребите и ќе се обезбеди вработување на најдобрите кандидати Еден кандидат за пет работни места се пријавил под три различни националности - бил Ром, па Турчин, па Македонец. Како се барало во огласот за ...
Кон крајот на март, Русија стави вето на континуираниот надзор на Обединетите Нации (ОН) на санкциите против Северна Кореја поради нејзината програма за нуклеарно оружје и балистички ракети, распуштајќи го телото на ОН кое 14 години беше одговорно за внимателно следење на нелегалните активности на Пјонгјанг. Руската блокада на работата на експертската група го истакнува продлабочувањето на врските на Пјонгјанг со Москва од почетокот на руската ...
Партиското вработување, голема бирократија и недостиг од политички волја за вистински рефоми се дел од основните проблеми со кои се соочуваат младите лекари при вработувањето во македонскиот здравствен систем. Д-р Бојан Трајковски од Асоцијацијата на млади лекари вели дека младите лекари чекаат и до година за прво вработување во ситуација кога земјава „кубури“ со медицински кадар. Докторе, со какви проблеми се справуваат младите лекари во ...
Бројот на загинати во нападот на 22 март во концертната сала кај Москва се искачи на 140, соопштија руските власти. Претходно, САД издадоа предупредување до руските разузнавачки агенции дека е можен терористички напад, што Владимир Путин го отфрли како „директна пропаганда“. Во декември 2017 година, само неколку недели пред милиони Руси да почнат да ја слават Новата година, еден од најомилените празници во земјата, главната руска разузнавачка ...
Вкупно 130 закони и одлуки останале недонесени од пратениците во овој парламентарен состав. Ноите пратеници ќе работат по нов Деловник, а како наследство од претходниот состав ќе добијат незавршени задачи односно ќе треба да донесат стратешки одлуки за државата и нејзините реформи. Градоначалниците Рамиз Мерко и Стевчо Јакимовски, како и поранешните функционери Кочо Анѓушев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Катица Јанева, Љубе Бошковски и Мендух ...
Некои пијат кафиња, други се шетаат по дуќани, трети праќаат политички пораки, а некои и се водители на поткасти. Оваа активност на кандидатите за политички функции за дел од експертите е нормална предизборна себе промоција, но прашањето е и дали навлегува и во сината зона на почитувањето на законите? Претседателскиот кандидат Бујар Османи како домаќин на поткасти, Моника Зајкова од ЛДП како Инстаграм инфлуенсерка, а Силјановска-Давкова со ...
Лук де Пулфорд, британски активист фокусиран на Кина, не знаел дека е цел на кинески хакери заедно со група пратеници ширум светот, сè додека Министерството за правда на Соединетите Држави не објави соопштение за оваа кампања што траела долги години. Сеопфатното обвинение што беше објавено во Вашингтон на 25 март, тврди дека во 2021 година, хакери поддржани од кинеската влада ги нападнале „сите“ во Европската Унија кои се членки на ...
Неофицијално почна предизборната кампања пред предизборната кампања. Официјално - Предизборието веќе го живееме. И редовно не' окупира. Сепак, под таа сенка не паднаа економските „заврзлами“, терористичкиот напад во Москва, резолуциите за Газа... Шпицни во единицата По „излетот“ на парламентарните избори во 2016, кога тогашните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски се соочија во „четворката“, како и по 2020 кога Заев повторно ...
Хакерите не барале откуп за да се одблокираат серверите на МЕПСО тврдат од компанијата. Но, и по скоро еден месец не се знае кој стоел зад хакерскиот напад кој доаѓа неколку месеци по крадењето податоци од Електростопанство Србија. Таму дел од документите завршија на „дарк веб“. Нема барање за откуп за да се деблокираат делови од хакираниот информатички систем на државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО, тврдат од таму за Радио ...
Предвремена изборна кампања и десетици претставки против функционери до Антикорупциската комисија за користење на државни ресурси во корист на нивните партии. Александар Новаковски - поранешен претседател на ДИК, вели дека партиите ја користат сивата зона во правниот систем за промоција надвор од официјалната изборна кампања. Вкупно 22 предмети за прекршување на Изборниот законик досега отворила Државната комисија за спречување на корупцијата ...
Европскиот Парламент и Советот на Европската Унија (ЕУ) сè уште не успеале да се договорат за конечниот текст на одлуките за Планот за раст за Западен Балкан. Европските институции се под голем временски притисок, бидејќи во април ќе се распушти Европскиот Парламент, а за таа одлука неопходна е и согласност од тие институции. Доколку следната недела не се постигне договор, постои ризик за усвојувањето на Планот за раст за земјите од регионот да ...
Дел од аналитичарите сметаат дека ќарот на големите партии од коалицирање со малите е повеќе создавање впечаток во јавноста дека се создава голем фронт, а според некои и малкуте гласови што би ги донели малите партии може да пресудат за бројот на пратеници. Но, согласни се дека во целата ситуација со менувањето страни, помалите партии повеќе покажуваат клиентелизам отколку идеологија. Трансформации од жестоки критичари до политички ортаци, ...
Oпштина Тетово преку ЈП „Транспорт Тетово“ склучи договор со компанијата „Е - Проперти“ за изградба и реконструкција на градскиот стадион, спортски центар и фудбалско игралиште. Вредноста на договорот е 11,5 милиони евра, а го доби фирма во сопственост на „Еколог интернешнл“, фирма која (ин)директно се поврзуваше со фабриката за производството на електрични автомобили. И должници и инвеститори. И покрај тоа што и општина Тетово како инвеститор и ...
Радио Слободна Европа вработува новинар/ка за вести и прилози во Бирото во Скопје. Новинарот за вести и прилози треба да известува и да пишува добро структурирани вести. Одличната способност за пишување, брзината, точноста, вниманието на деталите и искуството за проверка на факти како новинар, се од суштинско значење. Новинарот за вести и прилози треба да биде способен да работи ефикасно под притисок и како член на тимот, доставувајќи широк ...
Во своите први изјави по нападот во концертната сала во близина на Москва на 22 март, повеќе од 18 часа откако вооружени напаѓачи убија најмалку 139 луѓе во најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните 20 години, претседателот Владимир Путин не ја спомна екстремистичката група Исламска Државата, која веќе ја презеде одговорноста за нападот. Тој сепак ја спомена Украина, наведувајќи дека Киев обезбедил „прозорец“ на границата меѓу ...
Веројатно сте го чуле и виделе и сте се насмеале кога ги „кине“ политичарите и јавните личности. И Тие вели не му се лутат. „Па подобро да се либерте, него да се прават дека не чуле или не виделе“ вели во Поткастот Зошто Жарко Јовановиќ познатиот млад глумец и стенд ап комичар. Со него разговараме за политиката, што ни ја нуди и на сатиричен начин. Жарко Јовановиќ млад дечко глумец – кумановец, стенд ап комичар. Еден од онаа млада глумечка гарда ...
Во Хрватска годинава биле откриени три, a лани една пратка зеленчук увезен од Северна Македонија што содржел опасни пестициди. Државниот инспекторат за РСЕ потврдува дека залихи на пестицидот хлоропирфос, забранет во ЕУ од 2020, се уште се користат во земјоделието. Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека домашниот зеленчук е безбеден. Иако овошје и зеленчук се продава речиси во секој маркет, граѓаните со кои разговаравме и натаму ...
Членовите на техничката влада од најголемите политички ривали повеќе време трошат на меѓусебни обвинувања наместо на главните обврски во оваа влада - организирање фер и демократски избори. Остануваат две опции: или Пржинската влада навистина да биде составена од експерти, непартиски кадри, или да се укине, вели аналитичарот Незири. Денови исполнети со несогласувања, обвинувања и потези за додворување кон гласачите - така поминува вториот месец ...
Салтанат и нејзиниот сопруг штотуку купиле повратни билети од Москва до Дубаи, но не сакаат да се вратат назад. Парот, кој има и таџикистанско и руско државјанство, ги гледа Обединетите Арапски Емирати како транзитна земја на почетокот на долгото патување за кое се надеваат дека ќе ги одведе, до Соединетите Држави, преку Мексико, пишува Радио Слободна Европа на англиски јазик. „Најпрво сакавме да летаме за Мексико преку Истанбул, но на Телеграм ...
На помалку од еден месец од официјалниот старт на кампањата, повеќе партии ги утврдија носителите и листите за пратеници во шесте изборни единици. Најголемите партии со истакнати имиња на првите позиции, а сметките ќе им ги поматата помалите. Само шест жени досега носителки на кандидатските листи. Лидерските соочувањa во македонскиот блок политички партии на претстојните парламентарни избори се враќаат во „единицата“. Лидерите од албанскиот ...
Вкупниот увоз на стари патнички автомобили е за пет и пол пати пати поголем од увозот на нови. Во последниве пет години, според Царинската управа увезени се околу 177 илјади половни, наспроти 28 илјади нови. Просечната старост на возилата на македонските патишта е 20 години, а над 170 илјади се од минатиот век. За овие пет години од 2019 до 2023 година, најголем увоз на стари автомобили имало во 2019 година со вкупно увезени 37 илјади стари ...
Русија обвини четворица Таџикистанци во врска со смртоносниот терористички напад во концертна сала во близина на Москва на 22 март, во кој загинаа најмалку 137 луѓе. Руските медиуми ги идентификуваа мажите како Муродали Раџабализода, Далерјон Мирзоев, Мухамедсобир Фаизов и Фаридун Шамсидин и соопштија дека се државјани на Таџикистан. Судот соопшти дека тројца од четворицата мажи се изјасниле за виновни за сите обвиненија за време на ...
Лукас Вебер, ко-основач и уредник на MillitantWire.com, истражувачки центар за следење екстремистички и терористички групи, оцени дека нападот „предизвикува голема непријатност на Москва и е една од најголемите надворешни џихадистички операции во последните години во центарот на моќта на Русија“ Најмалку 133 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во петокот(22.3) кога вооружени напаѓачи ја нападнаа преполната концертна сала Крокус во ...
Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот Тошковски. Со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар. Минатата недела слушнавме изјави дека во земјава се подготвува некакво „руско сценарио“. Каква е вашата проценка, каква е безбедносната состојба во овој ...
ЕУ, ОБСЕ, британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон објавија осуди за нападот за кој одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Досега има 115 загинати, се очекува бројот на жртви да расте. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица директно поврзани со нападот Европската Унија, ОБСЕ и Велика Британија остро го осудија нападот вчера (22 март) во концертна сала во близина на Москва, при што загинаа најмалку 115 ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 целзиусови степени, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 20 целзиусови ...
Се стравува дека неколку луѓе загинаа кога најмалку еден маскиран напаѓач во петокот отворил оган за време на концерт во предградие на Москва, пред почетокот на настапот на музичката група Пикник, објави рускиот сервис на Радио Слободна Европа. Се известува за повеќе загинати и повредени и можни експлозии, но бројките за жртвите не може веднаш да се потврдат. Снимката од местото на настанот покажува пожар и облак црн чад што излегува од ...
Најмалку 40 лица се убиени во петокот, 22 март, во пукање во концертна сала во близина на Москва, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Повеќе од 100 луѓе беа повредени кога неколку напаѓачи во маскирни униформи отворија оган во „Крокус Сити Хол“, во Красногорск во близина на Москва, пред настапот на групата „Пикник“, соопшти ТАСС. Видео-снимките од местото на настанот покажуваат пожар и ...