Харизматичен свештеник и вешт оратор, Хасан Насрала брзо се искачи низ рангот на Хезболах. На 32-годишна возраст, тој беше избран за шеф на шиитската организација. Тој помогна Хезболах да се претвори во моќна политичка и милитантна група, но ретко се појавуваше во јавност поради безбедносни причини. Хасан Насрала е долгогодишен лидер на Хезболах, вооружената група и политичка партија поддржана од Иран која контролира голем дел од јужен Либан. Во ...

Унгарскиот премиер смета дека е „историска грешка на квадрат“ што Северна Македонија се одвои од Албанија во преговорите со ЕУ и се понуди да биде посредник меѓу Скопје и Софија. За унгарскиот заем на Северна Македонија тврди дека не станува збор за кинески, туку за европски пари. Орбан купува влијание во геополитички стратешки регион, оценува Даниел Хегедуш од Германскиот Маршалов фонд. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој посетата на Северна ...

По повеќе од три години чекање, на 9 септември Кујтим конечно беше примен во државната болница во Приштина за да му биде извршена васкуларна операција. Здравствените проблеми со кои се соочил никогаш не биле опасни по живот, но „чекањето беше исцрпувачко“, раскажува 30-годишниот маж од централниот град Дренас, кој побара да не се користи неговото целосно име. Неговата приказна не е единствена. Според неодамнешниот извештај на Националната ...

Пред тет-а- тет средбата со македонскиот колега, унгарскиот премиер Виктор Орбан се појави во близина на прес-центарот во хотелот во Охрид каде што е сместен и каде што ќе се одржи меѓувладина конференција подоцна во текот на денот. Орбан пиеше кафе, имаше телефонски разговори и читаше документи на терасата од хотелот од каде потоа се упати кон премиерската вила што е во непосредна близина. Во меѓувреме, се одржуваат и повеќе билатерални средби ...

Во чекална на патот кон ЕУ, железничкиот сообраќај е слепо црево во Европа, „ дворски игри“ во судството, а битката против криминалот и корупцијата се сведува на изјави, најави и по некоја истрага, без завршница, засега... Њузлетер 27.09.2017 Албанија ги почнува преговорите со ЕУ и на тој пат се одвојува од Северна Македонија Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат ...

Никој не знае точно како ќе изгледа, ниту што ќе донесе евентуалното формирање држава на Бекташите во Тирана, но ја поздравуваат иницијативата. Поддржувачите на редот Бекташи во Албанија и Косово сметаат дека е време да се формира ваков верски центар. „Тоа е прекрасна работа. Не знаеме како ќе се оствари, но многу е добро што светот го препознава бекташизмот“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) Заљо Чато, бекташки верник од областа Берат во ...

Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За Премиерот Мицкоски, ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата. На денот кога во посета на Северна Македонија пристигнува Виктор Орбан, премиер на ...

Ем без милион евра на сметка, ем без катна гаража. Ова е општинското салдо на центарци, откако Апелација пресуди дека општината Центар мора да плати оштета за неизградената гаража. Врховниот суд е последната станица која ќе одлучи дали Општина Центар ќе ги врати парите што ги исплати. Скопјанката Силвана М. со месеци не може да закупи месечна карта за паркинг во центарот на градот, за да може да го остави автомобилот на паркинг во близина на ...

Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат официјално отворени на 15 октомври. Ова одлука била донесена едногласно од страна на амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во среда (25 септември), тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. „Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на ...

За прв пат по кубанската ракетна криза, имаме директна закана за употреба на нуклеарно оружје... Не се соочивме со изгледите за Армагедон од времето на Кенеди и кубанската ракетна криза“, рече американскиот претседател Џо Бајден во 2022 година. Острото предупредување дојде откако рускиот Владимир Путин, кој претрпе големи неуспеси во неговата целосна инвазија на Украина и беше принуден да повика стотици илјади цивили за да ја зајакне војската, ...

Згаснуваат четири платформи за интернет игри на среќа кои биле основани во време на претходната владејачка гарнитура СДСМ-ДУИ. Сега државата планира да преземе мерки за да го елиминира пристапот до преку 2.000 онлајн платформи регистрирани во странство каде македонските граѓани се коцкаат. Во иднина, веб - страницата „Мегавин.мк“, кој е во 100 процентна сопственост на АД Државна лотарија ќе биде единствената легална платформа за приредување на ...

Во фабриката за муниција во Пенсилванија каде што илјадници артилериски гранати од 155 милиметри се произведуваат со голема динамика, претседателот Володимир Зеленски се насмевна, се ракуваше, па дури и се потпиша на една од гранатите од кои во голема мера зависи украинската војска. „Токму на вакви места можете да почувствувате дека демократскиот свет може да надвладее. Благодарност до луѓето овде - во Украина, во Америка и во сите земји ...

Според ревизорите, лекот требало да им се дава на пациентите само ако за тоа имало согласност од министерот за здравство и одобрение за увоз на донацијата од Агенцијата за лекови. За овој лек, чиј рок на употреба бил пократок од 12 месеци, такви согласности нема. Констатирани се и неправилности околу евиденција на лековите и условните буџети Клиниката за неврологија како донација примила лек за мигрена кој не бил регистриран во регистарот на ...

Седум кандидати се во трка за директор додека власта најавува реформа на Академијата бидејќи, вели, била „извор на скандали“ изминатите години. Но, прво ќе прави анализа што е потребно. Дел од стручната фела, пак, смета дека не е неопходна поделба на две академии туку приоритетно е да се обезбедат подобри услови за постоечката – од простор до финансии, но и добри едукатори. Пет судии и двајца обвинители имаат амбиција да застанат на чело на ...

Иако, политички гледано, сè уште не е без проблеми, германскиот канцелар Олаф Шолц може „да здивне“ по изборите одржани на 22 септември во Бранденбург, провинција на поранешната Германска Демократска Република која го опфаќа сојузниот главен град Берлин Неговите социјалдемократи (СПД), кои ја водат оваа земја од обединувањето на Германија, успеаја да го освојат првото место, откако во речиси целата кампања заостануваа зад екстремната десница ...

Гаши порача дека интеграцијата во ЕУ е важно не само за двете земји туку и за целиот регион. Спиропали порача дека ЕУ треба да нуди јасен пат за членство на целиот Западен Балкан, а последните пораки од Брисел ги оцени како „надежни“. Северна Македонија и Албанија очекуваат заеднички да го продолжат патот кончленство во Европската Унија (ЕУ), е порака која денеска (23 септември) ја испратија претседателите на парламентите на двете држави, Африм ...

Министерството за образование во последните 3 месеци одвојува пари за покривање на дел од трошоците на студентските домови за да не се доведе во прашање нивната функционалност. А тие со своите буџети не можат да ги покријат сметките за потрошената струја и вода. Академската година за студентите започна со нови ветувања тешки 18 милиони евра за реконструкција на државните домови. 21-годишната Елена е една од стотиците студенти кои се сместени во ...

Кога Драган и група сограѓани Срби пристигнаа на белградскиот аеродром Никола Тесла во јуни 2023 година, тоа беше со документи кои сведочат за неколку месеци работа во странство за руска градежна компанија. Вистината, сепак, беше многу поинаква: сите се враќаа во својата татковина од боиштата во Украина, каде што се бореа во руската јуришна единица „Волк“ по кратка борбена обука на воените полигони надвор од Москва. Групата беше најновиот доказ ...

Истражувањето на Балканскиот сервис на РСЕ откри кампања за дезинформации насочена кон четири држави на Балканот, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија. Пропагандната мрежа брзо создава стотици медиумски написи, кои често се засноваат на содржина од руски медиуми во моментов забранети од ЕУ. Беше полноќ во Техеран и 10 навечер во Белград на 13 април и требаше да започне масовна кампања за дезинформации. Во тоа време, Иран ...

Треба да најдеме начин евиденцијата на етничката припадност да не се коси со приватноста пред да донесеме нов Закон за правична застапеност, вели во интервју за Радио Слободна Европа, првиот вицепремиер Изет Меџити. Потврдува дека новиот директор на МЕПСО е негов братучед, кој е и еден од основачите на партијата. Меџити најавува дека на следна владина седница ќе се укинат и спорните онлајн казина. Уставниот суд реши да го замрзне „балансерот“ ...

Бугарска компанија со норвешки врски се појави во синџирот на снабдување на пејџерите што експлодираа неделава во Либан, каде загинаа 37 лица, а неколку илјади се повредени, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. Пејџерите што ги користеле членовите на Хезболах, најмоќниот посредник на Иран на Блискиот Исток и прогласени за терористичка организација од страна на САД, експлодираа истовремено низ Либан на 17 септември. ...

Грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски за обвинителството е еден од најтешките кривично правни настани во државата. Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо тврди дека тоа е политички монтиран процес. „Не се чувствувам виновен“. Ова можеше да се слушне во судницата во Кривичниот суд Скопје од петтемина обвинети восудскиот процес за двојно убиство и грабнувања на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 ...

Додека власта подготвува мерки, „здивеа“ цените во маркетите и на пазарите, се жалат граѓаните. Драстично поскапеа зеленчукот и овошјето, во период кога се прави зимница. Владејачките партии велат дека се обидуваат да го подобрат стандардот на граѓаните, опозициската СДСМ вели дека ветената есенска кошничка ќе стане зимска „Поскапување има, ненормално дури. Секој втор ден зголемуваат цени“, вели скопјанката Нада Димитриевска, додека граѓаните ја ...

Додека Татевик Хачатријан беше принудена да остави сè зад себе пред една година, Васила Мамедова се надеваше дека за прв пат по 30 години ќе има шанса да врати сè во Нагорно-Карабах, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. На 19 септември 2023 година, Азербејџан започна офанзива за повторно преземање на Нагорно-Карабах, територија што ја загуби од ерменските сили во 1990-тите. Во рок од 24 часа, де факто ерменското ...

Приоритети - човечки животи, цени на основни продукти, битка против криминалот и корупцијата, членство во ЕУ. Неспорни декларативни приоритети на секоја влада, но, што се прави на практичен план? Њузлетер 20.09.2024 1. Негрижа за загадувањето со смртни последици „Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Северна Македонија е поврзан со загаден воздух“, објави агенцијата на Обединетите нации. Со концентрации кои во континуитет го ...

Земјите од Западен Балкан ѝ припаѓаат на Европа и работиме на тоа, а паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите, изјави фон дер Лајен по средбата со балканските лидери. Премиерот Мицкоски по средбата рече дека дека регионот и државата се уморни од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не реални пристапни критериуми Во фокусот на агендата на работниот ручек беше „Планот за раст на Западниот Балкан“ на Европската ...

Има застој во трансплантациите или се прават со многу помала динамика оваа година, велат здруженијата на пациенти. Претходно, државата имаше значителен напредок во оваа област, особено во 2020-2021 година. Новата в.д Национална координаторка Кузмановска вели дека процесот ќе продолжи и ќе се надгради. Околу 200 пациенти во моментов се на листа на чекање за трансплантација на орган, додека од почетокот на 2024 година е направена само една ...

Во август, руските регрути Константин и Дмитриј Решка 20-годишни браќа близнаци, загинаа на границата со Украина во близина на Белгород. Во нивното родно село Карповка во сибирскиот регион Омск, пријателите и семејството собираат пари за нивниот погреб. Нивните роднини сè уште не го знаат точниот датум на нивната смрт и не им е дозволено да ги идентификуваат. За смртта на браќата биле информирани на почетокот на септември, пред авионот со ...

Реформските агенди на земјите кои се вклучени во Планот за раст на Западен Балкан, ќе бидат главна тема на работниот ручек кој, претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска, 19 септември, го организира во Брисел. Според портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, тоа ќе биде можност да се разгледаат односите со земјите од регионот и соработката во контекст на Планот за раст за Западен Балкан. Писонеро ...

Нападите преку експлозии на пејџери што ги користеа членовите на либанската милитантна група Хезбoлах, а за кои се сомничи Израел, се чини дека означуваат нова фаза во ескалацијата на конфликтите меѓу долгогодишните непријатели. Израел и Хезболах се ангажирани во смртоносни прекугранични одмазднички напади откако во октомври избувна разорната војна во Појасот Газа. Експертите велат дека координираниот напад на 17 септември во Либан, во кој ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
41%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
62%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
1.54
62%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1020
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
57%
1019
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.26
55%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
30%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
63%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
51%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
50%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75