Двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истрагите за мафијашките престрелки, посериозни финансиски истраги се примери за предмети кои ќе ги работи новиот оддел во скопското обвинителство. Од обвинителството за сега не ги откриваат седумтемина обвинители кои ќе работат на нив, освен шефот, заради сензитивноста на работата. Специјален оддел за сериозен и сложен криминал доби скопското обвинителство. Потребата доаѓа после промените на ...

Ако има иницијатива за ограничување на пристапот до мобилни телефони во училиштата Министерството за образование за РСЕ одговори дека е подготвено да ја спроведе. Аргументи „за“ и „против“ на учениците и педагозите. Ова правило веќе се спроведува во основно училиште во Пехчево, додека е новитет во некои европски земји Веќе седма година основците во училиштето „Ванчо Китанов“ во Пехчево на училиште одат без мобилен телефон. Долго пред ваква ...

Низата протечени записи од руската кампања за дезинформации открива како Москва се обидела да ги дискредитира Украина и западните влади кои ја поддржуваат, а истовремено и да ја зголеми поддршката за екстремно десничарските политички партии во Европската Унија (ЕУ). Документите добиени од конзорциум европски медиуми и споделени со Шеми (Schemes), истражувачка единица на украинскиот сервис на РСЕ, ги истакнуваат внатрешните операции на ...

Проширувањето ѝ припадна на Словенија. Марта Кос, доаѓајќи од поранешна Југославија, се чини очигледно дека ќе се фокусира на Западен Балкан. И на некој начин, има совршена смисла затоа што многу од земјите таму во моментов се понапредни од Украина и Молдавија на нивниот пат кон ЕУ, и се чувствуваа малку тргнати на страна од Брисел во изминатите неколку години. По доцнењето и соочувањето со многу проблеми, вклучително и со прашањето што има ...

Истрагата против 36 годишната Вале која во домот во Кратово ги убила сопругот и свекорот е завршена, вели одбраната која сега чека обвинението да пристигне во Судот. Во затворот во Идризово пет жени одлежуваат затворска казна за убиство на своите партнери откако со години трпеле насилство. Половина живот ѝ помина во страв и во бранење на самата себе - прво од тупаниците на сопругот, а сега од системот. Вале од Кратово, која со кујнски нож ги уби ...

Додека во Европската унија (ЕУ) растат тензиите околу прашањето за нерегуларната миграција, во Германија на 16 септември стапи на сила владината одлука за воведување гранични контроли. Засилените контроли на сите девет копнени граници на Германија се обид на Берлин да ја ограничи имиграцијата преку спречување на луѓето, особено на барателите на азил кои веќе преминале во други земји на ЕУ, да влезат во Германија. Од една страна, потегот го ...

Идни мајки се шокирани од податокот дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња во Северна Македонија е заради загаден воздух, велат за РСЕ. Државата со години е на европскиот врв по загаден воздух, но за животна средина се издвојуваат само 0,8 отсто од буџетот. Скопје зимава беше меѓу десетте најзагадени градови во светот, но единствената мерка е бесплатен јавен превоз кога воздухот е најзагаден „Минатата година имав несакана ситуација, ...

Последниот обид за атентат би можела да му ја врати на Трамп наклонетоста од јавноста. Поддржувачите на Трамп веројатно сè уште ќе го гледаат како жртва на политичко насилство, а неговите противници би можеле да посочат на обидот за атентат како доказ за поделеноста што ја предизвикува Трамп. Доналд Трамп е безбеден, според неговиот изборен штаб, а осомничениот напаѓач е уапсен по, како што рече ФБИ, очигледен „обид за атентат“ врз поранешниот ...

Северна Македонија одлучи да врачи протестна нота до Бугарија зашто ја фотографирале претседателката без македонско знаме додека Софија ја кани на официјална државна посета за да ја пречекаат со сите церемонии. Извори во МНР, пак, велат оти бугарските домаќини поставиле македонско знаме на ручекот, но не и на местото каде Радев ја поканил Сиљановска-Давкова да се фотографираат. Не помина ни една недела откако новоименуваниот амбасадор на ...

Владата најавува замрзнување на цените и ограничување на маржите на бизнисот, но според економски експерти било каква мерка нема да даде долгорочен ефект против инфлацијата поради зависноста на земјата од увоз. Ако не се зголеми домашното производство, проблемот во иднина ќе стане уште поголем. Граѓаните се надеваат на пониски цени на производите, а во исто време бизнисите се загрижени поради потенцијалното ограничување на профитните маржи, со ...

Во јуни, рускиот сервис на Радио Слободна Европа објави сателитски снимки што покажаа дека резиденцијата на претседателот Владимир Путин во одморалиштето Валдаи била зајакната со противвоздушна одбрана, очигледно наменета да го заштити раскошниот имот од украинските беспилотни летала. Домот покрај езерото, на половина пат помеѓу Санкт Петербург и Москва и 20-минутно излетување со хеликоптер од Кремљ, е примарна резиденција на двајцата мали ...

Доналд Трамп беше безбеден откако беше пријавено пукање во негова близина попладнето на 15 септември на Флорида, објавија од американската Тајна служба, како и од изборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател. Американската тајна служба соопшти дека го истражува случајот и оти инцидентот се случил нешто пред 14 часот. „Поранешниот претседател е безбеден“, соопшти Тајната служба. Според двајца службеници, кои не се овластени да ...

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Бауер вели дека заканите упатени од рускиот претседател Путин и поранешниот претседател Медведев како одговор на овие дискусии ја покажуваат нивната фрустрација. И тој, и началникот на Генералштабот на чешките вооружени сили Река, се согласни дека НАТО земјите треба да одвојуваат повеќе од два отсто за одбраната Дали да и се дозволи на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија со проектили со ...

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. Градоначалнику, по големиот пожар во Расадник, што ќе се гради таму? По големиот пожар во Расадник, како што изјавив и за медиумите, нема да се гради ништо. За да ...

Летонската влада почна да издава наредби долгогодишните руски државјани кои живеат на нејзина територија, а кои не успеаја да научат летонски, да ја напуштат земјата. Мал број од овие лица беа депортирани, стотици заминаа сами, а 1000 други, главно постари лица кои говорат руски, се во неизвесност. Руските граѓани кои живеат во Летонија со дозвола за постојан престој, но не го поминале потребниот испит за летонски јазик, почнаа да добиваат писма ...

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова по денешната средба во Софија со бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е убедена дека разговорот кој поминал во дебатна и пријатна атмосфера ќе вроди со плод. Ова беше нивна прва средба која се одржа по две години од последната средба на македонски и бугарски претседател. „Важно е да почнете. Се разбира дека се обединивме околу најважното, околу европската интеграција, ...

По поддршката за Украинската православна црква јасно е дека македонските владици и во иднина ќе ја поддржуваат проруската црква во Украина, смета аналитичарот Ѓорѓевски и предупредува на можно статус кво во доделувањето на томосот од Вселенската патријаршија. Владиката Тимотеј, член на Синодот вели дека коректно е да дадат поддршка за црква која е прогонета и смета дека ова не би имало влијание врз томосот за македонската црква, „ако се гледа ...

Барок или модерно? Владино или партиски? Позитивна листа или лекови на приватно? Харис или Трамп? Бурек или брокула?... Многу прашања за една недела... Њузлетер 13.09.2024 Транспарентност По некое сооопштение, необјавени записници од седници, застарени податоци, необјавени имињата на премиерските советници и нивните примања. Ваков е интернет порталот на Владата на ВМРО ДПМНЕ, Вреди и Знам. Портпарол за комуникација со јавноста се уште нема, а ...

Во потег за кој бранителите на човекови права предупредуваат дека носи потенцијални ризици за граѓанските права, Русија почна да го проширува својот систем за плаќање со препознавање на лице во метрото во шест градови надвор од Москва. Метро станицата во Казан, седиште на регионот на реката Волга во Татарстан и една метро станица во Нижни Новгород, друг голем град на Волга, почнаа да го користат системот наречен „Face Pay“, (плаќање преку ...

Посетата на Сиљановска-Давкова на Софија е дел од културна дипломатија преку која може да се затоплат заладените односи со Бугарија, сметаат дипломатите, и да се создаде атмосфера во која би се отвориле и чувствителни прашања. Но официјална потврда за средба на двата претседатели уште нема. Во меѓувреме владата во Скопје прави обиди да ја убеди ЕУ за уставни измени со одложено дејство. Борбата на Израелците против Набуко, кралот на Вавилон, која ...

Исходот од преговорите во процесот на приклучување на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ) е директно поврзан со исходот од војната во Украина, вели за Радио Слободна Европа, Весела Чернева, заменик- директорка на Европскиот совет за надворешни работи и шефица на канцеларијата во Софија. „Затоа што ако Украина ја изгуби војната, тогаш не гледам перспектива за проширување“, смета Чернева. Таа посочува дека пристапниот процес функционира само ...

На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Таравари најави следно проширување по Нова година. Висок е процентот на граѓаните во Северна Македонија кои за лекови плаќаат приватно, покажале податоците на СЗО. Од понеделник, 16 септември, граѓаните ќе можат од аптеките бесплатно да ги земат новите лекови кои сега се ставени на позитивната листа на лекови, по ...

По некое сооопштение, необјавени записници од седници, застарени податоци, необјавени имињата на премиерските советници и нивните примања. Ваков е интернет порталот на Владата на ВМРО ДПМНЕ, Вреди и Знам. Портпарол за комуникација со јавноста се уште нема, а битни државнички одлуки не се објавуват. Владата на затворена седница го утврди новиот состав на Комисијата за историски прашања. Оваа битна информација не може да се најде како официјална ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата демократска противкандидатка, заменик-претседателката Камала Харис ќе го започнат денот со анкетите кои треба да го покажат исходот од нивната прва - а, можеби и единствена дебата, што има потенцијал да катапултира еден од нив во јасно водство на само 56 дена пред изборите. Ако дебата го направи тоа, со едно големо „ако“, со главно зацврстени мислења за двајцата кандидати - речиси ...

Министерот за земјоделство Трипуновски објави дека фирми незаконски добивале илјадници евра земјоделски субвенции, обвинувајќи го неговиот претходник Николовски дека тоа го одобрил. Николовски ги негира обвинувањата, барајќи од властите да истражат, додека експерти бараат целосна ревизија на системот за субвенционирање. Две фирми ја оштетиле државата за стотици илјади евра со тоа што незаконски добивале субвенции преку Министерството за ...

Објектите и на факултетите за информатички технологии и за физичка култура ФИНКИ и на ФФК уште ќе чекаат да заврши ревизијата за да се знае колку ќе чини доизградбата. Тендер за завршување на зградите се најавува в година. Но тендер ќе има за нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, за кој во следните пет години ќе се одвојат 34,5 милиони евра. Трчање да се стигне од едно предавање во една зграда на второ во друга зграда, брзање да се биде ...

Нелегитимните локални избори во окупираниот од Русија, Крим завршија на 8 септември. Гласањето, кое беше осудено од Украина, а непризнаено од повеќето земји во светот, најверојатно ќе ја зацврсти контролата на локалните елити врз власта на нелегално анектираниот полуостров Од 6 до 8 септември, гласачите во Русија гласаа за гувернери и регионални законодавци во 83 региони и градови. Актуелните функционери и другите приврзаници на претседателот ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упорно балансира со одржување врски со Русија, Кина и Западот, а во исто време ја консолидира моќта на домашната политичка сцена. Сепак, тоа играње со повеќе карти, доколку се претера, би можело негативно да се одрази на неговата позиција. На маргините на економскиот форум во Владивосток на 4 септември, српскиот вицепремиер Александар Вулин јасно му стави до знаење на рускиот претседател Владимир Путин ...

Граѓани кои аплицираа уште пред девет месеци се жалат дека пред прагот на грејната сезона, немаат информација до каде е процедурата за доделување на ваучерите за кои претходната Влада определи буџет од 4,1 милиони евра. Ќе се доделат 8.000 ваучери, но сега преку новото Министерство за енергетика Граѓаните ќе добијат ваучери за клими инвертери, ама не се знае кога, иако документи за оваа мерка поднесуваа уште во февруари, а крајниот рок да ги ...

Балансерот останува на сила, но тоа не значи дека нема да биде предмет за расправа за евентуално укинување на таа алатка, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев во неделното интервју на РСЕ. Теој вели дека има институции со превработеност, а само 30 проценти од вработените ги исполнуваат своите работни задачи. Се најавуваше на намалување администрацијата, ќе има ли такаво нешто и кога ќе биде тоа ? Реформите во јавната ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
41%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
62%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
1.54
62%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1020
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
57%
1019
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.26
55%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
30%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
63%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
51%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
50%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75